• img-book

  • img-book

    ЗА ДВЕТЕ НАЈГОЛЕМИ ЧОВЕКОВИ СОПАТНИЦИ ВО ЖИВОТОТ: ЉУБОВТА И БОЛКАТА.
    За колкумина од оние што ги познавате можете да сте сигурни дека љубовта или болката не го бојадисале нивниот живот, во бои зависно од чувствата што ги одбележале? Ако се замислиме, ќе сфатиме дека всушност на секој возрасен човек љубовта и болката се навистина најчестите сопатници во животот.

  • img-book

    Записи од различни краишта на светот. Ораторски говори, поезија, научни трудови и патопис за селото Матка, врамени во четири поглавја. Записи за далечините, записи за Македонија, записи за едно постоење.

    Записи од: 210 ден
  • img-book

    Нинбург, септември 1960: Поствоена Германија, разбранувана со младински движења чии водачи се родиле во рушевините на војната, е средината во која младата Клара првпат влегува во средното училиште, кое ќе ѝ го промени животот. Девојка која се крие зад блокот цртежи со јаглен на кејот на реката Зале, која сака да остане незабележана од надворешниот свет, станува дел од необична дружина по име Еквилибриум, со која влегува во светот на политичките движења во Западна Германија. Низ целата приказна владеат мистеријата и сенката што ја обвиваат Клара, борбата со анксиозноста и депресијата кои ја следат откако Зaле ја зеде својата прва жртва, а играта на судбината ја впушта во потрага на исчезнато момче која ќе отвори нов свет исполнет со мистерија, љубов, измами, гнев и заборав. Приказна која плени со својата комплексност, проткаена со драма и романса, обвиена во мистерија со вклучени вистински историски настани – сите состојки потребни да создадат возбуда и тензија која ни еден читател нема да остави рамнодушен.

  • img-book

    Книгите „Рисот Ристе и пријателите од Африка“ и „Рисот Ристе и пријателите од Јужна Америка“ се корисна алатка за поттикнување на поголема интеракција и разговор меѓу детето и родителот со цел поголема едукација, информираност и градење на чувство на одговорност за своите постапки и за сопственото здравје, со посебен акцент врз здравата исхрана. Истовремено во книгата се провлекуваат морални пораки за истрајноста, упорноста, самодисциплината, помагањето, неоткажувањето итн.

    Главната цел е да ја поттике љубопитноста кај децата, да ја разгори желбата за стекнување на нови знаења и да им помогне да израснат во здрави и одговорни личности.  Истовремено делата имаат за цел и да влијаат врз создавањето и негувањето на чувството на припадност и идентитет, но и за прифаќање на различностите и пронаоѓање на заедничките особини со другите. Голем акцент е ставен на другарувањето, заедништвото, взаемното почитување и помагање.

    Ако одлучивте да ја прочитате оваа книга мислејќи дека од неа ќе дознаете нешто повеќе за производството на хемиски моливи, за хемиското чистење облека или за видовите детергенти за дезинфекција на површината во кујните и во бањите, за средствата чија употреба им е строго забранета на спортистите, за препаратите за уништување комарци и други инсекти, за хемиските производи за нега на украсните или индустриските растенија…

    хммм… ГРЕШИТЕ, но –

    ОДЛИЧНО!

    ИСКУСТВАТА НА ХЕМИЧАРИТЕ И НА ДРУГИТЕ НАУЧНИЦИ
    ПОКАЖУВААТ ДЕКА ЖИВОТОТ ИМ Е МНОГУ ПОИНТЕРЕСЕН
    НА ОНИЕ ШТО ЧИТААТ И МИСЛАТ ОТКОЛКУ НА ОНИЕ
    ШТО НЕ ЧИТААТ И НЕ МИСЛАТ!

  • img-book

    Ако сте од оние што по грешка ја отвориле оваа книга (ја добивте на подарок; ви било здодевно; немате ниту една друга книга; мислевте дека во неа станува збор за љубовниот живот на германските жаби; ја грабнавте трчајќи  во тоалетот),сериозно придржувајте се кон ова предупредување:

    БЕГАЈТЕ!!!

    УРНЕБЕСНАТА ФИЗИКА МОЖЕ ДА ВИ ГО ПОМАТИ УМОТ И ДА ВЕ НАТЕРА СОСЕМА ДА СЕ ВЉУБИТЕ ВО НЕА!   ЗА СИТЕ ОНИЕ ШТО СЕ ЛУДИ ПО ФИЗИКАТА! И ЗА ОНИЕ ШТО ПОПРВО БИ ГО ВЛЕЧЕЛЕ КРОКОДИЛОТ  ЗА ОПАШ ОТКОЛКУ ДА УЧАТ ФИЗИКА!