• You cannot add "Невидлива убавина" to the cart because the product is out of stock.
  • img-book

    За некои борби вреди да се живее…

    Мојата животна приказна: сексуалното и менталното злоупотребување во детството и младоста, борбата со ракот и преживување на траумите.

    „Безсловен“ е автобиографско писание, вклопено во рамка на сирова искреност. Една тегобна реална слика, насликана со скрб, крв и солзи. Со делото авторот се обидува да се исцели себеси, но и да помогне на сите оние кои го преживеале истото и сè уште се борат во сенките на четириѕидовниот затвор на својот ум.

    Испреплетените приказни низ годините делуваат како исткаени моменти, кои како да не припаѓаат тука, на Балканот. Една разнобојна таписерија, која започнува во 2019 година кога авторот дознава дека има канцер. Канцерот е како еден катализатор за да може како од Пандорина кутија да се излеат сите болки, тајни и трауми од минатото. Поточно шест трауми и големи лузни од минатото, сокриени во шест сандаци: менталното и физичкото злоставување од страна на негувателките од градинка и од сопствените баба и дедо, кои со жилети му го сечеле јазикот, злоставување од страна на таткото алкохоличар, сексуалното злоставување од 8 до 10 години од страна на сосед, што впрочем е и најголемата траума во делото и околу кое се прилепуваат сите останати, и врсничкото физичко и ментално насилство (булинг) во основното и средното образование.

    Време е и на овие наши простори да за’рти дело кое ќе изникне и ќе се издигне над сите табуа кои нè чувале под стеги; да се зборува за сите овие нешта (особено за сексуалното злоставување), за да може некое дете, некоја возрасна личност, некоја социјална група, да се излечи. Делото е еден вид на водич како да се адресираат траумите кои ги чуваме сите; совети дека е сосем во ред да се разговара за тоа, бидејќи преку зборувањето и откривањето, ние се лечиме.

    * Книгата ќе биде достапна за продажба од 06.04.2024


  • img-book

    Прекрасна божиќна приказна која ги потсетува читателите на најубавите аспекти на Божиќ и Новата година – споделување радост, споделување подароци, убави песни, посебни приказни, забавни игри, зимска идила и незаборавни спомени со оние кои ни се најсакани.

    Лизгање на замрзнато езеро, правење празнични колачиња, препрочитување на омилените приказни… сите овие активности и уште низа други се оживеани преку разни слатки животинчиња. Вкусовите, мирисите, глетките, звуците и боите на најубавите празници се евоцирани во универзални сцени кои прикажуваат специјални моменти, споделени помеѓу деца и родители, семејства и пријатели. Читањето на оваа сликовница може да стане една потполно нова празнична семејна традиција!


  • img-book

    1996 е годината која менува сѐ за Меги. Кога на шеснаесет години ја праќаат да живее со тетка која едвај ја познава, во далечно гратче на брегот на Северна Каролина, не може да мисли на ништо друго, освен на пријателите и семејството кои ги остава зад себе… но тоа почнува да се менува кога го запознава Брајс Трикет, еден од малкуте тинејџери на островот. Прекрасен, искрен и полн со живот, Брајс ја запознава со многуте убавини на градот опкружен со плажи, но и со фотографирањето, страст која ќе го дефинира остатокот од нејзиниот живот.

    До 2019 година, Меги веќе е познат фотограф. Таа има успешна галерија во Њујорк, но истовремено и многу патува на далечни места низ целиот свет. Но оваа година неочекувано останува дома за Божиќ, избезумена од страшна дијагноза. Бидејќи станува сѐ позависна од својот асистент, таа се зближува со него. Додека заедно ги одбројуваат последните денови од празниците, таа почнува да му раскажува приказна за еден друг Божиќ, од пред многу декади – и љубовта која ја насочила кон животот кој никогаш не можела ни да си го замисли.


  • img-book

  • img-book

  • img-book

  • img-book

  • img-book

  • img-book

  • img-book

  • img-book

  • img-book

  • img-book

    „Фустанот“ и „Светец“ се две кратки приказни од легендарната Колин Хувер, која неуморно твори бидејќи нејзините читатели низ целиот свет секогаш се желни за уште.

    „Фустанот“ е романтична приказна за прифаќањето; прифаќањето на оние кои ги сакаме вистински и безусловно, но и за себеприфаќањето. Што ако твојот дечко, кој би требало да те сака таква каква што си и да те смета за најпривлечната личност во секоја просторија, секогаш ти купува неколку броја помали фустани и долна облека? Дали едноставно не знае кој број навистина носиш или сака да ти пренесе некоја скриена порака?

    „Светец“ е малку помрачна романтична приказна со нишка на мистерија. Во стилот, повеќе потсетува на Верити отколку на романсите на Хувер. Една писателка заминува во изолирана колиба за да се дистанцира од сѐ и да може да пишува. Но, приказната на која работи вклучува афера, а таа никогаш во животот немала афера и едноставно не верува дека може автентично да ја напише. Кога ѝ се укажува шанса да доживее лично искуство кое би можело да ѝ помогне во пишувањето, не се колеба многу. Но сите непромислени работи најчесто доаѓаат со каење…


  • img-book

    Номинирана за најдобар трилер на GOODREADS CHOICE AWARDS 2023

    Кит Дарлинг е собарка со несекојдневна зависност. Не умее да одолее да не продушка во куќите на нејзините богати клиенти во кои чисти. Нејзиното „хоби“ е безопасно, сè до моментот кога ќе види нешто што не смее во домот на најновите клиенти: толку мрачна тајна која може да му го уништи животот на парот кој го очекува своето прво дете. Тоа ја прави Кит опасна за парот, но едновремено, тоа го прави парот, кои би убиле за да ја заштитат тајната – опасен за Кит.

    Кога детективката Мелори Вал Алст пристигнува на местото на злосторството во луксузната куќа покрај морето, соочена е со докази за толку крвав насилен напад што е речиси невозможно жртвата да останала жива. Но тело – нема. Ги нема и сопствениците. А ја нема и собарката. Единствениот сведок е повозрасната сосетка, која ја разбудил вресок доцна во ноќта. Сосетката е и последната личност која ја видела Кит Дарлинг жива.

    Кога детективката се зафаќа со растајнување на случајот, сфаќа дека ништо не е онака како што изгледа.

    И никој не умее да му побегне на минатото.


  • img-book

    Едно последно писмо. Неговата последна желба. Оди и биди со неа…

    Бек,
    Ако го читаш ова… го знаеш она за последното проштално писмо. Ти преживеа. Јас не. Немој да чувствуваш вина, затоа што те познавам и ако си имал шанса да ме спасиш, ќе си ме спасел. Затоа, без разлика во каква длабока, темна јама на вина се валкаш сега, престани.

    Сепак, сакам да те замолам за една услуга – остави ја војската и оди во Телјурајд. Ела е сосема сама. Прво ни починаа родителите, па нашата баба, а сега Ела ме изгуби и мене. Премногу несреќа за еден човек. Едноставно не е фер.

    Па ако мене ме нема, тоа значи дека не ќе можам да се вратам дома, како што планиравме. Не ќе можам да бидам таму за неа. Не ќе можам да ѝ помогнам на Ела да се справи со сѐ. Но, ти можеш. Затоа те молам, како мој најдобар пријател, да се грижиш за сестра ми, за моето семејство.
    Неправедно е да се бара тоа од тебе; знам. Не си тип што сака да се грижи и да се врзува, но многу ми е потребно ова. Те молам, не дозволувај сама да се справува со сите нејзини проблеми.

    Ќе ти чувам место од другата страна, брате, но не брзај се. Искористи ја секоја секунда живот што ти се дава.

    Рајан


  • img-book

    Кој би рекол дека четири минути можат да сменат сѐ?

    Денес треба да биде еден од најлошите денови во животот на седумнаесетгодишната Хедли – денот од кој таа се плаши со месеци.

    Втората свадба на татко ѝ, на сосема друг континент од неа, со жена која таа воопшто ја нема запознаено. Во нејзиното срце има едно нежно и ранливо место кое сѐ уште не е заздравено од неговото заминување и дефинитивно уште повеќе страда поради настаните кои претстојат.

    Како сето тоа да не е доволно; таа е присилена да присуствува на свадбата и поради доцнењето од само четири минути, Хедли го испушта својот лет. Таа доцни ќе доцни на свадбата на која воопшто не сакаше да оди.

    Има ли поголема иронија на судбината од тоа? Постои ли нешто полошо од целиот тој сплет на околности?

    Постои. Оливер, осумнаесетгодишното момче од Британија кое седи до Хедли на следниот лет ќе ви покаже дека судбината има чуден начин да си поигра со нас, ќе ви докаже дека од лошото секогаш постои полошо и дека треба да научиме да ја пронајдеме светлата точка во сѐ.

    Кога може тој, може секој. Тој ќе ни покаже дека четири минути навистина можат да сменат сѐ.

    Оваа прекрасна приказна неодамна доби и своја екранизација, која со недели беше во ТОП 10 на Netflix, во над 100 земји ширум светот.