• img-book

    Уште една книга од можеби најпродаваниот современ турски писател за деца, Фатих Ердоган. Препорачано за деца над 7 години. Дениз посакуваше да стане добар фудбалер, но по малку му недостасуваше талент. Најпрвин, мораше да научи како добро да ја шутира топката. Но, топката никогаш не одеше таму каде што тој ја упатуваше… Откријте што ќе се случи доколку топката е… Волшебна!


  • img-book

    Едно паметно волче мисли дека пораснало и дека веќе може само да излезе на прошетка низ шумата. Сепак, неговата мајка не се согласува со него и има неколку прашања што би сакала најпрвин да му ги постави на своето волче. Тоа одговара на сите прашања на начин што ја изненадува мајка си. Покрај тоа, многу е креативно …

    „Кој се плаши од Црвенкапа?“ е навистина посебна книга со својот шеговит јазик, перспективата на приказната и извонредните илустрации.

    Во 2009 година ја доби наградата за најдобра сликовница во Турција.

     


    Додадена
  • img-book

    Анте Томиќ вешто прикажува типично рурално опкружување, но иако се чини дека се потсмева со неговите херои занимавајќи се со нивните судбини, тој ги опишува со многу љубов и сочувство како голем познавач на тој менталитет, знаејќи дека под грубоста, тврдоглавоста и примитивизмот, во суштина се кријат добри луѓе. Според романот „Што е маж без мустаќи“ режисерот Хрвоје Хрибар сними наградуван филм со исто име во 2005 година. – Смешни и надреални ситуации, честопати на границата на ендемичен рурален монтипајтонизам, изобилуваат во романот „Што е маж без мустаќи“. – Шармантна и неодоливо духовита приказна, да речеме, со „чешки“ книжевен сензибилитет, но со страсти достојни за балканското поднебје и гласна динарска театралност, комбинирана со безброј интриги во медитеранската атмосфера… Теофил Панчиќ за „Што е маж без мустаќи“


  • img-book

    Ада многу се плашеше од морето. Никогаш немаше излезено надвор од гратчето во кое живееше. Еден ден, еден стар капетан спомена еден магичен напиток што се наоѓал на крајот на морињата и му давал храброст на оној што ќе го испие. Тој рече дека да се изведе ова патување било премногу тешко, а да се стигне до шишето било невозможно. А камоли за Ада, која ја немала брцнато дури ни ногата во морето… Но, Ада веќе си намислила. Ќе го земе магичниот напиток и така ќе стане бестрашна морепловка. Ја очекуваше патување кое колку што беше опасно, беше и тешко. Требаше да преброди огромни октоподи, немилосрдни гусари, таинствени мориња од кои не се спасил ниту еден брод и страшното чудовиште што го чуваше магичниот напиток.


  • img-book

    Три мачки, едно чудовиште е забавна книга што овозможува уникатна авантура и којашто поттикнува љубов кон животните на многу едноставен и спонтан начин.


  • img-book

    „Срчки“ е книга поезија на Бранислав Николов, издадена под уметничкото име Пијан Славеј. Николов е перформер, автор и пејач во групата „Фолтин“. Дизајнот на корицата е дело на Методи Златанов.


    Срчки од: 200 ден
  • img-book

    Симпатична шаренолика сликовница, којашто може да ја читате од два правци!

    На едната страна од книгата, ќе ја најдете приказната за едно мало девојче, Варја, која одлучи да стане кралица. Од друга страна, можете да ја прочитате приказната за момчето по име Гал, кое одлучи да стане чудовиште.

    Дали двете приказни ќе се сретнат на средина од сликовницата?