• img-book
    Во оваа топла и инспиративна приказна, таткото на забавен начин ѝ ја пренесува на својата ќерка тајната за среќен и исполнет живот преку двете свеќи. Тој сè уште неизлекуван од разводот со мајка ѝ и од губењето на работното место, таа бунтовна тинејџерка што бурно реагира на предизвиците што ѝ ги носат младешките години, заедно поминуваат викенд во планина исполнет со непредвидливи настани и бура од емоции.
    „Две свеќи“ е прирачник за водење исклучителен живот, книга што го открива најкраткиот пат до среќата преку само еден единствен збор, кој има волшебна моќ да го прочистува срцето, да ги отвора очите и на најефикасен начин да ја лекува душата.

    Две свеќи од: 450 ден
  • img-book

    Дали некогаш сте сакале да патувате во вселената?

    Запознајте го Џорџ. Тој е обично момче со неверојатна тајна – има можност да доживува меѓугалактички авантури!

    На најдобрата другарка на Џорџ, Ени, ѝ е потребна помош – и тоа веднаш. Таа откри нешто многу чудно во суперкомпјутерот Космос…

    Дали тоа е порака од вонземјанин? Постои ли живот таму горе? Џорџ и Ени мора да заминат на меѓугалактички лов на богатство за да откријат!


  • img-book

    Дали некогаш сте сакале да патувате во вселената?

    Запознајте го Џорџ. Тој е обично момче со неверојатна тајна – има можност да доживува меѓугалактички авантури!

    Придружете му се во битката против лошиот бунтовен научник, кој по секоја цена сака да го саботира највозбудливиот – и опасниот експеримент на векот.

    Смртоносната бомба чука.

    Целиот свет гледа.

    Дали Џорџ може да го сопре вториот ГОЛЕМ ПРСКОТ?


    Додадена
  • img-book

    Дали некогаш сте сакале да патувате во вселената?
    Запознајте го Џорџ. Тој е обично момче со неверојатна тајна – има можност да доживува меѓугалактички авантури!
    На Ени, најдобрата другарка на Џорџ,ѝ е потребна помош – и тоа веднаш. Татко ѝ работи на вселенски проект – и нешто не е во ред со целата работа.
    Еден робот слетал на Марс, но се однесува многу чудно. А Ени открива нешто чудно на суперкомпјутерот на татко ѝ.
    Дали тоа е порака од вонземјанин?
    Можно ли е да има живот таму надвор?
    И ако можеш да зборуваш со вонземјани, што би им рекол?


  • img-book

    Запознајте го Џорџ, едно обично момче. Но сето тоа ќе се смени со доаѓањето на неговите нови соседи.

    Тие го поседуваат КОСМОС – таен, суперпаметен компјутер кој зборува и кој може да го однесе Џорџ  на вртоглаво патување низ вселената. Но, КОСМОС е во опасност и ако дојде во погрешни раце на Џорџ, а и на целиот свет, му се заканува голема опасност.

    Ова е неверојатна приказна – лекција  исполнета со интересни илустрации осмислена и  напишана од Луси, ќерка на можеби најпаметниот човек на планетата, неверојатниот Стивен Хокинг.

  • img-book

    Чичко Горио е еден од жителите во валканиот пансион на Мадам Вокер. Отпрвин неговото богатство предизвикува почит кај другите, но како што неговите околности мистериозно се менуваат на полошо, тие околу него почнуваат да го избегнуваат, па наскоро единствените посетители му се неговите две убаво облечени ќерки. Судбината на Горио е испреплетена со уште двајца од жителите во пансионот: младиот Ежен де Растињак, кој бара начин да го стекне прифаќањето и богатството што го сака, и загадочната фигура на Вотрен, кој крие најтемни тајни од сите. Ткаејќи привлечна и панорамски приказна за љубовта, парите, самопожртвуваноста, корупцијата, алчноста и амбицијата, Чичко Горио е едно ремек-дело на Балзак.


    Чичко Горио од: 350 ден