• You cannot add "Св. Јован Шангајски - Чудотворец на последните времиња" to the cart because the product is out of stock.
  • img-book

    За болеста и исцелението во Православното предание

    Оваа книга е насушно потребна, посебно за денешниот христијанин, бидејќи нашиот пат денеска е патот на страдањето и трпењето на болестите, а според зборовите и пророштвата на светите отци, Бог во ова наше време ги одзел подвизите какви што ги имале нашите претходници, и монасите и христијаните во светот и спасоносниот пат којшто Бог ни го дал денес е кроткото трпење на страдањата, болестите, неволјите и искушенијата.

    Значи, во оваа книга ,,Христос нашиот небесен лекар“ , којашто е зборник во којшто има објаснувања, пред сè почнуваме со поуките од светите отци за смислата на страдањата во христијанскиот живот, за христијанскиот однос кон страдањата, а потоа и поуки од светите отци за поднесувањето на болестите. Луѓето денеска најчесто роптаат и се жалат на сè :

    -Зошто Господ ме казни, зошто ова ми се случува…,- или честопати ќе дојдат некои и ќе речат:

    -Оче што да направам, да ми прочиташ молитва или нешто друго, зашто сè ми оди лошо во животот, ми се случуваат несреќи…, – или како што луѓето кажуваат ,,ме тера баксуз”.

    Значи, за христијаните нема несреќни денови, сè треба да примаме како од раката Божја, значи сè она што се случува со нас е апсолутно по волја Божја или по допуштение Божјо.

    „И влакната на главата ви се избројани” – вели св.апостол Павле. Ниту едно влакно од главата не можеме да го направиме ниту бело ниту црно и затоа ни е потребна оваа книга пред сè по сведоштвата на оние кои што ја прочитаа, оние кои што боледуваат или страдаат од болест или друго, за голема наша духовна поткрепа и оправдување на нашиот труд, дека во многу им помогнала да се соочат вистински со болестите, со тешкотиите и со искушенијата и да почнат повеќе да Му благодарат на Бога. Бидејќи во книгата светите отци спомнуваат дека подвигот на трпење на болеста со благодарност кон Бога е подвиг кој што тие го ставаат и над пустинскиот живот и над мачеништвото.

    Тука имаме поуки од светиот Теофан Затворник, од преподобниот Макариј Оптински, св. Игнатиј Брјанчанинов, преподобен Амвросиј Оптински, од старецот Ефрем Филотејски, потоа од свештеникот Михаил Туханов за болеста како последица на гревовите, за страдањето од архим. Јован Крестјанкин, од протојереј Димитар Смирнов за подготвеноста за страдање, тука се поуките и проповедите на архим.Рафаел Карелин за гневот Божји, за трпењето на болестите од архим.Кирил Павлов, тука е и една мала книга вметната од протојереј Сергеј Филимонов,

    ,,Како да му се помогне на болниот“.

    Значи, сè она што треба да го знаеме , а што сме го заборавиле, книга која што треба да им помогне и на верните , но и на лекарите како да се соочат со болеста, како на болниот да му помогнат да се соочи , да се исцели од болеста, пред сè со утешни зборови, со вистински однос кон него, од престојот во болница, до искушенијата кои што се случуваат во однос лекувањето, во однос на дијагнозите, операциите, исповед во болницата и сè друго, за духовните болести , за симптомите на духовното заболување. Сè повеќе денес луѓето страдаат од духовни болести. За жал. Како што тука во книгата вели јеромонах Анатолиј Белестов, кој е и монах и лекар, порано во Русија лекарите во болниците точно знаеле кога човекот боледува од некоја духовна болест и никој пат не пристапувале кон лекување додека претходно не барале од него да се исповеда, да се причести, па дури тогаш пристапувале кон телесно лекување. И уште една интересна информација. Тој кажува дека во здравствениот картон или историја на болеста, кои и денес ги има закачени на креветот, порано во Русија на тој картон имало ставка во која се запишувало кога болниот последен пат се причестил. Значи сето тоа е изгубено, сето тоа е пратено во заборав сега. Има потешкотии, некаде успеваме да се потрудиме да има причест. И јас имав искуство неколку пати за причест на болните во државна болница на клиниките. Значи, сепак попушта малку тој однос на државата и на лекарите во однос на верата, во однос на свештеникот, во однос на исповедта , на причестувањето. Така што, се надевам, тоа сè повеќе и повеќе ќе се шири како пракса.”


  • img-book

    Старец Пајсиј Светогорец

    Нашата молитва треба да ја поделиме на три дела: еден дел да задржиме за себе, еден ќе биде наменет за нашите живи браќа, Црквата и за целиот свет, а еден дел за нашите упокоени браќа, кои не смееме да ги заборавиме.

    „Човекот може многу едноставно да се спаси“, му рече старецот на еден посетител, кој беше судија. „Доволно е само да го посака тоа и да ја повика божествената помош. Сакајќи да го спаси оној кој ја повикува Неговата помош, Бог без двоумење ќе Го испрати Својот Син или некој Светител, за да спаси макар и еден, единствен човек. Во тоа многу помага љубовта и добрата волја. Љубовта им е сосема туѓа на демоните, и заради тоа поборниците на ѓаволот, во еден миг се уништуваат еден со друг, бидејќи меѓу нив не постои љубов, која би ги соединила.“

    „Старче, многу сум расеан во текот на молитвата.“

    „Тоа ти се случува, бидејќи ти својот ум не го концентрираш на целта на молитвата, и му дозволуваш да скита таму-ваму. Ако се потрудиш да го собереш умот, да ја изговараш молитвата Христова и смирено да молиш за Божја помош, расеаноста ќе исчезне сама по себе.“

    Читајте го Светото Писмо бидејќи тоа е боговдахновено и во себе Го има Светиот Дух. Оној што го чита, го просветлува умот и ја чисти душата. Вие направете сѐ што е во ваши раце, а сѐ друго со доверба предадете го во Божји раце.

    Вистинското покајание се состои во тоа, човекот прво на совеста да го почувствува својот грев, да почувствува болка, да посака Бог да му прости и дури потоа да се исповеда. Само во тој случај ќе стигне Божјата утеха. Затоа секогаш препорачувам прво покајание, па потоа исповед. Само исповед, никогаш не препорачувам.


  • img-book

    Св. Јован Златоуст
    Избрани беседи, мисли и поуки

    Кога ќе слушнете за постот, не плашете се од него како од страшен војвода: тој не е страшен за нас, туку за лошите духови…

    Само едно е штетно – гревот.
    Макар и целата вселена да се труди да ти наштети, ако сам не си наштетиш, нема да претрпиш никаква штета.


  • img-book
    Житие, поуки и чуда

    Св. Јован Шангајски го имаше дарот да проѕира во иднината, совршувајќи служби за луѓе што се навидум со одлично здравје, а за кои тој знаеше дека им претстои скора смрт. Тој се појави крај постелата на верник пред умирање кој се молеше Владиката да дојде, иако болничкиот персонал одби да го повика.

    Тој причести со Светите Христови Тајни една жена што умираше од беснило, а таа веднаш потоа доби напад, устата ѝ се запени и ги поврати Светите Дарови. Знаејќи дека тие не смеат да се фрлат, свети Јован веднаш ги зеде и ги голтна, иако беснилото е многу заразно и смртоносно. Тој рече: „Нема ништо да се случи; ова се Свети Дарови!“ – и ја кажа вистината.

  • img-book

    Поуки на Православната Црква за бракот и семејството

    Смислата на бракот е во причинувањето на радост. Се подразбира дека брачниот живот е најсреќен, најпотполн и најбогат. Тоа е совршена Божествена установа. Божествената замисла се состои во тоа бракот да донесува среќа, животот на мажот и
    жената да ги прави потполни, за никој од нив да не загуби, туку и двајцата да победат. Ако бракот сепак не е среќен и не го прави животот побогат и потполн, вината не е во брачната врска, вината е во луѓето што се соединиле во неа.

    Првата лекција која човекот треба да ја научи и исполни е трпението. На почетокот од семејниот живот се откриваат, како доблестите на карактерот, така и недостатоците и специфичноста на навиките, вкусот и темпераментот, за кои другата
    половина не ни претпоставувала дека постојат. Понекогаш се чини дека е невозможно да се навикнат еден на друг, дека конфликтите ќе бидат вечни и безнадежни, но трпението и љубовта совладуваат сè, и двата живота се слеваат во еден, поблагороден, посилен, попотполн и побогат, и тој живот ќе се продолжи во мир и спокојство.

    Родителите треба да бидат такви, какви што сакаат да ги видат своите деца – не на зборови, туку на дела. Тие мора да ги учат своите деца по примерот на својот живот. Родителите не треба да се срамат да си играат и да прават палавштини заедно со децата. Можеби токму тогаш се поблиску до Бог, отколку, како што тие мислат, кога извршуваат некоја важна работа.

    И во нашиот неморален свет младата жена може да ја зачува неизвалкана својата душа, блескајќи со света несебична љубов. Срцето на младиот човек треба да ликува ако има убава благородна сестра, која има доверба во него и го смета за свој заштитник, советник и другар. А сестрата треба да се радува ако братот станал силен маж, кој е способен да ја заштити од животните бури.

    Помеѓу братот и сестрата треба да владее длабоко, силно и блиско пријателство и тие мора да имаат доверба еден во друг. Меѓу нив и мориња и континенти нека се испречат – нивната љубов секогаш треба да остане верна и силна. Животот е премногу краток за да го трошиме на борба и кавги, особено во светиот круг на семејството…

    Света царица-маченица Александра Романова


    Света Тајна Брак од: 150 ден
  • img-book

    Еромонах Серафим Роуз

    Православни христијани, чувајте ја Божјата благодат која ја имате!

    Треба да знаете дека таа не е работа на обичаи. Таа не се мери само со човечки мерила и не очекувајте да ја разберат оние што можат да го разберат само она што е човечко, или оние што мислат дека благодатта на Светиот Дух може да се стекне надвор од Црквата Христова.
    Вистинското Православие, според својата природа, мора да изгледа несовремено во ова наше демонизирано време.
    Тоа изгледа како незначајно малцинство на презрени и „налудничави“, на средина на успешниот религиски „препород“ на мнозинството.

  • img-book

    Старец Виталиј

    Опишувајќи го духовниот живот на христијаните, отец Виталиј на својот духовен син му напишал: „Бори се и не се отстапувај со духот. На фронтот не може да биде без ранети, така е и со душата.“

    „Со каков страв и трепет сме должни да пристапиме кон Телото и Крвта Христови, Синот Божји! Немојте да мислите дека сте постеле една недела и веќе сте достојни за Причест. Подготвката не се состои во тоа да не пропуштиме ниту една служба, лажицата да не ја допреме до маслото, да се воздржуваме од храна, – потребно е внатрешно очистување: да немаме гордост, суета, непокорност, лошите мисли ни за момент да не се задржуваат во душата. Со примањето на Светите Тајни се осветува душата и телото, со нив Бог е присутен и во нас.“

    „Моли се, за оние кои те клеветат, тие се твои пријатели, поради нив Господ ќе ти даде венец, а ако ропташ и со тоа самиот клеветиш, се лишуваш од венецот.“ По ова следува, избегнувај љубопитност, донесување судови и сѐ што е непотребно, што те засега. Секој ден подготвувај се себе си за искушение, за тага и секаква навреда, клевета и слично на тоа, знаејќи дека преку тоа доаѓа Божјата милост. Ако го претрпиш сето тоа ќе застанеш во редот на мачениците и без други подвизи ќе го задобиеш Царството Небесно.

    Труди се секогаш да изговараш: “Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме грешниот“. Сметај ги сите за свети, никого не осудувај, трпи страдања кои наидуваат и за жалостите и за радостите благодари му на Бога, принудувај се себе си да правиш добро, не очајувај, исповедај ги гревовите на Бога, смирувај се, сеќавај се на страдањата Христови,сеќавај се на смртта, труди се, извршувај ги послушанијата, и така ќе бидеш со Господа.

    Не суди и не осудувај никого, инаку самиот ќе се осудиш. Не труди се да разбереш што другите мислат, работат, сплеткарат и кле ветат, пројди покрај сè: ѓаволот се труди да те расее и одвлече од молитвата. Мисли на Бога, запазувај ги Неговите заповеди, слушај го духовниот отец; од ближните примај го во својата душа само она што е добро, што е согласно со Божјите заповеди.


  • img-book

    Св. Лаврентиј Черниговски

    Житие, пророштва, поуки и чуда на големиот заштитник и покровител на Руската земја, пророкот на Второто Христово доаѓање, духоносниот старец кој многу души изведе од длабочината на адот и ги изведе на патот на покајанието.

    „Како да се спасам баќушка?“, го праша една жена старецот. „Постојано пеј: ’Слава на Бога во висините и на земјата мир’. Во душата треба да завла- дее мир. Спасението не е тешко, туку мудро. Во ова време треба да бидеш мудар“, додаде старецот, „ и ќе се спасиш“.

    „Светиот старец имаше срце полно со љубов. Зборуваше: ’Како е можно да се даваат епитимии? И така сите страдаат. Треба сите да ги љубиме, да простуваме и да се молиме за сите. Јас на никого не му давав епитимии“.

    „Ќе дојде време“, зборуваше преподобниот отец Лаврентиј, „кога ќе се обновуваат и затворените храмови, и тоа не само од надвор туку и одвнатре. Куполите ќе се позлатуваат и на црквите и на камбанариите. А кога сето тоа ќе се заврши, ќе завладее антихристот. Молете се Господ да ни го продолжи времето за да зацврснеме, затоа што нè очекува страшно време. Гледате ли како сè се подготвува на лукав начин? Сите цркви ќе бидат во најголем раскош како никогаш претходно, а во нив нема да смее да се влегува.

    „А вие, во реновирањето на нашата црква бидете умерени кога е во прашање нејзината надворешност. Повеќе молете се, одете во црква додека има можност, особено на Литургија на која се принесува Бескрвната Жртва за гревовите на целиот свет. Почесто исповедувајте се и причестуваjте се со Телото и Крвта Христови и Господ ќе ве зајакне.

    Господ Исус Христос создал една Црква (а не цркви) која нема да ја надвладее ни вратата од адот. Само Православната црква е Света, Соборна и Апостолска. Другите кои себе се нарекуваат цркви, не се цркви, туку демонски какол меѓу пченицата и демонска банда’.

    Баќушката заповедал: да се молиме и да постиме. На големите празници и во неделите никако да не се работи, сè нека стои така како што е.


  • img-book

     

    Оче наш, Кој си на небесата,

    да се свети името Твое, да дојде царството Твое, да биде волјата Твоја,

    како на небото, така и на земјата;

    лебот наш насушен дај ни го денеси

    и прости ни ги долговите наши

    како и ние што им ги проштеваме на нашите должници;

    и не нè воведувај во искушение, но избави нè од лукавиот.

    Амин!


  • img-book

    Православно учење за демоните и за духовната борба против нив

    Многу луѓе кога ќе чујат нешто за ѓаволот и неговите сплетки, тоа го разбираат како сказна. Но што и да зборуваат и да мислат луѓето за ѓаволот, тој постои во реалноста и тоа е неспорно. Ѓаволот постои, а неговите погубни дејствија се гледаат по целиот свет.
    Според мислењето на еден свет старец, најголемата победа на ѓаволот е таа, што успеал да ги убеди луѓето да мислат дека тој не постои.

    Силно оружје против демоните е праведниот живот и верата во Бога.

    Злите духови се плашат од подвижничкиот пост, бдение, молитва, кротост, тишина…


  • img-book

    Како да се спасиме – патишта кон очистување на душата

    На една монахиња, кога еднаш се жалела дека ја караат, старец Амвросиј Оптински ѝ зборувал: „Кој нè укорува, тој ни подарува; а кој нè пофалува, тој нè краде“.

    Преподобен Антониј Велики пишува: „Никој без искушенија не може да влезе во Царството Небесно; ако нема искушенија, никој и не би се спасил“.

    Старецот Варсонуфиј Оптински зборувал: „Непрестајните маки кои Бог ги испраќа на човекот, се знак за особено Божјо промислување за човекот“.

    Ете затоа, страдањата и несреќите духовно просветлените луѓе ги нарекуваат „Божја посета“. А во спокојниот живот на грешникот тие гледаат Богооставеност, поради која нему му се заканува страшна судбина во задгробниот живот.

  • img-book

    Архимандрит Рафаил Карелин

    Во книгата ,,Како да живееме во Христа” , архим. Рафаел Карелин ни помага да познаеме што е вера, што е доверба во Бога.

    Во оваа книга тој ни зборува за покајанието, за духовниот отец, за молитвата, за постот, за свештенството, за монаштвото, за прелеста, за гревот на блудот, за гревот на празнословието и зборливоста, за фанатизмот, за тоа дека не треба да им веруваме на соновите, за неосудувањето и за љубовта кон Бога и кон луѓето.
    Значи, теми кои што се секогаш присутни во нашиот духовен живот. И верувам дека на многумина ќе им помогне вистински да го исправат својот начин на размислување, расудување и својот однос кон Бога и кон Православната Црква, меѓутоа и кон другите луѓе околу себе.

  • img-book

     Св.Јован Кронштатски

    Не постои ништо посвето, поголемо, повеличествено, поживотворно и посвечено од светата Литургија.

    Литургијата е Света Вечера; Таа е трпеза на Божјата Љубов кон човечкиот род.


  • img-book

    Старец Ефрем Филотејски

    Старец Ефрем, духовен син на старец Јосиф Исихаст, обновител на општежителниот манастир Филотеј на Света Гора Атонска, еден од најголемите живи современи духовници, учител на умно-срдечната молитва и на внатрешниот пат на покајното самоспознание, во оваа книга со совети им дарува светлина на богопознанието на сите кои се жедни за Божјата вистина и правда 2013; стр. 288


  • img-book

    Старец Сава Псково-Печерски 

    Тешко е да ги прелажеш луѓето, кои со особено сетило ги препознаваат вистинските пастири и од сѐ срце се стремат кон оние, кои со сето свое срце се насочени кон Бога. Ова е чудесна книга за животот и поуките на еден од најревносните духовни старци во времето на најстрашната голгота за рускиот народ. Отец Сава бил сакан поради Христовата љубов којашто живеела во него, поради самопрегорното служење на ближните 2013; стр. 336;


  • img-book

    Практичен прирачник за Светата Тајна Покајание и Исповед

    ЗборникПоуки за покајанието од Светите Отци, Архимандрит Јован Крестјанкин, Схиигумен Сава Псково-Печерски, Старец Филотеј Зервакос, Игумен Никон Воробјов, Св. Лука Војно-Јасенецки, Архимандрит Рафаил Карелин