• img-book

    Збирка поезија за деца со илустрации и со хумористични и интересни стихови.


  • img-book

    Едукативна боенка во која, покрај боењето и поврзување на точки, детето изучува поими, зборови и букви како и вежба за нивно правилно пишување.


  • img-book

  • img-book

    Квизот содржи 48 нумерирани илустрирани прашања, „магичен прозорец“ за исчитување на точниот одговор и ливчиња за забележување на резултатите. Наменет е за деца на возраст 5-8 години, но може да биде и интересен тест за повозрасните. Прашањата не се едноставни, но исклучително се логички и не бараат математичко предзнаење или познавање од околината, како ни вештина на читање. Квизот може да го игра поединец или група, при што секој ќе ги забележува своите резултати, а на крајот ќе се прогласи победник со најмногу точни одговори.


  • img-book

    „ВРТИ од А до Ш“ има за цел да одговори на програмската потреба за развојот на писменоста кај децата од предучилишна возраст, во доменот препознавање пишани симболи и букви и учење на печатните букви во прво одделение низ игра, на едноставен, интерактивен и забавен начин. Истовремено има за цел да го поттикне детето да ја именува буквата, да поврзува глас со одредена буква, да го вежба изговорот на буквата и зборот – препознатлив поим кој е насликан на илустрацијата.


    ВРТИ од А до Ш од: 600 ден
  • img-book

    Квизот содржи табла со бои и форми и ротирачки стрелки за избор на жетон со добиената боја или форма, жетони со различни бои и форми и 12 картички со задачи. Играчите најпрво ги вртат сите картички надолу, а потоа секој од нив извлекува по една картичка на којшто е фигурата што треба да ја направи. Играчот ја завртува или стрелката со форми или со бои, и на тој начин определува што може да извлече од она што му е потребно да направи фигура со картичките.


  • img-book

    Квизот содржи 48 илустрирани задачи, „магичен прозорец“ за отчитување на точниот одговор и ливчиња за бележење на резултатите.

    Сите задачи се од ист тип: за зададените четири поими, прикажани со слика или текст, треба да се пронајде поимот на којшто тие асоцираат.

    Со поставување на „магичниот прозорец“ над црвеното поле, може да се провери точниот одговор на интересен и нестандарден начин. Овој квиз може да се користи повеќе пати и со повеќе играчи.

    Квизот може да го игра поединец или група, при што секому може да му се бележат резултатите и на крајот да се прогласи победник со најмногу точни одговори.


    КВИЗ АСОЦИЈАЦИИ од: 420 ден
  • img-book

    ПРИНЦЕЗАТА НА КНИГИТЕ“ е едноставна приказна, налик на бајка, полна со воспитни пораки и поуки за принцезата со нејзината желба за читање и принцот со неговата желба за пишување. Современите, модерни илустрации на младата Ева Шабанова и даваат сјај на сижето на оваа книга, која децата ќе ја засакаат во истиот миг штом ќе почнат да ја читаат или пак децата на кои вие ќе им читате. Приказна, безвременска и универзална, која ја стимулира фантазијата кај децата, ги поттикнува навиките за читање, го развива критичкото мислење и креативноста. Приказна што ги надминува стереотипите, што ги почитува интересите и афинитетите на младите за градење на сопствените соништа и сопствениот живот, наспроти обврските во семејството и желбата на нивните родители. Приказната за принцезата Мими и принцот Том е книга за сите генерации – деца и родители. Уживајте заедно!


  • img-book

    Квизот содржи 48 илустрирани прашања, „магичен прозорец“ за отчитување на точниот одговор и ливчиња за бележење на резултатите.

    Прашањата прикажани на сликите се наменети за деца на возраст од 3 до 5 години. Насловот на квизот ПАРОВИ секогаш сугерира на иста задача – пронајди го парот зададен на големата слика помеѓу трите мали сликички подолу, според некој критериум што не е однапред зададен, но е најочигледен (на пример: мажјак – женка, занимање – алат, мајка – младенче, животно – храна, еднаква бројност …). Решенијата се единствени за дадените слики.

    Со поставување на „магичниот прозорец“ над црвеното поле, може да се провери точниот одговор на занимлив и нестандарден начин. Под точниот одговор се крие знакот „смајли“. Овој квиз може да се користи повеќе пати и со повеќе играчи.

    Квизот може да го игра поединец или група, при што секому може да му се бележат резултатите и на крајот да се прогласи победник со најмногу точни одговори.


    Додадена
    КВИЗ ПАРОВИ од: 420 ден
  • img-book

    „МОЈОТ ЛАВИРИНТ“ – ПОВЕЌЕ ОД ИГРА Оваа книга со загатки, со јасни упатства за децата има повеќе задачи и цели за стимулирање на развојот кај децата, меѓу кои е развојот на графомоториката. Со вежбање и увежбување на моториката на раката координирајќи ги движењата со помош на молив и боички се овозможува развој на вештината за пишување кај децата, на начин кој не дозволува излегување на линијата надвор од рамката, а со боењето се негуваат естетски аспекти од развојот . „Мојот лавиринт“ помага за развој на планирањето кај детето, затоа што најпрво со поглед, па со прст го бара излезот, а потоа со молив доаѓа до решението. Решавајќи ги загатките детето ја развива способноста за решавање на проблеми и тоа се оди од просто кон посложено, како што се поставени и лавиринтите во оваа книга. Со решавање на загатките, се развива мислењето и концентрацијата кај детето, се зајакнува самодовербата после секоја решена задача. Секој лавиринт е повеќе од игра. Со решавање на загатката детето поминува квалитетно време во добра забава.


    Мојот лавиринт од: 120 ден