• img-book

    ТАМУ го надградува и го проширува досегашниот опус на фотографски дела на Милчо Манчевски, УЛИЦА и ПЕТ КАПКИ СОН. Во овие проекти визуелната текстура на урбаниот живот се манифестира низ композициска и наративна игра, и овој динамичен и експериментален пристап кон создавање слики го обликува ТАМУ. Тргнувајќи од „Жена и зелен ѕид“ и „Црвен ѕид (Бруклин)“, две слики што се читаат речиси како „колор филд“ платна, ТАМУ нè води на патување што е исто толку за чинот на гледање колку и за искусувањето место. Како уметник кој работи и со филм и со фотографија, пристапот на Манчевски кон создавање слики постојано ги поместува границите и го избегнува конвенционалното. Неговото рано завлегување во концептуалната уметност продолжува да се отсликува во неговите дела во различни медиуми, а наследството на историската авангарда провејува низ многу од сликите поместени во ТАМУ.


    Таму од: 700 ден
  • img-book

  • img-book

    „Фотографската камера на Манчевски, едноставна, непосредна и мошне агилна, никогаш не го прикажува она што гледачот би сакал да го види. Не се задржува на она што би очекувале да го гледаме. Не е ни брутална ни нарцисоидна, и поради тоа длабоко се оддалечува како од псевдо-реализмот на поголемиот дел од современото фоторепортерство, така и од апстракциите на оние кои, во своите фотографски елаборации, ја сведуваат реалноста на проста игра на форми. Не се впушта во естетизми ниту во дејствија на ситен социологизам.“, вели директорот на Кинотеката во Болоња, Андреа Морини за Улица

    Првата книга фотографии на Милчо Манчевски, Улица, со радост раскажува визуелни приказни низ 111 улични фотографии.


    Улица од: 500 ден
  • img-book

    Уредници: Марина Костова и Благоја Куновски.

    Монографија за култниот македонски и светски филм, Пред дождот. 420 страници во формат 28 х 23.5 цм.

    Неколку стотици написи од печатени медиуми во околу 50 земји се пренесени во факсимил, меѓу кои и триесетина академски есеи, извадоци од книги, работни тетратки кои го користат филмот како урнек, итн. Избор од над 5.000 текстови објавени за „Пред дождот“. Книгата содржи и преписка од периодот на продукција и по неа, извадоци од сторибордот, белешки, итн. Издавач е Музејот на современа уметност во Скопје.


  • img-book

    Втората книга фотографии на Милчо Манчевски содржи 49 уникатни композиции фор форма на пентаптих. Секој пентаптих содржи пет фотографии, организирани во хоризонтални визуелни целини, како ехо на традицијата на триптих слики и икони.

    „Во збиркава композиции ПЕТ КАПКИ СОН ме интересираат две работи:

    1. Експлозијата на визуелното во прозаичниот момент; и

    2. Костецот и прегратката на наративното и формалното.

    Фотографииве живеат само кога се заедно и кога формираат

    композиција. Kако ноти во песна”, вели Манчевски за делата во Пет капки сон.


    Пет капки сон од: 700 ден
  • img-book

    Пост-концептуалистичка мини-книга од Милчо Манчевски, илустрации Матијас Хајпел.


  • img-book

    Кратка билингвална книга во која кое се надополнуваат и се спротивставуваат зборот и сликата, есејот и фотографиите. Излагањето на Манчевски, презентирано на конференцијата Филм и вера во Ватикан во 2011, е основа на рефлексиите на авторот, во кои тој размислува за природата на вистината видена во уметничкото дело – колку е важно делото да биде верно на фактите и како вербата на уметникот се отсликува во делото.


  • img-book

    На 650 страни, монографијата Манчевски е извонредно исцрпна и студиозна компилација од есеи, биографски текстови, авторски белешки, цртежи и фотографии. Неколкукратно наградуваното монографско издание овозможува длабински увид во досегашната кариера на еден од најоригиналните и најиновативни современи режисери и уметници. Аспектите на творештвото на Милчо Манчевски како филмски автор, фотограф, концептуален уметник и писател во оваа книга се истражени низ продлабочени анализи на осуммина филмски теоретичари, филозофи и историчари на уметноста од САД, Велика Британија, Германија, Австралија, Ирска, Шведска и Македонија.


  • img-book

    Три приказни, сите вистинити, една документарна.

    Мајки за првпат поставува иновативна кинематографска структура со која се истакнуваат деликатните односи меѓу вистината и фикцијата, драмата и документарното.

    Приказната за Владо Танески го обиколи светот и го инспирираше овој филм кој на оригинален начин ја испитува природата на вистината.

    Режија и сценарио: Милчо Манчевски

    Улоги: Ана Стојановска, Димитар Ѓорѓиевски, Владимир Јачев, Ратка Радмановиќ, Салаетин Билал, Диме Илиев


    Мајки ДВД од: 350 ден
  • img-book

    “Понекогаш мртвите зборуваат погласно од живите.”

    Д-р Лазар Перков е млад и згоден, има убава жена, прекрасно синче, голема куќа и добра работа. Сė му е како што треба – ама сепак нешто фали. Кога ќе доживее катастрофална сообраќајка и ќе биде мистериозно спасен од сигурна смрт, неговиот живот почнува да се менува…

    Режија и сценарио: Милчо Манчевски
    Улоги: Борче Начев, Весна Станојевска, Сабина Ајрула – Тозија, Салаетин Билал, Ратка Радмановиќ, Филарета Атанасова, Диме Илиев и Владимир Јачев


    Сенки ДВД од: 350 ден
  • img-book

    “Каде ли ти оди гласот, кога те нема веќе?”

    Патиштата на еден крадец од Њујорк (Еџ), една силна стогодишна баба (Анџела), двајца браќа од Дивиот Запад (Лук и Елајџа), еден комита спремен да загине за слобода (Даскалот) и една лична трудница (Неда) им се вкрстуваат во оваа приказна која се протега на два контенента и низ три века.

    Филмот Прашина го нарекуваат македонската Герника поради епскиот замав, но и поради кубистичкиот пристап кон наративот. Ова „моќно, амбициозно парче филм“ („Њујорк тајмс“) дело го отвори фестивалот во Венеција.

    Режија и сценарио: Милчо Манчевски

    Улоги: Џозеф Фајнс, Дејвид Венам, Адријан Лестер, Ен Броше, Розмари Марфи, Салаетин Билал, Николина Кујача, Владо Јовановски


    Прашина ДВД од: 350 ден
  • img-book

    “Времето никогаш не умира. Кругот не е тркалезен.”

    Пред дождот е легендарен филм, дело по кое светот дозна за Македонија, македонски културен производ кој е меѓународно најнаградуван и најизучуван.

    Пред Дождот се смета за едно од најважните дебитантски остварувања во светската кинематографија воопшто (Анет Инсторф) и за еден од најзначајните филмови на 1990-тите (Ен Киби), а „Њујорк тајмс“ го вброи на листата „Најдобри 1.000 филмови на сите времиња“.

    „Пукај, бе, братучед. Пукај!“ „Кажи му да ми го бричи. Со зелено џамче.“ „Да ти ибам времето англиско“. „Умре. Во такси.“ „Нема тука да пукне, мирен е народот. – Така и за Босна викаа.“ Ова се неколку од репликите од филмот кои станаа дел од македонскиот фолклор.

    Победник на фестивалот во Венеција и прв македонски филм номиниран за Оскар.

    Режија и сценарио: Милчо Манчевски
    Улоги: Кетрин Картлиџ, Раде Шербеџија, Грегоар Колан, Лабина Митевска


    Пред дождот ДВД од: 350 ден