• img-book

    Што да правиш кога имаш чувство дека е невозможно да ги исполниш сите очекувања што другите ги имаат за тебе? Што да правиш кога ќе ја изгубиш единствената личност која те разбира? Кога се наоѓаш во некоја гранична земја меѓу детството и светот на возрасните и во себе посакуваш нешто што одвај себеси можеш да си го објасниш со зборови?
    Во почетокот на 20 век, во гратчето Хамердал во Лемтланд, родено е девојче кое го добива името Берта. Девојчето најмногу од сè сака да црта и да слика и тајно сонува да биде уметница. Но, во тоа време можностите некој да се образова и професионално да се занимава со сликарство биле далеку од нешто што се подразбира, особено кога станувало збор за девојче што потекнува од семејство на земјоделци. Берта знае дека е потребна на фармата, но ситуацијата станува многу тешка откако ќе се влоши болеста на белите дробови на нејзината мајка. Што ќе прави Берта со сиот очај и желбата да отпатува оттаму? Како воопшто ќе успее да си ги исполни своите сништа?
    „Птицата во мене лета каде што ќе посака“ на Сара Лундберг е приказна инспирирана од делата на сликарката Берта Хансон, од нејзините писма и записите во нејзиниот дневник. Книгата е наградена со најпрестижното шведско книжевно признание, наградата „Аугуст“ за книжевност за млади.


  • img-book

    Напишан од провокативната француска писателка и режисерка Виржини Депант, „Вернон Субутекс 1“ е маестрален портрет на современото француско општество. Вернон Субутекс, диџеј и продавач на грамoфонски плочи, добро познат во Париз, соочен со брзите промени кои се одвиваат во светот и со својата неиницијативност и мрзеливост, губи сè што има и од некогашна легенда, станува бездомник. Тоа само ја зацврстува неговата желба за живеење „од ден за ден“, со сите непредвидливости што тоа ги носи. Во обид да најде место за преноќевање, Вернон ги посетува своите некогашни пријатели, откривајќи за нив многу повеќе отколку што сака да дознае.

    „Вернон Субутекс“ е камелеонски роман-колаж во кој приказната тече низ гласот на цела галерија чудесни ликови. Со овој роман, Депант го достигнува своето заслужено место во самиот врв на француската книжевност.


  • img-book

    Сула и Нел се неразделни другарки, а нивното пријателство, сепак, постојано е искушувано од трагедии и предавства кои не може да се простат. Така, и двете се соочуваат со прашањето дали најдобрите пријатели, всушност, стануваат најдобри непријатели.

    Сула е брилијантно напишан роман што само преку неколку епизоди од животот на главните ликови успева да изгради трогателен портрет на една заедница и на длабоките превирања во душите на двете млади жени.

    Сула е роман за љубовта, пријателството, неверството, за тајните што не смеат да се споделат дури ни со најблиските. Прекрасно дело на Тони Морисон, добитничка на Нобеловата награда за литература.


    Сула од: 350 ден
  • img-book

    Во еден неименуван град крај морето, власта воведува вонредна состојба. И така, хаосот се вселува во секојдневниот живот на луѓето: многумина остануваат бездомници, некои се апсени, некои се принудени на присилна работа, сите се исплашени и осамени…

    „Кревка рамнотежа“ раскажува за четворица ликови кои кога се заедно не можат да ја поднесат блискоста, но кога се далеку едни од други не можат да преживеат.

    Среде политичките превирања во Индија, реалноста станува толку неверојатна, што дури и она што е измислено изгледа вистинито. Така, овој чудесен роман час може се чита како магичен реализам, час како историски портрет на распадот на една земја.


  • img-book

    Петгодишниот Давид одеднаш останува сосем сам во туѓа земја, меѓу непознати луѓе чиј јазик не го разбира, среде мистериозен град кој можеби се наоѓа, а можеби и не се наоѓа на овој свет. Единствениот кој решава да му помогне на детето е еден непознат човек по име Симон, чијашто добрина и човечност на секој чекор му се враќаат со грубост и понижување.
    „Детството на Исус“ е филозофска алегорија и вешто изведен книжевен трик на нобеловецот Џ. М. Куци. Инспириран од филозофските дијалози, еден прастар, редок, речиси заборавен жанр, Куци гради сложен текст преполн со симболи, алузии, навестувања и интелектуални игри. Детството на Исус е роман-загатка, кој претставува предизвик за читателот затоа што речиси на секоја страница се трансформира, варирајќи од интелектуален трилер, преку авантуристички роман и естетска расправа, до библиски инспирирана парабола и трогателна семејна сага.


  • img-book

    Приказната во „Подземната железница“ почнува на плантажите за памук во Џорџија, од каде младите робови Кора и Цезар решаваат да побегнат, ризикувајќи си ги животите поради сонот да живеат слободно. Соочени со стравот, гладот, ловците на робови и безмилосниот свет на белците, единствената надеж за нив е митската Подземната железница – неверојатна конструкција која, всушност, е отелотворение на соништата за слобода.
    Напишан во манирот на големите авантуристички романи од XVII век, „Подземната железница“ е блескаво дело во кое историографските факти се преплетуваат со чудесните авантури на главниот лик, допирајќи до рабовите на фантастичното. Играјќи со структурата и тенката граница меѓу фактите и фикцијата, Колсон Вајтхед внимателно и вешто го гради ова искрено, длабоко и брутално ремек-дело на современата американска литература.


  • img-book

    Една чешка сексуална работничка решава со читателот на овој роман да ги сподели своите размислувања за професијата што ја работи, за стареењето, за влијанието на новите технологии врз сексот и за суштината на материјализмот. Својот светоглед го пренесува преку скици за сценарио за документарна телевизиска серија, за која искрено и наивно сонува дека еден ден ќе биде снимена.

    Исполнувајќи го површното секојдневие на својата протагонистка со фетишизам, насилство, хумор и чуден, ама неочекувано успешен, спој од вулгарен и поетски јазик, Петра Хулова на само стотина страници успева да создаде свет во мало преку текот на свеста на својот лик. „Пластично трособје“ е една од најнаградуваните современи чешки книги: последно во низата признанија е наградата на Англискиот ПЕН центар за најдобар превод во 2017 година.


  • img-book

    Приказната во „Министерство за врвна среќа“ полека и мајсторски се ткае низ сиромашните квартови на Делхи и низ рајските пејзажи на Кашмир. Рој раскажува за ликови кои на прв поглед се чинат маргинални и кои во други приказни веројатно би останале заборавени, но овде полека се претвораат во јунаци. Раскажувајќи за немирот и болката, за среќата и надежта, Рој гради епски портрет на современа Индија, но и грандиозна слика на нашето денешно општество.
    Варирајќи од љубовна приказна до историски роман, од семејна сага до политичка сатира, „Министерство за врвна среќа“ е дело какво што се среќава сосем ретко, роман во својот чист и моќен облик.


  • img-book

    На малиот остров Барој, зафрлен меѓу норвешките фјордови во близина на Поларниот Круг, живее само едно петчлено семејство. За тригодишната Ингрид островот е рајска градина, огромна и зачудувачка како универзум. За нејзиниот татко, Ханс, островот е место каде што целокупното постоење на човекот се сведува на борба против студот и гладот – борба што секогаш одново сите ја губиме.
    „Невидливите“ е многуслоен, моќно напишан роман што личи на бура: преку едноставно и ненаметливо раскажување, полека ја собира својата сила, за потоа да ја излее во една точка и да го преврти светот и на ликовите и на читателот. Ова веројатно е најдоброто дело на Рој Јакобсен и секако, еден од најмаркантните современи норвешки романи.


    Невидливите од: 370 ден
  • img-book

    Андреас Егер речиси целиот свој живот го поминува во едно мало село на Алпите. Само еднаш ќе го напушти својот дом – и тоа за да заврши како воен заробеник во Русија. Убеден дека неговиот живот е сосем обичен, Егер тивко гледа како светот што го познава полека исчезнува околу него. Ќе му биде потребен цел живот за да ја открие вистинската длабочина и убавина на своето постоење.
    „Цел живот“ е замислен како роман кој треба да го растресе мисловниот свет на читателот. Раскажувајќи спокојно, едноставно и без патетика, Зеталер вешто, само со неколку слики, прикажува како се менува цел еден свет во мало. Истовремено мрачен и ведар, овој наградуван краток роман совршено ја покажува моќта на книжевноста да ги долови најсуптилните фрагменти од човечкиот живот и од нив да создаде убавина од која застанува здивот.


    Цел живот од: 260 ден
  • img-book

    „Снежно слепило“ ја раскажува приказната за младиот полицаец Ари Тор, кој уште пред да ја заврши академијата добива работно место во Силгуфјордур – мало рибарско гратче на крајниот север на Исланд. Ари Тор ќе ги напушти студиите, својата девојка и животот во Рејкјавик и ќе замине на север, очекувајќи дека ќе живее во место каде никогаш ништо не се случува. Зимските бури ќе го парализираат Силгуфјордур и ќе го отсечат од остатокот од земјата, а потоа во местото ќе почнат да се случуваат убиства. Ари Тор сфаќа дека мора да се соочи со нешто за што воопшто не е подготвен – сложените полициски случаи и застрашувачките поларни бури.
    Напишан во манирот на класичен детективски роман, „Снежно слепило“ е уникатен во доловувањето на ледената атмосфера и сликањето на животот во мало провинциско место, каде приказните на цела низа ликови одеднаш се преплетуваат и се поврзуваат.


    Снежно слепило од: 330 ден
  • img-book

    Елинор има триесет и шест години и се обидува да најде љубовен партнер на Интернет. Макс е средовечен писател кој сонува да има љубовница полиглот, жена што ќе го разбира на сите јазици. Приказните на Макс и Елинор ќе се преплетат на најнеобичен начин кој открива низ што сè сме подготвени да поминеме во нашата потрага по љубов и задоволство.
    Напишан како метафизички трилер кој балансира на границите на реалноста, романот „Љубовниците полиглоти“ го води читателот од една до друга загатка сè до последните страници на кои одеднаш се спојуваат сите нишки на приказната. За овој роман Лина Волф во 2016 година го добива најпрестижното шведско признание за книжевност, наградата „Аугуст“.


  • img-book

    По дванаесет години брак, врската на Ванда и Алдо се распаѓа поради неверство. Сепак, зад нивната разделба се кријат многу повеќе мрачни тајни отколку што се чини на прв поглед. Соочувањето со сиот притаен гнев, со насобраните разочарувања и со желбата за независност и слобода целосно ги пресвртува животите на Ванда, Алдо и нивните две деца.
    Приказната е мајсторски изградена и преку фрагменти ја раскажува долгата историја на распадот и повторното обединување на едно семејство. Доменико Старноне во „Врвки“ ни подарува моќен приказ на бегството од себеси и на малите одлуки кои целосно и неповратно ни ги менуваат животите.


    Врвки од: 250 ден
  • img-book

    За писмата на Кафка често се вели дека може да се читаат како љубовен епистоларен роман во кој главниот лик е Милена Јесенска. Преку љубовната врска со Милена се прават бројни обиди да се протолкува делото на Кафка, особено темата на прељубата во романот „Замок“, како и дополнително да се осветли биографијата на славниот писател. Меѓутоа, писмата на Кафка укажуваат и на Милена Јесенска како личност –исклучителен интелектуалец и мошне успешна преведувачка заслужна, меѓу другото, за популаризирањето на неговото дело. Писмата ни откриваат прекрасен портрет на една исклучителна, самостојна и либерална жена, каков што ретко може да се сретне и во уметничката и во документарната литература од почетокот на XX век. Во таа смисла, „Писмата до Милена“ се неизбежен дел од опусот на Кафка, еднакво значаен како неговата проза и неговите дневници.


    Писма до Милена од: 525 ден
  • img-book

    Необичните тинејџерски денови на Адам стануваат уште понеобични кога ќе ја запознае Ева и ќе се вљуби во неа. Она што почнува како младешка љубовна приказна одеднаш се преобразува во мистерија кога Адам почнува да сонува чудни соништа, толку силни и живи што не може да ја повлече границата меѓу нив и реалноста. Растргнат меѓу сонот и јавето, Адам сè повеќе се сомнева во својот здрав разум..

    „Соништата на татко ми“ е хибриден роман кој постојано се трансформира – од метафизички трилер до психоаналитичка пародија, и од надреалистички кошмар до семејна сага. Преполн со симболика и алузии, ова е еден од најдобрите романи на еминентниот словенечки писател Евалд Флисар.


  • img-book

    Ирмина, млада и амбициозна Германка, доаѓа во Лондон кон средината на 30-тите години на минатиот век. Таму го запознава Хауард, студент на Оксфорд кој потекнува од Карипските Острови. Бидејќи и двајцата се туѓинци во Англија, тие се зближуваат, но нивната врска е ненадејно прекината поради политичката ситуација во Германија под власта на Хитлер. Ирмина мора да се врати дома, политичките тензии ескалираат, Втората светска војна наближува…

    Во наградуваниот графички роман „Ирмина“, Барбара Јелин ја прикажува драмата што се создава кога човек мора да избере меѓу личниот интегритет и општествениот статус. Заснован на вистинска приказна, овој роман е еден од ретките прикази на нацизмот преку светогледот и искуствата на Германките од втората половина на XX век.


    Ирмина од: 525 ден