7. За млади (Young Adult) (74)
  • img-book

    Една кутија закопана два метри под земја.

    Едно старо писмо, медалјон и клуч.

    Звучи интересно, зар не?

    Откријте ја мистеријата обвиткана околу најљубовната скопска приказна што некогаш сте ја прочитале.

    „Љубов голема колку Скопје“ е втора книга за деца и млади од Александра Тодоровиќ. Таа го прифати предизвикот да влезе во временската капсула и оттаму да им купи билети на сите кои сакаат да бидат дел од едно неверојатно патување. А Скопје е љубов и во себе крие многу љубови. Скопје е љубов заради луѓето во него. И секогаш сè е заради љубовта. Таа врзува, ослободува и крева. Затоа Александра Тодоровиќ, која добро го познава Скопје напиша едукативна и интерактивна книга која ќе го разбуди љубопитството на децата, но и суптилно ќе им подметне не само знаење и интерес за она што било, туку и љубов која ќе ги научи како да се грижат за околината и за луѓето во неа.


  • img-book

    Романот, како што наведува авторот, е пишуван според вистината на една тинејџерка, па оттука приказната произлегува од денешното време.

    Главните ликови се тинејџерката наречена Вивиен Ли и нејзината другарка по име Вероника. Првата преку својата необична љубов кон „Норвежанецот од Љубојно“, запаѓа во незгодни, но и во духовити ситуации. Сето тоа се слева во еден богат сплет на случки и настани кои се вградуваат во структурата на приказната која е врзана со денешново време.

    Вивиен Ли, и покрај тоа што не е надарена за пишување, поради својата заљубеност во таинствениот „Норвежанец од Љубојно“, последна надеж и „терапија“ ѝ е да напише љубовна приказна. Таа цело време, криејќи од родителите, ќе се измачува да пишува не верувајќи дека тоа ќе ѝ успее, а на крајот, без да биде сигурна во она што го пишува, ќе го создаде романот.


  • img-book

    Кога новиот дечко Џек ја остава на аеродромот, Руби Милер ги брише солзите и си купува карта за Париз. Во Париз посетува еден стар пријател, сакајќи да направи пауза. Но, градот на љубовта има сосема други идеи.

    Во еден стан каде што и времето застанало, Руби ќе пронајде пакет со изгубени љубовни писма кои ќе ја заробат во една мистерија која трае повеќе од седумдесет години. Кој е авторот на писмата? Зошто сопственикот на станот ги затворил ролетните и избегал од Париз пред војната и никогаш не се вратил? Каква тајна се крие?

    Додека мистеријата се продлабочува, животот на Руби се враќа во нормала, а духовите од минатото и љубовната афера нема да можат да ја загрозат.

    Од најпродаваниот автор на МОЈОТ ГОСПОДИН СОВРШЕН, овoj магичен роман е за секоја девојка која некогаш ја сонувала блескавата светлина на Париз и љубовта која трае цел живот…


  • img-book

    Поради љубовта што ги воодушеви читателите и ѝ даде можност на книгата ДО СИТЕ МОМЦИ ШТО ГИ САКАВ да стане бестселер на Њујорк тајмс, Лара Џин продолжи и понатаму да пишува писма.

    Лара Џин не очекуваше лудо да се заљуби во Петар. Таа и Петар само се преправаа. Но, наеднаш престанаа. Сега Лара Џин е збунета повеќе од кога било.

    Кога едно друго момче кое го познаваше во минато ќе се врати во нејзиниот живот, чувствата на Лара Џин за него повторно ќе оживеат. Може ли една девојка да биде вљубена во две момчиња одеднаш? Љубовта никогаш не е лесна, но можеби тоа е она што ја прави неверојатна.


  • img-book

    Првиот наслов од новите романи за млади, каде што вие сте директен учесник во текот на приказната. Додека читате ќе бидете ставени пред повеќе патеки и само од вас и вашиот избор ќе зависи судбината на нашата хероина! Возбудливо, зар не?!


  • img-book

    „Ја гледам раката. Не неа пишува: ФЛОРА. Биди храбра.“
    Десет години имав кога се промени сè..
    Осум години ми важи пасошот.
    Шест луѓе ме бараат на студот.
    Четири години имав кога ја запознав најдобрата другарка.
    Едно сеќавање е сè што имам.

    возбудлива, непредвидлива, уникатна,
    трогателна, охрабрувачка…

    Книга што нема да ја заборавите никогаш!

    Флора Бенкс има седумнаесет години и има амнезија. Сè
    што ѝ се случува, многу брзо го заборава. Постојано се оби-
    дува да се сети на минатото. Живее сега и тука. Но, една
    вечер ќе го бакне Дрејк и ќе се промени сè. Се сеќава на тој
    бакнеж. Тоа е првото сеќавање што успеа да го зачува од
    својата десетта година. Но, Дрејк отиде на Северниот пол,
    на Арктикот. Ќе успее ли да го пронајде? Ќе ѝ помогне ли
    тој да си го врати памтењето? Ќе успее ли љубовта да ја по-
    беди амнезијата? Не ѝ преостанува ништо друго освен да се
    обиде. Мора да го пронајде, без оглед на сè! Мора да биде
    похрабра и порешителна! Ѝ преостанува само надежта!
    Но на кого да верува на ова патување? На Дрејк, на најдо-
    брата другарка, на родителите или…

    Во рацете држите книга во која е раскажана несекојднев-
    на љубовна и животна приказна. Приказна која мотивира на
    упорна борба, а возбудливиот начин на кој е напишана, не го
    остава читателот ниту за миг. Го држи вниманието до самиот
    крај, кој не можете да го предвидите.

    „Приказна што создава лесна атмосфера… волшебна… книга што
    брзо се чита и во која е спакуван силен емотивен набој.“
    Гардијан


  • img-book

    АВАНТУРАТА ПРОДОЛЖУВА! Кога Биг Бен, во Лондон, одеднаш престана да чука, Вилијам знаеше дека се подготвува нешто големо. И навистина! Се појавува мистериозниот агент на орбулаторот, со што започнува нова урнебесна авантура за Вилијам и за неговата најдобра другар­ка Ишја. Што сака агентот орбулатор од Вилијам? И што е всушност ‒ орбулатор? Страниците на Агентот на орбулаторот, третата книга од светски прославениот серијал за Вилијам Вентон се исполнети со длабоки и мрачни тајни и насекаде има нере­шливи шифри. Боби Пирс се враќа во светот на Вентон и ни носи низа интересни пресврти, хумористички роботи и јунаци од разни возрасти и видови.

    „Во својот серијал на авантуристички романи за деца Боби Пирс создаде интересен свет што се движи со брзина на светлината… Со години не сум прочитал толку забавен микс на роботска комедија, научна фантастика, авантуристички роман.“ – Верденс Ганг

    „Боби Пирс толку динамично и визуелно ни го долову­ва дејствието што пред очите ви пролетува како филм. Ви­лијам Вентон без сомнение е најдобриот норвешки пандан на Хари Потер.“ – Бок 365с


  • img-book

    Се гледа крајот.

    ЗЛОПАК му одзеде на Томас сè: животот, сеќавањата, како и единствените пријатели што ги има – Лединарите. Останува уште еден последен тест. Да се открие лек што ќе го спаси светот.

    Дали некој ќе преживее?

    Она што ЗЛОПАК не го знае е дека Томас памети повеќе одошто тие мислат. А тоа е доволно за да не им верува на ниту еден збор.

    Вистината ќе биде ужасувачка.

    Томас го победи Лавиринтот. Побегна од Пустошот. Сè стави на коцка за да ги спаси своите пријатели. Но само вистината може да стави крај на сето тоа.

    Времето на лагите е завршено.


  • img-book

    Ова е свет поделен според бојата на крвта – на оние со црвена и на оние со сребрена крв.

    Црвените едвај сврзуваат крај со крај, додека со светот владеат Сребрените, воини со натчовечки моќи, способности да управуваат со огнот
и со водата, да владеат со природата, да предвидуваат, да исцелуваат…

    Мер Бероу е Црвена девојка која на почетокот верува дека тоа е еден свет кој не може никогаш да се промени. Кога неочекувано завршува како слугинка во палатата на Сребрените, се наоѓа точно во средиштето на сето она што го мрази од дното на душата. Но, Мер набрзо потоа открива дека, и покрај црвената крв што ù тече низ вените, и таа поседува неверојатна моќ. Моќ што би можела од темел да го растресе кралството на Сребрените! Моќ што би можела да предизвика револуција!

    Но, ова е свет на лаги и измами, на предавства, каде што Мер е принудена да заигра опасен танц – Црвени против Сребрени, принц против принц
и самата таа против сопственото срце…

    Кој ќе биде победник во светот на крвните поделби? Ќе завладее ли Црвената кралица со Сребрениот свет?


    Црвена кралица од: 480 ден
  • img-book

    ЕРЕБ е игра. Таа те набљудува, разговара со тебе,
    те наградува, те проверува, ти се заканува…

    Ник е опседнат со Ереб, компјутерската игра што во неговото училиште се пренесува од рака на рака. Правилата се многу строги: секој има само една можност да одигра. Притоа мора да биде сам и за Ереб не смее да зборува со никој. Кој ќе ги прекрши овие правила или нема да ги исполни задачите, отпаѓа од игра и повеќе не може да почне пак. Најнеобичниот дел е што задачите на Ереб, мора да се исполнат не во виртуелниот, туку во вистинскиот свет.
    Кој е всушност Ереб и што бара од играчот? Може ли Erebos, Богот на подземјето да убива? Дали мртвиот автор преку играта што ја измислил имал намера да убие за одмазда?

    ЦЕЛТА НА ЕРЕБ Е ДА УБИВА!

    „Трилер на годината“ ‒ Die Zeit

    „Волшебен роман за млади за опасностите што ги крие виртуелниот свет“ ‒ Brigitte Magazine

    „Исто како што играта ги опседнала главните ликови на овој роман, така и нас оваа книга нѐ маѓепса и не ја испуштавме од рака додека загатката не беше разрешена“


    Ереб од: 450 ден
  • img-book

    ВИЛИЈАМ ВЕНТОН, МОМЧЕТО СО ГЕНИЈАЛЕН ТАЛЕНТ ЗА ОДГАТНУВАЊЕ ШИФРИ, СЕ СООЧУВА СО НОВА ЗАКАНА! Откако почнува да трпи таинствени напади поради кои ја губи контролата над сопственото тело и способност за разбивање на кодови, Вилијам се загрижува дека неволјите му ги предизвикува интелигентниот метал луридиум. Постои само едно место каде што може да побара решение за својот проблем: Институтот за постхумно истражување. Но на Институтот веќе ништо не е како порано… Неговата стара соба сега изгледа како затворска ќелија, а движењето по Институтот строго се контролира. Менторите на Вилијам не сакаат да му кажат што се случува, иако е очигледно дека сите од некого или од нешто многу се плашат. Тогаш ја дознава грозната вест дека крадецот на луридиум, злосторникот Абрахам Тали, побегнал од својот криогенски затвор во подрумот на Институтот. Потрагата по него Вилијам го води на Хималаите, во подземен храм опкружен со планински врвови и длабоки пештери што ја чуваат тајната на настанокот на луридиумот. Вилијам повторно ќе се изложи на голема опасност во обидот, заедно со дедо му, да го запре злобниот Абрахам и неговата помошничка Корнелија, кои имаат намера да го ослободат луридиумот и да ги изложат луѓето на неговото погубно дејство… Тајниот портал е втора книга од серијата за возбудливите авантури на младиот Вилијам Вентон. Веднаш по објавувањето книгата стана книжевен феномен и досега е објавена во 37 земји, а наскоро се очекува и холивудски филм.


    Тајниот портал од: 350 ден
  • img-book

    Ова е книга која вреди секој да ја има во својата домашна библиотека за да може да посегне по неа секогаш кога ќе почувствува дека губи дел од човечното во себе…

    Може да ја чита буквално секој читател од најрана, па до најстара возраст. Дел од приказните се посложени и потешки, приказни во кои ќе најде поука и најголемиот мислител, а дел се прилично едноставни, како да ги слушате од дете, но сепак длабоки и силни, како да ги раскажува најголемиот мудрец на светот.

    Во тешкото и искушувачко време во кое живееме, навистина е лесно човек да се изгуби и да заборави на вистинските вредности во животот. Оваа книга е вистинска врска со човечното, потсетник за она што е важно во животот и дека она што го даваме – тоа и ни се враќа.

    Совет: имајте шамиче во близина кога ќе ја читате оваа книга. Да, длабоко вистинити, страшно тешки и сериозно блиски до секој од нас, овие приказни имаат голема моќ да изнудат солза и од најсилните…


    5 out of 5
    Секој има своја приказна од: 320 ден

    Проверете подоцна.

  • img-book

    Нели Саливан секогаш била позната како „Госпоѓата со петгодишен план“.

    Но, кога ќе остане без работа и без момче во ист ден, ќе одлучи дека е време за нови промени. Ќе ги потроши сите пари на патување во Сан Франциско, каде ќе запознае многу нови и различни луѓе, вклучувајќи го интригантниот и прекрасен Макс Роси. Многу брзо градот ќе почне да го чувствува како свој втор дом.
    Но, кога ќе дојде време да се врати дома, во Лондон, дали ќе ја остави „новата Нел“ зад себе?

    Дали магијата на Сан Франциско ќе светка илјадници километри во далечина?


  • img-book

    „Не одам.“

    „Како мислиш, не одиш?“

    „Така, не одам.“

    „Со купени карти! И спакувани куфери!“

    Па, што ако


  • img-book

    Ника е духовита и љубопитна тинејџерка, дружељубива и популарна во новото училиште. Течно зборува француски и оди на курсеви по шпански и германски јазик, па оттаму на часови по пијано, мечување, вајарство и јога… и затоа никогаш нема време да ги покани дома своите нови соученици. Но причината за тоа е сосем поинаква. Кога еден ден ќе дојдат ненајавени, нејзините пријатели ја откриваат тајната што таа долго време успевала да ја крие од нив, тајна што ќе ги промени нивните животи…

    Кит на плажа е роман кој ги шири границите на нормалното и нѐ поттикнува да ги преиспитаме своите ставови за тоа што е нормален живот.

    „Животот е убав“, вели Игор, братчето на Ника. Кога сме сакани и прифатени, се чувствуваме добро, како китови што слободно пловат во големиот океан. Но што ако сме поинакви?


    Кит на плажа од: 340 ден
  • img-book

    Осумдесетти. Летата во Бари минуваат со џагорот на децата кои се бркаат низ лавиринтите од тесни улички поплочени со камен, чаршафите што се сушат на терасите поигруваат на ветрот, а мирисот на домашните кујни продира и во најскриените агли. Марија расте заедно со своите двајца постари браќа, Џузепе и Винченцо. Таа е мало девојче со карактеристичен изглед: голема уста и две речиси ориентални очи што сјаат како блескави сечила. Живее целосно втопена во безвременската атмосфера на стариот град, скриена во својот мал свет полн со омаловажувања – свет од кој е многу тешко да се излезе.

    Единствените охрабрувања што ги добива во периодот од детството до адолесценцијата доаѓаат од Микеле, син на едно од најнесреќните семејства во старото Бари. Пријателството помеѓу Марија и Микеле станува сè посилно и посилно, и покрај отвореното непријателството помеѓу двете семејства и ударите што ги нанесува животот. Сè додека тие чувства помеѓу нив двајца – силни, а истовремено нежни – не прераснат во љубов. Љубов која, и покрај тоа што е забранета, не им дозволува да го мразат светот околу нив.

    Писателката Роза Вентрела е новинар, историчар, а нејзините дела ја обработуваат состојбата на жените низ историјата. Нејзините романи редовно го привлекуваат вниманието на книжевната критика и објавувани се на многу јазици ширум светот.