Сè уште нема. Проверете повторно за некое време.
ТОЈ Е МОЌЕН, АРОГАНТЕН И СТРАШЕН. ТОЈ Е НЕЈЗИНИОТ НАЈГОЛЕМ НЕПРИЈАТЕЛ…
Ројс Вестморленд, познат како Црниот Волк, е најмоќниот англиски воин и најомразениот непријател на Шкотска. Легенда на бојните полиња, легенда помеѓу жените во кралските палати, легенда од која трепери цела Шкотска.
ТАА Е ГОРДА, БЕЗОБРАЗНА И НЕПОКОРНА. ТАА НЕ СЕ ПРЕДАВА ЛЕСНО…
Џенифер Мерик е храбра, тврдоглава Шкотланѓанка која живее за своето семејство, својот клан и својата земја. Кога одеднаш ја грабнуваат и завршува како заробеничка на озлогласениот Волк, нема намера да плаче и моли како беспомошна жена. А особено нема намера да го моли НЕГО, ужасниот мрачен маж кој сее смрт во нејзината земја откако знае за себе. Не, таа има намера да се бори – затоа што тоа е во крвта на кланот Мерик.
ДВАЈЦАТА СЕ ЗАПЛЕТКУВААТ ВО ОПАСНАТА МРЕЖА НА ЛОЈАЛНОСТА И СТРАСТА…
Двајцата лојални до срж и опасно темпераментни, полека ја губат волјата за војување кога во нив почнува да се буди нешто друго.
Во оваа бескрајно симпатична приказна, една девојка тргнува да ја комплетира својата тајна листа со цели од детството и дознава дека животните соништа ќе ја доведат до животен пат кој никогаш не го очекувала.
1. Да одам во Париз.
2. Да изведувам во живо, на огромна сцена.
3. Да родам бебе, можеби и две.
4. Вистински да се вљубам.
Брет Болинџер има заборавено на тајната листа со желби што ја има напишано како наивна тинејџерка. Впрочем, сега возрасна личност, таа смета дека има сè што еден човек може да посака – убава работа во огромната семејна компанија, голем и скапо уреден стан и неодоливо момче.
Но кога нејзината сакана мајка умира, светот на Брет се накривува на својата оска. Наместо едноставно да ја назначи за директор на семејната компанија како што се очекува, Елизабет остава тестамент кој ги вџашува сите: таа бара нејзината ќерка прво да ја комплетира целата листа со цели и желби од детството што ја направила пред петнаесетина години.
Потиштена од тага и болка, Брет не може да ја разбере одлуката на мајка ѝ. Но додека се бори да ја комплетира листата, сфаќа дека најслатките подароци на животот понекогаш се наоѓаат на најнеочекуваните места.
Во едно од соседствата во главниот град на Иран, Паша го поминува летото во 1973-та на покривот од неговата куќа со неговиот најдобар пријател Ахмед. Тие во еден момент се шегуваат, а веќе во следниот поставуваат длабоки прашања за животот и ја планираат иднината. Но, освен животните прашања за кои разговараат, Паша го мачи и една друга болна тајна – тој е заљубен во прекрасната сосетка Зари, која уште од раѓање му е ветена на друг.
И покрај тоа што го мачи грижата на совест, кревкото пријателство на Паша со Зари тоа долго, топло лето се претвора во длабока врска полна со емоции. Но повеќемесечната магија на прекрасни украдени моменти се руши за само една ноќ со една ненамерна грешка на Паша. Поради суровите последици од тој еден настан, тој и неговите пријатели одеднаш ќе станат свесни за диктатурата во која живеат, а Зари ќе донесе незамислива одлука од која Паша можеби никогаш нема да може да си дојде на себе.
Незаборавна приказна за храброста, љубовта и пријателството…
Сè уште нема. Проверете повторно за некое време.
Договорен брак во дваесет и први век? Тоа е апсурд. Тоа е ставот на Дејзи Девру кога нејзиниот татко ѝ соопштува дека мора да се омажи со човекот кој тој го одредил за неа или ќе ја остави препуштена сама на себе – засекогаш. Таа, искрено, нема некој голем избор. Може да се омажи за тмурниот, здрвен Русин или да заврши во затвор поради големите долгови на својата мртва мајка кои не може самата да ги отплати.
Александер Марков, од друга страна, воопшто нема намера да глуми вљубен младоженец и да ја забавува девојката која по негово мислење не е ништо друго, освен разгалена празноглавка.
Како и да е, тој му е голем должник на нејзиниот татко, па се согласува да му направи една услуга за возврат: да се ожени со неговата ќерка, да ѝ покаже како изгледа животот на нормалните луѓе и да ѝ го дотера умот. Ох, и дефинитивно има намера да го направи тоа. Да видиме дали оваа мала богата, разгалена девојка ќе успее да се снајде и да издржи во неговиот свет повеќе од неколку дена.
Не, тој дефинитивно не го живее животот на кој таа е научена. Каде живее, како живее и што прави? Тоа ќе дознаете самите. Низ многу смеа. Што ја прави целата приказна толку уникатна и интересна. Алекс Марков и Дејзи Девру се два различни света, црно и бело, топло и ладно, добро и лошо. Алекс е пораснат без родители, без љубов, без трошка убавина во животот и тоа е причината која го создава човекот без срце, човекот кој не знае да сака, човекот кој ќе ѝ го загорчи животот на Дејзи. Овој човек без душа кој не почувствувал љубов никогаш во животот ќе ја запознае жената која има срце доволно силно за да го преврти светот.
Наспроти неговиот студен карактер, камена гордост и руско срце, таа ќе застане со само две оружја – своето ангелско лице и срце. Можно ли е да се скроти студеното руско срце и да се добие љубов од човек кој не знае да сака?
„Ти не знаеш да сакаш“ е вистински десерт од смеа и солзи. Приказна која докажува дека љубовта може да ги турне на колена и оние со најцврсти срца…
Сè уште нема. Проверете повторно за некое време.
Сè уште нема. Проверете повторно за некое време.
Ема Синклер е експертот за раскинувања и скршени срца на списанието Stilleto, а таа е најдобра во тоа што го работи затоа што пишува од лично искуство. Пред пет години, Ема била лудо вљубена идна невеста. Сега е ледената кралица на Менхетен. Ема го оставила Југот зад себе, но дури ни нејзините најдобри пријателки не знаат дека си го оставила и срцето таму. Сега, нејзиниот шеф во Stilleto ѝ дава задача да се соочи со сите нејзини бивши; меѓу кои и ѓаволесто секси типот што ја оставил пред олтарот.
Откако му пропаднале сите шанси за професионална кариера во фудбал поради лоша повреда, Алекс Кесиди упорно си ги гледа сите соништа како му се рушат пред очи. Кога конечно наоѓа нова професија што ја сака, чиста коинциденција е што одбира работа во истата област и во истиот град како неговата поранешна свршеница… така? И Алекс не може да не се прашува што ќе беше да беше… Но за разлика од наивната девојка што ја помни тој, оваа Ема е кул, софистицирана и нездраво самоуверена – и таа не сака да има апсолутно ништо со него. Проблемот е во тоа што Алекс никогаш не ја посакувал повеќе.
Понекогаш, оние што најмногу ги сакаме се тие што најмногу нѐ повредуваат.
Лили Блум немала лесно детство, но тоа не ја спречило напорно да работи за да го има животот што си го замислила. По дипломирањето, се сели во Бостон и основа сопствен бизнис. Потоа, кога почнуваат да летаат искри меѓу неа и еден опасно згоден неврохирург по име Рајл Кинкејд, сè во нејзиниот живот одеднаш изгледа премногу добро за да биде реално.
Рајл е амбициозен, тврдоглав, па можеби дури и малку арогантен. Но тој исто така е и чувствителен, генијален и Лили му е слаба точка. Да не правиме муабет како изгледа во докторска униформа. Благодарение на сè ова, Лили не може да го извади од глава. Но неговата аверзија кон врски е вознемирувачка. Дури и кога Лили станува исклучок од ова негово правило, не може да не ја копка што го направило таков.
Кога дилемите за нивната врска почнуваат да ја збудалуваат, како капак на сè се појавува Атлас Кориган – нејзината прва љубов и врска со минатото што го има оставено зад себе. Нејзината сродна душа и спасител. Нејзината закана за сè што има изградено со Рајл.
Незаборавна, трогателна приказна за љубов што доаѓа со своја цена.
Сè уште нема. Проверете повторно за некое време.
Сè уште нема. Проверете повторно за некое време.
Сè уште нема. Проверете повторно за некое време.
„Ова е љубовна приказна за едно типче (јас) и една девојка (Фалон). Мислам… Може ли да се смета за љубовна приказна ако не завршува со љубов? Мистериите завршуваат кога ќе се реши мистеријата. Биографиите завршуваат кога ќе се раскаже приказната. Љубовните приказни би требало да завршуваат со љубов, така? Можеби грешам, тогаш. Можеби ова не е љубовна приказна. Ако ме прашате мене… би рекол дека ова може да се смета дури и за трагедија. Што и да е – како и да завршува – ветив дека ќе ја раскажам. Па, без понатамошни одложувања.
Еднаш, многу одамна… запознав една девојка.
ВИСТИНСКАТА девојка.“
Фалон го запознава Бен, иден писател, дента пред да се пресели на другиот крај од земјата. Хемијата меѓу нив ги тера да го поминат тој нејзин последен ден во Л.А. заедно и нејзиниот драматичен живот станува креативната инспирација за книга што Бен отсекогаш ја барал. Со текот на годините и низ нивните разни врски и турбуленции во нивните одвоени животи, тие продолжуваат да се сретнуваат на истиот датум секоја година.
Но Фалон еден ден станува несигурна дали Бен и ја кажува вистината или само смислува совршена реалност за да напише уникатна и профитабилна книга.
Нема производи |