1. Романси (144)

Showing 113–128 of 144 results

Подреди:
  • img-book

    Првиот ден од новата година. Самуел де Хуан, триесет и седумгодишен професор по германска книжевност, своеволен осаменик во постојан страв од ненадејна смрт, се буди уверен дека ни таа нова година нема да му донесе ништо ново. Меѓутоа, еден мал четириножен посетител влегува во неговиот самечки живот, со цврста намера и да остане во него. Доаѓањето на Мишима, младиот уличен мачор, е почеток на чудесните промени во херметичкиот свет што си го создал главниот јунак, првиот мал чекор кон љубовта во мало… Чекор по чекор, Самуел де Хуан го напушта својот тивок свет на книги, музика и филмови, своите вкоренети навики и домашната ергенска педантерија, и се преселува во свет со „густо населена, бучна осаменост“.

    Благодарејќи на лукавиот мачор, ги запознава необичниот Валдемар, поранешен физичар што е преокупиран со тајните на Месечината и на човечката душа, стариот сосед Титус, компилатор на разни водичи низ животот и магијата, убавата и осамена ветеринарка и светот на случајностите што ќе го вратат триесет години назад, во замокот на „бакнежот на пеперугата“, и кај Габриела, осамената жена на неговиот живот.

    Забавна и нежна приказна за љубовта и пријателството, што ќе го трогне читателот со малите тајни на среќата.

    „Франсеск Миралјес е длабок, бистар и оригинален писател. Им го препорачуваме овој роман, лекција по љубов и човечност, на сите што веруваат дека можностите на човечкото духовно зреење и менување немаат граници. “


  • img-book

    Романтичен и незауздан. Ова е роман што ќе ве опседнува, поседува и засекогаш ќе се врзе за вас. Откако стидентката по литература Анастасија Стил направи интервју со Кристијан Греј-сивоокиот, преубав,моќен деловен маж-се чуствува исклучително вознемирено. Убедена е дека нивниот состанок поминал лошо, се обидува да не мисли повеќе на тој настан – сè додека Греј не се појави во продавницата во која работи и не ја повика да излезат. Неискусната и наивна Ана е шокирана од фактот дека го посакува. Кога тој ја предупредува дека за неа е подобро меѓу нив да нема ништо, Ана го посакува уште повеќе. Ана не знае дека Греј го мачат мрачни желби и дека има опсесевна потреба за контрола. Кога се впуштаат во страсна љубовна врска, Ана ќе открие кои се нејзините вистински желби, но и тајните кој Греј ги крие од другите.


  • img-book

    „Настаните не се вистински. Односно тие се вистински во секој можен поглед, но јас им го сменив крајот, или дури и самиот почеток. Беше премногу болен или можеби и премногу едноставен за раскажување. Ликовите можеби во вистинскиот живот не заслужија вака да завршат, некои можеби завршија, а другите се можеби само моја илузија. Можеби мојата гордост ја избрка храброста и ме направи кукавица. Но, на некој начин, јас најдов како да ја раскажам мојата приказна онака како што сакав да заврши. Како што немав храброст да ја погазам гордоста и да се борам за таквиот крај. Туку дозволив љубовта да се испогани, на сите можни начини на коишто луѓето ќе успеат да го испоганат и најчистото – и најчистата душа и најчистата љубов. Но, сепак, и по толку време, со тоа што ги раскажав приказните со променет преплет на настаните, таа невина наивност ќе остане чиста и засекогаш ќе живее во мене


  • img-book

    „АПСОЛУТНО УЖИВАЊЕ – ШАРМАНТНА И СЕКСИ ПРИКАЗНА ШТО СЕ ВРТИ ОКОЛУ ГЛАВНАТА ХЕРОИЊА ЗА КОЈА ОБОЖАВАТЕ ДА НАВИВАТЕ“

    Стела Лејн верува дека математиката е почеток и крај на сѐ, она што го обединува целиот универзум. Но оваа брилијантна статистичарка која знае сѐ за алгоритмите, не знае ништо за романтиката. Toa и не е неочекувано, бидејќи има Аспергеров синдром и секој ден се обидува да ги совлада пречките што тој ѝ ги наметнува. А кога луѓето ќе дознаат за тоа, веднаш го менуваат мислењето за неа.

    Но Стела е храбра жена која не се плаши да ризикува за да го добие она што го сака. Tаа одлучува да ангажира професионалец што ќе ја научи сѐ што може да се научи за сексот и врските.


  • img-book

    Со нарушено здравје и сам на светот, деведесет и едногодишниот Ајра Левинсон се наоѓа на пуст асип по преживеаната сообраќајна несреќа. Тешко повреден, се бори да остане свесен и тогаш му се прикажува еден замаглен лик – саканата сопруга Рут од чија смрт поминале девет години. Тој грчевито се фаќа за нејзините зборови и повторно ги живее тагите и радостите на нивниот брак.

    Студентката Софија Данко неочекувано го запознава младиот каубој Лук, кој има малку сличности со повластените момчиња што таа ги среќава на колеџот. Тој ја воведува во еден свет во кој се ставаат на коцка успехот и пропаста, па дури и опстанокот и самиот живот. Додека меѓу нив се раѓа љубов, Софија замислува иднина мошне различна од нејзините дотогашни планови… доколку не биде уништена од тајната на Лук.

    Ајра и Рут. Софија и Лук. Две двојки што имаат многу малку заеднички работи и што ги разделуваат и годините и искуството. Нивните животи сепак неочекувано ќе се испреплетат, потсетувајќи нè дека дури и нашите најтешки одлуки може да нè одведат на неверојатни патувања – далеку од безнадежноста, далеку од смртта, до најдалечните дострели на човековото срце.


  • img-book

    Сите сакаат да веруваат дека вечна љубов е можна…

    Во пролетта 1984 година средношколците Аманда Колиер и Досон Кол доживуваат длабока, судбинска љубов која им пркоси на строгите правила на животот во малото гратче Ориентал. Досон е осаменик од едно озлогласено семејство и верува дека љубовта кон Аманда му овозможува бегство од мрачната судбина. Аманда, пак, е добра, богата девојка која планира да оди на студии. Таа во Досон гледа нешто што е блиско на нејзиното бунтовно, страсно срце. Но со крајот на школската година неколку непредвидени настани ќе ја раздвојат младата двојка и секој од нив ќе тргне по сосем различен пат…

    По дваесет и пет години, Аманда и Досон се среќаваат на погребот на Так Хостетлер, човекот кој на времето ѝ дал засолниште на нивната средношколска љубов. Ниту еден од нив двајцата не го живее животот за кој сонувале… и ниту еден не може да ја заборави страсната прва љубов што засекогаш им го сменила животот. Додека ги следат упатствата што им ги оставил Так, Аманда и Досон сфаќаат дека сè што мислеле дека знаат – за Так, за себе и за своите соништа – не е такво какво што се чини. Принудени да се соочат со болните спомени, двајцата поранешни љубовници ја откриваат непобитната вистина за своите одлуки. И за време на единствениот, возбудлив викенд, ќе се прашаат длабоко во себе: Може ли љубовта навистина да го промени минатото?


  • img-book

    Спаркс со право го носи епитетот „мајстор на романсата“. Во уште едно свое ремек-дело кое ќе ви ги стопли срцата, тој ни ја раскажува приказната за Рони, млада девојка која по разводот на нејзините родители сè уште е скршена и отуѓена. На инсистирање на нејзината мајка, три годни потоа, таа оди да помине едно лето со татко ѝ. Во тоа судбоносно лето, Рони го запознава Вил, момче по кое сите воздивнуваат. Додека полека ги урива ѕидовите што ги има изградено околу себе, Рони истовремено сè повеќе се зближува со татко си и длабоко се вљубува. Така, таа ја открива најголемата среќа, но и најголемата болка – какви што дотогаш нема почувствувано. Последната песна покажува, како што тоа го може само Николас Спаркс, на колку начини љубовта може да ни го скрши и… да ни го исцели срцето.


  • img-book

    Лорел не ризикувала никогаш во животот. Сепак, како што се приближува летото, решена е да го направи она што никој не би го очекувал од неа. Инспирирана од музиката од омилената група АББА и уште поомилениот филм „Мама миа“, го зема пасошот и се качува на лет за Скопелос, подготвена да доживее летна авантура. Со звукот на брановитe, опкружена со прекрасни предели, Лорел го истражува островот и ужива во дружењето со ексцентричната сопственичка на шармантната вила во која е сместена. Волшебните зајдисонца, остриот вкус на виното, мирисот на морето, преубавите плажи: сето тоа и прираснува за срце. Меѓутоа, кога ќе се наметне прашањето за враќање во Лондон, ќе мора да донесе важна одлука…


  • img-book

    Сите ги знаат „Дејзи Џонс енд Д сикс“: албумот „Аурора“ на овој бенд ја дефинираше ерата на рокенролот во доцните седумдесетти и цела генерација девојчиња сакаа да бидат како Дејзи кога ќе пораснат. Но, никој не ја знае причината за распаѓањето на групата, една вечер по нивниот последен концерт на стадионот во Чикаго, на 12 јули 1979 година… сè досега. Дејзи е девојка на прагот на полнолетството во Лос Анџелес во доцните шеесетти години од минатиот век, која се прикрадува во клубовите на Сансет Стрип, спиејќи со рок-ѕвезди и која сонува да пее во „Виски а гоу-гоу“. Сексот и дрогата се возбудливи, но рокенролот е она што таа го сака најмногу. Кога ќе наполни дваесет години, нејзиниот глас ќе биде забележан, а нејзината зашеметувачка убавина ги предизвикува луѓето да прават луди работи. Паралелно ја следиме приказната за „Д сикс“, бенд предводен од меланхоличниот Били Дун. Вечерта пред нивната прва турнеја, неговата девојка дознава дека е бремена. Под притисок на претстојните татковство и слава, Били за време на турнејата комплетно откачува. Патиштата на Дејзи и Били ќе се вкрстат кога продуцентот сфаќа де


  • img-book

    Луна знае многу за венчавките – но малку за љубовта.

    Откако минала многу лета работејќи за мајка ѝ, која се занимава со организирање венчавки, Луна видела секаков тип венчавки: од неформални, на плажа, до елегантни, во огромни историски куќи. Се соочила со разни кризни ситуации: невести кои избегале, деверици кои сакале да бидат во центарот на вниманието, младоженци кои сакале сè да биде по нивно. И го видела исходот од секоја совршена венчавка.

    Можеби затоа Луна е толку цинична кога се работи за среќни краеви, особено поради тоа што нејзината идилична прва љубовна приказна завршува трагично. Па, кога згодниот, весел женкар Амброз ќе се појави во нејзиниот живот, Луна нема да го сфати сериозно. Тој е сигурен дека може да се промени. Луна се обложува дека не може. Но, Амброз мрази да не го добива она што го сака, а Луна е девојката која ја чекал целиот живот.

    Интересен, нежен и пенлив како шампањ, романот на Сара Десен е слатко задоволство.


    Еднаш засекогаш од: 450 ден
  • img-book
    Со искреност, трогателност и романтичен занес, во „Сакај ја диво“ е поместено сето она што истовремено е необработено и култивирано, и во најмалите и во најголемите мигови во животот: првиот изблик на нова љубов, ноќно возење проследено со потпевнување на песната што свири од радиото во автомобилот, незадржливата бујност на женскиот дух, едноставното задоволство што го нуди доброто виски… Атикус ги дестилира највозбудливите занеси и најголемите разочарувања од животот и од љубовта и ги поместува во неколку кратки редови, така осигурувајќи се дека неговите зборови ќе останат врежани во мозокот на читателот – и ќе го разбудат чувството за авантура кај него.

    Сакај ја диво од: 360 ден
  • img-book

    Љубовта е однапред загубена битка.

    На почетокот сè е убаво, дури и вие самите. Не паметите дека некогаш сте биле толку вљубени. И сосем лесно го носите својот товар со чуда. Никој на планетата Земја не осознал такво задоволство. Среќата е тука и едноставна е – таа има лице. Вселената се насмевнува. Цела година вашиот живот ќе биде низа од сончеви утра. За тоа пишувате книги. А потоа се соземате – зошто човек да мисли кога е среќен? Од премногу размислување станувате тажни; а треба да му се препуштите на животот.

    Втората година нештата почнуваат да се менуваат. Сте станале нежни. Се гордеете со заедништвото што се вкоренило во вашето секојдневие на двојка. Луѓето на улица мислат дека вашата жена ви е сестра: тоа ви ласка, ама и влијае врз вас. Сè поретко водите љубов и сметате дека тоа не е причина за загриженост. Убедени сте дека со секој изминат ден вашата љубов е сè поцврста, иако неумоливо се приближува крајот на вашиот свет. Пред своите другари ергени, кои не можат повеќе да ве препознаат, ја браните институцијата брак. А дали самите сте сигурни дека се препознавате себеси додека ја рецитирате лекцијата што сте ја научиле напамет, воздржувајќи се притоа да не се загледувате во девојките по кои сите се вртат?

    Тече веќе третата година и вие повеќе не се воздржувате да гледате по девојките. Со сопругата речиси и не разговарате. Со часови седите во ресторан слушајќи што разговараат на соседната маса. Сè почесто излегувате заедно: тоа ви доаѓа како оправдување повеќе да не се дупите. Наскоро доаѓа и оној момент кога не можете повеќе да ја поднесувате сопствената жена, ниту една единствена секунда, затоа што сте се вљубиле во друга. Не сте се измамиле само во едно: животот го има последниот збор.

    Љубовта е величествено паѓање во бездна: кога знаеш дека ќе удриш со главата во ѕид, а сепак трчаш сè побрзо; кога јуриш во пропаст, а на усните имаш насмевка; кога љубопитно го исчекуваш моментот кога сè ќе отиде по ѓаволите. Љубовта е единствената програмирана измама, единствената предвидлива несреќа на која ѝ се враќаме, која повторно и повторно ја бараме.


  • img-book

    Добрата страна?! Добра е и има нов мобилен, па конечно може да зборува со сите преку HeartBits.

    17:05

    Лошата страна?! Не се сеќава на трите дена што и претходат на несреќата. Што ли се случило за време на тие денови? Кој ли е тој Феникс кој не престанува да и пишува пораки? И зошто секогаш кога Елија ќе помисли на она што можела да го заборави… чувствува дека и недостига воздух.

    17:06


    Отчукувања од: 300 ден
  • img-book

    Можеби вистинската љубов навистина може да промени еден маж…

    Љубовта не е егзактна наука. Но пробајте да му го кажете тоа на Дон Тилман! Кога

    овој триесет и девет годишен генетичар ќе се одлучи да ја пронајде својата совршена

    партнерка, неговиот предизвик се претвора во проектот Сопруга. Навидум доволен е само еден прашалник од шеснаесет страници за да се елиминираат сите погрешни кандидатки. Но Роузи е совршената „погрешна” кандидатка. Како и успева да внесе хаос во беспрекорно уредениот живот на Дон?
    Проектот Роузи е современа бајка раскажана заводливо и шармантно, привлечно и со

    многу хумор. Обидете се, заедно со Дон, да проверите дали животот почнува да се случува само тогаш кога ние ќе му дозволиме.


    Проектот Роузи од: 390 ден
  • img-book

    Медицинската сестра Вера се наближува кон четириесеттата година од животот и почнува да ја фаќа паника дека најубавото во животот веќе ѝ поминало.

    Нејзиниот маж е досаден, ќерка ѝ не ја слуша, работата ѝ е сведена на рутина… нема возбудувања на видик. Згора на сè, еден гатач ѝ открива дека постои маж кој размислува за неа, но не се осудува да ѝ пријде.

    Вера почнува да верува дека само љубовта е излез од неподносливата ситуација и одлучува да скршне од патеката на брачниот живот. Но, на патот на сопственото будење, таа мора да совлада и некои компликации…

    Во својот роман „Паника“, популарната словенечка писателка, актерка и ТВ-водителка, Деса Мук, пренесува современа приказна за потрагата по среќа, при што смеата и солзите неочекувано брзо си ги заменуваат местата.


    Паника од: 380 ден
  • img-book

    Една ноќ, во една пуста улица во Париз, додека Лора се обидува да ја отклучи влезната врата на зградата во која живее, некој ја напаѓа и ѝ ја краде чантата. Утредента ја наоѓа Лоран, оставена врз една канта за ѓубре близу неговата книжарница.

    Во чантата нема никакви лични документи, само вообичаени женски дреболии, но и неколку предмети кои откриваат многу за карактерот на својата сопственичка: позлатена запалка, црно пенкало „монблан“, клучеви на плочка со изгравирани хиероглифи, стара шнола за коса со платнен цвет, два зара, четири стари фотографии… и еден црвен бележник испишан со нејзиниот елегантен ракопис. Читајќи ги тајните мисли, стравови и желби на непознатата жена, Лоран почнува да се вљубува во неа. И додека таа лежи во болница со повреда на главата и изгубено памтење, тој се претвора во вистински детектив за да ја открие мистериозната сопственичка на чантата со слезова боја..