Во едно од соседствата во главниот град на Иран, Паша го поминува летото во 1973-та на покривот од неговата куќа со неговиот најдобар пријател Ахмед. Тие во еден момент се шегуваат, а веќе во следниот поставуваат длабоки прашања за животот и ја планираат иднината. Но, освен животните прашања за кои разговараат, Паша го мачи и една друга болна тајна – тој е заљубен во прекрасната сосетка Зари, која уште од раѓање му е ветена на друг.
И покрај тоа што го мачи грижата на совест, кревкото пријателство на Паша со Зари тоа долго, топло лето се претвора во длабока врска полна со емоции. Но повеќемесечната магија на прекрасни украдени моменти се руши за само една ноќ со една ненамерна грешка на Паша. Поради суровите последици од тој еден настан, тој и неговите пријатели одеднаш ќе станат свесни за диктатурата во која живеат, а Зари ќе донесе незамислива одлука од која Паша можеби никогаш нема да може да си дојде на себе.
Незаборавна приказна за храброста, љубовта и пријателството…
Сè уште нема. Проверете повторно за некое време.
Рејчел Самерс обожава да крои планови и да прави листи и списоци. Еве што има на нејзината листа со планови и работи што треба да се завршат:
– Дечко
– Стан
– Добра работа
Еве што не е на нејзината листа:
– Истиот тој навидум идеален дечко да ја откачи откако веќе имаат заеднички кредити за стан и кола.
Нејзините најдобри пријатели Емили и Метју веднаш долетуваат да ја спасат со една тотално различна листа и план – Планот за среќен крај на слободните девојки. Рејчел не е ни свесна дека оваа листа ќе ја поведе во куп луди авантури, а и романтични збрки.
Планот за среќен крај ѝ дава на Рејчел совршен лек за нејзиното скршено срце – и докажува дека љубовта секогаш е тука ако си подготвен да ризикуваш малку.
Од авторката на Го сакам Њујорк: нова заразна приказна што не се остава до последна страница!
Договорен брак во дваесет и први век? Тоа е апсурд. Тоа е ставот на Дејзи Девру кога нејзиниот татко ѝ соопштува дека мора да се омажи со човекот кој тој го одредил за неа или ќе ја остави препуштена сама на себе – засекогаш. Таа, искрено, нема некој голем избор. Може да се омажи за тмурниот, здрвен Русин или да заврши во затвор поради големите долгови на својата мртва мајка кои не може самата да ги отплати.
Александер Марков, од друга страна, воопшто нема намера да глуми вљубен младоженец и да ја забавува девојката која по негово мислење не е ништо друго, освен разгалена празноглавка.
Како и да е, тој му е голем должник на нејзиниот татко, па се согласува да му направи една услуга за возврат: да се ожени со неговата ќерка, да ѝ покаже како изгледа животот на нормалните луѓе и да ѝ го дотера умот. Ох, и дефинитивно има намера да го направи тоа. Да видиме дали оваа мала богата, разгалена девојка ќе успее да се снајде и да издржи во неговиот свет повеќе од неколку дена.
Не, тој дефинитивно не го живее животот на кој таа е научена. Каде живее, како живее и што прави? Тоа ќе дознаете самите. Низ многу смеа. Што ја прави целата приказна толку уникатна и интересна. Алекс Марков и Дејзи Девру се два различни света, црно и бело, топло и ладно, добро и лошо. Алекс е пораснат без родители, без љубов, без трошка убавина во животот и тоа е причината која го создава човекот без срце, човекот кој не знае да сака, човекот кој ќе ѝ го загорчи животот на Дејзи. Овој човек без душа кој не почувствувал љубов никогаш во животот ќе ја запознае жената која има срце доволно силно за да го преврти светот.
Наспроти неговиот студен карактер, камена гордост и руско срце, таа ќе застане со само две оружја – своето ангелско лице и срце. Можно ли е да се скроти студеното руско срце и да се добие љубов од човек кој не знае да сака?
„Ти не знаеш да сакаш“ е вистински десерт од смеа и солзи. Приказна која докажува дека љубовта може да ги турне на колена и оние со најцврсти срца…
Сè уште нема. Проверете повторно за некое време.
Сè уште нема. Проверете повторно за некое време.
Ема Синклер е експертот за раскинувања и скршени срца на списанието Stilleto, а таа е најдобра во тоа што го работи затоа што пишува од лично искуство. Пред пет години, Ема била лудо вљубена идна невеста. Сега е ледената кралица на Менхетен. Ема го оставила Југот зад себе, но дури ни нејзините најдобри пријателки не знаат дека си го оставила и срцето таму. Сега, нејзиниот шеф во Stilleto ѝ дава задача да се соочи со сите нејзини бивши; меѓу кои и ѓаволесто секси типот што ја оставил пред олтарот.
Откако му пропаднале сите шанси за професионална кариера во фудбал поради лоша повреда, Алекс Кесиди упорно си ги гледа сите соништа како му се рушат пред очи. Кога конечно наоѓа нова професија што ја сака, чиста коинциденција е што одбира работа во истата област и во истиот град како неговата поранешна свршеница… така? И Алекс не може да не се прашува што ќе беше да беше… Но за разлика од наивната девојка што ја помни тој, оваа Ема е кул, софистицирана и нездраво самоуверена – и таа не сака да има апсолутно ништо со него. Проблемот е во тоа што Алекс никогаш не ја посакувал повеќе.
Понекогаш, оние што најмногу ги сакаме се тие што најмногу нѐ повредуваат.
Лили Блум немала лесно детство, но тоа не ја спречило напорно да работи за да го има животот што си го замислила. По дипломирањето, се сели во Бостон и основа сопствен бизнис. Потоа, кога почнуваат да летаат искри меѓу неа и еден опасно згоден неврохирург по име Рајл Кинкејд, сè во нејзиниот живот одеднаш изгледа премногу добро за да биде реално.
Рајл е амбициозен, тврдоглав, па можеби дури и малку арогантен. Но тој исто така е и чувствителен, генијален и Лили му е слаба точка. Да не правиме муабет како изгледа во докторска униформа. Благодарение на сè ова, Лили не може да го извади од глава. Но неговата аверзија кон врски е вознемирувачка. Дури и кога Лили станува исклучок од ова негово правило, не може да не ја копка што го направило таков.
Кога дилемите за нивната врска почнуваат да ја збудалуваат, како капак на сè се појавува Атлас Кориган – нејзината прва љубов и врска со минатото што го има оставено зад себе. Нејзината сродна душа и спасител. Нејзината закана за сè што има изградено со Рајл.
Незаборавна, трогателна приказна за љубов што доаѓа со своја цена.
Сè уште нема. Проверете повторно за некое време.
Сè уште нема. Проверете повторно за некое време.
Сè уште нема. Проверете повторно за некое време.
Да претпоставиме дека сте на свадбата на вашата најдобра пријателка.
Деверица, во преубав тесен фустан за кој сте се мачеле како грешен ѓавол да ослабнете и со преубав пар Кристијан Лубутон на нозете. Се радувате за вашата пријателка, погледнувате во својот свршенички прстен и се надевате дека на вашето момче во скоро време ќе му текне да го одреди вашиот датум, се надевате дека вие сте следни на списокот.
И тогаш прекрасниот Лубутон почнува вечерта да ви ја прави пекол, нозете ве болат и одите до колата за да ги земете вашите удобни, рамни чевли… А таму?! Таму вашето момче, со испотено лице и пантолони спуштени до земја. Под него, некоја евтина девојка која ужива на задното седиште од вашиот заеднички автомобил!!!
Она што требаше да биде семеен автомобил за вас двајца и вашите деца!
Светот се руши, ви доаѓа да му ги забодете штиклите во празната глава и да врескате на цел глас! ИЛИ… едноставно да побегнете, да, таму каде што не е Марк, таму каде што не е евтината блудница, таму каде што ги нема „пријателите“ кои ве гледале во очи и ве лажеле, таму каде што секој има шанса да стане некој нов – ЊУЈОРК! Има ли подобро место на целиот свет?! И тоа едноставно се случува… Анџела скокнува на првиот лет за земја во која луѓето разбираат англиски и едноставно бега!Не знае што ја чека, не е свесна што прави, единствено нешто што знае е дека не може да остане повеќе таму. Ах да, и пред да побегне, во бес и паника, не сакајќи му го крши прстот на младоженецот или можеби цела рака… Но кој може да ја обвини?!
Запознајте ја Анџела Кларк! Девојка која учи повторно да го живее животот, да стане некој нов. Девојката која последните 10 години од животот ги поминала само со еден човек, а сега наеднаш таа флертува, излегува со други луѓе и повторно се заљубува иако мисли дека тоа е невозможно! Воедно, запознајте ја Линдзи Келк, нова, но исклучително забавна и талентирана авторка! „Го сакам…“ треската на Линдзи веќе зафати многу земји од светот, а сега доаѓа и кај нас. Тоа е новата и помлада Кинсела!
Нема производи |