1. Романси (285)
  • img-book

    Едно необично и неочекувано запознавање, целосно го менува животот на младата Ева и засекогаш ѝ го заробува срцето. Љубовта која се разви од тој магичен момент, е толку волшебна што ни самата не може да поверува. Среќниот и исполнет живот со Виктор, е многу повеќе од она што таа верува и очекува од еден маж. Нивната приказна е завиена во мистериозноста на неговото појавување во нејзиниот живот и настаните кои само ја зацврстуваат љубовта меѓу нив. Ева повеќе не може да го замисли животот без Виктор, сè до оној момент кога ќе мора да научи да живее без него.

    Приказна за силата на љубовта и силата на жената која останува да стои исправена пред предизвиците кои ѝ ги носи судбината и може да го поднесе секој товар, поради желбата за продолжување на животот.

    Билјана Мартиновска е родена на 8 август 1977 година во Струга. Книгата „Куќата со жолта фасада“ е нејзино второ авторско дело. Живее и твори во родниот град.


    5 out of 5
    Куќата со жолта фасада од: 300 ден
  • img-book

    Ника е духовита и љубопитна тинејџерка, дружељубива и популарна во новото училиште. Течно зборува француски и оди на курсеви по шпански и германски јазик, па оттаму на часови по пијано, мечување, вајарство и јога… и затоа никогаш нема време да ги покани дома своите нови соученици. Но причината за тоа е сосем поинаква. Кога еден ден ќе дојдат ненајавени, нејзините пријатели ја откриваат тајната што таа долго време успевала да ја крие од нив, тајна што ќе ги промени нивните животи…

    Кит на плажа е роман кој ги шири границите на нормалното и нѐ поттикнува да ги преиспитаме своите ставови за тоа што е нормален живот.

    „Животот е убав“, вели Игор, братчето на Ника. Кога сме сакани и прифатени, се чувствуваме добро, како китови што слободно пловат во големиот океан. Но што ако сме поинакви?


    Кит на плажа од: 340 ден
  • img-book

    ИЗВОНРЕДЕН РОМАН ЗА ЕДЕН ЉУБОВЕН ТРИАГОЛНИК; ЗА ПРИЈАТЕЛСТВОТО И ВЕРНОСТА, ЗА ПРЕДАВСТВОТО, ГОРДОСТА И ВИСТИНСКАТА БЛАГОРОДНОСТ.

    Во замок на подножјето на Карпатите, еден стар благородник го пречекува својот пријател кого не го видел четириесет и една година. Во текот на ноќта, од вечерата до изгрејсонцето, двајцата мажи со зборови и тишини, приказни, обвинувања и изговори, се соочуваат со настанот што од корен ги променил нивните животи, но и животот на уште една личност која недостига во трпезаријата со запалени свеќи – сега веќе покојната господарка на замокот.

    Последниот пат сите тројца седеле во истата просторија во дамнешната 1900 година, по ловот на елени во шумата кој предизвикал катастрофални последици. А часот на пресметка конечко отчукува.


  • img-book

    „Број еден – луѓето не се менуваат. Не постои магичен куршум…. Она што го гледате е она што го добивате. Секако, одредени навики може да се дотераат. Да се зауздаат. Како мојата склоност кон избрзаното осудување“, вели Дру во една прилика.

    Ема Чејс си поигрува со чувствата на ликовите за да ги му открие посакуваните одговори на читателот. Кога ќе направите споредба од двете перспективи сфаќате колку е лесно да се нарушат односите во љубовната врска, семејството или меѓу пријателите. Но, и колку е тешко да се врати довербата особено ако некому е направена неправда. Стилот на Чејс е лесен, заводлив, забавен и прави книгата да не ја испуштите од раце.

    Крајот го открива почетокот на книгата „Скротени“, односно како најдобрите пријатели на Кејт и Дру се справуваат со заљубувањето. Но, тоа е веќе сосема друга приказна.


    Скротени од: 350 ден
  • img-book

    Постојат два вида на луѓе во светот. Оние кои бараат и оние кои се подготвени да скокнат.

    Јас отсекогаш сум била повеќе за барање. Претпазлива. Секогаш со однапред подготвен план. Тоа се промени откако го сретнав Дру Еванс. Тој беше толку упорен, толку сигурен во себе, дури и за мене.

    Но, не сите љубовни приказни завршуваат среќно засекогаш.

    Дали мислите дека Дру и јас отидовме да го гледаме зајдисонцето?

    Приклучи се во клубот.

    Она што го сфатив е дека старите навики тешко умираат, а понекогаш треба да се вратиш назад од каде што си почнал за да можеш да продолжиш напред.


    Испревртени од: 350 ден
  • img-book

    Страсна, духовита приказна за човек кој што знае многу за жените… само не толку колку што тој мисли дека знае. Како што тој ни ја раскажува приказната, Дру дознава дека единственото нешто што никогаш не го посакувал во животот станува она без кое тој не може да живее. Прв дел од серијалот Заплеткани.


    Заплеткани од: 350 ден
  • img-book

    Секси романсата на еден од најпродаваните автори на Њујорк тајмс, Дру и Кејт се нетрпеливи да се врзат, ако претходно ги преживеат свадбените церемонии. Во поголемиот дел од мојот живот, не ни помислував дека ќе се оженам. Но, Кејт го направи невозможното: таа ме промеНи. мислам дека сите можеме да се согласиме дека претходно бев неверојатно заводлив, но сега сум дури и повеќе.
    Неочекуваните инциденти во Вегас минатиот викенд можеа да предизвикаат голем проблем. тоа беше еден вид … мој конечен тест.
    Знам што си помисливте, по ѓаволите, како можеше да го сториш тоа? релаксирајте се. Не ме осудувајте или пак не се повикувајте на моја кастрација, додека не ја слушнете целата приказна.
    Држете се цврсто, ви следи едно лудо возење.
    Дали очекувавте нешто друго?


    Врзани од: 350 ден
  • img-book

    Во есента 1948 година, Ернест Хемингвеј и неговата четврта сопруга по првпат патуваат во Венеција, која Хемингвеј ја нарекува „апсолутно проклето прекрасна“. Една година пред неговиот педесетти роденден, Хемингвеј нема објавено роман речиси една деценија, а тогаш ја запознава Адријана Иванчич и се вљубува во неа, впечатлива венецијанска девојка, која само што го завршува училиштето. Во оваа книга Андреа ди Робилант, со блескава јаснотија, ни ја прикажува оваа изненадувачка, долгогодишна врска, во која Адријана инспирира човек триесет години постар од неа да го заврши своето последно големо дело.

    Хемингвеј ја користи Адријана како модел за ликот на Рената во Преку реката и во шумата и продолжува да ја посетува Венеција за да се гледа со неа; додека Иванчичеви се во Куба, Адријана е присутна додека тој ја пишува новелата Старецот и морето.

    Есен во Венеција е извонредна приказна за еден писател и неговата муза – која истовремено ја испитува цената што треба да ја плати една млада жена поради нејзината поврзаност со еден писател кој е жива легенда – и претставува интимен поглед на последните години на Хемингвеј.


    Есен во Венеција од: 450 ден
  • img-book

    Осумдесетти. Летата во Бари минуваат со џагорот на децата кои се бркаат низ лавиринтите од тесни улички поплочени со камен, чаршафите што се сушат на терасите поигруваат на ветрот, а мирисот на домашните кујни продира и во најскриените агли. Марија расте заедно со своите двајца постари браќа, Џузепе и Винченцо. Таа е мало девојче со карактеристичен изглед: голема уста и две речиси ориентални очи што сјаат како блескави сечила. Живее целосно втопена во безвременската атмосфера на стариот град, скриена во својот мал свет полн со омаловажувања – свет од кој е многу тешко да се излезе.

    Единствените охрабрувања што ги добива во периодот од детството до адолесценцијата доаѓаат од Микеле, син на едно од најнесреќните семејства во старото Бари. Пријателството помеѓу Марија и Микеле станува сè посилно и посилно, и покрај отвореното непријателството помеѓу двете семејства и ударите што ги нанесува животот. Сè додека тие чувства помеѓу нив двајца – силни, а истовремено нежни – не прераснат во љубов. Љубов која, и покрај тоа што е забранета, не им дозволува да го мразат светот околу нив.

    Писателката Роза Вентрела е новинар, историчар, а нејзините дела ја обработуваат состојбата на жените низ историјата. Нејзините романи редовно го привлекуваат вниманието на книжевната критика и објавувани се на многу јазици ширум светот.


  • img-book

    „Сè што оставаме“ е продолжение на романот „Сè што чуваме“ и втора книга од трилогијата на најдобро продаваната авторка на „Вол Стрит џурнал“, Кери Лонсдејл.

    Два месеца пред неговата венчавка, финансискиот раководител Џејмс Донато го следи неговиот брат Фил кој е вмешан во матни зделки, во Мексико, каде што исчезнува во морето и го прогласуваат за мртов. Шест и пол години подоцна, тој се буди од состојба на дисоцијативна фуга во Оаксака, каде што живее како Карлос Домингез, вдовец и татко на два сина, со неговата балдаза Наталија Хејес, некогашна професионална сурферка, која му помага да се одржи во живот. Но, неговата свршеничка и најголема љубов, Ејми Тирни, продолжува со својот живот. Таа е омажена и има дете.

    Разочаран од сознанието, Џејмс и неговите синови се враќаат во Калифорнија. Но, Фил наскоро ќе излезе од затвор и ќе го побара Џејмс, кој посведочил нешто во Мексико што би можело повторно да го врати Фил зад решетки. Под сè поголем притисок на семејството, Џејмс заедно со синовите патува во Куаи, барајќи засолниште кај Наталија. Како што Џејмс почнува да ја открива мистеријата зад неговиот идентитет, опасноста се чини постојано блиску, а Наталија можеби е единствената личност на која може да ù верува.

     

    Раскажан низ двојна перспектива на еден човек, „Сè што оставаме“ е мешавина од неизвесност, мистерија и романса при разоткривањето на загубата, издржливоста и силната потреба по секоја цена да ги заштитиме оние кои ги сакаме.


    Сè што оставаме од: 390 ден
  • img-book

    Доаѓаме од ништо и кон ништо се упатуваме. Во средината сме нешто. И тоа нешто го нарекуваме живот.

    Самуел е во осумгодишна врска со Габриела, но сè уште живее сам во својот стан, занимавајќи се со часовите по германски и повремено помагајќи му на Титус, соседот кој работи како уредник на книги за мотивација.

    Едно јунско утро добива разгледница од Јапонија на која е прикажано маче со подигната шепа и со една таинствена порака: Ваби-саби. По неколку дена добива и втора разгледница со фотографија од еден храм.

    Еден неочекуван настан го поттикнува на далечен пат кон оваа азиска земја. Таму тој ќе ја научи убавината на несовршеноста, таму ќе му се отвори неочекуваниот прозорец на љубовта…


    Ваби-Саби од: 320 ден
  • img-book

    НОРМАЛНИ ЛУЃЕ е роман за моќта на привлекувањето, за пријателството и за љубовта помеѓу луѓето. Приказната започнува од првиот разговор до годините што следуваат преку животот на две лица, Конел и Мариан, кои се обидуваат да останат независни, но тоа никако не им успева.

    БЕСТСЕЛЕР НА ЊУЈОРК ТАЈМС – „Феноменален роман за трансформативната моќ на врските“ (Пипл) од авторот на РАЗГОВОРИ СО ПРИЈАТЕЛИ, „виртуоз на пишувањето и приказна со одличен книжевен заплет“ (Џ. Кортни Саливан).

    Конел и Мариан пораснаа во истиот мал град, но сличностите завршуваат тука. На училиште, Конел е популарeн и сакан, додека Мариан е осамена. Но, кога двајцата се запознаваат, ќе започнат врска што ќе им го смени животот.

    Една година подоцна, двајцата студираат на колеџот Тринити во Даблин. Сега ситуацијата е обратна, Мариан е една од најпопуларните девојки на колеџот, додека Конел живее на маргините, срамежлив и несигурен. За време на студентските денови, Мариан и Конел постојано се среќаваат, тие се во врска со други луѓе, но постојано се привлечени еден кон друг како со магнет. И, додека таа се препушта на самоуништувањето, тој започнува да бара друго значење на животот, двајцата мора да се соочат со тоа колку се подготвени и до каде може да оди едниот за да го спаси другиот.


    Нормални луѓе од: 450 ден
  • img-book

    Потпирајќи се на вистинити приказни и на историски факти, Фредерик Бегбеде во својот најнов роман Уна и Селинџер раскажува безвременска приказна за една љубов која, како и сите вистински љубовни приказни, во себе обединува моменти на највисока среќа и најдлабока тага, најскриена надеж и најтешки разочарувања. Бегбеде го води читателот низ ноќните клубови во Њујорк во четириесеттите години, во битките од Втората светска војна во Франција, среде интригите на филмската индустрија во Холивуд… Неговите главни ликови се историски личности: славниот и мистериозен писател Џ. Д. Селинџер и Уна О’Нил, ќерката на еден од најголемите американски драматурзи. Но Бегбеде навлегува под историските факти и слика интимен портрет на своите ликови, претворајќи ги во симбол на вечната љубов.

    „Возбудлива приказна во која главните ликови најпрво сè ги поврзува, а потоа сè ги раздвојува, така што на крајот ни останува прашањето дали оваа голема љубовна приказна меѓу Уна и Селинџер некогаш воопшто и се одиграла. Можеби тоа е ироничниот начин на Бегбеде да ни покаже дека љубовта е слепа, бидејќи ние како читатели не ги гледаме историските факти, туку живееме во фикцијата за една (не)остварена љубов.“

    Ле Фигаро


    УНА И СЕЛИНЏЕР од: 380 ден
  • img-book

    Романтичен и симпатичен роман на еден од најпродаваните автори на „Њујорк тајмс“.

    Лара Џин ги чува сите нејзини љубовни писма во една шапка-цилиндар, која ѝ ја дала мајка ѝ. Тоа не се љубовни писма што некој друг ги напишал за неа; туку се оние што таа ги има напишано.
    Едно за секое момче што некогаш го сакала ‒ пет за сите.
    Кога пишува, таа го отвора свое то срце и душа и ги кажува сите работи што никогаш нема да им ги каже во реалниот живот бидејќи нејзините писма се само за нејзините очи. Сè додека не дојде денот кога нејзините тајни писма ќе бидат испратени, и, одеднаш, љубовниот живот на Лара Џин се менува од имагинарен до реален и излегува надвор од контрола.


  • img-book

    Провокативен и фасцинантен, Прељуба е длабоко интроспективен роман за тоа како една жена се соочува со неспокојот на своите средни години – и последиците од нејзините одлуки врз личниот живот.

    Однадвор, се чини дека Линда има сè: кариера на почитуван новинар, приврзан сопруг, сакани деца и прекрасен дом во Женева. Но без оглед на овие погодности, нејзе ѝ здодева рутината на стабилниот живот и се чувствува бескрајно осамена. Кога еден пријател од минатото се враќа во нејзиниот живот, таа е преплавена од импулси и пориви кои со години лежеле скриени во неа. Заробена од копнежот по страсна љубовна врска, Линда тргнува по патека што никогаш не ни сонувала дека ќе ја минува, и се соочува со своите демони ризикувајќи да го уништи удобниот живот што го создала за себе и своето семејство.

    Со мајсторски водено раскажување и изнијансирани карактери, Пауло Коелјо ги поведува читателите на уште едно возбудливо патување низ лавиринтот на човечките односи и емоции.

    Кликнете тука за да го прочитате првото поглавје и да се уверите зошто не смеете да го пропуштите ова вистинско ремек-дело!


    ПРЕЉУБА од: 380 ден
  • img-book

    По третпат Неџма ја зафаќа табу-темата во арапскиот свет: сексот. По Бадем, романот што ќе остане запаметен во историјата на литературата како прв еротски роман напишан од една Арапка, и Патеките на сетилата, кој го следи еротскиот пат на една млада муслиманка, овде ги откриваме авантурите на еден марокански студент.

    Карим пораснал во Мароко не знаејќи ништо за љубовта. Како студент, а потоа и новинар во Париз, се нурнува во вител на еротски авантури, постепено откривајќи дека не успева вистински да љуби. Додека неговата култура не учи како да се љуби жена, уште помалку Европејка, имигрантот Карим одненадеж паѓа во сексуалниот вител карактеристичен за западното општество. Судбината на тој пат ќе му ја прати Бадра, хероињата на Бадем, која ќе го земе во свои раце. Арапинот Карим ќе ѝ го раскаже својот љубовен и сексуален живот и притоа ќе ги сфати своите неуспеси. За возврат, Бадра, со берберска крв во себе, не ќе се премислува да му каже сè отворено за Арапите.

    „Овој решителен и храбар роман се вклопува во традицијата на приказните од Илјада и една ноќ, но во спротивна насока: овде маж раскажува на жена“. Sunday Times


    КИЛИБАР И СВИЛА од: 320 ден