1. Романси (290)
  • img-book

    Незаборавен и трогателен дебитантски роман за тоа како случајна средба со список за читање во една библиотека помага да се создаде неверојатно пријателство помеѓу двајца различни луѓе во едно лондонско предградие.


    Список за читање од: 490 ден
  • img-book

    1917 година, Првата светска војна е во својот зенит кога Хејзел и Џејмс првпат се среќаваат на една забава во Лондон. Таа е срамежлива и талентирана пијанистка; тој е новопечен војник со соништа да стане архитект. Кога ќе се вљубат, тоа е на прв поглед и длабоко, но набргу Џејмс е испратен на полињата на смртта.

    Обри Едвардс е исто така упатен накај рововите. Талентираниот музичар кој свирел во Карнеги Хол е член на 15. њујоршка пешадија, афроамерикански полк испратен во Европа да помогне да се стави крај на големата војна. Љубовта е последното нешто што му е на ум. Но, тоа е пред да ја сретне Колет Фурние, белгиска пејачка која веќе преживеала ужасна трагедија од рацете на Германците.

    Триесет години откако судбината ќе ги поврзе овие четворица љубовници, грчката божица Афродита им ја раскажува нивната приказна на нејзиниот сопруг Хефест и на нејзиниот љубовник Арес во луксузна хотелска соба на Менхетн во екот на Втората светска војна. Таа бара одговор на вечното прашање: Зошто Љубовта и Војната секогаш се привлекуваат една со друга? Но, нејзината потрага по заклучок што ќе го задоволи нејзиниот љубоморен сопруг, открива повеќеслојна приказна за предрасуди, трауми и музика и открива дека ниту Војната не може да ù застане на патот на вистинската Љубов.


    Војна и љубов од: 520 ден
  • img-book

    Незаборавна приказна за една жена растргната помеѓу два света…

    Француска Индокина, 1952 година. Кога Никол, полу-Французинка, полу-Виетнамка, ќе наполни осумнаесет години, нејзината мајка умира и татко ѝ ѝ препушта да се грижи за одамна затворената продавница за свила во Ханој. Но нејзината сестра Силви е таа што ќе го преземе управувањето со големиот семеен бизнис. Погодена од оваа неправда, почнува да ги чувствува и неправдите на колонијалната власт кон Виетнамците.

    Додека бунтовниците со сите расположливи средства се обидуваат да стават крај на владеењето на Французите, Никол е на крстопат помеѓу Тран, озлогласен виетнамски бунтовник што ѝ нуди совршено бегство од неволите, и Марк, шармантниот американски трговец и маж за каков што отсекогаш сонувала. Исправена пред големите одлуки, животот ќе ѝ тргне во неочекуван правец…

    Магична повест за мрачните тајни, сестринското ривалство и страсната љубов, сместена во колонијалната ера на Далечниот Исток.

    Од бестселер-авторката на МИРИСОТ НА ЛИСТОВИТЕ ЧАЈ


  • img-book

    Кери Сото е бестрашна и нејзината посветеност да победи по секоја цена не ја прави ниту малку популарна. Во моментот кога ќе се повлече од тенисот, таа е најдобрата тенисерка што ја видел светот. Таа го постави секој можен рекорд и освои дваесет грен-слем титули. Жртвуваше речиси сè за да стане најдобра, со помош на нејзиниот татко, Хавиер, како нејзин тренер. И самиот поранешен шампион, Хавиер ја тренирал уште од двегодишна возраст. Но, шест години по повлекувањето, во 1994 година, Кери седи на трибините на Отвореното првенство на САД и гледа како нејзиниот рекорд го соборува извонредната тенисерка Ники Чен. На 37 години, Кери решава да се врати и со помош на нејзиниот татко да го собори рекордот на Чен. И покрај тоа што на медиумите никогаш не им се допаѓала „Борбената секира“. И покрај тоа што нејзиното тело не се движи како порано. Па, дури и ако тоа значи да си ја проголта гордоста и да тренира со човекот кому еднаш му го отвори срцето: Боу Хантли.


  • img-book

    Розана има само единаесет години кога се запознава со Роберто во кафеаната на своите родители во Неапол. Таа се вљубува во убавиот оперски пејач и се заколнува дека еден ден ќе се омажи за него. И Роберто не останува рамнодушен кон нејзиниот ангелски глас. И предвидува блескава иднина и ја убедува да почне да оди на часови по пеење.

    Благодарејќи на својот беспорен талент, Розана освојува стипендија за музичката школа во миланската “Скала”. Наскоро патот повторно и се вкрстува со патот на Роберто. Заедно ги освојуваат сцените на најпознатите оперски куќи во светот. Тие се неверојатен тим и во животот и покрај неговата репутација на кршач на женски срца. Нивната љубов е опсесивна, но и разорна, обележана од лаги и предавства. Но, тајните од минатото на Роберто се закануваат да испливаат на површината и да им ја затемнат среќата. Ќе успеат ли Розана и Роберто да ја зачуваат својата љубов кон музиката и еден кон друг?


  • img-book

    Најскапоценото нешто што го имам е срцето, а него не можам да ти го дадам, па ти го давам тоа што ми помогна да го запознаам.

    Маел, директорка за финансии во успешна развојна фирма, живее забрзан живот што се сведува на одење на работа и повремени задоволства. Нејзините соништа… зар таа има време за нив? Во тој строго испланиран живот нема место за мечти, сѐ до денот кога нејзината најдобра пријателка, Романа, ќе ја замоли за голема услуга.

    Прашање на живот и смрт.

    Маел е пред најважниот тест, но сепак прифаќа и оди на патување во далечниот Непал. Искачувањето кон врвовите на Анапурна, на хималајскиот венец, ќе се претвори во вистинско духовно патување. Кога младата жена ќе сфати дека реалноста можеби не е онаква каква што ја замислувала, започнува нејзиното лично преиспитување. Во текот на возбудливите искуства и средби, Маел ќе го најде клучот за вистинската среќа и ќе си го промени животот од корен.Дали ќе успее да ја спаси и својата пријателка?

    „Гледам само еден начин човек да дознае до каде може да се стигне. Да тргне и да оди.“

    Анри Бергсон


  • img-book

    Во Лондон сите се согласуваат дека Бајронови е „лудо, лошо и опасно да ги познаваш“. Лордот Џек Бајрон е соочен со „проб­лем“ што е скандалозен дури и за него самиот. Треба да се ожени со дваесет и петгодишна „стара мома“ од средниот слој бидејќи нејзиниот татко, богат трговец, го има во раце поради коцкарски долг.
    Прекрасниот маж и непоправлив женкар, лордот Џек Бајрон, мора да го исполни неговото барање и да се венча со Грејс, ама притоа треба да ја убеди дека тоа го прави од љубов. За влез на неговата ќерка во светот на лондонските аристократи таткото е подготвен да даде голем мираз и ветува простување на коцкарскиот долг…
    За среќа, Грејс не е ни грда, ни беспомошна госпоѓица. Кога првпат ќе се сретнат во една лондонска книжарница, Џек е запрепастен од нејзината сензуалност и затоа решава да ја одведе и во кревет и на венчавка. Постојано ја заведува со своите допири, љубовни предигри и секс, ама не претпоставува уште што сѐ ќе треба да стори и жртвува за да го освои и нејзиното срце.
    Трејси Ен Вoрен е современа американска писателка на историски љубовни романи. За своите романи добила бројни награди и признанија, меѓу кои и наградата РИТА. Живее во Мериленд, САД.

    „Дарбата на Трејси Ен Вoрен за создавање на многу секси, трогателни љубовни стории ќе ги воодушеви читателите.“
    – Romantic Times Book Reviews
    „Ги надминува повеќето класични и современи романси што сум ги прочитала. Заразна. Книгава не ја испуштив од рака.“
    − Џеклин Ц., Eclectic Book


  • img-book

    Од број 1 авторката на бестселери на „Њујорк тајмс“ – Колин Хувер – ни доаѓа роман што го истражува животот по трагедија и неуништливиот дух на љубовта.

    Кога Лидс ја запознава Лејла, уверен е дека со неа ќе го помине остатокот од животот – сè додека не доживуваат неочекуван напад што таа едвај го преживува. По неколку недели во болница, Лејла закрепнува телесно, но емоционалните и менталните лузни ја менуваат жената во која се вљубил Лидс. Сакајќи да ја спаси нивната врска, Лидс ја носи во пансионот во кој се запознале. Но, кога ќе стигнат таму, нивниот однос доживува чуден пресврт. А тоа е само една од многуте необјасниви појави. Чувствувајќи дека се оддалечува од Лејла, Лидс набрзо пронаоѓа утеха во Вилоу – уште една гостинка во пансионот со која го поврзуваат заеднички проблеми. Како што расте интересот на Лидс за Вилоу, неговата одлука да ù помогне да најде одговори го доведува во опасност здравјето на Лејла. Лидс набрзо сфаќа дека мора да избира меѓу Лејла и Вилоу, бидејќи не може да им помогне на двете. Но, доколку донесе погрешна одлука, тоа би можело да биде погубно за сите.


    Лејла од: 420 ден
  • img-book

    Дарси Арчер работи во мала книжарница на Менхетен. Верна на своите соништа, одбива да се заљуби во некој што не е речиси совршен маж, некој што нема да ја собори од на нозе… буквално. Еден ден, на патот до книжарницата, возејќи велосипед, Дарси случајно ќе налета во убаво облечен маж со куче на поводник. Тој паѓа во несвест и итната помош мора да го однесе во болница, додека сиротото куче ќе остане само. Исполнета со чувство на вина, Дарси го зема кучето и размислува како да го врати на сопственикот што за целото тоа време лежи во болница и не може да се сети на ништо што се случило пред несреќата. Додека му помага на непознатиот маж да се сети на својот живот и семејството, го открива неговиот свет на книгите, патувањата, авантурите и сите оние работи за кои дотогаш само мечтаела. Дарси полека го спојува мозаикот за овој таинствен човек и почнува да се прашува, дали е тој ЕДЕН ЕДИНСТВЕН… Но, дали реалноста и мечтаењето се едно исто? И што ќе се случи кога на принцот на белиот коњ ќе му се врати меморијата? Дали Ајдан е навистина оној што го чека и со кој ќе живее среќно…

    „Пријатна и слатка божиќна романса!“
    ‒ Паблишерс викли

    „Магична, топла и забавна.“
    ‒ Клоузер

    „Заплетот на оваа книга е исклучителен и ме натера да го видам крајот.“
    ‒ Marie’s Book Boutique


  • img-book

    Роман за слепата љубов, насилството и капитализмот. Базиран е на вистински настан – пожар на патнички траект во 1990 година, во кој загинаа 159 луѓе. Иако настанот е реален, ликовите се фиктивни.

    Жена патува со автобус низ јужна Данска. Кога погледнува низ прозорецот, пред неа се појавува лик на маж со бела коса. Заслепена е од неговото лице, но не го препознава. Повторно се качува во автобусот, овој пат патувајќи во спротивната насока, и се симнува на местото каде што ѝ се појавил ликот на човекот. Во моментот кога се доближува до една куќа и заѕвонува на ѕвончето, пред неа се откриваат слики од животот на двајца луѓе, Курт и Меги.

    Сопружниците живеат на фарма во своите подоцнежни години. Тука Курт ја започнува својата мала автобуска компанија, додека Меги води тивок живот, тонејќи во спомените. Во куќата тие се љубат и се караат. Како што изминуваат годините, караниците се сè почести, сѐ додека нивната врска не се распадне, оставајќи ги само со чувство на апатија. Тоа што на почетокот е пламена страст почнува да венее, а насилното минато и финансиските проблеми сѐ повеќе се испречуваат помеѓу нив. По нејзината смрт, еден бизнисмен го охрабрува Курт да инвестира во траект што ќе плови помеѓу Данска и Норвешка. Набрзо ги губи сите вложени пари откако траектот ќе изгори. Ги поминува своите последни денови сам и во сиромаштија. Спомените го измачуваат и почнува да ги слуша криковите на првородениот син.

    Романот е наречен „најамбициозен книжевен потфат за 2020 година“.


    Болка во џебот од: 250 ден
  • img-book

    Роман што вибрира од тага, но и од животна радост, како емотивен удар со тупаница што се однесува на сите нас!

    Нахид и Масуд се среќаваат една вечер во Техеран. И двајцата се на осумнаесетгодишна возраст и во себе носат сон за слобода и демократија. Се движат кришум и делат летоци. Започнуваат демонстрации и илјадници луѓе извикуваат пароли на улиците. Но сето тоа станува многу посериозно и понасилно отколку што можеле да си претстават. Со позајмени пари и со лажни пасоши бегаат во Шведска. Го прават тоа заради подобар живот и заради иднината на својата ќерка. Слободата што им недостигала сега ја имаат во изобилие, но што е слобода кога ти недостигаат корењата?

    Триесет години подоцна, Нахид има уште шест месеци живот. Или барем така ѝ кажуваат докторите. Исполнета е со нов гнев. Во исто време дознава дека нејзината ќерка е бремена. „Ако го добијам ова, не сакам ништо повеќе.“ Но сè се претвора во трка со времето.

    Извонредна приказна за егзилот, раселувањата и емотивните врски меѓу мајките и ќерките, приказна за љубовта, за вината и за соништата за подобро утре. „Тоа бевме ние“ нè тера да се запрашаме: што им оставаме на нашите деца? Што им должиме на тие што ги сакаме? И, дали без корени можеме вистински да бидеме слободни?


    Тоа бевме ние од: 300 ден
  • img-book

    Софи Ханивел отсекогаш се прашувала дали згрешила кога го оставила Томас Гордон. Бил совршен, но на денот кога ја запросил, Софи му го скршила срцето.

    Една година подоцна, Томас повторно влегува во нејзиниот живот за да ја извести дека ја наследила куќата на неговата тетка Кони на островот Скрибли Гам. Софи се сели на островот и го запознава семејството на Кони – галерија од интересни и необични ликови. Меѓутоа, по смртта на сестра си, Роуз почнува да се прашува дали еднаш одамна таа и Кони донеле добра одлука и дали дошло времето да ја открие тајната од дамнешното минато што би можела на сите да им ги промени животите од корен.


  • img-book

    Бајронови ги бие глас дека се „луди, лоши и опасни луѓе.“ И згора на тоа дека се многу негостољубиви. На преубавата Мег Амберли, никогаш не ѝ паднало на памет дека би можела да му стане вереница на лорд Кејд Бајрон. Но, еден ден, кога се најде среде снежна виулица на пат кон Шкотска, принудена е да побара засолниште, токму на имотот на Кејд. Набрзо Мег сфаќа дека е опседната со мажественоста на Кејд. Штом патиштата станаа проодни, таа има намера да си оди, но судбината повторно се заплеткува.

    Заглавен во сеништата од военото минато, Кејд Бајрон не излегува од своето село. А потоа одеднаш се појавува Мег со своите бујни облини и таа влегува во неговиот живот. За да ја спаси нејзината чест пред случајниот гостин, Кејд ја претставува како своја вереница, а потоа одат во Лондон со намера Мег таму да го најде својот иден маж.

    Но, како што нивното преправање се зголемува, така Кејд сфаќа дека не сака да ја изгуби… Еден бакнеж засекогаш ќе промени сè.

    за убавицата и ѕверот.“
    − Кети Максвел

    „Преубава и духовита романса што ќе ги фасцинира читателите. Паметни ликови, сочни дијалози и сензуални сцени.“
    − Кет Робин, Романтик Тајмс Бук Ривјус

    „Раскошна романса со многу убедливи и сложени ликови напишана со префинет стил, полн со духовити досетки и скокотлива сензуалност.
    − Џон Чарлс, Ридер ту ридер


  • img-book

    Бомбај, новогодишната ноќ 1913 година, а Медлин Брајт, дојденка и сè уште ненавикната на задушливата запурничавост на колонијалната Индија, копнее по сè што оставила во Англија. Точно на полноќ, Меди го запознава Лук Деверо и како што се менува годината, така се менуваат и нивните животи.

    Храбар и харизматичен, Лук ја воведува во чудата на Бомбај, а убавината и живоста на Меди му го запленуваат срцето. Но, нејзината мајка не ја одобрува врската, претпочитајќи го посветениот Гај Боуен како соодветен за нејзината ќерка.

    Среде процутот на љубовта меѓу Меди и Лук, светот почнува да се распаѓа. Првата светска војна е на повидок и на Лук нема да му биде даден друг избор освен да се бори. Ќе завршат на различни континенти, разделени од опасности и разорни загуби, но поврзани со ветувањето на Лук дека ќе се сретнат повторно во Бомбај. Неговата единствена желба е да се врати кај неа – но прво мора да се сети која е таа…


  • img-book

    ХИПОТЕЗА: Еден мал експеримент може да се претвори во катастрофа, или во светско откритие.

    Олив Смит, докторантка на еден од најдобрите оддели за биологија, се сомнева во длабочината на денешните романтични врски. Но на својата најдобра другарка Ан, која толку многу верува во нив, мора да ѝ докаже дека е среќно вљубена. А научниците не веруваат во зборови, туку се потпираат на докази. Како што би постапил секој биолог, и Олив мора да бакне некого за да не биде разоткриена.

    Тој некој, ни помалку ни повеќе, е Адам Карлсен, професорот познат како супер ѕвезда на катедрата, кој ѝ станува лажно момче. Но оваа хипотеза се разнишува за време на една научна конференција – Адам ја воодушевува Олив со понудената поддршка, а уште поголемо изненадување приредува со својата привлечност.

    Одеднаш малиот експеримент станува лесно запалива материја што ги фрла во вода сите прецизно пресметани теории за љубовта. А Олив открива дека има нешто покомплицирано од хипотезата на љубовта – да си го ставиш срцето под микроскоп.

    „Забавно, секси и остроумно! Али Хејзелвуд завршила одлична работа со ‘Љубовна хипотеза’.“
    Мариана Запата, најпродавана авторка на „Њујорк тајмс“


  • img-book

    Што би направила Марија Кири ако…

    Би Кенигсвасер живее според едноставен принцип: што би направила Марија Кири? Ако НАСА би ѝ понудила водечка улога во значаен невронаучен проект – што е буквално остварување на сонот – Марија би го прифатила без двоумење. Но мајката на модерната физика никогаш не морала да работи со Ливај Ворд.

    Зашто Ливај, високиот и мрачен тип со продорен поглед, многу јасно ѝ дал до знаење на постдипломските студии – дека му е одбивна. Сега двајцата заколнати непријатели треба заедно да направат астронаутски шлем. Кога опремата ѝ доцни, новите колеги ја игнорираат и на секој чекор наидува на сопки, се случува невозможното – Ливај ги поддржува нејзините идеи и ѝ станува сојузник. А помислата дека навистина му се допаѓа – ги активира сите нејзини неврони.

    Меѓутоа кога ќе мора да ја стави на коцка не само својата стручност туку и срцето, важно е само едно прашање: Што би направила Би Кенигсвасер?

    „Али Хејзелвуд е совршена авторка која ни докажа дека науката може да биде и ептен секси, а љубовта може да се појави дури и на најнеочекувани места.“

    Џоди Пико


    Љубовни неврони од: 500 ден