1. Романси (182)
  • img-book

    Една ноќ, во една пуста улица во Париз, додека Лора се обидува да ја отклучи влезната врата на зградата во која живее, некој ја напаѓа и ѝ ја краде чантата. Утредента ја наоѓа Лоран, оставена врз една канта за ѓубре близу неговата книжарница.

    Во чантата нема никакви лични документи, само вообичаени женски дреболии, но и неколку предмети кои откриваат многу за карактерот на својата сопственичка: позлатена запалка, црно пенкало „монблан“, клучеви на плочка со изгравирани хиероглифи, стара шнола за коса со платнен цвет, два зара, четири стари фотографии… и еден црвен бележник испишан со нејзиниот елегантен ракопис. Читајќи ги тајните мисли, стравови и желби на непознатата жена, Лоран почнува да се вљубува во неа. И додека таа лежи во болница со повреда на главата и изгубено памтење, тој се претвора во вистински детектив за да ја открие мистериозната сопственичка на чантата со слезова боја..


  • img-book

    Еден ден учениците добиваат необична задача – секој од нив да подготви проект за еден орган на телото применувајќи ги знаењата од повеќе школски предмети. Одеднаш, сите се будат од апатијата. Пишуваат имејлови до градската болница, ги проучуваат симптомите на болестите, преслушуваат музика, прелистуваат книги… Во потрага по информации, Алине, новото девојче во одделението кое не разговара со никого, сè почесто се среќава со Оливер во болницата, каде што на кардиологија лежи татко му, со синдром на скршено срце по разводот. Алине го избира токму срцето – големо колку тупаница, но толку моќно што ја движи целата наша машинерија.

    Оливер, пак, го избира окото, камерата на нашето тело, органот кој го снима филмот на нашите животи. И признавајќи си дека се вљубил во Алине, сфаќа колку голема вистина има во она што го кажува Малиот принц, во нејзината омилена книга: „Човек може вистински да гледа само со срцето. Најважното е невидливо за окото“. Роман за првата љубов, детски чиста и малку срамежлива, и за храброста што таа ја дава за победа над стравот од другите, за надминување на мачните семејни ситуации и осаменоста на младиот човек во овој отуѓен свет.


  • img-book

    Мазума никогаш не ја запозна слободата. Знае само да ги слуша браќата и татко ѝ. Знае и за ќотек, кој често го добива. Се знае што се очекува од чесна девојка како неа, да им служи на мажите секогаш и секаде, да чекори брзо со спуштен поглед. Сепак, Мазума денеска не беше послушна. Се осмели да го погледне младичот, што секој ден го среќава во тесните сокаци на својот град. Не требаше многу за нивните погледи да прераснат во голема љубов. Oпасна љубов, што не може да се сокрие и поради која ќе биде казнета. Виновна е за најголемиот грев, затоа што љуби. Овој пат, ќотекот не е доволна казна. За да ја зачува честа на семејството, мора веднаш да се омажи и тоа за човекот што ќе ѝ го одберат нејзините браќа. Од тој момент, Мазума мора да ја прифати својата судбина. Да биде жена посветена на својот маж, да ја исполни секоја негова желба, а притоа да биде и грижлива мајка на своите деца.
    Приказна за силните жени кои се борат за она што го сакаат, за пријателството и страстите, но и за љубовта кон татковината. Извонреден роман за љубовта и надежта, за омразата и страдањето…
    Паринуш Сание храбро и одлучно ја открива вистината за жените во Иран, заробени од традицијата, кои и денес, во овој момент, се борат против фанатизмот.
    Додека во Иран беснее револуцијата, оваа жена ќе ја пронајде храброста во љубовта што ја чувала длабоко во себе и никогаш не ја заборавила. И ќе го чека денот кога конечно ќе го добие она што го заслужува.


  • img-book

    #1 бестселер на Њујорк тајмс– возбудлива нова романса од авторката на феноменалната, најпродавана трилогија „Педесет нијанси“.

    Лондон, 2019. Животот е лесен за Максим Тревелјан. Поради својот добар изглед, аристократските врски и богатството, никогаш немал потреба да работи и ретко ги поминува ноќите сам. Но сето тоа се менува кога по ужасната трагедија, Максим ги наследува семејната титула, богатството, имотите и сите одговорности што доаѓаат со тоа. Сепак, не е подготвен за таа улога и одбива да се соочи со новата реалност.
    Но негов најголем предизвик претставува да се избори со својот копнеж по неочекуваната средба со интригантна девојка која неодамна пристигна во Англија, носејќи со себе опасно минато. Воздржана, прекрасна и музички талентирана, таа е вистинска мистерија, а желбата на Максим се претвора во страст која никогаш порано ја нема искусено. Но која е Алeсија Демачи? Може ли Максим да ја заштити од опасноста што ѝ се заканува? И што ќе направи таа кога ќе дознае дека и тој крие тајни?
    Од срцето на Лондон, преку руралниот Корнвол, до тмурната и застрашувачка убавина на Балканот, Господинот е ролер-костер од опасност и страст што го остава читателот без здив до последната страница.


    Господинот од: 630 ден
  • img-book

    Преоптоварена и потценета, на самохраната мајка Ејми Бајлер ù треба пауза. Па кога ќе се појави нејзиниот сопруг што ја напуштил и со чувство на вина ќе се понуди да се погрижи за децата во текот на летото, таа ја прифаќа неговата понуда и од руралната Пенсилванија заминува за Њујорк.

    Вообичаено приземна и со добри манири, Ејми конечно се отпушта во градот што никогаш не спие.

    Таа открива живот исполнет со култура, софистицираност, и со мала поддршка од пријателите – со неколку состаноци на слепо. Кога еден човек ќе предизвика срцето на Ејми забрзано да чука, таа ризикува комплетно да се изгуби во непланираното бегство. Како што летото се движи кон крајот, Ејми сфаќа дека треба да донесе невозможна одлука: да остане во ова возбудлиов ново поглавје од нејзиниот жиовт, или да се врати на животот што го оставила зад себе.


  • img-book

    Олив Торес е навикната да биде баксузната близначка. Од необјасниви несреќи до неодамнешно отпуштање, нејзиниот живот се чини дека е речиси трагикомичен. Спротивно на тоа, сестра ѝ Ами е вечна шампионка… дури успеа да ја финансира целата своја венчавка, победувајќи на многу наградни игри. За Олив, единственото нешто што е полошо од постојаната лоша среќа е денот на венчавката да го поминете со кумот (својот најголем непријател), Итан Томас. Олив се подготвува за свадбен пекол, решена да го помине со монтирана лажна насмевка на лицето. Но, се случува токму спротивното, свадбената забава тргнува на лошо за сите, освен за Олив и Итан. За да не пропадне добиениот меден месец на Мауи како награда, Олив ќе мора да се одлучи на привремено примирје со Итан за да ужива во рајот. На крајот на краиштата, вреди десет дена да се преправа дека е на меден месец, нели? Но, чудно е тоа што… Олив нема ништо против да се преправа. Всушност, колку повеќе се преправа дека е најсреќната жена на светот, толку повеќе се чувствува како да е. „МЕДЕН МЕСЕЦ“ е роман за секој оној што некогаш се почувствувал несреќен во љубовта.


    Меден месец од: 490 ден
  • img-book

    Дваесет години по објавувањето на светски популарниот бестселер „Сексот и градот“, Бушнел малку го преобликуваше пејзажот – животот не се случува исклучиво на Менхетн. Сè совршено приспособила на приказната за луѓето кои ја поминале педесеттата година од животот, но кои и понатаму излегуваат, се забавуваат, лудуваат…

    Авторката по малку сатирично ги коментира врските и односите помеѓу мажите и жените во средните години додека се движат во технолошки модернизираниот свет. Без разубавување и мошне духовито ги коментира различните феномени на 21 век. Љубовта и животот ги согледува низ различни перспективи – низ бракот и децата, разводот и загубата, а се осврнува и на мошне агресивните притисоци врз жените да останат млади и убави колку и да ги чини тоа.

    Оваа книга е совршен приказ за состојбата на современото општество и логично продолжение на една од најреволуционерните книги на 20 век.


  • img-book

    Семејството Вос е сè освен нормално семејство. Живеат во пренаменета црква, што таткото ја нарекува Долар Вос. Кога мајката, која преживува рак, почнува да живее во подрумот, таткото се преженува за нејзината поранешна медицинска сестра. На малечкиот полубрат не му е дозволено да прави или јаде што и да е забавно, а најстариот брат е иритантно совршен. Потоа, тука е Мерит.

    Мерит Вос собира трофеи што не ги освоила и тајните што семејството ја присилува да ги чува. Додека пребарува трофеи во локалната антикварница, го наоѓа Саган. Неговите духовитост и неапологетски идеализам ја разоружуваат и во неа повторно ја разгоруваат искрата живот – сè додека не открие дека тој е комплетно недостапен. Мерит уште повеќе се повлекува во себе, посматрајќи го семејството од страна, откривајќи тајна што ниту еден трофеј во светот не може да ја поправи.

    Не можејќи повеќе да живее во лага, Мерит решава да ја разниша илузијата за среќно семејство од кое никогаш не била дел и да ги напушти засекогаш. Кога планот за бегство не ù успева, принудена е да се справи со последиците од кажувањето на вистината и губењето на момчето кое го сака.


    Без Мерит од: 420 ден
  • img-book

    Лори е речиси сигурна дека љубовта на прв поглед постои само во филмовите.
    Но, еден снежен ден во декември, низ замаглениот прозорец на автобусот ќе здогледа еден младич и во моментот кога ќе им се сретнат погледите, нејзиното срце ќе затрепери како никогаш претходно… и… тогаш автобусот тргнува од постојката.
    Убедена дека судбината повторно ќе ги спои, таа цела година се обидува да го најде на улиците, автобуските постојки и по лондонските барови и кафулиња. Но, не го пронаоѓа.
    Со скршено срце, таа одлучува да го заборави тој магичен момент и да продолжи во животот.
    Ама, законите на љубовта, тешко може да се разберат и да се следат, а судбината понекогаш создава испреплетени патеки по кои се движиме и кои не можеме да ги промениме.

    „Џози Силвер напиша топла и моќна сторија за љубовта, губењето и пријателството, со чии што ликови се поистоветуваме. Ова е книга на која постојано ќе се навраќате.“
    Џил Сантиполо

    „Подгответе се да бидете вовлечени во виорот на оваа романса. Апсолутно ме воодушеви.“
    Рис Витерспун

    „Возбудлива и неизвесна љубовна приказна која нема да Ве остави рамнодушни и ќе Ви го држи вниманието до самиот крај.“
    Маријана Киз


  • img-book

    Дали Дневникот на Бриџит Џонс е сензационална урбана сатира за модерните меѓучовечки односи?

    Ироничен осврт за пропаѓањето на едно традиционално семејство?

    Или, пак, едноставно конфузни чкртаници на една изнервирана триесет и нештогодишна девојка?

    „Брилијантен потсетник за животот кога сте биле млада и немажена девојка во еден период од животот… Секоја жена која имала љубовни врски, работа и, секако, мајка, ќе ја чита оваа книга со громогласно смеење“ – Тајмс


  • img-book

    7.15. Урааа! Годините на самотија се веќе зад мене. Цели четири недели и пет дена сум во функционална врска со возрасен маж, со што докажав дека не е вистина дека сум баксуз во љубовта како што се плашев претходно.

    Вака почнува На раб на разумот, урнебесниот излет на Бриџит, во не толку секси реалноста на љубовните врски, во купот будалести теории од книгите за самопомош и во кариерата на телевизија. Онаму каде што завршува Дневникот на Бриџит Џонс, нашата омилена сингл-девојка конечно ја пронаоѓа вечната љубов, Марк. Но, набрзо открива дека нејзиниот човек не е толку идеален како што изгледа. Освен тоа што никогаш

    не сака да оди на пазарење по самопослуги, Марк,
по сè изгледа е заинтересиран и за отровната „медуза“ Ребека, со колкови како на младенче на жирафа и наклоност да ги презема туѓите дечковци.

    „Фантастичниот успех на Бриџит Џонс не е само резултат на брилијантната духовитост на авторката
и нејзината способност да ги прибележи комичните моменти во сите појави во современото општество туку и на тоа што таа успева да покаже што значи да се биде – ах, леле – жена… Филдинг своите опсервации вешто ги зачинува со хумор, ставајќи ги на хартија сите оние мисли што и нам ни паѓаат на памет, но досега не сме изговориле на глас.“
- Сали Емерсон, Дејли мејл


  • img-book

    ШТО ДА ПРАВИШ кога другарка ти организира забава за својот шеесетти роденден на истиот ден кога твојот дечко полни триесет години?

    ДАЛИ Е ПОГРЕШНО да лажеш за годините кога се забавуваш со некого на интернет?

    ДАЛИ Е КОРЕКТНО да одиш на фенирање кога едно од децата има вошки?

    ДАЛИ ДАЛАЈ ЛАМА твитува сам или неговите помошници го прават тоа во негово име?

    ДАЛИ ТЕХНОЛОГИЈАТА е петтиот елемент денес? Или дрвото?

    ДАЛИ ДА ЛЕГНЕШ СО НЕКОГО по два состанока и шест недели разменување СМС-пораки е исто како да стапиш во брак по два состанока и шест месеци пишување писма во времето на Џејн Остин?

    Размислувајќи за овие и за други современи дилеми, Бриџит Џонс се соочува со предизвиците на самохрана мајка, твитување, СМС-пораки и повторно откривање на својата сексуалност во она што НЕКОИ луѓе грубо и старомодно го нарекуваат „средна доба“.

    Долгоочекуваното враќање на обожаваниот лик, Бриџит Џонс: Луда по него е актуелен, нежен, трогателен, смешен, мудар и бескрајно духовит роман.


  • img-book

    Бриџит Џонс, нашиот омилен лик и светски феномен, е повторно со нас, но овој пат како трудница во романот „Бебето на Бриџит Џонс.“

    Бриџит Џонс се наоѓа пред нејзината најважна животна улога. Во години е кога сите отстрана и велат дека биолошкиот часовник отчукува и мора да роди дете.

    По низа смешни ситуации својствени само на неа, таа останува бремена – но не баш како што си замислувала цел живот. Во текот на бременоста се соочува со безброј сплетки, неверојатни моменти и хаос при прегледите на ултразвук и вежбите за подготовка за породување, но никогаш не ја напушта желбата за печени компири со ренданo сирење. А сепак, клучното и најнепријатно прашање што станува белег целата бременост е – кој е таткото?

    Бриџит не би била Бриџит ако не нè насмее до
солзи со сето она што и се случува, сета романтика, радост и очај, каде што секогаш на крајот нештата завршуваат на убав начин што предизвикува пријатни и позитивни чувства.


  • img-book

    Лажни вистини и вистински лаги во тајните ходници на животот на

    седумнаесетгодишната Скај. Приказна навидум безнадежна за средбата помеѓу двајца млади луѓе која ќе Ве врати во времето на Вашата прва љубов.


  • img-book

    На дваесет и една година, Обурн Рид веќе изгубила сè што ù е важно.
Во својата борба одново да си го изгради урнатиот свет, таа си ги зацртува целите и нема простор за грешки. Но, кога влегува во едно уметничко ателје во Далас, барајќи работа, таа не очекува да се појави длабока привлечност кон таинствениот уметник кој работи таму, Овен Гентри.

    Обурн ризикува првпат и си го препушта срцето да ја води, само за да открие дека Овен чува голема тајна да не излезе на виделина. Обемот на неговото минато се заканува да го уништи сето она што ù е важно на Обурн и единствениот начин таа да си го врати животот е да го отфрли Овен од себе.

    За да ја спаси нивната врска, сè што треба да направи Овен е да се исповеда. Но, во овој случај, исповедта може да биде многу подеструктивна од самиот грев.

    „Хувер длабоко ќе ве трогне во оваа љубовна приказна за втора шанса… напнато, секси.“ (Буклист, Онлајн осврт)

    „Исповеди е уште една емотивно наполнета и извонредно срочена книга. Колин Хувер продолжува да им носи на читателите уште една автентична приказна што се разликува од сите други и е прекрасно пренесена.“ (Бук краш)


    5 out of 5
    Исповеди од: Колин Хувер 390 ден
  • img-book

    Љубовна приказна за новата генерација. Романтична приказна од која ќе ви се стопи срцето, но која ќе ви постави едно прашање: Што сè би направиле за љубовта на вашиот живот, знаејќи дека срцето ќе ви биде скршено?
    Тие немаa ништо заедничко додека љубовта не им овозможи да изгубат сè…


    Јас пред тебе од: 450 ден