1. Романси (251)
  • img-book

    Ќе ја прифати ли неговата понуда пред часовникот да отчука полноќ?

    Софи Бекет е незаконска ќерка на грофот Пенвуд и негова штитеничка. Но животот ѝ станува неподнослив кога татко ѝ ќе се ожени, а по неговата смрт новата господарка ќе ја претвори во своја слугинка. Деновите на девојката се исполнети со мачна работа, но една неверојатна ноќ засекогаш ќе ѝ ја смени судбината.

    Софи никогаш не си замислувала дека ќе успее да се прикраде на прочуениот бал под маски – ниту дека таму ќе го сретне својот „принц“! Но додека танцува во цврстата прегратка на шармантниот Бенедикт Бриџертон, се чувствува како принцеза. За жал, знае дека штом часовникот ќе отчука полноќ, магијата ќе заврши.

    Која беше таинствената жена?

    И по две години од таа волшебна ноќ, Бенедикт не може да ја заборави прекрасната дама која му ги затвори очите за сите други девојки – освен можеби за заводливата убавица облечена како слугинка која од некаде му е зачудувачки позната. Иако се заколна дека ќе ја пронајде таинствената жена од балот и ќе се ожени со неа, со секој изминат ден прекрасната слугинка завладува со неговото срце. Но ако ѝ го подари своето, дали ќе ја жртвува единствената шанса да доживее љубов како од бајките?


  • img-book

    Тој е вистински играч и тоа не само во хокејската арена…
    Студентот од трета година, Џон Логан, може да ја добие секоја девојка што ќе ја посака. За оваа хокејска ѕвезда, животот е низа забави и врски за една вечер, но зад неговите неодоливи насмевки и ноншалантен шарм се крие сè поголемиот очај поради ќор-сокакот во кој ќе се најде по дипломирањето. Возбудливата вечер што ќе ја помине со бруцошката Грејс Ајверс е токму она што му е потребно за да му ги одврати мислите од проблемите. Но кога со една непромислена грешка ќе ја оттурне од себе, Логан планира да ја помине последната година на колеџ докажувајќи ѝ дека вреди да му даде втора шанса.

    Но сега ќе мора да ја смени тактиката…
    Иако првата година не помина како што си замислуваше, Грејс се враќа на Универзитетот „Брајар“ постара и помудра. Освен тоа, наполно го има преболено арогантниот хокеар кому за малку ќе му ја предадеше својата невиност. Таа не е кутра, ниту пак е повлечената девојка каква што беше кога првпат се сплеткаа. Ако Логан очекува таа да клечи и да го моли како и сите други негови „другарки“, тогаш гадно се излажал. Сака да му се врати? Ќе мора убаво да се помачи. Овој пат, таа ќе седи зад воланот… и планира да го излуди.


  • img-book

    Во снежните Шкотски Гори, Сузан Мекбрајд сонува за совршен Божиќ. Нејзините три посвоени ќерки доаѓаат дома за празниците и таа со нетрпение ги чека. Напнатоста расте…

    Хана, зависничка од работа, знае дека не може две години по ред да го избегнува празнувањето со семејството. Но паниката не е предизвикана од тежината на нивните очекувања – туку од големата тајна што ја крие.

    Мајката домаќинка Бет доживува лична криза и за време на Божиќ сака само да размисли дали е подготвена да се врати на работа – семејната средба би требало да ѝ го намали стресот, не да го зголеми.

    Поузи не е сигурна дека ужива во животот, но бидејќи нејзините родители зависат од неа, ризично е да направи промена. Но сепак, не е толку ризично колку што е вљубувањето во прекрасниот нов сосед Лук.

    Додека сонот на Сузан за совршен Божиќ пропаѓа, мора да верува дека празничната магија ќе ги сплоти нејзините ќерки. Но дали оваа нова сплотеност ќе ги научи сестрите дека нивната врска е доволно цврста за да издржи сѐ – вклучувајќи и еден необичен семеен Божиќ?


  • img-book

    Што би направил кога копнежот те турка до работ?

    Истражувачката новинарка Кетрин Кет Мартин го запознава планинскиот ренџер Гејбриел Гејб Роситер кога тој ја спасува по нејзиниот пад заедно со одронот на карпи во националниот парк Елдорадо Кањон. По неколку месеци, тој повторно ѝ доаѓа на помош кога еден полициски службеник од Болдер ги обвинува неа и другите американски Индијанци за нелегално престојување на местото Меса Бјут.

    Некој сака да ги избрка домородните Американци од нивната света земја. Затоа, Кет и Гејб ги здружуваат силите за да ја истражат причината. Но поради страста што ја чувствуваат еден кон друг и кон вистината, тие ќе им станат трн во око на луѓето кои се доволно очајни за да убијат.


  • img-book

    Тој е сè што таа се заколна да избегнува.

    И покрај тоа што неизмерно го обожава своето необично семејство, Попи Хатавеј копнее по нормален живот. Но судбината има друга замисла и со помош на малата палава ласица ја запознава со Хари Ратлеџ, загадочниот сопственик на хотел и моќен, богат изумител. Паѓајќи во неговата стапица, угледот ѝ е загрозен и сите се изненадени кога го прифаќа неговиот предлог за брак. Наскоро открива дека нејзиниот сопруг е подготвен да ѝ ја подари сета своја страст, но не и довербата…

    А таа е сè што му е потребно.

    Хари би направил сè за да ја освои Попи – освен да ѝ го отвори срцето. Свикнал самиот да го носи сиот свет на плеќите без да оствари поголема блискост со другите… но остроумната и заводлива Попи сака да му биде вистинска сопруга во секој поглед. Сепак, додека страста се распламтува меѓу нив со секој изминат ден, во сенките се крие непријателот. Ако Хари навистина сака да ја задржи Попи, мора да го спушти гардот и целосно да ѝ се препушти на љубовта, еднаш и засекогаш.


  • img-book

    Лили и нејзиниот поранешен сопруг Рајл најпосле успеваат да фатат ред со заедничкото одгледување на нивната ќерка, кога таа ненадејно го среќава Атлас, нејзината прва љубов. Пресреќна е што најпосле времето е на нивна страна и веднаш ја прифаќа неговата покана да излезат.

    Но возбудата ѝ е засенета од сознанието дека, иако повеќе не се во брак, Рајл е голем дел од нејзиниот живот и дека нема да му се допаѓа што Атлас е дел од животот на Лили и нивната ќерка.

    Раскажана од перспективите на Лили и Атлас, Ова започнува со нас продолжува токму онаму каде што завршува епилогот од неверојатно возбудливата Ова завршува со нас. Откривајќи ни повеќе детали од минатото на Атлас и следејќи ја Лили додека ја зграпчува втората шанса што ѝ ја дава љубовта, додека и двајцата се справуваат со љубоморниот поранешен сопруг, Колин Хувер ни докажува дека никој не умее подобро од неа да допре до нашите срца.


  • img-book

    Го запознав Хадсон Ротшилд на свадба. Неочекувано имав добиено покана за во еден од најелитните ресторани во градот. Хадсон беше кумот и веројатно најпрекрасниот маж кој некогаш сум го видела. Ме покани да танцуваме, а хемијата помеѓу нас беше неопислива, речиси нереална. Знаев дека не беше добра идеја да се плеткам со него со оглед на тоа на чија свадба се наоѓав. Но конекцијата беше ненормална и одлично си поминував.

    Но забавата нагло запре кога Хадсон сфати дека не сум таа што реков дека сум. Видете вака, во врска со неочекуваната покана што ја добив. Па, таа всушност не ми беше испратена мене – ѝ беше испратена на мојата бивша цимерка, која ме зезна за киријата за последните два месеци и побегна некаде сред ноќ. Сметав дека ми должеше барем едно добро скапо излегување, но технички, бев падобранец на свадбата. Па кога бев разоткриена, побегнав најбрзо што можев. И мислев дека успешно избегнав проблем… сѐ додека не ми текна дека си го оставив мобилниот на масата. Погодете кој го нашол?

    Тоа е лудата приказна за запознавањето со Хадсон. Но верувајте ми, ова не е ништо во споредба со сѐ што следеше.


  • img-book

    Тој дава сѐ од себе да се обиде да ја заборави.

    Кев Мерипен копнее за убавата, фино воспитана Винфред Хатавеј уште откако нејзиното семејство го спасило од смрт кога бил само дете. Но овој привлечен Ром е човек со мистериозно потекло – и се плаши дека неговото мрачно минато би можело да ја уништи нежната, прекрасна Вин. Па затоа Кев не дозволува да потклекне пред искушението… и наскоро ја губи Вин поради иронична игра на судбината.

    Таа не го познава човекот во кој се претворил.

    И тогаш, Вин се враќа во Англија… но открива дека Кев се трансформирал во ладен човек кој ја одбива љубовта по секоја цена. Во меѓувреме, се појавува привлечен додворувач кој кружи околу Вин. Кев мора да одлучи дали ќе преземе нешто бидејќи моментот е сега или никогаш. Во секој случај, прво мора да се соочи со опасната тајна за неговата судбина… или да ризикува да ја изгуби единствената жена за којашто отсекогаш живеел…


  • img-book

    Не постои нешто полошо од тоа да живееш врата до врата со твојот непријател од детството, освен можеби да си принуден да соработуваш со него на проектот од твоите соништа, да бидеш уценуван да се согласиш на нешто што едноставно знаеш дека не е во ред и некој да ти го краде какаото.

    Сѐ додека има многу какао, алат во рака и успева да одолее на опасниот шарм на Конор О’Нил, Рори Џејмс би требало да може да го преживее проектот со сочуван здрав разум. Но, ако не успее… Веројатно ќе помине уште некоја ноќ во затвор, ќе добие уште некоја забрана за приближување и ќе го изгуби умот по човекот кој ѝ го уништува животот…


  • img-book

    Една од најмаестралните и најтрогателните љубовни приказни на Џудит Мекнот ја оживува на хартија неверојатната страст на една нескротлива американска убавица и еден комплициран англиски лорд.

    Кога одеднаш останува сирак и сама на белиот свет, Викторија тргнува на патување преку океанот, нетрпелива да стигне до своето наследство во Вејкфилд, раскошниот англиски имот на далечниот роднина, озлогласениот лорд Џејсон Филдинг. Страшно збунета од неговата ароганција, но истовремено привлечена од неговата грациозност на пантер, таа ги чувствува болните спомени што тлеат во неговите мрачни очи. Кога тој најпосле ќе ја земе во прегратка, будејќи слатка ненаситност кај неа, тие се венчаат и ги обзема неопислива, бескрајна радост – најмногу затоа што конечно се слободни од злата канџа на минатото. Но тогаш Викторија открива предавство во сржта на нивната љубов… љубов за која сонувала дека ќе триумфира не само еднаш, туку засекогаш.


  • img-book

    Слоун би отишла до пеколот и назад за оние коишто ги сака. И го прави тоа, секој Божји ден. Заглавена во врска со опасниот и морално корумпиран Ејса, таа е подготвена на сè, само за да преживее додека не најде излез. И нема намера да дозволи ништо да ѝ застане на патот.

    Ништо, освен Картер.

    Слоун е најдоброто нешто што некогаш му се случило на Ејса. И ако се прашува тој, тој е најдоброто нешто што некогаш ѝ се случило нејзе. И покрај тоа што таа не го одобрува неговиот криминален животен стил, тој го прави она што е неопходно за да биде чекор пред сите во бизнисот. И чекор пред Слоун. И нема намера да дозволи ништо да му застане на патот.

    Ништо, освен Картер.


    5 out of 5
    Предоцна од: Колин Хувер 490 ден
  • img-book

    Марија е силна и независна архитектка, успешна и истакната во својата област, па не е никакво изненадување кога добива понуда за работа во престижна компанија. Нејзиниот хумор зачинет со многу сарказам, способноста да се шегува дури и на своја сметка и вечно позитивната енергија која зрачи од неа, ја прават како магнет за сите во нејзина околина, но особено за мажите, кои не остануваат имуни ниту на нејзината огнена коса, полните сензуални усни, крупните искрени очи и женствените облини. Но тие нејзини очи кријат голема тајна и имаат исплакано премногу солзи во животот, а зад нејзината убава насмевка лежи незамислива болка.

    Кога почнува со работа во новата компанија, таа веднаш му го привлекува вниманието на најимпресивниот маж кој некогаш го сретнала. Темнокосиот Александар плени со своите сини очи и лесната, секси насмевка; очигледно е дека многу жени паѓаат на неговиот шарм, но Марија има штит од изградени ѕидини околу себе, кој ѝ помага да одолее на искушението. Не само што не сака да се плетка со колеги, туку и знае дека тој не е слободен маж, па јасно поставува граница. Но, разумот е едно, а неверојатната конекција и неодолива привлечност помеѓу нив нешто сосема друго… Кога ситуацијата почнува да излегува од контрола во еден нејзин момент на слабост, Марија ја искористува деловната можност и заминува во Италија, за да побегне што подалеку од него, и од болката која тлее во неа цели 18 години и овој пат ѝ се заканува целосно да ја скрши.


  • img-book
    Таа ќе склучи договор со најлошото момче на факултетот…
    Хана Велс конечно наоѓа некој кој ја возбудува. Но и покрај тоа што е многу самоуверена на секое друго поле во нејзиниот живот, носи огромен товар кога станува збор за сексот и заведувањето. Ако сака да му го привлече вниманието на типот кој ѝ се допаѓа, ќе мора да излезе малку од својата комфор зона и да го натера да ја забележи. Па дури и по цена да мора да му помага во учењето на иритантниот, арогантен капитен на хокеарскиот тим во замена за фиктивно рандеву.
    …и ќе биде страаашно добро.
    Животната желба на Гарет Грахам е професионално да игра хокеј по дипломирањето, но расипаниот просек на неговите оценки претставува закана за сѐ за што напорно се трудел цел живот. Па затоа не му е проблем да прифати да ѝ помогне на една саркастична бринета да предизвика љубомора кај друг тип – подготвен е на сѐ за да си ја осигура позицијата во тимот. Но кога еден неочекуван бакнеж води до најлудиот секс во нивните животи, Гарет брзо сфаќа дека нема да се задоволи со преправање и глумење. Едноставно мора да ја убеди Хана дека човекот што го бара е тој.

  • img-book

    Тој е осуден убиец во затвор… но таа не се плаши од него.

    Новинарката Софи Алтон го истражува исчезнувањето на млада мајка, Меган, која неодамна е пуштена на условно и сега бега од властите со нејзината ќеркичка. Потрагата ја води Софи до братот на Меган, Марк, осуден убиец – и воедно човекот со кого таа има поминато една незаборавна ноќ пред дванесет години.

    Осуден на живот во затвор, Марк ја користи Софи да побегне за да може да ја најде сестра си и да ја заштити од монструмот кој ја гони. Софи знае дека треба да се плаши од Марк. Но сѐ уште премногу добро се сеќава на жестината и страста во неговите допири, дури и по толку време.
    Заедно следат опасна трага додека многу луѓе од двете страни на законот прават сѐ што е во нивна моќ да ги спречат Софи и Марк во пронаоѓањето на Меган… и откривањето на вистината за минатото.

  • img-book
    Тој ја бара совршената жена, а тоа дефинитивно не е таа.

    Зои е навикната да се грижи самата за себе и одамна има прифатено дека кога се случува нешто лошо, сигурно ќе ѝ се случи нејзе. Па кога ја губи работата поради глупост и сѐ тргнува во надолна линија после тоа, таа не очекува никакво подобрување на ниедно поле. И дефинитивно не очекува да добие помош од нејзиниот бучен безобразен сосед, но секако нема што да изгуби па ја става довербата во негови раце и решава да се надева на најдоброто. Но она што не го очекува е уникатната можност која ѝ ја нуди тој со договор од кој двајцата би имале корист, а никој не би требало да биде повреден… иако таа веќе има доволно искуство со проблемите и би требало да знае дека никогаш немала таква среќа во животот.
    Како и сите други мажи во семејството Бредфорд, Тревор има една слаба точка: храната – и ништо друго. Тој води прилично стандарден живот и сака едноставни работи, а тоа значи дека сака и едноставни, лесни врски. Истовремено, посакува совршена жена и точно знае каква би требало да биде таа. Па кога сфаќа дека почнува премногу да мисли на сосетката, која не исполнува речиси ниеден од неговите критериуми, ужасено заклучува дека има само еден начин да му пројде меракот и да ја батали, а тоа е да легне со неа. Па решава да си го пополни времето со неа додека го бара своето совршенство.

  • img-book

    Татјана е осумнаесетгодишна трудна вдовица кога бега од војната во Ленинград со надеж за нов живот во Америка. Но духовите од нејзиното минато не се откажуваат лесно и неуморно ја прогонуваат. Таа станува целосно опседната од помислата и вербата дека нејзиниот сопруг, офицерот Александар Белов, сѐ уште е жив таму некаде во војната и дека таа му е очајно потребна.
    Во меѓувреме, на океани и континенти од неа, во Советскиот Сојуз, Александар едвај спасува жива глава од погубување и принуден е да води баталјон војници кои се сметаат за „потрошен материјал“ од страна на врвот на Советскиот Сојуз. Сепак, Александар е цврсто решен да ги поведе своите луѓе низ руините во Европа во еден последен очаен обид да побегнат од смртоносната машинерија на Сталин и некако повторно да си го најде патот до Татјана.