Nonfiction (19)
  • img-book

    Мичио Каку е професор по физика на њујоршкиот Градски универзитет, соосновач на теоријата на поле на струни и автор на научни книги, меѓу кои ХиперпросторПо АјнштајнФизика на невозможното и Физика на иднината. Бил домаќин на научни телевизиски емисии на Би-би-си, Дискавери и Саенс Ченел. Неговите емисии можат да се чујат на 130 радиостаници ширум светот. Пишувал за најугледните светски списанија и гостувал на најгледаните телевизии.

    Во оваа книга, професор Каку на лесно разбирлив начин ни ги презентира досегашните сфаќања и откритија поврзани со човековиот ум и неговите ограничувања, но уште повеќе и неговите потенцијали. Во возбудлива низа од историски раскажувања и уверливи објаснувања, авторот нуди фасцинантна перспектива во разбирањето на мозокот, мислите, чувствата, стравовите и долгата низа несвесни пориви кои во голема мера ги формираат одлуките што ги носиме секојдневно. При тоа, професор Каку не уверува дека нашиот ум, и покрај тоа што не е целосно разбран, е секако разбирлив.

    Мичио Каку е оптимист за идниата на човештвото. Воодушевено раскажува за најновите технички, експериментални и дијагностички постигнувања што нудат извонреден увид во неистражените пространства на човековиот ум. Истовремено, однапред се радува на откритијата што допрва не чекаат во блиската иднина – забележувајќи јасен историски тренд, професор Каку нуди уверлива визија за човештво во блиската иднина – човештво кое со помош на технологијата ќе стане уште похумано и уште подобро.


    Иднината на умот од: 600 ден
  • img-book

    Доколку барем малку ве интересираат природните и општествените науки, ова е една од оние книги што ќе ги прочитате во еден здив.

    Мајкл Ханлон е искусен и вешт писател чии колумни на научни теми се објавувани во некои од најтиражните светски списанија. Во оваа книга, тој инспирирано, возбудливо и разбирливо презентира десет прашања што никој не може да ги одговори – прашања пред кои дури и современата наука ги крева рамењата.

    Дали животните се свесни?

    Зошто времето е толку чудно?

    Можеме ли да живееме вечно?

    Што ќе правиме со глупавите?

    Што е темната страна?

    Дали универзумот е жив?

    Дали сме истата личност од пред една минута?

    Зошто сме толку дебели… и дали тоа е важно?

    Дали сме сигурни дека паранормалното е глупост?

    Што е реалноста, реално?

    „Десет прашања за кои науката нема одговор“ е неизоставна лектира за изненадувачки тесните научни перспективи во повеќе клучни области. Мајкл Ханлон ненадејно почина во 2016 година на само 51 година, но со ова извонредно научно-популарно дело си го обезбеди местото во почесната писателска ложа на вечноста.


  • img-book

    Многумина од нас инсистираат дека главната пречка за целосен, успешен живот е надворешниот свет. Всушност, нашиот најчест непријател се крие токму во нас: нашето его. На почетокот на кариерите, нѐ попречува во учењето и во градењето талент. Во фазата на успехот, може да нѐ направи слепи за сопствените недостатоци и да создаде проблеми во иднина. Во фазата на неуспехот, го зголемува секој нанесен удар и го отежнува закрепнувањето. Егото нѐ кочи во секоја фаза.

    „Егото е непријател“ се повикува на широк дијапазон приказни и примери, од литературата, до философијата и историјата. Запознаваме фасцинантни фигури како Хауард Хјуз, Кетрин Греам, Бил Беличик и Елеонор Рузвелт. Сите тие достигнале највисоко ниво на моќ и успех преку скротување на сопственото его. Нивните стратегии и тактики може да бидат и наши.

    Но зошто би се бореле против егото во ера што глорифицира социјални медиуми, реални ТВ-шоуа и други облици на бесрамна себепромоција? Вооружени со лекциите од оваа книга, ќе научите, како што вели Холидеј, „да се посветите помалку на приказната што ја раскажувате за сопствената посебност и, како резултат, ќе бидете слободни да ги постигнете важните цели што си ги имате зададено“.