Nonfiction (68)
  • img-book

    „Монтесори за деца“ е една од најреномираните книги посветени на прочуениот педагошки и образовен пристап, започнат со делото и животот на доктор Марија Монтесори. Оваа книга е бастион на методот Монтесори, практично ги содржи сите начела и нè учи на безброј нешта, од тоа како да ги воспитуваме нашите деца за да станат љубезни, љубопитни и одговорни личности, па сè до тоа како да научиме да се грижиме за себеси, за нашето семејство, за другите луѓе и за средината околу нас. Напишана во форма на водич со голем број совети, предлози, како и со активности соодветни за малите деца, истовремено претставува и книга за личен развој на родителите. Неизбежно е да ја прочитате ако го применувате принципот Монтесори со вашите деца или ако сакате да дознаете нешто повеќе за него.


  • img-book

    Самодовербата е домот што го градите за себе.

    Со своето повеќегодишно искуство во клиничката психологија, интернет-сензацијата д-р Џули Смит ни дава драгоцени совети со кои скапоплатените психолози им помагаат на своите пациенти за справување со најчестите животни предизвици.

    Богата со тајни од кутијата со терапевтски алатки, „Зошто никој не ми го кажал ова порано“ изобилува со совети за зацврстување и одржување на менталното здравје. Од тоа како да се справиме со својата анксиозност или променливото расположение, да се соочиме со критика, да си ја поттикнеме мотивацијата, преку умешноста за развивање на самодовербата, прифаќање на загубата и тагата и учење како да си простиме – д-р Смит нагледно ни го објаснува функционирањето на човечкиот ум и ни дава насоки за секојдневно одржување на неговото здравје.

    Ова не е книга која нè враќа во детството во потрага по основната причина за проблемите. Таа е современ и практичен водич за одржување на менталното здравје и за живот во хармонија со себе.


  • img-book

    Овој бестселер, кој веќе се смета за своевидно класично дело во полето на модерната детска психологија, напишан од меѓународно признати експерти за комуникација меѓу родители и деца, содржи голем број важни сознанија и предлози, но и методи (за коишто се покажува дека успешно го издржуваат тестот на времето) за решавање на честите проблеми коишто се среќаваат во рамките на оваа комуникација и за градење основи за трајни врски, вклучувајќи бројни иновативни начини за: · Справување со негативните чувства на вашето дете, како што се фрустрираноста, лутината и разочарувањето.

    • Изразување на вашите силни чувства без притоа никого да повредите.

    • Остварување ефективна соработка со вашето дете.

    • Поставување цврсти граници и одржување на добрата волја.

    • Користење алтернативи за казнување кои поттикнуваат самодисциплина.

    • Разбирање на разликата помеѓу корисните и некорисните пофалби за одделни поведенија.

    • Мирно разрешување на семејните конфликти.

    Ентузијастички фален и од родителите и од бројни експертиnод оваа област низ светот, пристапот на Фејбер и Мазлиш ги прави односите со децата од сите возрасти помалку стресни и, општо земено, повредни и позадоволувачки.


  • img-book

    Сурово искрено четиво кое прво ве крши на многу парчиња, а потоа одново ве составува, така што ниту еден дел не е излишен.

    Кристи Тејт е штотуку прогласена за најдобра студентка на Правниот факултет и успешно се справува со нарушувањата во исхраната. Но зошто вози низ Чикаго посакувајќи да исчезне? Зошто си замислува дека ѝ става крај на тагата што ја притиска?

    Кога влегува во шестчлената група на психотерапевтот д-р Розен, сѐ почнува да се менува. Но пресвртницата во нејзиниот живот не се случува прекуноќ. Влезот во тој чуден и застрашувачки свет, во кој пред непознати луѓе треба да ги исповеда дури и најмрачните тајни, воопшто не е лесен. Но во секој случај е исплатлив.

    Кристи Тејт е наш водич во тешкиот, но возбудлив процес на поврзување со себеси и со другите – врска за која не сме знаеле дека ни е толку потребна сѐ додека не се најдеме разголени пред оваа книга согледувајќи колку нѐ чинат чувствата што ги потиснуваме во себе. Време е да ги пуштиме надвор, кон новиот среќен живот.

    „Потребни се храброст и доверба за да се разголи душата пред психотерапевт и плус пред шестмина странци. Одлуката на Тејт да ја раскаже оваа приказна е вистински подвиг, и среќни сме што се одлучи на тој чекор.“

    Лори Готлиб, авторка на „Можеби треба да разговараш со некого“


    Група од: 490 ден
  • img-book

    Зачекорете по патот кон смиреноста и уживајте во сегашниот момент

    Дали сте често растревожени и под стрес? Не можете да заспиете постојано вртејќи ги низ глава настаните од денот и развивајќи безброј сценарија за иднината?

    Прекумерното размислување е најголемата причина за несреќа, а и за многу болести. Со него влегувате во еден бескраен циклус на негативни мисли и го преоптоварувате умот со работи што никогаш нема да се случат или да имаат пресудно значење за вашиот живот. Тоа е исцрпувачки процес кој ви предизвикува дополнителен стрес, а не ги решава реалните проблеми.

    Ник Трентон ни покажува како да влијаеме врз умот за да стекнеме поголема контрола врз своите мисли, да ги разбиеме негативните мисловни модели и да почнеме позитивно да размислуваме. И конечно, наместо постојано да се жалиме од минатото и да се плашиме од неизвесната иднина – да се фокусираме на сегашноста и да уживаме во секој момент од животот.

    Прекумерното размислување не може да ви донесе позитивни резултати. Па тогаш зошто да бидете негов затвореник? Ослободете го умот од затворот што самите си го градите.


  • img-book

    Овој практичен и пред сè оптимистички советник, родителите ги запознава со навиките на најсреќните луѓе на светот. Четириесет години Данска доминира на листата на земји во кои живеат најсреќните луѓе, додека тајниот чинител на нивната среќа сè уште не е откриен. Сепак, авторките на оваа книга тврдат дека конечно го имаат решението во своите раце: тајната на данската среќа е во тоа што родителите ги воспитуваат своите деца да бидат полни со самодоверба, дружељубиви, исполнети − и, се разбира − среќни. Се прашувате како? На страниците на оваа книга ќе најдете разновидни, креативни и оригинални совети, како да: − ја поттикнете слободната игра − ја поттикнете автентичноста и самодовербата − негувате емпатија − го нагласувате тимскиот дух − го прославите заедништвото. Со многу практични решенија за проблемите и со инспиративни примери, книгата Дански начин за воспитување деца им помогна на родителите ширум светот, без разлика на културата и начинот на живот, да воспитаат среќни, добро приспособени деца. „Моќен воспитен метод… отпорни, емоционално сигурни и среќни деца – со други зборови, токму она кон кое сите тежнееме“, бележи списанието Mother „Би ја препорачала оваа книга на секој којшто себе и на своите деца сака да им понуди шанса за среќен живот“, пишува Малене Ридал, данска амбасадорка на добра волја


  • img-book

    Бестелсер на „Њујорк тајмс“ и на „Волстрит џорнал“

    Како да ги прекинете циклусите на загриженост и страв и да се излечите со помош на науката

    Живееме во еден од најанксиозните периоди во човечката историја. Соочени со општествени проблеми, како што беше ковид-пандемијата, или со лични проблеми што нè наведуваат на алкохол, цигара или храна, ние постепено ја губиме контролата.

    Денес речиси сè се подведува под анксиозност, од вознемиреност до паника. Таа поттикнува низа зависни однесувања, од прекумерно јадење до неразумно користење на социјалните мрежи. Д-р Бруер нè учи да го мапираме својот мозок за да ги откриеме нејзините предизвикувачи, да ги смириме со едноставната и моќна практика на љубопитност и да ја надминеме користејќи свесност и други докажани алатки.

    Со над 20-годишни истражувања и практична работа со илјадници пациенти за надминување на анксиозноста, д-р Бруер создал потврдена програма погодна за секој од нас – за да можеме вистински да го живееме животот.

    „Најтешко во борбата против секоја лоша навика е соочувањето со анксиозноста што ја предизвикала. Авторот ни нуди револуционерна програма со одлични совети и корисни упатства што секој може да ги следи за да се чувствува подобро.“

    Би Џеј Фог, доктор по психолошки науки


  • img-book

    Сакате да си помогнете себеси? Помогнете им на другите.

    Најголем бодибилдер на сите времиња. Најплатен актер. Режисер, претприемач, инвеститор, подучувач, политичар. Сето тоа се однесува на еден човек, кој верува дека сè може да се постигне со сопствените раце и со силен ум.

    Напишана со неговиот толку карактеристичен искрен и сугестивен глас, Шварценегер ги носи читателите на возбудлива прошетка запознавајќи ги со своите алатки и принципи за духовно богат и осмислен живот. Несебично ни покажува како да ги користиме за да ја создадеме посакуваната иднина, збогатувајќи ги со интересни приказни што вклучуваат големи успеси, но и застрашувачки падови. Некои од нив веќе ги знаеме, други се за првпат раскажани на овие страници.

    Животниот пат на Шварценегер е восхитувачки и инспиративен – успева да излезе од родното село во Австрија и со упорност и многу работа, скалило по скалило, се искачува кон успехот. Никој нема да ви дојде на помош – можете да сметате единствено на себе, нè поучува тој. Но и нè охрабрува: вие самите сте си сосема доволни. А ако сакате да си помогнете себеси, помогнете им на другите!


    Бидете полезни од: 400 ден
  • img-book

    „Не“ е најважниот и најмоќниот збор во јазикот.

    Во денешниот свет на неограничени избори, притисокот да се попушти и да се каже Да е сè поголем, носејќи ни стрес и прекумерни обврски. Позитивното Не никогаш не било толку потребно. Тоа има моќ да го преобрази животот овозможувајќи ни да се заземеме за она што ни е важно – нашите потреби, вредности и приоритети.

    Но погрешното Не може да го уништи и она што најмногу ни значи. Затоа е важно да го кажеме на вистински начин. Тајната на ефикасното Не лежи во умешноста да се каже позитивно Не, што е можеби највредната животна вештина што некогаш ќе ја научите.

    Оваа незаменлива книга ви дава едноставен метод во три чекори за кажување позитивно Не: да си ги одбраните суштинските интереси цврсто останувајќи на својот став; да се спротивставите на контрааргументите; да стигнете до прифаќање, до вистинското Да што им служи на вашите интереси.

    „Моќта на позитивното Не“ нуди практични совети и примери за секоја ситуација. Без разлика дали треба да му кажете Не на некој клиент или колега, на вработениот или на шефот, на детето или партнерот, во оваа книга ќе ја најдете тајната за јасно и ефективно Не, искажано со почит. Сфатено вака, Не е новото Да.

    „Лесно е да се каже Не! кога длабоко во вас гори Да!“

    Стивен Р. Кови, автор на „7 навики на успешните луѓе“


  • img-book

    Квадрантот на протокот на парите ќе ви открие многу работи што не се учат во школо: зошто некои луѓе помалку работат, а повеќе заработуваат, плаќаат пониски даноци и се финансиски посигурни од другите. Тајната е во тоа да научите од кој квадрант да дејствувате и кога.

    Книга што ќе ви го промени начинот на размислување за работните места, кариерата и поседувањето сопствен бизнис и ќе ве инспирира да ги научите правилата што богатите ги користат за да ги создадат своите империи. Дали некогаш сте се запрашале:

    – Која е разликата меѓу (само)вработен и бизнисмен?

    – Зошто некои инвеститори заработуваат со помал ризик?

    – Како некои луѓе се осмелуваат да дадат отказ и да почнат сопствен бизнис?

    – Зошто во индустриската ера беше важно да се добие диплома, а денес врвни дипломци работат за луѓе кои не го завршиле образованието и сепак се меѓу најбогатите на светот: Бил Гејтс, Ричард Бренсон, Мајкл Дел, Тед Тарнер?…

    Ова е книга за сите луѓе кои се подготвени да тргнат по сопствениот пат до финансиска слобода, наместо да се потпираат на сигурното вработување; кои сакаат да извршат коренити промени во својот живот; кои се подготвени да преминат од индустриската во информатичката ера. Квадрантот на протокот на парите е ваш незаменлив водич во нашиот современ свет на сè поголеми финансиски промени.


  • img-book

    Парите не можат да те направат среќен. Но значат моќ, затоа што ти даваат можност да избираш.

    Книга за сите родители кои сакаат да им дадат добра финансиска основа на своите деца подготвувајќи ги за современиот свет на брзи промени. Роберт Киосаки несебично ги споделува со нас сите инспиративни и практични знаења за парите и збогатувањето што тој ги добил од својот богат татко.

    Богато дете, паметно дете покажува како да разбудите кај детето љубов кон учењето користејќи ги методите на умниот татко, кој му помогнал на Роберт да го заврши училиштето. Но денешниот образовен систем не нуди финансиска писменост, иако банкарот ни бара финансиска сметка, а не школско свидетелство. Оваа книга ви отвора врати за кои не сте ни помислувале дека постојат и ви овозможува да му дадете на своето дете знаења што ќе му користат цел живот, за да постигне личен и финансиски успех во вистинскиот свет.

    Дајте им на децата моќ пред да им дадете пари. Помогнете им да добијат соодветни знаења и да создадат добро мислење за себе дека се силни, и ќе им помогнете да станат богати и паметни.


  • img-book

    Од авторот на најпродаваните книги од популарната психологија кај нас, „Е, баш ме заболе: суптилна уметност на живеењето или како да не ти е гајле за неважните нешта“ и „Сè е за*бано – книга за надежта“, ни доаѓа интерактивен дневник замислен како дополнување на неговите книги. Со сета острина на изразите на Марк Менсон и неповторливиот глас што јасно ви дава на знаење што е „обесување“, а што искрен говор, овој дневник не е дополнителна обврска „еднаш дневно“ или „еднаш неделно“. Можете да го користите кога и да посакате, во ритам што ви одговара вам. А можете и да си кажете: Е, баш ме заболе, и да го оставите некое време, па да му се навратите кога ќе ви текне. Дневникот е поделен во пет поглавја што ги изразуваат главните теми на книгата „Е, баш ме заболе“ и ви дава практични насоки како да ги разрешите најдлабоките прашања за емоциите што ве опседнуваат, вредностите за кои се борите, но и целите поради кои го правите сето тоа.


  • img-book

    Победете ги блокадите, совладајте го отпорот и раскрилете ја својата креативност

    Ако сонувате да напишете роман, жалите што не сте ги завршиле своите слики, песни или сценарија, ако сакате да основате фирма, од денес да почнете со диета или вежбање… а сепак нешто ве спречува – ова е вистинската книга за вас.

    „Војната на уметноста“ е докажан водич за целосно искористување на творечката енергија. Како да го отклучиме својот потенцијал и да ги надминеме стравот и отпорот што ни го спречуваат успехот? Со храброст, следејќи ја вистинската формула и напорно работејќи, страста може да се претвори во цел.

    Таа е неопходна за секој човек и за сите животни области, не само за уметноста. Со своето богато искуство, Пресфилд ни дава детален план за препознавање и совладување на отпорот што нè спречува да се зафатиме со најважните работи. Само така можеме да постигнеме остварување на своите соништа и да почнеме да живееме слободно, водени од својата креативност.

    „Неверојатно јасно и мудро дело за психологијата на творењето.“

    Џеј Мекинерни

    „Отпорот е гласот во нас што ни повторува да се откажеме, да внимаваме, да не брзаме… Пресфилд е генералот со пет ѕвезди во војната против стравот.“

    Сет Годин


  • img-book

    Во Раскази од минатиот век Виолета Танчева-Златева ја брише границата меѓу умот и заумот, меѓу стварноста и фантазијата, меѓу светот на секојдневието и светот на очудувањето, меѓу сонот и јавето, меѓу класичниот и магичниот реализам. Иако пишувани „во минатиот век“, тие се интуитивна проекција на новиот век, небаре минатото ја посматра иднината со очите на сегашноста, а погледот се менува во дијалогот со себеси, па имаме раскази и со морбиден, но и со меланхоличен призвук, и со рурален, но и со урбан амбиент, и со исповеден, но и со премолчен тон, и со цврсти, конкретни факти, но и со раскошно измислени случки, поставувајќи го егзистенцијално-поетичкото прашање „Колку треба да се премолчи, а сепак да се каже потребното?“ Потеклото, коренот, селската (не)идила, градската сцена, растењето, мајчинството, љубовта, ранливоста на човечкото битие, заборавот, сеќавањето, судбината на жената, животот како пат без станица за одмор – се само дел од темите што авторката ги обработува на автентичен начин, ненаметливо, емпатично и во духот и на старата македонска книжевна класика, но и во дослух со новите наративни пристапи на раскажување. Виолета Танчева-Златева раскажува за хронотопот на срцето кое е секогаш овде и сега. Нејзините раскази од минатиот век се раскази за нас и за нашиот век.

    Лидија Димковска


  • img-book

    Реката е насекаде – во водата која тече во домовите, во нивните разбранувани тела, во снегулките што лебдат и ѝ се враќаат во течението.

    Што значи да се биде и колку сме изградени од она што било? Какви се водните тела? Дали човекот е растреперен бран и вода која е де во прилив де во одлив? Оваа приказна тече по коритото на животот барајќи го неговиот извор и обидувајќи се да ја спречи сушата.

    Безимената протагонистка и писателка во сенка од Сиднеј се враќа во родното Куманово, но наместо во градот од спомените доаѓа во сиво место задушено во смог, ѓубре и закопани соништа. Како носителка на богатата македонска традиција, баба ѝ ѝ открива дека во Куманово некогаш постоела речна плажа. И така главната хероина се впушта кон откривање на личните приказни и легендите, кон сувото речно корито, заедно со другарите од детството – дивиот таксист Гаврил и Јасна, фотографка која ги следи трагите на црниците. Барајќи го изворот на водата, тие несвесно си го бараат својот извор.

    И како што „Сè што користиме ни е позајмено, а наше е да го чуваме“, така вистината во оваа книга е позајмена. Ваше е да ја чувате книгава на полиците, а вистината за себе – во себе.


    Водни тела од: 250 ден
  • img-book

    „Пчелно семејство“ е збирка од седум раскази. Секој расказ застапува одреден обред или обичај од словенечката традиција, кои во делото на Мугерли се вметнати во поинаков контекст или во современи рамки, така што добиваат нова улога и добиваат нова смисла. Централна тема на секој расказ е семејството: било да е неостварено („Јаболкарка“), обединето и потоа раздвоено („Пламени јазици“) или некое што во нормални услови би можело да стане вистинско („Пчелно семејство“). Сите раскази, освен еден, се случуваат во сегашноста, но поради ритуалите и атмосферата се чинат безвременски. Авторката со јазична виртуозност нè внесува во свет што не го познаваме, иако живееме во него.

    Читајќи ги расказите, постојано преминуваме некакви граници – јазични, културни, политички, географски, но и оние што се поставени помеѓу реалноста и несвесното.

    Во 2021 година „Пчелно семејство“ ја добива престижната Награда за литература на Европската Унија.