Nonfiction (22)
  • img-book

    Сè што сте сакале да научите за алкохолот, ама не сте имале време од пиење 

    Кога ќе почнете со првата страница од оваа книга, се вклучувате во директен пренос од животот на Џамбазов. Уште од првата средба со неговото височество Алкохолот, сè се одвива пред ваши очи, како и вие да сте таму, на театарската сцена наречена живот. Низ призмата на алкохолот, најголемиот непријател маскиран во пријател, Џамбазов раскажува за него како за најголема животна школа, во која тој самиот завршува како најдобар дипломец во класата.

    Брилијантно, искрено, интимно, духовито и заразно четиво кое го задржува вниманието од почеток до крај. Суров и безмислосен кон себеси, Игор Џамбазов ги нарекува нештата со нивните вистински имиња, со голема доза самоиронија, без цензура и автоцензура, без обид да се допадне некому или да се оправда себеси. Како што ќе рече Венко Андоновски, Игор е мајстор на леснотијата на тешкото, мајстор на елегантното во бруталното.

    Зошто ја напишав оваа книга? За да ми олесни на душата. Сакав да раскажам за најевтино платениот убиец на планетава. Сакам да им помогнам на оние кои пробале, но и да им објаснам на оние кои не знаат.


  • img-book

    Овие приказни се обични приказни. Вистински, човечки и возможни. Иако во животов сè е одамна невозможно.

    Што добивате кога Игор Џамбазов ќе реши да раскажува за својот живот?
    250 страници фасцинантно, забавно четиво полно со хумор, куп комични пресврти и неверојатни ситуации, пикантерии, интриги и најмногу од сè – искреност. И сето тоа зачинето со неповторливиот, за Игор толку препознатлив, стил на раскажување.

    Десет раскази, десет приказни кои мора да се раскажат. И уште десет пати по толку причини да се (пре)прочитаат. Толку добро Џамбазов нè води низ случките од детството и младоста што ќе сакате уште. Ликови чии вистински имиња ќе сакате да ги дознаете, случки кои ќе ве заскокоткаат, урнебесни ситуации на кои од срце ќе се смеете – секоја страница е мини ремек-дело!

    Зошто ја читате сè уште оваа корица? Завртете ја книгата и почнете! Верувајте, многу брзо пак ќе стигнете до овие редови. И потоа, ќе почнете од почеток…Книгата која се распродаде во над 5.000 примероци, добива свое продолжение!


    ОБЛЕЧЕН ЧОВЕК од: 450 ден
  • img-book

    Мичио Каку е професор по физика на њујоршкиот Градски универзитет, соосновач на теоријата на поле на струни и автор на научни книги, меѓу кои ХиперпросторПо АјнштајнФизика на невозможното и Физика на иднината. Бил домаќин на научни телевизиски емисии на Би-би-си, Дискавери и Саенс Ченел. Неговите емисии можат да се чујат на 130 радиостаници ширум светот. Пишувал за најугледните светски списанија и гостувал на најгледаните телевизии.

    Во оваа книга, професор Каку на лесно разбирлив начин ни ги презентира досегашните сфаќања и откритија поврзани со човековиот ум и неговите ограничувања, но уште повеќе и неговите потенцијали. Во возбудлива низа од историски раскажувања и уверливи објаснувања, авторот нуди фасцинантна перспектива во разбирањето на мозокот, мислите, чувствата, стравовите и долгата низа несвесни пориви кои во голема мера ги формираат одлуките што ги носиме секојдневно. При тоа, професор Каку не уверува дека нашиот ум, и покрај тоа што не е целосно разбран, е секако разбирлив.

    Мичио Каку е оптимист за идниата на човештвото. Воодушевено раскажува за најновите технички, експериментални и дијагностички постигнувања што нудат извонреден увид во неистражените пространства на човековиот ум. Истовремено, однапред се радува на откритијата што допрва не чекаат во блиската иднина – забележувајќи јасен историски тренд, професор Каку нуди уверлива визија за човештво во блиската иднина – човештво кое со помош на технологијата ќе стане уште похумано и уште подобро.


    Иднината на умот од: 600 ден
  • img-book

    Доколку барем малку ве интересираат природните и општествените науки, ова е една од оние книги што ќе ги прочитате во еден здив.

    Мајкл Ханлон е искусен и вешт писател чии колумни на научни теми се објавувани во некои од најтиражните светски списанија. Во оваа книга, тој инспирирано, возбудливо и разбирливо презентира десет прашања што никој не може да ги одговори – прашања пред кои дури и современата наука ги крева рамењата.

    Дали животните се свесни?

    Зошто времето е толку чудно?

    Можеме ли да живееме вечно?

    Што ќе правиме со глупавите?

    Што е темната страна?

    Дали универзумот е жив?

    Дали сме истата личност од пред една минута?

    Зошто сме толку дебели… и дали тоа е важно?

    Дали сме сигурни дека паранормалното е глупост?

    Што е реалноста, реално?

    „Десет прашања за кои науката нема одговор“ е неизоставна лектира за изненадувачки тесните научни перспективи во повеќе клучни области. Мајкл Ханлон ненадејно почина во 2016 година на само 51 година, но со ова извонредно научно-популарно дело си го обезбеди местото во почесната писателска ложа на вечноста.


  • img-book

    Многумина од нас инсистираат дека главната пречка за целосен, успешен живот е надворешниот свет. Всушност, нашиот најчест непријател се крие токму во нас: нашето его. На почетокот на кариерите, нѐ попречува во учењето и во градењето талент. Во фазата на успехот, може да нѐ направи слепи за сопствените недостатоци и да создаде проблеми во иднина. Во фазата на неуспехот, го зголемува секој нанесен удар и го отежнува закрепнувањето. Егото нѐ кочи во секоја фаза.

    „Егото е непријател“ се повикува на широк дијапазон приказни и примери, од литературата, до философијата и историјата. Запознаваме фасцинантни фигури како Хауард Хјуз, Кетрин Греам, Бил Беличик и Елеонор Рузвелт. Сите тие достигнале највисоко ниво на моќ и успех преку скротување на сопственото его. Нивните стратегии и тактики може да бидат и наши.

    Но зошто би се бореле против егото во ера што глорифицира социјални медиуми, реални ТВ-шоуа и други облици на бесрамна себепромоција? Вооружени со лекциите од оваа книга, ќе научите, како што вели Холидеј, „да се посветите помалку на приказната што ја раскажувате за сопствената посебност и, како резултат, ќе бидете слободни да ги постигнете важните цели што си ги имате зададено“.


  • img-book

    Длабоко искрена, но без да ви остави простор да ја сожалувате. СВОЈА е животна приказна раскажана во еден здив, која се чита баш така, во еден здив. Приказна за погрешните перцепции, предрасудите, личните борби и животот под маски. Неверојатно женска книга за љубовта, разочарувањата, погрешните и вистинските избори, книга од која неизбежно ќе затреперите, на моменти ќе забележите дека сте го запреле здивот, а на моменти ќе се препознаете себеси како во огледало. Ова е уникатно четиво кое истовремено мотивира, инспирира, охрабрува и незапирливо ве менува и ве трансформира да ја побарате посилната, подобра верзија од себе и од својот живот.

    – Катерина Златановска Попова, експерт за развој на човечки потенцијал 

    (28.10.2020, Скопје, МКД)


    Своја од: 450 ден