9. Популарна психологија (196)
  • img-book

    Со промена на вибрациите до финансиска слобода!

     

    Ова не е обична книга за парите, ова е необична книга за парите.

    Ова е духовна книга за парите бидејќи парите се дел од духовноста.

    Само нè убедувале дека не се. Нè убедувале дека не смееме да ги сакаме или да ги имаме. Оваа книга може да ви помогне да сфатите дека не е така. Дека сме дојдени како духовни битија во материјалниот свет за да можеме да го живееме балансот меѓу духовното и материјалното. Но дека прво поентата е да БИДЕШ за да можеш да ја живееш сета убавина и да ИМАШ.

    ИМАЈ ќе биде ваша награда за БИДИ. Ова е книга што ќе ги освести вашите негативни програми за парите, која ќе ви помогне да ги промените вашите убедувања што не ви служат, која ќе ве воведе во методите со кои ќе ја менувате својата вибрација кон парите и која ќе стане ваш сопатник во практиката на патот до остварување финансиска слобода. Вреди да бидете возбудени бидејќи, штом ќе поверувате во она што ќе го прочитате овде и ќе станете доследни во практичната примена на наученото, финансиското изобилство и слобода ќе станат дел од вашата реалност.

    А слободата е најголемиот подарок што можете да си го подарите себеси.


    БИДИ И ИМАЈ од: 650 ден
  • img-book

    Вие имате моќ да го промените својот живот! Зашто во себе веќе ги носите алатките потребни за тоа. Тие алатки се вашите мисли и убедувања. Со нивна помош ќе го победите стравот и ќе ја зголемите самодовербата; ќе се ослободите од стресот и ќе станете поздрави; ќе постигнете деловен успех и ќе стекнете пари и благосостојба; ќе се исполните со благотворна љубов кон себе и кон другите, ќе уживате во пријателството и интимноста!

    Само размислувајте позитивно – ете колку е едноставно! И што е уште поважно, тоа е изводливо. Кога ќе почнете да ги применувате афирмациите, ќе бидете сведоци на мали чуда во своето постоење. Сѐ што сте подготвени да отстраните од својот живот, ќе исчезне само по себе. Сѐ што посакувате, ќе почне да се појавува навидум од никаде. Ќе бидете наградени така како што никогаш не сте можеле да замислите!


  • img-book

    Живот, осврт кон вашиот животен пат е длабоко медитативна, инспиративна и над сè возбудлива книга полна со оптимизам. Таа ќе ви помогне да препознаете и да решите многу значајни прашања со кои се среќавате на својот животен пат. Како и секогаш, Лујза Хеј се занимава со најважните теми – детството и растењето, себеприфањето, врските, работата, здравјето, духовноста, стареењето, смртта… Искрено човечки и со едноставни зборови, таа ви помага на најдобар начин да се соочите со проблемите, стравовите и предизвиците низ кои секојдневно поминувате, и ви нуди ефикасни решенија за нивно надминување.

    Без оглед на тоа со какви пречки се соочувате на својот животен пат, Лујза Хеј постојано ве потсетува дека величествениот, восхитувачки, на моменти застрашувачки или комичен феномен што ќе го искусите од мигот на раѓањето до мигот на заминувањето од оваа наша прекрасна планета, е всушност ЖИВОТОТ. Уживајте во неговото чудо!


    ЖИВОТ од: 280 ден
  • img-book

    Моќта на самодовербата е неверојатна книга што ви дава бесценети совети и конкретни насоки за себеразвивање преку зацврстување на самодовербата. На тој начин, таа ви ја отвора вратата кон еден поисполнет и порадосен живот. Брајан Трејси, најпознатиот светски гуру за мотивација и продажба, несебично споделува со нас повеќе практично докажани техники за развивање на самодовербата, која е клучна за постигнување на успех и среќа.

    Самодовербата е способност да се осмелите да ги преземете потребните ризици без гаранција дека ќе успеете. Добрата работа е што и таа, како и секоја друга особина или вештина, може да се развива преку редовни вежби за развој во секоја област од животот.

    Што би направиле денес доколку знаете дека исходот ви е загарантиран? Би го договориле состанокот? Би ја поканиле личноста што ви се допаѓа да излезете? Би го склучиле договорот? Секако! Ако зрачите со самодоверба, вие би го постигнале посакуваниот резултат и биле побрзи, поефикасни во работата и би влијаеле позитивно и врз другите луѓе. Оваа книга ќе ви помогне да ја разберете моќта на самодовербата, да дознаете како да ја примените кај себе и кај другите и да уживате во плодовите што таа ќе ви ги донесе!


  • img-book

    Јазикот коски нема, но коски крши, вели народната мудрост. А сите сме почувствувале дека некогаш зборовите печат повеќе и од шлаканица. Користејќи ги како моќни алатки, но и како смртоносни оружја, негувачкиот и критичкиот родител можат да го демотивираат, па дури и трајно да го оштетат своето дете, или пак позитивно да го поттикнат неговиот развој, создавајќи на тој начин возрасен човек што ќе го има истото мислење за себе какво што имале и неговите родители. Репертоарот на погрдните (дискаунтирачки) зборови е огромен: вол, свиња, гуска, кокошка, глупак, смотан, трчи-лажи… Свесно или несвесно омаловажувајќи го, родителите засекогаш запечатуваат во детската свест одредени „сценарија“ за неговата личност и судбина. .

    Оружјата на критичкиот и лекот на негувачкиот родител е предупредување за моќта на зборот и книга-апел што ни е потребна на сите, зашто секој од нас треба да ја преземе одговорноста за искажаните зборови и за нивното влијание, особено врз децата. .


  • img-book

    Кога ќе ја чуе песната на Битлси Тору Ватанабе се сеќава на својата прва љубов Наоко девојката на неговиот најдобар пријател Кизуки. Истиот миг во мислите се враќа во минатото кога пред речиси дваесет години ги минувал студентските денови во Токио загубен во свет на тегобни пријателства патемен секс страст загуби и копнежи – во времето кога во неговиот живот влегла незауздената млада жена Мидори а тој морал да избира меѓу иднината и минатото.
    Норвешка шума е најпознатиот роман на Харуки Мураками култна книга која неодамна беше најголем јапонски бестселер на сите времиња. Само во Јапонија се продадени над четири милиони примероци.

    Оваа книга е полна со студентски бунтови, слободна љубов и поп-музика од шеесеттите години. Исто така, таа е вистински емотивна и ги опишува врвовите, но и најдлабоките падови на растењето. Индепендент

    Трогателна приказна што погодува право во срцето… Мураками е несомнено еден од најдобрите светски романсиери. Глазгов хералд

    Мураками го гради своето книжевно ткиво на толку префинет, пајажинест начин, што сè што ќе реши да опише, трепери од безброј симболични можности. Гардијан


    НОРВЕШКА ШУМА од: 500 ден
  • img-book

    НЕВЕРОЈАТНА КНИГА ЗА ЉУБОВТА И ОСАМЕНОСТА, ВОЈНАТА И УМЕТНОСТА – УШТЕ ЕДНО РЕМЕК-ДЕЛО НА ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СОВРЕМЕНИ ПИСАТЕЛИ

    По разделбата со сопругата, триесет и нештогодишниот сликар одлучува да оди да живее на планина во куќата на еден познат уметник, татко на негов пријател. Деновите му поминуваат во сликање, готвење, слушање музика на грамофонот и пиење чаша виски навечер. Но еден ден случајно открива чудна слика скриена на таванот и не сакајќи го отвора кругот од мистериозни случувања во кој се вплеткани неговиот мистериозен сосед, едно таинствено ѕвонче, тринаесетгодишно девојче, обидот за атентат на нацистички функционер и страшното подземје. За да го затвори кругот, уметникот мора да тргне на опасно патување за себеоткривање во волшебното подземје какво што само Харуки Мураками може да создаде.


  • img-book

    Кафка на брегот е едно од најамбициозните дела на мајсторот на современата јапонска проза, Харуки Мураками. Овој бисер на метафизичкиот реализам ја следи судбината на два впечатлици лика: жртвата на едиповската фрустрација, тинејџерот – бегалец Кафка Тамура, и остарениот налудничав Наката, кој никогаш не закрепнал од воените трауми и кого Кафка необјасниво го привлекува. И додека патиштата на овие двајца навидум неспоиви ликови се доближуваат, пред нас се отвора фантастичен свет во кој мачките зборуваат, проститутката која работи за еден морничав сводник го цитира Хегел, во шумата се среќаваат војници за кои времето застанало во Втората светска војна, а од небото лее порој од риби.. Се случува и сурово убиство. Која е жртвата? Кој е убиецот? Восхитениот читател ќе ги добие сите одговори – заедно со разјаснувањето на судбината на Кафка и Наката.

    Бајковитиот свет на Кафка на брегот е вистински показ на мајсторството на големиот раскажувач Мураками, роман од кој извира раскошниот талент на еден од најголемите светски автори на врвот на својата творечка сила.

    „Напнат роман што се чита без здив, но и предизвикувачка метафизичка гимнастика за умот. А под сите тие трескави патешествија набиени со симболика нè влече нешто потсвесно, скоро еднакво силно како сексот и животот: ништотноста, ништото, блажената празника. Мураками е нежен слика на негативните простори.“

    Њујоркер


    Кафка на брегот од: 500 ден
  • img-book

    Болката е неизбежна. Страдањето е избор.

    Во 1982 година, откако ќе го продаде својот џез-клуб за да се посвети на пишувањето, Мураками почнува да трча за да се одржи во добра физичка форма.

    По многу години и по голем број истрчани трки и маратони, додека тренира за Њујоршкиот маратон, Мураками одлучува да ни ги раскаже своите искуства и да ни открие какво влијание имало трчањето врз неговиот живот и пишувањето. Резултатот се овие прекрасни мемоари за неговите испреплетени страсти – трчањето и пишувањето – што изобилуваат со спомени, размисли и заклучоци од сопствените увиди, вклучувајќи го и точниот момент кога одлучува да стане писател.

    Едновремено смешно и сериозно, разиграно и филозофско, За што зборувам кога зборувам за трчањето е задолжително четиво за обожавателите на овој генијален но повлечен писател, како и за огромниот број спортисти кои наоѓаат слично задоволство во трчањето.

    „Читајќи ја оваа книга, оние кои не трчаат веројатно ќе се прашаат: ’Зошто морал да истрча 100 километри кога знаел дека ќе боли?‘ Но оние кои трчаат ќе постават поинакво прашање: ’Зошто јас никогаш не сум го направил тоа?‘“ Гардијан


  • img-book

    Цукуру Тазаки има четворица најдобри пријатели. Секој од нив во своето име содржи боја. Сите, освен Цукуру. Нивното пријателство е толку интензивно, искрено и силно што изгледа речиси нескршливо. Сè до еден ден. Ден кога се прекинува грубо и одненадеж. Кога тие му соопштуваат дека не сакаат да го видат, или да зборуваат со него, никогаш повеќе… Оваа случка толку го погодува Цукуру што му го менува неповратно животот. Оттогаш минуваат години, безбојни и испразнети, сè додека не ја сретне Сара, која ќе го поттурне во едно необично, од животно значење, патување. Роман за љубовта, пријателството, болката која трае. Исклучителна приказна за младото момче прогонувано од огромна загуба, за соништата, кошмарите и за патувањата назад во минатото. Вистински пример за мајсторство на јазикот и на психолошкото портретирање на ликовите, нивните битки и премрежија, ова е роман кој хипнотизира. Безбојниот Цукуру Тазаки… не е книга за еден ден, ова е книга која го обојува животот на секој читател, засекогаш!


  • img-book

    Приказна за пријателството и љубовта, за илузиите и сенките од минатото, зачинета со многу надреални елементи на границата помеѓу јавето и сонот, стварноста и привидот. Во средина во која не се целосно прифатени, Хајиме и Шимамото уште како деца заедно му се спротивставуваат на светот. Иако животниот пат ги разделува во младоста, повторно ќе ги спои по многу години, кога веќе имаат сосем различни животи. Ќе успее ли да победи љубовта? Додека на грамофонот се врти плочата Јужно од границата, западно од сонцето, Хајиме во мислите се навраќа на безгрижните детски денови поминати со Шимамото, преплавен од каење поради пропуштените можности.

    Типично во стилот на голем книжевен мајстор, Мураками раскажува како со неколку погрешни одлуки човек може да го уништи животот – и сопствениот и на саканото човечко битие. А кога тоа ќе се случи, раната никогаш не зацелува.

    Проникливо и длабоко размислување за човечката ранливост, за моќта на опсесијата, за загатките на еротската мистерија.

    Њујорк тајмс


  • img-book

    Записи од различни краишта на светот. Ораторски говори, поезија, научни трудови и патопис за селото Матка, врамени во четири поглавја. Записи за далечините, записи за Македонија, записи за едно постоење.


    Додадена
    Записи од: 210 ден
  • img-book

    Книгата ги осветлува двете страни на паричката наречена човек. Од едната страна се чувствата, субјективни и тешки за дефинирање, но многу проучувани, кои претставуваат огромен дел од човековото искуство. Од другата страна е физичкото функционирање и здравјето, што традиционално и погрешно се разгледува одделно од емоционалниот живот. Двете приказни неизбежно конвергираат за да го доловат човекот, во кој на неверојатен начин се испреплетени психичкото и физичкото.

    И, иако терминот психосоматика некои луѓе можеби си го поврзуваат со замислена болест, овде ќе покажеме дека чувствата и мислите можат да нè разболат или да нè излекуваат на мноштво начини, што дефинитивно не се само „во нашата глава“.


    Психосоматика од: 380 ден
  • img-book

    Разбудете се и преземете ја контролата врз својот живот!

    Веќе 30 години Разбудете го џинот во себе го задржува приматот на една од најзначајните книги за мотивација и самопомош што биле некогаш напишани. Милиони луѓе се будат со помислата дека нема да прифатат ништо помалку од неверојатен живот. И сето тоа благодарејќи на ефикасните совети и најквалитетните техники за самоусовршување кои ќе ви овозможат да станете личност каква што секогаш сте сонувале да бидете.

    Ентони Робинс, реномираниот експерт за психолошкиот процес на промените, ни ги открива најефикасните стратегии и техники за справување со емоциите, со промените на нашето тело, со врските, финансиите и воопшто со сето она што го сочинува нашиот живот. Ни нуди програма која чекор по чекор нè учи на основните лекции како да завладееме со сопствената судбина, кои ќе ни помогнат да ја откриеме вистинската цел во животот, да ја преземеме контролата и да завладееме со силите кои ни ја обликуваат судбината.

    „Тони Робинс е еден од највлијателните луѓе на оваа генерација. Разбудете го џинот во себе е фасцинантно претставување на најновите наоди и согледувања низ цел еден спектар прашања, вклучувајќи ја и сè поголемата свесност дека вистинскиот успех се состои, пред сè, во трајните вредности и во помагањето на другите.“ Стивен Р. КОВИ


  • img-book

    Бестселер на Њујорк тајмс, книга на годината на Фајненшл тајмс, Блумберг, Чикаго трибј

    Како еден кубански шпион поминал над 25 години во Пентагон без да биде откриен? Зошто британскиот премиер Чејмберлен сметал дека може да му верува на Хитлер? Како рутинското застанување во сообраќајот може да се претвори во трагедија? И зошто е толку тешко да се открие лага, да се прочита изразот на нечие лице или да се проценат туѓите мотиви?…Затоа што честопати погрешно ги разбираме луѓето што не ги познаваме.

    Преку низа анегдоти од областа на историјата, психологијата и законот, Гледвел нѐ поведува во интелектуална авантура низ потемната страна на човечката природа, каде што непознатите луѓе и нивните постапки ни се голема мистерија, а погрешното расудување за нив доведува до катастрофални последици. Фасцинантна книга што нè поттикнува да ги преиспитаме своите начини за справување со непознатото.

    Книга од која можеме да научиме како да разговараме со непознатите за да ги избегнеме недоразбирањата и конфликтите кои честопати можат да бидат и фатални.


  • img-book

    Длабоко искрена, но без да ви остави простор да ја сожалувате. СВОЈА е животна приказна раскажана во еден здив, која се чита баш така, во еден здив. Приказна за погрешните перцепции, предрасудите, личните борби и животот под маски. Неверојатно женска книга за љубовта, разочарувањата, погрешните и вистинските избори, книга од која неизбежно ќе затреперите, на моменти ќе забележите дека сте го запреле здивот, а на моменти ќе се препознаете себеси како во огледало. Ова е уникатно четиво кое истовремено мотивира, инспирира, охрабрува и незапирливо ве менува и ве трансформира да ја побарате посилната, подобра верзија од себе и од својот живот.

    – Катерина Златановска Попова, експерт за развој на човечки потенцијал 

    (28.10.2020, Скопје, МКД)


    Своја од: 450 ден