9. Популарна психологија (196)
  • img-book

    Ерик Берн, врвен психотерапевт и основач на трансакциската анализа, во оваа книга дава сеопфатен преглед на сексуалноста заснован врз серија негови предавања. Неговата способност сложените меѓусебните односи да ги изрази на едноставен начин ќе ви помогне да ја разберете поврзаноста на сексот и љубовта, како два важни аспекта на човековите односи. • Која е функцијата на сексот во различните видови односи?

    • Која е функцијата на сексот во различните видови односи? • Зошто сексот не е само секс? • Кога сексот е блискост, а кога станува игра, ритуал или повлекување? • Што зборува сексуалното однесување за нас како личности? • Која е улогата на сексот во психолошките игри? .Тука нема да најдете девијантни изблици на сексуално однесување својствено за психијатриски третман, туку со доза на сатира се манифестира локалниот однос кон сексот и предрасудите во врска со него. Од времето кога е издадена, Сексот во љубовта ги детабуизира темите за љубовта и сексот, со што дава придонес кон сексуалната еманципација на интересен, структириран и квалитетен начин.


  • img-book

    Третото продолжение на светскиот хит ТАЈНА (The secret). Во Магија, Ронда Бирн пред светот го открива знаењето кое може да го смени сечиј живот. Така, на едно неверојатно 28-дневно патување, те учи како можеш тоа знаење да го применуваш во секојдневниот живот. Без оглед кој си, каде си, без оглед на моменталните услови во кои си, Магијата ќе ти го смени целиот живот!


    Магија од: 420 ден
  • img-book

    Ова е приказна за сите родители, другари, братство без сон. Ова е кратка борба против оној чип за заборавање кој ни го вградила Мајката Природа, затоа што ако се сеќаваме на сето она што го проживеавме со децата, наталитетот драстично би опаднал.
    (Од легендарната приказна „Бебе“ која ги запали социјалните мрежи и интернет порталите, и го насмеа целиот регион)

    „Во училиштата за родители или на индивидуалните советувања, кога и да видам преплашени родителски погледи, пред какви било прашања, посакувам да кажам: ‘Опуштено, тоа е сосем нормално!’ И, токму тука, моќната интервенција за нормализација, од корица до корица, е пресликана во книгата од Јелица Грегановиќ.
    Ќе воздивнувате на секоја реченица! Авторката не само што нормализира многу детски и родителски стравови, амбиции, тагa, расправии, туку како бонус нуди неуморна духовитост која сигурнo ќе ги доситни и најмалите сомнежи во тоа дека нормалноста нема граници. Како ни љубовта, фантазијата, довербата – барем не кога се во прашање децата и родителите.
    Книгата доверливо и пријателски ве повикува да ги гушнете своите деца или да ѝ се јавите на својата мајка!“
    Наташа Ѓурица, психолог


    Се викам МАМА од: 390 ден
  • img-book

    • Блиските ти велат дека поставуваш премногу прашања.
    • Во твојата глава секогаш нешто се виори – понекогаш сонуваш за да притиснеш на тастатурата и да го исклучиш умот.
    • Имаш впечаток дека си од друга планета.
    • Не успеваш да го пронајдеш своето место.
    • Се чувствуваш несфатено.

    Дали некоја од овие реченици те опишува токму тебе? Ако е така, сигурно ќе се препознаеш во профилот на исклучително размислувачка личност. Да се биде исклучително размислувачки е навистина заморно, ама твојот мозок – е токму тој што премногу размислува – тој е вистински скапоцен камен. Неговата суптилност, сложеност и брзината со која делува, навистина се восхитувачки, а по силата тој може да се спореди со моторот на формула.
    Ама болидот не е обичен автомобил за трки. Кога го вози некој невешт, може да се покаже кревок и погубен. За да ги искористи своите потенцијали, формулата треба да ја управува многу вешт возач и да има соодветна писта.
    Досега твојот палав мозок те водеше по слепи патеки. Ама време е да го преземеш управувачот и тоа веќе уште денес. Благодарение на оваа книга ќе научиш да ги користиш извонредните можности на својот мозок кои што порано ти изгледаа недофатливи! А покрај тоа ќе почувствуваш и олеснување, па ќе се прифатиш себе си и својот фантастичен ум. Најпосле ќе здивнеш.


  • img-book

    Креативноста е обвиена со толку голема мистика. На старите Грци тоа им било магично тоа им било толку магично, што моментот на инспирација го препишале на музите, наместо на луѓето.

    Оваа книга ја открива креативноста како процес. Покажува дека пред да бидете погодени од молњата на креативниот гениј, треба да следите неколку чекори. Ви покажува како да ги подготвите вашите мисли за да дојдете до идеи. Исто така, таа ви нуди и одредени техники како помош при различните пристапи кон проблемите.

    Дејв Бирс е поранешен креативен директор во адвертајзинг. Сега го води ,,Адитив” (Additive), бизнис чија цел е да го инспирира и поттикне маркетинг светот. Тој, исто така, е и домаќин на подкастот ,,Фјучр оф адвертајзинг” (Future of Advertising), држи говори на настани ширум светот, работи како ментор во ,,Скул оф комуникeјшн артс” (School of Communication Arts) и го дава својот мозок под наем на компании што сакаат свежи идеи. Подготвува и други книги.


  • img-book

    Ова е прва од серијата мали книги Аутизам: Да се биде професионален родител, во која Богдашина го споделува она што го има научено и го учи за аутизмот. Првиот дел од оваа серија (Истражување на сензорниот свет на аутизмот) опфаќа голем број сензорни перцепциски прашања и дава идеи и совети, што ќе ги инспирира и информира оние што живеат или работат со аутистични деца. Книгата е особено наменета за родителите со деца со аутизам и ќе ги насочува низ најситните детали, не само во живеењето туку и во успехот – заедно со нивните деца со аутизам. Книгата содржи 12 поглавја, а секое поглавје опфаќа лична приказна, во која се претставуваат еден или два сензорни проблеми, кои се чести кај аутизмот, информации и истражувања поврзани со темата обработена во првиот дел, како и објаснувања на појавите, практични совети и дополнителни информации. ДЕЦАТА СО АУТИЗАМ ЗАСЛУЖУВААТ ДА БИДАТ СЛУШНАТИ. ТИЕ ИМААТ ПРАВО НА КВАЛИТЕТНО ОБРАЗОВАНИЕ, СООДВЕТНО ВРАБОТУВАЊЕ И ПРАВИЛНА ИНТЕГРАЦИЈА ВО ОПШТЕСТВОТО. КУПУВАЈЌИ ЈА ОВАА КНИГА ВИЕ ДАВАТЕ СКРОМЕН ПРИДОНЕС КОН ОСТВАРУВАЊЕТО НА ОВАА ЦЕЛ: СРЕДСТВАТА ОД ПРОДАЖБАТА ЌЕ БИДАТ ДОНИРАНИ ВО ЗДРУЖЕНИЕТО ,,СИНА СВЕТИЛКА“, ЗДРУЖЕНИЕ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА ЖИВОТ НА ЛИЦАТА СО АУТИСТИЧЕН СПЕКТАР НА НАРУШУВАЊЕ.


  • img-book

    Ако сакате да бидете херој, тоа е лесно. Само вршете си ја должноста!

    Уште една инспиративна книга за доблестите на секојдневните херои од популарниот автор на Намести си го креветот! Потсетник дека насекаде околу нас постојат херои слични на оние кои Мекрејвен ги среќавал во својот живот.

    Кога бил мал Мекрејвен сонувал да стане супермен, да има супермоќи со кои ќе им помага на луѓето. Но растејќи и патувајќи низ светот, сфатил дека насекаде има такви херои. Обични луѓе со квалитети што им даваат моќ да помагаат и да го направат светот поубаво место за живеење. Луѓе со физичка и морална храброст и длабоко чувство за интегритет, подготвени да се жртвуваат за другите. Секој од нас го носи во себе тој вроден код што постои уште од настанувањето на човечкиот род. Во секој од нас се крие херој.

    Кодексот на хероите не е сложувалка или некоја тајна порака. Не е шифра, таен јазик или некаква загатка. Тој е збир од непишани правила за однесување, лекции за доблеста кои стануваат темел на нашиот карактер додека градиме животот вреден за почит.


  • img-book

    Новото продолжение на серијалот Разговори со Бога – Разбуди го човештвото е еден неверојатен повик кон секој читател да придонесе кон освестувањето на човештвото. Тоа ни носи вчудовидувачки откровенија кои ги прошируваат гледиштата за нашата лична и колективна иднина, како и за нашето место во вселената.

    Овој нов разговор со Бога нè соочува со две прашања: Дали некои високоразвиени суштества од друга димензија ѝ нудат помош на човечката раса? Дали здружувајќи се за да ѝ помогнат на планетава во овој критичен период, луѓето добиваат шанса да ја унапредат својата еволуција?

    Очекуваниот одговор на двете прашања е позитивен. Доколку човечката раса усвои барем неколку од уникатните начини на кои високоразвиените суштества реагираат на животот, ќе добие можност да го постави текот на светската историја на бескрајно подобар пат.

    Оваа книга е прекрасен дар за сите кои тргнале во потрага по вистината, со искрено срце и отворен ум.


  • img-book

    Што точно се случува сега? Кои се најголемите предизвици и избори што стојат пред човештвото? Зошто демократијата е во криза? Што можеме да направиме за епидемијата од лажни вести? Која цивилизација доминира со светот? Што треба да ги учиме нашите деца?

    Во дваесет и едно поглавје, секое длабоко и провокативно, се презентираат комплексните современи предизвици на јасен и достапен начин, предизвикувајќи го читателот да ги земе предвид вредностите, значењето и личниот ангажман во овој свет полн со неизвесност. Некои делови од книгата се посветени на технологијата и на нејзиниот развој, некои на религијата, некои на уметноста, на човечката мудрост. На секој проблем му е посветено по едно поглавје: илузиите и работата, слободата и еднаквоста, заедницата, цивилизацијата, национализмот, религијата, имиграцијата, тероризмот, војната, секуларноста, незнаењето, правдата, образованието, медитацијата.

    Харари нѐ подготвува за иднина која многу ќе се разликува од сегашноста и ни укажува на прашањата што треба да си ги поставиме за да преживееме. Како што објаснува самиот, книгата претставува збир на одбрани лекции кои не завршуваат со едноставни одговори, туку имаат цел да поттикнат понатамошни размислувања.


  • img-book

    Ако сакате да си го промените животот кон подобро, почнете со тоа што наутро ќе си го наместите креветот! Вака адмирал Вилијам Х. Мекрејвен ги советува студентите од Универзитетот во Тексас на првиот ден од студиите. Црпејќи инспирација од универзитетскиот слоган „Она што започнува овде ќе го смени светот“, тој ги споделува со нив своите десет начела научени за време на обуката во Американската воена морнарица, кои му помогнале да ги надмине предизвиците не само во долгата кариера како маринец туку и во животот.

    Во оваа своја мала но вдахновена книга тој објаснува како секој може да ги искористи овие основни и едноставни лекции за да се промени себеси – а можеби и светот. Пренесувајќи ни ги своите суштинските начела, Мекрејвен раскажува потресни и инспиритивни приказни од својот живот и од животите на луѓето што ги запознал за време на воената обука и служба, кои понекогаш морале одлучно, сочувствено, чесно и смело да донесат тешки одлуки.

    Раскажана со неверојатен оптимизам, Намести си го креветот нуди едноставни мудрости, практични совети и охрабрување што нѐ инспирираат да работиме и да оствариме повеќе во својот живот, дури и во неговите најмрачни моменти.


  • img-book

    ебињата се чудо! Не е важно колку деца имате, искуството со секое е ново, различно, посебно, и како родител никогаш не престанувате да се грижите што е најдобро за вашето дете.

    Мудар родител – среќно бебе е модерна библија за родителите на дваесет и првиот век. Во седум лесни чекори, психологинката и семеен терапевт Хедвиг Монтгомери ги води родителите низ првите 24 месеци од детскиот живот. Бидејќи првите две години од животот се навистина чудесни. Неверојатно е да се воспитува дете од првите денови, од немоќно бебе што само лежи или лази до дете што чекори покрај вас и говори. Во еден момент тоа не може ништо, а веќе во следниот може сè. Тие две години се како цела вечност, еден посебен универзум. И затоа е потребен овој придружник!

    Како да имате среќно дете? Како да стекнете доверба? Како да го подготвите детето за тешките нешта што следуваат? Колку навистина смеете да бидете нервозни? Која е најчестата грешка што ја прават родителите?

    Мудар родител– среќно бебе е поучна и едноставна книга, која ќе ве научи како да станете родител каков што посакувате да бидете.


  • img-book

    За првпат објавена во 1960 г., Психокибернетика до ден-денес го држи приматот на бестселер со продадени над триесет милиони примероци во светот. Се смета за авторитетно дело во областа на личниот развој од кое инспирација црпат многу експерти, како Зиг Зиглар, Тони Робинс и Брајан Трејси. Нејзините ефикасни методи ги применуваат генерации врвни спортисти, претприемачи, студенти и обични луѓе, кои откриле дека успехот не само што е возможен туку е и зачудувачки лесно достижен.

    Работејќи како врвен пластичен хирург, Молц открил дека на своите пациенти не им го менува само ликот туку и внатрешното Јас. Во оваа книга тој за првпат ја дефинира поврзаноста меѓу умот и телото, воведувајќи го позитивниот став како средство за промена. Психокибернетика ви покажува како да ја подобрите сликата за себе, ви нуди вежби за релаксација и визуализација, ви помага да ги отстраните емоционалните лузни, да направите емотивен лифтинг – и да ги достигнете успехот и среќата што ги посакувате.

    Среќата и успехот се навика; истото важи и за неуспехот и сожалувањето. Но вие можете да ги смените негативните навики со неверојатната моќ на психокибернетиката!


  • img-book

    Во ова продолжение на светскиот бестселер Патот кон величественоста, Робин Шарма нè запознава со филозофијата на животот и ни ги пренесува своите техниките со чија помош станал еден од најценетите советници за прашањата на лидерството и на личниот успех. Во овој неверојатно инспиративен водич ќе пронајдете 101 едноставна, но моќна лекција која ќе ви помогне го подобрите секој аспект од својот живот и со тоа да достигнете светска класа во работата и во животот, да научите како да остварите вчудовидувачки успех, да ги пронајдете неопходната инспирација, страст и елан, да станете исклучителни, да откриете како да бидете среќни и подобро да се забавувате, храбро и вешто да ги надминете тешките времиња и да ги поедноставите професионалниот и личниот живот.На страниците на оваа книга ќе најдете и невообичаени совети што ќе ви влеат енергија и елан. На пример: „Бидете толку добри што нема да можат да ве игнорираат“, „За да добиете – барајте“, „Живејте возбудлив живот“…„Робин Шарма има ретка дарба да пишува книги што на луѓето навистина им го менуваат животот“. Ричард Карлсон


    Додадена
  • img-book

    Преку јасни, практични и лекции што се учат лесно – по една на ден во текот на сто дена – познатиот будистички свештеник Шунмио Масуно евоцира мудрост стара со векови за да ви покаже како да ја применувате суштината на зен-будизмот во модерното живеење.

    Тука ќе научите како длабоко да издишувате за да ги исфрлите негативните емоции, како да го средувате својот дом едноставно, што ќе ви помогне да ги расчистите вашите мисли, да ги подредувате обувките навечер за да внесете ред во вашиот ум, да засадите едно цвеќе и да гледате како расте, помалку да се грижите за она што не можете да го контролирате и уште многу други нешта…

    Дури и ќе си создадете време за да не размислувате за ништо.

    Поедноставете си го животот со уметноста на зен-будизмот и научете како да се чувствувате порелаксирано, поисполнето и со обновено чувство на мир и спокој.


  • img-book

    БЕСТСЕЛЕР ОД АНА БУЧЕВИЌ, НАЈЗНАЧАЈНАТА БАЛКАНСКА АВТОРКА НА МОДЕРНА ПСИХОЛОГИЈА И МОТИВАЦИСКИ ГОВОРНИК БРОЈ 1!

    Креирајте ја сопствената стварност со помош на Законот на привлекувањето и станете сведок на чудата во својот живот

    Знаеме ли кои сме, всушност? И што е животот? Кога ќе се потсетиме на еден закон на кој заборавиле да нè научат во училиште, сè добива сосема друга смисла. Тоа е Законот на привлекувањето, кој е тука и дејствува. СЕКОГАШ. Прашање е само дали сме свесни за тоа.
    Сите сме креатори на сопствениот живот, само некој го креира свесно, а некој несвесно. Сите имаме добиено дарба со која ќе знаеме дали сме на добриот пат или малку сме скршнале од него. Таа дарба се нашите емоции. Тие се наш водич и показател на нашите мисли, кои се креативни. Емоциите ни зборуваат какви ни се мислите и што ќе привлечеме во својот живот.
    Постојат алатки и методи што ги користиме и тогаш животот добива сосема друга смисла зашто почнуваат да се случуваат ЧУДА! Чудата се основа на животот! И, ако во вашиот живот не се случуваат чуда, некаде грешите… Можете да привлечете пари, здравје, љубов, изобилство и среќа…
    Можете да бидете и да имате сè што ќе посакате затоа што и сте дошле на овој свет за да искусите кои сте навистина! КРЕАТОРИ НА СОПСТВЕНАТА СТВАРНОСТ!