9. Популарна психологија (190)
  • img-book

    Потребна ви е промена? Подготвени сте за промена? Преземете ја одговорноста за себе и својот живот во свои раце. Промената ќе биде успешна доколку навистина сакате да се развиете и доколку сте подготвени да учите како да ја прифатите одговорноста за самите себе.

    Бидете свој психотерапевт, преку вежби и теориски објаснувања, со зголемувањето на свеста за самиот себе, постепено нè приближува кон нас самите и нè  подготвува за промена. Ни помага подобро да ги запознаеме луѓето запознавајќи се себеси, да станеме посвесни за односот со нив и да го менуваме тој однос, доколку чувствуваме потреба за тоа. Таа ќе ги поттикне оние што сакаат понатаму да се развиваат, да го променат однесувањето со кое не се задоволни, да ги решаваат своите тешкотии и проблеми, да живеат поисполнето, порадосно и посреќно.

    Првиот чекор кон себетерапија започнува со читањето на оваа книга.


  • img-book

    За љубовта не треба дефиниција, љубовта е дефиниција.

    Ана Бучевиќ

     

    Кога се обидуваме да ја дефинираме љубовта, вибрациски се оддалечуваме од неа. Љубовта не се опишува, љубовта се чувствува. И љубовта се живее.

    Ако веќе сакаме да ја дефинираме, таа дефиниција нека биде опишана со емоции – љубов е чувството кога ќе стигнеш дома…

    За љубовта не треба дефиниција, но за сето она околу неа и за она што се однесува на неа треба. Токму поради недефинирањето на животните сегменти во кои се изразува љубовта, доаѓа до тоа луѓето сешто да нарекуваат љубов. Со оваа книга сакам да ви помогнам да дојдете до сопствените дефиниции поврзани со љубовта. Да се живее животот значи да се живее она што навистина сме. Љубовта…


    ШТО (НЕ) Е ЉУБОВ од: 650 ден
  • img-book

    КНИГА ЗА МУДРОСТА НА ВОСПИТУВАЊЕТО ДЕЦA ОД АНА БУЧЕВИЌ, НАЈЗНАЧАЈНАТА БАЛКАНСКА АВТОРКА НА МОДЕРНА ПСИХОЛОГИЈА И МОТИВАЦИСКИ ГОВОРНИК БРОЈ 1!

     

    Постојат книги што можат да ни го променат животот на подобро; книги од кои црпиме мудри спознанија, кои нè менуваат засекогаш и ја подигнуваат нашата свест на ниво од кое нема враќање во незнаење, а будењето на свеста е најдобар двигател на промените.

    „Сафари на духот“ е токму таква книга – нејзината замисла е, откако ќе ја прочитате, веќе ништо да не биде исто. Оваа книга зборува за мудроста на воспитувањето на сосема поинаков начин.

    Грешките во одгледувањето на децата предизвикани од незнаење ќе станат минато.

    Односот меѓу вас и вашето дете навистина ќе процвета. Можеби првпат ќе го видите своето дете онакво какво што навистина е. „Сафари на духот“ ќе ви даде одговори на многу прашања што си ги поставувате како родител или како некој што ќе стане родител.


    САФАРИ НА ДУХОТ од: 650 ден
  • img-book

    Од авторката на „Јади, моли се, уживај“! Без разлика дали сакате да откриете нови начини за решавање на предизвиците во тоа што го работите, или да напишете нешто, или да испробате да бидете креативни во некоја уметност, или едноставно сакате секојдневно да живеете со поголема СВЕСНОСТ и СТРАСТ, оваа книга ќе ви го отвори светот на чудата и среќата! Читатели од различни возрасти и сфери со години бараат инспирација во книгите на Елизабет Гилберт. Нејзината книга „Јади, моли се, уживај“ 199 недели била на првото место на листата на бестселери на „Њујорк тајмс“. Според неа е снимен истоимениот филм со Џулија Робертс, Хавиер Бардмен и Џејмс Франко. Сега оваа авторка копа длабоко во себе и во минатото искуство за да ги сподели својата МУДРОСТ и единствена перспектива за КРЕАТИВНОСТА! Со длабока емпатија и великодушност, нуди моќен увид во мистериозната природа на ИНСПИРАЦИЈАТА. Со „Големата магија“ Елизабет ги анализира ставовите, пристапите и навиките што ни се потребни за да живееме покреативен живот.


    Големата магија од: 400 ден
  • img-book

    Повеќе од петнаесет години најуспешните компании и најбогатите луѓе на светот ја применуваат формулата на Робин Шарма – еден од најбараните гуруа на денешнината. Оваа формула сега ви е достапна и вам, преку вдахновените пораки за тајните на успехот и личната среќа.Книгата Лидер без титула ќе ве научи:
    -Да бидете исклучителни во својата работа, без оглед на функцијата што ја имате
    -Да ја искористите секоја шанса во тешките времиња
    -Да изградите одличен тим и да станете продавач број 1
    -Да ги совладате тактиките за ментална стабилност и физичка снага
    -Да се изборите со стресот, да размислувате позитивно, да ослободите енергија и да постигнете хармоничен живот
    Без оглед на позицијата што ја заземате во компанијата и на моменталните околности во својот приватен живот, не заборавајте дека поседувате моќ да станете лидер. Оваа книга ќе ве научи како да ја стекнете оваа моќ и да го измените не само својот живот туку и светот околу вас.Дајте го својот максимум!

    „Од калуѓерот што го продаде ферарито до лидер без титула, Робин Шарма нè води по вистинскиот пат. Врзете се и уживајте во возењето“.Кевин Робертс, Сачи & Сачи

    „Робин Шарма има ретка дарба да пишува книги што вистински им го менуваат животот на луѓето“.Ричард Карлсон

    „Лидер без титула е книга што ќе ви го


    ЛИДЕР БЕЗ ТИТУЛА од: 380 ден
  • img-book

    Бестселерот Која игра ја играш? на психијатарот Ерик Берн е книга што им помогна на милиони луѓе да ја сфатат динамиката на врските и да го подобрат својот живот.

    Сите ние играме игри. Тоа го правиме при секоја средба со другите. Природата на овие игри зависи и од ситуацијата, но и од другиот учесник во играта. Оваа класика е најдостапната и најпроникливата книга напишана досега за игрите што ги играме: оние шаблони на однесување кои ги откриваат нашите вистински чувства и емоции. Со мудрост и досетливост ни ги покажува мотивите што се кријат зад нашите врски и ги истражува улогите што се обидуваме да ги играме – и сме принудени да ги играме. Која игра ја играш? ви го дава клучот за психологијата на другиот – и на самиот себеси. Ќе станете поискрени, поефикасни и вистински тимски играч.

    „Генијална, забавна и јасна илустрација на психолошкиот театар што луѓето непрестајно го играат.“ Курт Вонегат


  • img-book

    Кога ќе ја пронајдеш својата вистинската љубов, зграпчи ја. Минатото никогаш не се враќа за да го промениме. Една одлука влијае на целиот живот. Понекогаш изгледа страшно, изгледа тешко, сомнежите нè јадат однатре, двоумењето ни ги затвора очите и нè прави слепи и затворени за светот. Ричард Бах се плаши. Се плаши од тоа дека нема никогаш да ја пронајде вистинска љубов. Се плаши кога ќе ја пронајде. Се плаши дека се излажал. Во тој страв, кој му го задушува и кочи целото битие, тој решава да побегне, да побегне од љубовта воопшто. Меѓутоа, љубовта ги наоѓа своите патишта. Бах решава да порасне и да ја преземе одговорноста за себе и сопствениот живот, да ја прими љубовта со сето своето битие, затоа што, иако понекогаш боли, само така вистински се живее.Мост преку вечноста – Ричард Бах Една од најубавите љубовни приказни од авторот на култната книга Галебот Џонатан Ливингстон. Пишувана врз основа на автобиографски настани, на некој начин раскажувајчи ја својата животна сторија, Ричард бах раскажува за патиштата на љубовта и вечните дилеми, на тој начин изнесувајчи ни ја неговата животна филозофија. Кога ќе ја пронајдеш својата вистинската љубов, зграпчи ја! Минатото никогаш не се враќа за да го промениме. Една одлука влијае на целиот живот! Понекогаш изгледа страшно, изгледа тешко, сомнежите нè јадат однатре, двоумењето ни ги затвора очите и нè прави слепи и затворени за светот. Ричард Бах се плаши. Се плаши од тоа дека нема никогаш да ја пронајде вистинска љубов. Се плаши кога ќе ја пронајде. Се плаши дека се излажал. Во тој страв, кој му го задушува и кочи целото битие, тој решава да побегне, да побегне од љубовта воопшто. Меѓутоа, љубовта ги наоѓа своите патишта. Бах решава да порасне и да ја преземе одговорноста за себе и сопствениот живот, да ја прими љубовта со сето своето, затоа што, иако понекогаш боли, само така вистински се живее. Ричард Бах (1936- ) е американски автор, најпознат по својот роман Галебот Џонатан Ливингстон. Најголем дел од неговите книги се полу- автобиографски, во кои употребува вистински или фикционализирани настани однеговиот живот за да ја илустрира неговата филозофија: влегуваме во овој свет на Привиди и Појави за забава, за да учиме, да ги споделуваме искуствата со оние кои ни значат, да истражуваме, и најмногу – да научиме како да сакаме повторно и повторно. Ова е приказна за витезот на смртна постела и за принцезата која му го спасува животот. Ова е приказна за убавицата и ѕверот, за магиите и тврдините, за привидните сили на смртта и вистинските сили на животот. Ова е приказна за најважната авантура на светот, без оглед на векот во кој се одвива.


  • img-book

    Живееме во култура copy paste. Културата што доживеа подем со развојот на информационата технологија. Таа е производ на општеството на изобилието чии плодови се користат на секој чекор. Таа е промотор на глобалното село. Таа е резултат на судирот на индивидуалната егзистенција и општествениот систем. Култура на конфликтот. Контрадикторна култура до срцевината. Оксиморон. Електрицизам. Хибрис. Глобална култура со која управуваат ‘бунтовници’. Бунтот како поза. Вмрежени битници!:))

    Кои од придобивките на оваа култура copy paste ќе преживеат? Одговорот на ова прашање ќе го даде времето. Ние, во оваа библиотека, само ги пренесуваме. Ништо не проповедаме ниту симулираме. Само го пресликуваме она што се случува на полето на книжевноста, уметноста, бизнисот. Бизнисот? Да, зошто да не?! Впрочем, што останува кога ќе ја одвоиме уметноста од маркетингот? Празни галерии, сали и книги што никој не ги чита. Можеме да мрмориме и да негодуваме, но така е. Доколку тоа не ви се допаѓа имате друга опција: цут. јуст (дон’т) до ит!
    Октав Паранго, ненадминат првак во креирањето на рекламни слогани, поминува низ лош период во животот. Неговиот талент страда од претерување во консумирање на кокаин, трошење на пари, лесни девојки и непроспиени ноќи. Помеѓу монденскиот кварт Сен-Жермен де-Пре, семинарот во Африка и снимањето на реклами во Мајами, овој млад рекламџија ќе се обиде да ги состави делчињата од својот растурен професионален и сентиментален живот. Ексцесивна критика или документарен пастиш; како и да ја доживеете оваа книга, нема да им одолеете на духовитите забелешки на сметка на светот во кој живееме, затрупан со рекламни спотови што ни ги диктираат животните идеали.
    За Фредерик Бегбеде едни велат дека е лицемер, елитист и париски сноб. Други го сметаат за идеолошко дете на Мишел Уелбек и најдобар писател на новата книжевна сцена во Франција. Тој самиот, пак, тврди дека не е Бубо (буржуј боем) туку Бобу (богаташ бунтовник). За него пишувањето не значи да се објаснува животот, туку да се прикаже без шминка. Вели дека книгите мора да одат подалеку од телевизијата ако сакаат да поттикнат интерес. Тие мора да го покажат невидливото. Овој талентиран млад писател смета дека денес „непотчинувањето станало облик на потчинетост“ и дека „револтот претставува составен дел на играта“. Биди и ти дел од забавата.


    399 од: 199 ден
  • img-book

    Животот е она што ни се случува додека сме зафатени со други планови.

    Будење е најпродаваниот водич на Ентони де Мело за духовниот живот, што го зазеде местото на модерен класик за духовноста. Низ хумор, сочувство и разбирање им помага на читателите да ја разберат важноста на „будењето“, за да се спознаат себеси и светот околу себе.Со мноштво анегдоти и приказни, како и насоки и вежби за самопомош, оваа книга изобилува со вистинска мудрост и практични совети. Проникнува во универзалните прашања за промената, среќата, страдањето и загубата, и помага за справување со гневот, стравот и сите други негативни аспекти што се испречуваат на патот на љубовта.


    БУДЕЊЕ од: 280 ден
  • img-book

    Оваа мала збирка од 333 афирмации е за секој што ја прифаќа идејата дека во него лежи моќта за сѐ што сака да создаде. Моќ која е посилна од надворешните фактори што влијаат врз нашите животи. Ако верувате дека можете да го постигнете невозможното, и тоа благодарение на сопствените потенцијали, тогаш верувајте – ве очекуваат магични награди.

    Зар не е фасцинантно да знаете дека вие ја имате привилегијата да создадете свет каков што посакувате?! И тоа – преку своите мисли. Со енергијата на човечката мисла, секој има можност да создаде судбина каква што посакува. Затоа е многу важно да станеме свесни за сопствените мисли. Зашто мислата е енергија, а свесната мисла е насочена енергија. Афирмациите се свесни мисли кои влијаат врз разбистрување на умот и ни помагаат да ја одредиме дестинацијата каде што сакаме да патуваме.

    Донесете одлука и одберете ја својата реалност, со чиста и највозвишена мисла. Бидејќи кога ќе донесете одлука и ќе направите избор – магијата започнува. Вие тоа го заслужувате!


    333 АФИРМАЦИИ од: 250 ден
  • img-book

    Ерик Берн, врвен психотерапевт и основач на трансакциската анализа, во оваа книга дава сеопфатен преглед на сексуалноста заснован врз серија негови предавања. Неговата способност сложените меѓусебните односи да ги изрази на едноставен начин ќе ви помогне да ја разберете поврзаноста на сексот и љубовта, како два важни аспекта на човековите односи. • Која е функцијата на сексот во различните видови односи?

    • Која е функцијата на сексот во различните видови односи? • Зошто сексот не е само секс? • Кога сексот е блискост, а кога станува игра, ритуал или повлекување? • Што зборува сексуалното однесување за нас како личности? • Која е улогата на сексот во психолошките игри? .Тука нема да најдете девијантни изблици на сексуално однесување својствено за психијатриски третман, туку со доза на сатира се манифестира локалниот однос кон сексот и предрасудите во врска со него. Од времето кога е издадена, Сексот во љубовта ги детабуизира темите за љубовта и сексот, со што дава придонес кон сексуалната еманципација на интересен, структириран и квалитетен начин.


  • img-book

    Третото продолжение на светскиот хит ТАЈНА (The secret). Во Магија, Ронда Бирн пред светот го открива знаењето кое може да го смени сечиј живот. Така, на едно неверојатно 28-дневно патување, те учи како можеш тоа знаење да го применуваш во секојдневниот живот. Без оглед кој си, каде си, без оглед на моменталните услови во кои си, Магијата ќе ти го смени целиот живот!


    Магија од: 420 ден
  • img-book

    Ова е приказна за сите родители, другари, братство без сон. Ова е кратка борба против оној чип за заборавање кој ни го вградила Мајката Природа, затоа што ако се сеќаваме на сето она што го проживеавме со децата, наталитетот драстично би опаднал.
    (Од легендарната приказна „Бебе“ која ги запали социјалните мрежи и интернет порталите, и го насмеа целиот регион)

    „Во училиштата за родители или на индивидуалните советувања, кога и да видам преплашени родителски погледи, пред какви било прашања, посакувам да кажам: ‘Опуштено, тоа е сосем нормално!’ И, токму тука, моќната интервенција за нормализација, од корица до корица, е пресликана во книгата од Јелица Грегановиќ.
    Ќе воздивнувате на секоја реченица! Авторката не само што нормализира многу детски и родителски стравови, амбиции, тагa, расправии, туку како бонус нуди неуморна духовитост која сигурнo ќе ги доситни и најмалите сомнежи во тоа дека нормалноста нема граници. Како ни љубовта, фантазијата, довербата – барем не кога се во прашање децата и родителите.
    Книгата доверливо и пријателски ве повикува да ги гушнете своите деца или да ѝ се јавите на својата мајка!“
    Наташа Ѓурица, психолог


    Се викам МАМА од: 390 ден
  • img-book

    • Блиските ти велат дека поставуваш премногу прашања.
    • Во твојата глава секогаш нешто се виори – понекогаш сонуваш за да притиснеш на тастатурата и да го исклучиш умот.
    • Имаш впечаток дека си од друга планета.
    • Не успеваш да го пронајдеш своето место.
    • Се чувствуваш несфатено.

    Дали некоја од овие реченици те опишува токму тебе? Ако е така, сигурно ќе се препознаеш во профилот на исклучително размислувачка личност. Да се биде исклучително размислувачки е навистина заморно, ама твојот мозок – е токму тој што премногу размислува – тој е вистински скапоцен камен. Неговата суптилност, сложеност и брзината со која делува, навистина се восхитувачки, а по силата тој може да се спореди со моторот на формула.
    Ама болидот не е обичен автомобил за трки. Кога го вози некој невешт, може да се покаже кревок и погубен. За да ги искористи своите потенцијали, формулата треба да ја управува многу вешт возач и да има соодветна писта.
    Досега твојот палав мозок те водеше по слепи патеки. Ама време е да го преземеш управувачот и тоа веќе уште денес. Благодарение на оваа книга ќе научиш да ги користиш извонредните можности на својот мозок кои што порано ти изгледаа недофатливи! А покрај тоа ќе почувствуваш и олеснување, па ќе се прифатиш себе си и својот фантастичен ум. Најпосле ќе здивнеш.


  • img-book

    Креативноста е обвиена со толку голема мистика. На старите Грци тоа им било магично тоа им било толку магично, што моментот на инспирација го препишале на музите, наместо на луѓето.

    Оваа книга ја открива креативноста како процес. Покажува дека пред да бидете погодени од молњата на креативниот гениј, треба да следите неколку чекори. Ви покажува како да ги подготвите вашите мисли за да дојдете до идеи. Исто така, таа ви нуди и одредени техники како помош при различните пристапи кон проблемите.

    Дејв Бирс е поранешен креативен директор во адвертајзинг. Сега го води ,,Адитив” (Additive), бизнис чија цел е да го инспирира и поттикне маркетинг светот. Тој, исто така, е и домаќин на подкастот ,,Фјучр оф адвертајзинг” (Future of Advertising), држи говори на настани ширум светот, работи како ментор во ,,Скул оф комуникeјшн артс” (School of Communication Arts) и го дава својот мозок под наем на компании што сакаат свежи идеи. Подготвува и други книги.