9. Популарна психологија (196)
  • img-book

    По неколкудецениски истражувања, светски познатата психологинка Керол С. Двек од Универзитетот „Стенфорд“ истапува со едноставно, но воодушевувачко сознание за моќта на менталните ставови, што таа ги нарекува mindset. Во ова брилијантно дело, Двек ни покажува како начинот на кој се поставуваме кон своите дарби и вештини може драматично да влијае врз успехот што го имаме во учењето, работата, спортот, уметноста и во речиси секое друго поле. Личностите со статични светогледи потешко ќе напредуваат од оние кои веруваат дека способностите може да се развиваат. Спознавањето на својот ментален став објаснува како успешните родители, наставници, менаџери и спортисти ја применуваат таа идеја за да постигнат исклучителни резултати.

    Двек воведува феномен што го нарекува начин на размислување за лажен развој и ги насочува луѓето кон усвојување на подлабок начин на размислување за вистински развој. Таа, исто така, го проширува концептот надвор од поединецот, применувајќи го во групи и во организации.

    Со правилни вештини на размислување, можете да ги мотивирате оние што ги водите, ги учите или ги сакате – за да го трансформираат својот и вашиот живот.


  • img-book

    Книгата што посакувате да ја прочитале вашите родители од Филипа Пери

    Сакајќи неговото дете да биде среќно, секој родител се труди да му го покаже вистинскиот пат. Како да го постигнете тоа?

    Една од најзначајните и најубавите врски во животот е поврзаноста со нашите родители и со нашите деца. Но и покрај тоа, во многу семејства овие врски знаат да тргнат во погрешен правец и многу тешко можат да се вратат во нормалниот тек. Оваа книга зборува токму за тоа – што ни ја отежнува поврзаноста со нашите деца и како да ги зацврстиме своите односи.

    Наместо да ни го даде совршениот план чекор по чекор, Пери ни овозможува да си создадеме слика за тоа кои нешта ќе нè доведат до добар и здрав однос меѓу родителот и детето. Оваа освежувачка книга, ослободена од секакви ограничувања и осудувања, ќе ви помогне:

    – да разберете како воспитувањето може да влијае врз вашата родителска улога

    – да го прифатите фактот дека ќе правите грешки, но и дека ќе учите од нив

    – да ги прекршите правилата и да излезете од затворениот круг

    – да се справите со сопствените емоции и со чувствата на вашите деца.

    Полна со мудрост и совети што се добри за духовното и физичкото здравје на вашето семејство, ова е книгата што посакувате да ја прочитале вашите родители, а на вашите деца ќе им биде мило што вие сте го направиле тоа.

    „Извонредна книга – многу мудра и човечка.“

    Ричард Осман


  • img-book

    Оваа книга ќе го промени начинот на кој го гледаш твојот живот.

    Дали некогаш си се прашал „Зошто го направив тоа?“ или „Зошто не можам да го контролирам моето однесување?“ Другите можат да ги осудат нашите реакции и да помислат „Што не е во ред со оваа личност?“ Кога ги преиспитуваме нашите емоции, лесно е да ја лоцираме вината во себе; себеси и на другите околу себе да им поставуваме невозможни стандарди. Време е да почнеме да си поставиме поинакво прашање.

    Низ длабоко лични разговори, Опра Винфри и реномираниот експерт за трауми и мозок д-р Брус Пери нудат револуционерна и длабока промена прашувајќи „Што е со тебе“ или „Што ти се случило?“

    Нашите најрани искуства далекосежно ги обликуваат нашите животи и „Што ти се случило?“ обезбедува моќни научни и емоционални сознанија за моделите на однесување што многумина од нас се борат да ги разберат.

    Во оваа книга, Винфри споделува приказни од сопственото минато, сфаќајќи ја од искуството ранливоста што доаѓа поради соочувањето со трауми од раното детство. Здружувајќи ги силите со д-р Пери, еден од водечките експерти за деца и развој на мозокот, тие ја спојуваат моќта на раскажувањето приказни со науката за да ги разберат подобро и да ги надминат ефектите од нашето минато.

    Во разговорот низ книгата, двајцата се фокусираат на разбирањето на луѓето, на однесувањето и на нас самите. Тоа е суптилна, но длабока промена во нашиот пристап кон траумата и тоа е она што ни овозможува да го разбереме нашето минато за да го расчистиме патот кон нашата иднина – отворајќи ја вратата за издржливост и заздравување на докажан, моќен начин.


  • img-book

    Од животот ќе добиете само толку колку што сте вложиле во него.

    Сакате ли да научите како да напредувате? Да ги откриете сите нешта што влијаат врз успехот во секоја професија и во сите животни односи? Сакате да им се допаѓате на луѓето?

    Ако сте одлучни да напредувате, да си овозможите финансиска стабилност, да оставате добар впечаток каде и да одите, научете ги вештините на Дејл Карнеги. Со нивна помош многу обичните луѓе се преобразија во извонредни.

    Авторот на „Како да се здобијат пријатели и наклоност на луѓето“, една од најпродаваните книги за самопомош на сите времиња, ви открива како да:

    – размислувате позитивно за себе

    – ги одржувате умот и телото во добра форма

    – стекнете победнички став

    – бидете самоуверени и им влевате доверба на луѓето

    – остварувате добра комуникација

    – оставате траен впечаток

    и многу, многу повеќе!

    Како еден од највлијателните луѓе во областа на личниот и професионалниот развој, Дејл Карнеги има неверојатна способност да ги разбуди и распламти скриените дарби на луѓето. Оваа негова книга ни открива магичен клуч за среќа и успех и ги отвора вратите кон неверојатен живот.


  • img-book

    Експертката за човечката природа, Кристел Петитколен, се враќа со продолжението на хитот „Како помалку да се мисли“. По читањето на книгата „Како помалку да се мисли“ сигурно веќе знаеш дека припаѓаш на кругот на личности што постојано анализираат. Свесен си и за тоа дека менталната преоптовареност е твој адут, а фантастичниот ум – алатка за самоусовршување. Само, како оптимално да се искористи тоа што се наоѓа во твојата глава? Книгата „Како подобро да се мисли“ најпосле ќе ги тргне колебањата што те мачат. Авторката ја напиша како реакција на многубројните молби на читателите што бараа совети во врска со нивните секојдневни проблеми.

    Ако сакаш да го продлабочиш знаењето за исклучително размислувачките и да дознаеш како да пронајдеш мир на професионален план, во односите со најблиските и во љубовта, задолжително земи ја оваа книга! Покрај неа подобро ќе се разбереш себе си и другите, ќе ја развиеш и ќе ја засакаш својата необична посебност, а исто така ќе научиш како да го организираш опкружувањето за во него да се чувствуваш посигурно…


  • img-book

    Љубовта кон себе е баласирање меѓу прифаќањето на себеси онакви какви што сте, иако знаете дека заслужувате подобро, и работењето да го постигнете тоа.

     

    Како да научите вистински да се сакате? Како да ги претворите негативните емоции во позитивни? Дали трајната среќа е илузија? „Добри вибрации, добар живот“ ќе ви ги одговори сите прашања.

    Придружете се на револуцијата што ја покрена неверојатниот Векс Кинг откривајќи ги инспиративните пораки и универзалната мудрост што ќе ви помогнат да изградите прекрасна врска со себеси. Најдолгата врска што ја имате во животот е токму таа, па внимателно градете ја.

    Надминувајќи ги животните препреки и пишувајќи за нив со мудроста од личното искуство, Векс Кинг стана извор на надеж за илјадници луѓе, а ќе ви помогне и вам:

    • да се грижите за себе, да ја надминете негативната енергија и благосостојбата да ви стане приоритет

    да си ги промените верувањата, со што животот ќе ви отвори многу нови можности

    • да го победите стравот и да бидете во согласност со универзумот
    • да ја најдете својата повисока цел и да станете патоказ за другите.

    Ако го промените начинот на кој мислите, зборувате и дејствувате, ќе почнете да го менувате светот. Зашто зборовите можат да повредат, но можат и да излечат. Векс Кинг ги користи за да го разубави животот на многумина, па зошто да не го правите тоа и вие?

     

     

    „Совршен водич за сите кои трагаат по излез од темнината и кои сакаат да живеат прекрасен и исполнет живот.“

    Луис Хаус, најпродаван автор на „Њујорк тајмс“


  • img-book

    Дали понекогаш имате чувство дека сте опкружени со идиоти? Не разбирате никого, не успевате да се договорите со партнерот, со колегите, роднините, соседите… Не сте единствени!
    ***
    Книгата Опкружени со идиоти ви помага да сфатите како, навистина, функционираат многу нешта во човековото однесување и размислување. Покрај брилијантниот опис на различните типови личности, класифицирани според боите, Томас Ериксон внесува и малку хумор и го прави тоа на забавен начин.
    Кога ќе ја разберете психологијата на различните личности, ќе го приспособите и својот начин на комуникација, ќе успеете подобро да се разбирате и да соработувате со луѓето што се разликуваат од вас.
    На тој начин и животот ќе ви биде поубав и помалку комплициран.
    ***
    Авторот ви гарантира дека по читањето на оваа книга, бројот на идиоти околу вас драматично ќе се намали.


  • img-book

     

    „Мудар родител – време е за градинка“ е книга што е од суштинско значење за сите родители што имаат деца на возраст од две до шест години. Со неа ќе станете родител каков што отсекогаш сте сакале да бидете!

    Психологинката и семејна терапевтка Хедвиг Монтгомери одговара на сите прашања поврзани со децата што се на предучилишна возраст: Што значи доброто воспитување? На кој начин детето расте и се развива преку играта? Колку е важно за детето да се дружи со другите деца? Дали караницата меѓу браќата и/или сестрите е опасна? Како да излезете накрај со неволите, бујната фантазија и со сите нови емоции што ќе го обликуваат детското секојдневје?

    Во периодот кога одат во градинка, децата се многу љубопитни и тогаш го формираат односот кон светот што ги опкружува. Затоа вашата најважна задача е да допрете до нив и заедно да ги дискутирате доживувањата и искуствата со кои се соочуваат. Детето треба да сфати дека вие сте водич од доверба.

    Норвешкиот серијал од пет книги Мудар родител почна да се објавува во 2018 година и стана меѓународна сензација што се чита во над 25 земји.


  • img-book

    Најважното нешто што го поседува една компанија се нејзините луѓе.

    Ако се стремите кон успех во работата и кариерата, треба да воспоставите рамнотежа меѓу лидерството и менаџирањето. Научете како да ги препознаете и искористите предностите на својот лидерски стил за да ги постигнете најдобрите резултати – за себе и за вашата организација. Откријте ги тајните на успешните луѓе:

    • Која е суштината на лидерството и менаџирањето?
    • Како да ги најдете и вработите најдобрите луѓе?
    • Како да ги мотивирате вработените, а притоа да останат одговорни?
    • Како може да се постигнат лесно менаџирање и високи резултати?
    • Како да се справите со конфликти и негативности?…

    Нашиот успех како лидери зависи од способноста да се соочиме со предизвиците, да се справиме со луѓето со тежок карактер, да им препуштаме на вработените одговорност за нивните цели и задолженија, а во исто време да ги обучуваме и мотивираме, да се грижиме за нив и да ги решаваме појавените проблеми.
    Разгледувајќи ги овие и многу други аспекти на лидерството, оваа книга нуди драгоцени и докажани стратегии што ни помагаат да напредуваме во нашата професија.


  • img-book

    Вие имате моќ да го збогатите својот живот, моќ да ги надминете неволјите и да постигнете среќа, хармонија, здравје и просперитет.

    Оваа книга ги содржи принципите што ги постави Дејл Карнеги и што ги применија милиони луѓе за да научат како да го усогласат својот пристап кон различни ситуации со кои се соочуваат. Ќе научите како да ги откриете своите силни и слаби страни, како да ги подобрите своите предности и да ги надминете слабостите.

    Ќе ви помогне да разберете како моментално се справувате со животните перипетии, и што треба да подобрите за да ги остварите своите потреби. Клучните идеи за збогатување на животот што ќе ги добиете од оваа книга се:

    • Како да ги урамнотежите клучните фази во животот: личниот, професионалниот и социјалниот.
    • Како да ги намалите стресот и загриженоста.
    • Како најефикасно да комуницирате со другите.
    • Како да станете харизматична личност.
    • Како да се справите со комплицирани, тешки луѓе.
    • Како да ги контролирате своите емоции.

    Советите презентирани во оваа книга ќе ви го збогатат животот. Тие не се теоретски или филозофски проповеди, туку произлегуваат од искуството на луѓе како вас, кои ги примениле за да ги променат своите животи од просечно постоење до задоволувачко, значајно и возбудливо патување.


  • img-book

    Оваа книга ќе ве научи како да ги привлечете луѓето да ве слушаат со интерес, ќе ви покаже колку е важно вистински да слушате и да го користите чуеното во своја полза. Ќе ви помогне да совладате неколку најважни вештини во денешниот конкурентен свет – умешноста да зборувате пред публика, умешноста да водите спор и да излезете победник од него. Научете да комуницирате на нов начин, да ги придобивате луѓето на своја страна и да постигнувате успеси!

    Без разлика дали продавате производи, услуги или идеи, деталните објаснувања и вежбите во оваа книга ќе ве научат како да ја зголемите својата моќ на убедување. Конкретно, книгата ви открива:

    • Едноставен процес за постигнување супериорна комуникација
    и влијание.
    • 10 најчести грешки во деловната комуникација.
    • 19 вежби за кратка и лесно разбирлива презентација.
    • Ментални активатори и како да ги користите.
    • Како да ги претворите заинтересираните во лојални клиенти.
    • 12 докажани чекори за да станете убедливи и да се издвоите
    од просечните.
    • И многу повеќе.

    Сето ова базирано врз принципите за успех поставени од Дејл Карнеги, надградени од неговите следбеници и применети од милиони луѓе што живеат според нив!


    Додадена
  • img-book

    Ова е приказна зошто сте овде на планетата Земја.
    На некој начин сте посебни. Сте се родиле за да станете некој и да се занимавате со нешто според коешто сосема ќе се разликувате од другите седум милијарди луѓе. Постои живот што би требало да го живеете и патување на кое треба да тргнете. Оваа книга зборува за тоа патување.
    Дванаесет исклучителни современици ќе ви ги раскажат своите на изглед неверојатни приказни и ќе ви покажат дека сте се родиле со сé што ви е потребно за да го остварите својот најсјаен сон, дека со тоа ќе ја исполните својата мисија и буквално ќе го промените светот.
    Некогаш живеел херој.


    Херој од: 420 ден
  • img-book

    Многу ретко се појавува книга што може вистински да ви го промени животот. А Повторно откривање на животот е една од нив.

    Ентони де Мело е еден од најголемите духовни автори на XX век чие учење го обиколи светот. Повторно откривање на животот е неговото последно дело, напишано според предавањето што го одржал само неколку месеци пред смртта. Во него тој ни укажува како да ја спознаеме подлабоката смисла на животот и да најдеме едноставни решенија што ќе нè ослободат од негативните чувства – осаменост, гнев, тага или депресија. Со други зборови, Де Мело ни нуди нов светоглед што ќе ни го преобрази животот.

    Повторно откривање на животот е еднакво безвременска и сочувствена книга како и класиката Будење. Книга што ќе ве направи свесни за убавините на човечкото постоење и ќе ве научи да ги гледате насекаде околу себе.

     


  • img-book

    Зошто некои луѓе успеваат, а други не?

    Споделувајќи сознанија од своите истражувања, Анџела Дакворт објаснува зошто талентот е речиси неважен за постигнување успех. Наместо тоа, вели таа, вистинските достигнувања се определени од сосема поинакви лични особини како што е препознавањето на страста и истрајноста до остварување на целта.

    Анџела целото детство го слушала својот татко како ѝ вели: „Не, дефинитивно не си гениј“. Сепак, мошне млада ја добила стипендијата „Мекaртур“, која се нарекува „стипендија за гении“ и е симбол на официјалното признавање на исклучителноста.

    Потпирајќи се на својата лична исповед и професионално истражување, Дакворт го опишува патот на учење, дообразување и советување,  со што покажува дека она што навистина води до успех не е генијалноста, туку посебен спој на карактерот во кој се вплеткани страста и долготрајната упорност.

    Прониклива, остроумна, победнички настроена, ова е книга што го менува животот – задолжително четиво за секој што сака да успее!


  • img-book

    Смирете го немирот и ослободете се од стресот со боење.

    Оваа книга со прекрасни илустрации изобилува со суптилни цртежи и сложени шари кои ќе ве поттикнат да медитирате понесени од креативноста и со полна присутност да ги боите страниците.

    Одвојте неколку минути од денот – каде и да сте – и бојте за мир и спокоен ум.

    Ема Фарарон е француски илустратор и графички дизајнер што живее и работи во Лондон.


  • img-book

    Сè што ви се случува во животот е поради вашето незнаење. Вашиот најголем проблем е вашиот ум. Лутина, бес, страв, стрес, анксиозност, депресија, пекол. Сите овие работи се само погрешни записи во умот што вие самите несвесно сте ги ставиле и сега тие ве вртат како хрчак во круг. И вртат, и вртат. Секој ден. Од утро до мрак. И нема излез од тој затворен круг. И нема излез од тој магичен круг. Излез има, само вие не сакате да го најдете! Излез има, само вие не сакате да го видите! Книга од која ќе дознаете од каде навистина доаѓаат сите овие работи кај вас. Книга од која ќе дознаете како да ги тргнете сите овие работи од вас. Книга од која ќе дознаете како да стигнете до онаа радост од вашето детство, која никогаш не исчезнува. Книга која ќе ви ја открие најголемата вистина за животот.