9. Популарна психологија (196)
  • You cannot add "Креативна визуелизација" to the cart because the product is out of stock.
  • img-book

    Се чини невозможно да се избегне денешниот свет во кој технологијата е едизајниранада го купува и да го продава нашето внимание, а нашата продуктивност со подароци нонстоп. Но во овај инспиративен водич за отфрлање на вниманието, уметницата и критичарка Џени Одел ни покажува како можеме да ги вратиме нашите животи.


  • img-book

    Сурово искрена формула за победување во бизнисот, спортот или која било арена во која битката е безмилосна од престижниот тренер за врвни резултати меѓу чии ученици се вбројуваат Мајкл Џордан, Коби Брајант и Двејн Вејд.

    Со „Победување“ Тим Гровер докажува зошто е еден од најбараните експерти за успешен начин на размислување што непогрешно води до победа. Врз основа на своето 30-годишно искуство, тој ги отстранува клишеата и претерано ентузијастичкото бодрење кои создаваат просечност и ве повикува решително да ја предизвикате реалноста. Која е наградата? Огромен успех.

    Ако сте навлечени на вкусот на успехот и сакате уште, тогаш сте подготвени за оваа стратегија за изведба. Ако веќе победувате и сакате да научите како да стигнете до нивото на најголемите – оваа книга ќе ви го покаже патот.

    „Тим Гровер е експерт за умствена сила. Со оваа книга-прирачник ќе откриете што сте способни да постигнете, резултати што не можете ни да ги замислите, достигнувања до највисокото ниво на успехот – дури и повисоко.“ Коби Брајант

    „Имам неверојатна верба и доверба во Тим Гровер.“

    Двејн Вејд


    Победување од: 420 ден
  • img-book

    „Мој личен развој“ е уникатно изработен психолошки прирачник од експертот за личен развој Ведрана Стојановска. Оваа книга е несекојдневен водич за среќен живот што ќе ве насочи како да ги менувате секојдневните навики, како да го цените секој момент и на тој начин да успеете да ја промените својата судбина.

    Достапен во четири различни дизајни, прирачникот е поделен на три дела, секој со различен придонес во мисијата за среќен живот. Тој нуди психолошка анализа и запознавање со сопствената потсвест, по што ве води низ дневно планирање и себеанализа кои придонесуваат за остварување на сите ваши цели.

    Предводена од своите лични искуства и своето знаење, авторката создава нешто многу поинакво, нешто што ќе му помогне на секој човек кој сака да се посвети себеси и на своите соништа.


  • img-book

    Постојат три вида книги:

    книги за забава,

    книги за учење и

    книги за лична промена.

    Читајќи ја оваа книга, ќе дознаете на кој вид таа припаѓа.

    „Животот е убав ако се знае како да се живее“ е дело

    кое говори за човечките и животните судбини

    кои, како што ќе се уверите, можат да се

    менуваат без ограничувања, но само ако се знае

    како да се живее животот.

    Во секоја од петте приказни можете да

    препознате дел од себе и од својата душа, за на

    крајот да почувствувате како нејзините посебни

    делови одново се спојуваат во

    една смислена целина.


  • img-book

    Пречувствителноста не е слабост – може да биде твојата силна страна!

     

    Имаш ненадејни промени во расположението? Непријатно ти е меѓу непознати? Кога гледаш дека некој се чувствува лошо, знаеш што треба да направиш за да му биде подобро? Не сакаш метеж, врева или насилство? Ако на сите овие прашања си одговориш потврдно, тогаш со сигурност си пречувствителна личност и тоа ти создава тешкотии во животот.

    Федерика Боско отсекогаш знаела дека е пречувствителна. Уште од мала не ги сфаќала работите како другите деца, туку сѐ доживувала на своја кожа и многу подлабоко. Овој нејзин интимен дневник е практичен прирачник за сите кои размислуваат многу и се грижат премногу, но истовремено и за оние кои сакаат да ги разберат пречувствителните луѓе. Анализирајќи ја психата со сите нијанси на човековата душа, таа им нуди стратегија на луѓето кои живеат во подвоеноста на своите комплицирани и фасцинантни личности.

    Пречувствителноста не е слабост! Таа може да биде твојата тајна моќ. Со практичните совети на Боско можеш својата пречувствителност да ја претвориш во предност, да се ослободиш од лошите луѓе и ситуации и да му се радуваш на животот.


  • img-book

    Ако работиш доволно напорно и се докажеш, и ги користиш умот и имагинацијата, можеш да си создадеш свет каков што посакуваш.

     

    Во оваа чудесна книга Малком Гладвел нè носи на интелектуално патување во светот на најдобрите и најмудрите, најпознатите и најуспешните – оние кои излегуваат надвор од рамките. Прашувајќи се што ги прави успешните луѓе поинакви, тој доаѓа до низа одговори што не сте ни знаеле дека ви стојат како загатки во умот.

    Ние обрнуваме премногу внимание на тоа какви се успешните луѓе, без да ги земеме предвид околностите во кои живеат, нивната култура, фамилија, генерација… И обично забораваме дека тие се концентрираат на сопствената природа и постојано работат на свое подобрување и самонадминување.

    Објаснувајќи ги тајните на софтверските милионери, што е потребно да се биде добар фудбалер, зошто Азијците се познати математичари и како Битлси станаа најпознатиот рок-бенд, Гладвел нè поведува во една неверојатна умствена авантура од другата страна на човечката природа.

     

    „Дознајте што ги издвојува луѓето со високи достигнувања од останатите – од Бил Гејтс до Битлси – во неповторливиот број 1 бестселер на Малком Гладвел.“

    Њујорк тајмс


  • img-book

    На секој ден во нашиот живот му е доделена посебна намена!

     

    Секој ден е единствен и неповторлив.

     

    Прирачникот „365 дена свесни“ е замислен како ваш сојузник за секој ден во годината. За да ви помогне во секој ден да освестите нешто за животот што може да ви послужи да учите, духовно да растете и на денот што е пред вас да му го додадете најважниот зачин: мудроста.

     

    Бидејќи вистински живеат само тие што знаат да живеат…


    365 дена свесни од: 650 ден
  • img-book

    Не расправај многу за тоа каков треба да биде добриот човек, туку ти самиот биди таков.

    Медитации е светилник што големиот римски император и философ Марко Аурелиј го изградил среде разбрануваниот океан на секојдневните обврски и проблеми, со цел никогаш да не го загуби курсот на пловидбата кон моралноста и мудроста.

    Напишана на старогрчки јазик, без никаква намера некогаш да биде објавена, Медитации е извонредна книга философско-интроспективни записи за разбирањето на себеси, функционирањето на светот и универзумот. Со овие текстови, кои имаат цел да дадат лична утеха и да бидат охрабрување за водење едноставен живот проникнат со скромност, љубов кон луѓето и моралноста, Марко Аурелиј создава едно од најголемите философски дела на сите времиња. Книга на која ѝ се восхитуваат и од која се инспирираат државници, мислители и читатели низ целиот свет, ризница на мудрости во потрагата по смислата на животот.


    Медитации од: 250 ден
  • img-book

    Животот не е бесцелна битка за комплетно игнорирање на туѓите мислења, туку е процес на формирање круг составен од луѓе, верувања и мислења кои не се само важни туку се и нужни за нашиот личен успех.

     

    Барањето одобрување од другите и грижата што мислат тие за нас е нешто сосем нормално, бидејќи е дел од човековата природа. Но тоа не значи дека секој од нас, во одреден момент во животот, не се обидел да го пронајде одговорот на најтешкото животно прашање – како да не се грижам што ќе мислат другите за мене?

     

    Одговорот е во кругот! Но кругот не е секогаш совршено затворен. Понекогаш спротивните верувања го разнишуваат. Меѓутоа ако е доволно силен, кругот ќе те направи имун на туѓите влијанија, и само тогаш ќе можеш да ги надминеш препреките. Само човек што се наоѓа во вистинскиот круг, кој е опкружен со вистински луѓе – може да направи чуда.


  • img-book

    Уморни сте од едноличното секојдневие без инспирација? Сакате живот полн со авантури остварувајќи ги своите соништа?

    Што ако секојдневно скокате од кревет возбудени и полетно преземате нешто за да ги остварите јасно поставените цели за кои сте мислеле дека се невозможни? Размислете – има ли нешто што отсекогаш сте сакале да го направите, но сте мислеле дека е резервирано само за избраните?

    Техниката на кафе-муабет на Кристен Хелмстетер ќе ви овозможи:

    – да ги промените навиките

    – да стекнете здравје и долговечност

    – да бидете прекрасен родител или да најдете совршен партнер

    – да постигнете богатство и успех – да живеете со нов сјај во очите.

    „Кафе-муабет со себеси“ не дава здодевен список на задолженија, туку забавен и делотворен начин секој ден да се будите насмеани и среќно да впловите во својот нов, неверојатен живот. И сето тоа со само петминутни дневни афирмации и шолја вкусно кафе!

    „Моќна, досетлива и инспиративна книга што ќе ви покаже како целосно да го искористите својот потенцијал со неколкуминутно дневно сонување големи соништа, колку што е потребно да ја испиете својата шолја кафе. Оваа книга ќе ви го промени животот.“

    Кристи Белкамино, најпродавана авторка на „Ју-Ес-Еј тудеј“


  • img-book

    Петтата книга од серијалот посветен на семејниот живот и начинот на воспитување ќе ви помогне да ги согледате потребите на детето кога е на возраст помеѓу 13 и 19 години.

     

    Адолесценцијата е период кога на родителите им изгледа дека детето станува и го напушта сето она што го изградиле заедно. Големото ново чувство кај тинејџерите е желбата да се оддалечат од познатото.

    Тие го прават тоа за да се пронајдат самите себе, но семејството во кое пораснале и во кое веројатно им е добро, сега се доживува на целосно нов начин. Тинејџерите бараат подобри верзии, сонуваат за нешто друго: за родители кои се покул, за подобра исхрана и поопуштена атмосфера. Меѓутоа, дури и кога се оддалечува, детето во целост зависи од односот што го имате. Истовремено сте и пресудни, но веќе и помалку важни.

    Зошто тинејџерите сè повеќе ја губат самодовербата и стануваат самокритични? Зошто срамот на оваа возраст е посилен од порано, а стравот од погледите на другите понекогаш е речиси оневозможувачки?

    Тинејџерските години се напорни, кревки и полни со животни случајности. Покрај тоа што другите ги гледаат поинаку, тинејџерите го менуваат и погледот што го имаат самите за себе. На адолесцентите никој не им се насмевнува како што е тоа случај со малите деца. Училиштето во нив ја всадува сериозноста што ги чека, а од друга страна и љубовните проблеми стануваат посложени.

    Потрудете се барем вие да сфатите дека под лушпата создадена од проблемите се крие човечко суштество. Покажете разбирање и поддршка за оние кои навистина ја чувствуваат силата што се разбудила.


  • img-book

    Книгата „Емотивен талог“ произлегува од себезапрашаноста пред предизвиците на современото живеење и откривањето на сопствените стратегии за борба против сѐ што нѐ одвојува од нашата суштина. Ова дело е повик и поттик да се впуштиме во авантура на себеиспитување и себенадградување преку аналитички поглед во сопствениот емотивен талог.

    Гоце Смилевски

     

    Прозните цртички за „најдлабокото човечко“ на Ана Јовковска се албум на една лична интима, но воедно и освестувачки аларм за колективната свест и совест. Испровоцирани од радикалната промена на светот при соочувањето со монструозниот вирус, нејзините прозни записи се длабока интроспекција и потрага по примарните хуманистички вредности: среќата, љубовта, слободата, здравјето (физичко и ментално), моралот, солидарноста, природата, културата… Хибридните прози кои комбинираат расказ со есеј, колумна со критика, филозофија со психологија се необични книжевни медалјони, свежи и сочни. И, секако, не смее да се заборави – имаат розова боја, „крчкани“ се во женска кујна!

    Соња Стојменска-Елзесер

     

    Приказните од кујната на Јовковска се „крчкани натенане“, сериозно промислени и продлабени низ слоевите на колективните матрици, но едновремено длабоко прочувствувани и процедени низ решетките на сопственото искуствено доживување. Во нив таа навидум се занимава со себе и женските револуции што ги води, но нејзиното интимно соголување, всушност, крие гандиевска филозофија, длабоко верувајќи дека со личниот пример може да го трасира патот кон поправеден, послободен и попродуховен свет.

    Ана Мартиноска

     

    Извонредно слоевита и напишана со огромна вештина, книгата „Емотивен талог“ има силна интроспективна визура. Интелектуалната љубопитноста на Ана Јовковска е безгранична и повикува на креативен и продуктивен дијалог со читателите. Ракописот е густ како талог од кафе, натопен во разигран јазик на метафори, симболи и асоцијации, а сепак е едноставен, непретенциозен и лесно читлив.

    Владимир Мартиновски


    Емотивен талог од: 350 ден
  • img-book

    Умешноста со парите зависи многу повеќе од начинот на кој се однесувате отколку од вашата интелигенција. А однесувањето тешко се учи, што важи дури и за најпаметните луѓе.

    Пари, инвестиции, лични финансии и деловни одлуки – сите се изучуваат како наука заснована врз математиката во која податоците и формулите прецизно го одредуваат следниот чекор. Но во вистинскиот живот луѓето не носат финансиски одлуки врз основа на табели, туку одлучуваат додека се на вечера или во соба за состаноци – а во тие одлуки се обединуваат нивното минато, индивидуалните гледишта на светот, нивното его, гордоста и личниот поттик.

    Во „Психологија на парите“ докажаниот автор Морган Хаусел во 19 поглавја ги истражува невообичаените ставови што луѓето ги имаат кон парите и ги учи како подобро да го разберат едно од најважните животни прашања.

     

    „Ретко кој може да напише книга за финансиите со таква јасна прецизност како Морган Хаусел.“

    Даниел Х. Пинк


  • img-book

    Луѓето имаат внатрешен порив да бидат автономни, самоопределени и меѓусебно поврзани. А кога ќе го пронајдат тој порив во себе, постигнуваат повеќе и живеат побогати животи.

    Што ги мотивира луѓето подобро да работат? Покачувањето на платата, бонусот или некој друг вид награда? Или, пак, казната ако поставената цел не се оствари? За жал, повеќето веруваат дека овој метод е најдобриот начин за мотивација.
    Но експертот Даниел Х. Пинк убедливо го оспорува ваквиот пристап кон менаџментот. Тој изнесува издржани докази против него, засновани врз научни сознанија, и нуди радикално поинаков пристап согласно човековата природа и потребите на денешната економија.
    Пинк открива каде се разидуваат науката и бизнисот и како тоа влијае врз секој аспект на животот. Преку досетливи и изненадувачки техники ни ги претставува трите елементи на вистинската мотивација – автономија, мајсторство и намера, и ни дава практични начини за нивна примена со цел да го смениме начинот на размислување, а со тоа и целиот живот. Луѓето постигнуваат најдобри резултати кога се мотивирани однатре, а не однадвор. Ова најдобро го потврдуваат компаниите кои смело го воведуваат ваквиот модел за мотивација.

    „Пинк во целиот свет веќе има статус на гуру… Тој е беспрекорен писател кој предизвикува.“
    Фајненшел тајмс

    „Овие се лекции што треба да се повторуваат. Колку повеќе компании се осмелуваат да ги следат советите на Пинк, толку подобро.“
    Волстрит џурнал


    Порив од: 500 ден
  • img-book

    Оваа книга ја истражува умешноста како да ги преиспитувате своите мислења и како да им го менувате мислењето на другите.

    Интелигенцијата често се оценува како способност за размислување и учење, но во свет што постојано се менува, постојат и друг тип вештини што значат многу повеќе: способноста за преиспитување и одучување. Секојдневно ги слушаме оние мислења што прават да се чувствуваме добро за себе, наместо идеи што ќе нѐ замислат. Секое несогласување го доживуваме како напад на нашето его, наместо како можност за учење нешто ново. Се опкружуваме со луѓе што се согласуваат со нашите заклучоци, наместо да избираме луѓе што ни го предизвикуваат начинот на размислување.

    Новите докази ни покажуваат дека преиспитувањето како начин на размислување и вештина може да биде научено и Грант ни објаснува како да ги развиеме потребните квалитети за да го направиме тоа.

    „Размислете уште еднаш“ е книга за разумното сомневање, како подобро да го прифатиме непознатото и да не се плашиме од грешките. Доказите потврдуваат дека креативните гении не ги врзува еден идентитет, туку константно се подготвени да ги преиспитаат своите ставови, а лидерите што признаваат дека нешто не знаат и бараат конструктивна критика водат попродуктивни и поиновативни тимови.


  • img-book

    За да се гледа не се потребни ни философија ни учител. Никој не мора да ви каже како да гледате. Едноставно гледате.

    Нашиот свет е полн со насилство и страдање и потребна му е промена. Но како таа да се постигне? Кришнамурти нè поттикува активно да (се) истражуваме и да излеземе од стапицата на познатото за да можеме да постигнеме промена во себе, а со тоа и промена во мислењето и однесувањето на целото човештво.

    Што е освестеноста и како да се постигне, во што е суштината на човековата потрага, што е љубовта, зошто се плашиме од смртта, зошто страдаме и зошто нашиот ум е несреќен?… се само дел од поважните теми што ги обработува Кришнамурти покажувајќи како луѓето можат радикално и брзо да се ослободат од тиранијата на очекуваното, без разлика на својата припадност. Големиот учител ни нуди изобилна духовна ризница од која читателот ќе црпи со задоволство и благодат.

    „Кришнамурти ми изврши длабоко влијание и ми помогна да ги надминам самонаметнатите ограничувања на мојата слобода.“

    Дипак Чопра

    „Еден од најголемите мислители на сите времиња.“

    Далај-лама