9. Популарна психологија (145)
  • img-book

    Не расправај многу за тоа каков треба да биде добриот човек, туку ти самиот биди таков.

    Медитации е светилник што големиот римски император и философ Марко Аурелиј го изградил среде разбрануваниот океан на секојдневните обврски и проблеми, со цел никогаш да не го загуби курсот на пловидбата кон моралноста и мудроста.

    Напишана на старогрчки јазик, без никаква намера некогаш да биде објавена, Медитации е извонредна книга философско-интроспективни записи за разбирањето на себеси, функционирањето на светот и универзумот. Со овие текстови, кои имаат цел да дадат лична утеха и да бидат охрабрување за водење едноставен живот проникнат со скромност, љубов кон луѓето и моралноста, Марко Аурелиј создава едно од најголемите философски дела на сите времиња. Книга на која ѝ се восхитуваат и од која се инспирираат државници, мислители и читатели низ целиот свет, ризница на мудрости во потрагата по смислата на животот.


    Медитации од: 250 ден
  • img-book

    Умешноста со парите зависи многу повеќе од начинот на кој се однесувате отколку од вашата интелигенција. А однесувањето тешко се учи, што важи дури и за најпаметните луѓе.

    Пари, инвестиции, лични финансии и деловни одлуки – сите се изучуваат како наука заснована врз математиката во која податоците и формулите прецизно го одредуваат следниот чекор. Но во вистинскиот живот луѓето не носат финансиски одлуки врз основа на табели, туку одлучуваат додека се на вечера или во соба за состаноци – а во тие одлуки се обединуваат нивното минато, индивидуалните гледишта на светот, нивното его, гордоста и личниот поттик.

    Во „Психологија на парите“ докажаниот автор Морган Хаусел во 19 поглавја ги истражува невообичаените ставови што луѓето ги имаат кон парите и ги учи како подобро да го разберат едно од најважните животни прашања.

     

    „Ретко кој може да напише книга за финансиите со таква јасна прецизност како Морган Хаусел.“

    Даниел Х. Пинк


  • img-book

    Оваа книга ја истражува умешноста како да ги преиспитувате своите мислења и како да им го менувате мислењето на другите.

    Интелигенцијата често се оценува како способност за размислување и учење, но во свет што постојано се менува, постојат и друг тип вештини што значат многу повеќе: способноста за преиспитување и одучување. Секојдневно ги слушаме оние мислења што прават да се чувствуваме добро за себе, наместо идеи што ќе нѐ замислат. Секое несогласување го доживуваме како напад на нашето его, наместо како можност за учење нешто ново. Се опкружуваме со луѓе што се согласуваат со нашите заклучоци, наместо да избираме луѓе што ни го предизвикуваат начинот на размислување.

    Новите докази ни покажуваат дека преиспитувањето како начин на размислување и вештина може да биде научено и Грант ни објаснува како да ги развиеме потребните квалитети за да го направиме тоа.

    „Размислете уште еднаш“ е книга за разумното сомневање, како подобро да го прифатиме непознатото и да не се плашиме од грешките. Доказите потврдуваат дека креативните гении не ги врзува еден идентитет, туку константно се подготвени да ги преиспитаат своите ставови, а лидерите што признаваат дека нешто не знаат и бараат конструктивна критика водат попродуктивни и поиновативни тимови.


  • img-book

    Книгата „Внимавај кој волк го храниш“ е втората книга на овој популарен автор во неговиот препознатлив стил кој се карактеризира со леснотија во читањето. Одушевените читатели, како и големиот број на позитивни критики, коментари и реакции кој ја преплавија медиумската јавност се најдобра препорака за оваа книга да стане култен, балкански бестселер, како и првиот хит на Црнкиќ, „7 тајни на успехот“.

    Книгата е напишана на едноставен јазик, преполна е со позитивни и корисни совети кои произведуваат инстант мотивација. Ова е книга што се чита во еден здив, но и на која постојано се враќаме пронаоѓајќи нова смисла и одговори со секое ново читање.

    Брилијантни и необични приказни кои лесно се паметат и прераскажуваат, одличен почеток кој ќе ве заинтригира и ефективен крај кој ќе ве натера да размислувате, се само неколку причини зошто оваа книга едноставно не се испушта од раце и зошто е прав подарок за вашите најблиски. Среќата се зголемува кога се споделува.


  • img-book

    „Плацебото сте вие” е прирачник со упатства како да направиме чуда со своето тело, здравјето и соживотот. Оваа книга е единствениот рецепт за здравје што некогаш ќе ви затреба“.
    Д-р Кристијана Нортруп

    „Џо Диспенца е врвен учител што има способност да ја објасни науката на многу едноставен начин така што сите можат да ги разберат нејзините поими“.
    Дон Мигуел Руиз
    Дали е возможно некој да се излекува само со моќта на мислите – без лекови или операција? Вистината е дека тоа се случува многу почесто отколку што би очекувале. Во книгата Плацебото сте вие, доктор Џо Диспенца споделува многу документирани случаи за луѓе што излекувале кардиолошко заболување, депресија, артритис, па дури и тремор кај Паркинсонова болест, верувајќи во плацебо. Слично на тоа се потврдените приказни за луѓе што се разболеле или некои дури и починале откако им била поставена погрешна фатална дијагноза.
    Доктор Џо, исто така, го поставува прашањето: „Дали е возможно да се научи принципот на плацебо-ефектот и дали може да се произведат истите внатрешни промени во здравјето и, конечно, во животот на човекот, не потпирајќи се на некоја надворешна супстанција?“ Тој изнесува научни докази (вклучително и снимки на скениран мозок) за извонредни излекувања, потврдени на неговите работилници, каде што учесниците го учеле неговиот модел на лична трансформација, врз основа на практична примена на плацебо-ефектот. Книгата завршува со медитација за промена на уверувањата и на перцепциите што нѐ ограничуваат – а тоа е првиот чекор кон исцелување.
    Плацебото сте вие ги комбинира најновите истражувања во невронауката, биологијата, физиологијата, хипнозата, условувањето од начинот на однесување и квантната физика, за да го демистификува функционирањето на плацебото… и покажува како нешто што е навидум невозможно, може да стане возможно.


  • img-book

    Дали понекогаш имате чувство дека сте опкружени со идиоти? Не разбирате никого, не успевате да се договорите со партнерот, со колегите, роднините, соседите… Не сте единствени!
    ***
    Книгата Опкружени со идиоти ви помага да сфатите како, навистина, функционираат многу нешта во човековото однесување и размислување. Покрај брилијантниот опис на различните типови личности, класифицирани според боите, Томас Ериксон внесува и малку хумор и го прави тоа на забавен начин.
    Кога ќе ја разберете психологијата на различните личности, ќе го приспособите и својот начин на комуникација, ќе успеете подобро да се разбирате и да соработувате со луѓето што се разликуваат од вас.
    На тој начин и животот ќе ви биде поубав и помалку комплициран.
    ***
    Авторот ви гарантира дека по читањето на оваа книга, бројот на идиоти околу вас драматично ќе се намали.


  • img-book

     

    „Мудар родител – време е за градинка“ е книга што е од суштинско значење за сите родители што имаат деца на возраст од две до шест години. Со неа ќе станете родител каков што отсекогаш сте сакале да бидете!

    Психологинката и семејна терапевтка Хедвиг Монтгомери одговара на сите прашања поврзани со децата што се на предучилишна возраст: Што значи доброто воспитување? На кој начин детето расте и се развива преку играта? Колку е важно за детето да се дружи со другите деца? Дали караницата меѓу браќата и/или сестрите е опасна? Како да излезете накрај со неволите, бујната фантазија и со сите нови емоции што ќе го обликуваат детското секојдневје?

    Во периодот кога одат во градинка, децата се многу љубопитни и тогаш го формираат односот кон светот што ги опкружува. Затоа вашата најважна задача е да допрете до нив и заедно да ги дискутирате доживувањата и искуствата со кои се соочуваат. Детето треба да сфати дека вие сте водич од доверба.

    Норвешкиот серијал од пет книги Мудар родител почна да се објавува во 2018 година и стана меѓународна сензација што се чита во над 25 земји.


  • img-book

    Најважното нешто што го поседува една компанија се нејзините луѓе.

    Ако се стремите кон успех во работата и кариерата, треба да воспоставите рамнотежа меѓу лидерството и менаџирањето. Научете како да ги препознаете и искористите предностите на својот лидерски стил за да ги постигнете најдобрите резултати – за себе и за вашата организација. Откријте ги тајните на успешните луѓе:

    • Која е суштината на лидерството и менаџирањето?
    • Како да ги најдете и вработите најдобрите луѓе?
    • Како да ги мотивирате вработените, а притоа да останат одговорни?
    • Како може да се постигнат лесно менаџирање и високи резултати?
    • Како да се справите со конфликти и негативности?…

    Нашиот успех како лидери зависи од способноста да се соочиме со предизвиците, да се справиме со луѓето со тежок карактер, да им препуштаме на вработените одговорност за нивните цели и задолженија, а во исто време да ги обучуваме и мотивираме, да се грижиме за нив и да ги решаваме појавените проблеми.
    Разгледувајќи ги овие и многу други аспекти на лидерството, оваа книга нуди драгоцени и докажани стратегии што ни помагаат да напредуваме во нашата професија.


  • img-book

    Вие имате моќ да го збогатите својот живот, моќ да ги надминете неволјите и да постигнете среќа, хармонија, здравје и просперитет.

    Оваа книга ги содржи принципите што ги постави Дејл Карнеги и што ги применија милиони луѓе за да научат како да го усогласат својот пристап кон различни ситуации со кои се соочуваат. Ќе научите како да ги откриете своите силни и слаби страни, како да ги подобрите своите предности и да ги надминете слабостите.

    Ќе ви помогне да разберете како моментално се справувате со животните перипетии, и што треба да подобрите за да ги остварите своите потреби. Клучните идеи за збогатување на животот што ќе ги добиете од оваа книга се:

    • Како да ги урамнотежите клучните фази во животот: личниот, професионалниот и социјалниот.
    • Како да ги намалите стресот и загриженоста.
    • Како најефикасно да комуницирате со другите.
    • Како да станете харизматична личност.
    • Како да се справите со комплицирани, тешки луѓе.
    • Како да ги контролирате своите емоции.

    Советите презентирани во оваа книга ќе ви го збогатат животот. Тие не се теоретски или филозофски проповеди, туку произлегуваат од искуството на луѓе како вас, кои ги примениле за да ги променат своите животи од просечно постоење до задоволувачко, значајно и возбудливо патување.


  • img-book

    Оваа книга ќе ве научи како да ги привлечете луѓето да ве слушаат со интерес, ќе ви покаже колку е важно вистински да слушате и да го користите чуеното во своја полза. Ќе ви помогне да совладате неколку најважни вештини во денешниот конкурентен свет – умешноста да зборувате пред публика, умешноста да водите спор и да излезете победник од него. Научете да комуницирате на нов начин, да ги придобивате луѓето на своја страна и да постигнувате успеси!

    Без разлика дали продавате производи, услуги или идеи, деталните објаснувања и вежбите во оваа книга ќе ве научат како да ја зголемите својата моќ на убедување. Конкретно, книгата ви открива:

    • Едноставен процес за постигнување супериорна комуникација
    и влијание.
    • 10 најчести грешки во деловната комуникација.
    • 19 вежби за кратка и лесно разбирлива презентација.
    • Ментални активатори и како да ги користите.
    • Како да ги претворите заинтересираните во лојални клиенти.
    • 12 докажани чекори за да станете убедливи и да се издвоите
    од просечните.
    • И многу повеќе.

    Сето ова базирано врз принципите за успех поставени од Дејл Карнеги, надградени од неговите следбеници и применети од милиони луѓе што живеат според нив!


  • img-book

    Ова е приказна зошто сте овде на планетата Земја.
    На некој начин сте посебни. Сте се родиле за да станете некој и да се занимавате со нешто според коешто сосема ќе се разликувате од другите седум милијарди луѓе. Постои живот што би требало да го живеете и патување на кое треба да тргнете. Оваа книга зборува за тоа патување.
    Дванаесет исклучителни современици ќе ви ги раскажат своите на изглед неверојатни приказни и ќе ви покажат дека сте се родиле со сé што ви е потребно за да го остварите својот најсјаен сон, дека со тоа ќе ја исполните својата мисија и буквално ќе го промените светот.
    Некогаш живеел херој.


    Херој од: 400 ден
  • img-book

    Многу ретко се појавува книга што може вистински да ви го промени животот. А Повторно откривање на животот е една од нив.

    Ентони де Мело е еден од најголемите духовни автори на XX век чие учење го обиколи светот. Повторно откривање на животот е неговото последно дело, напишано според предавањето што го одржал само неколку месеци пред смртта. Во него тој ни укажува како да ја спознаеме подлабоката смисла на животот и да најдеме едноставни решенија што ќе нè ослободат од негативните чувства – осаменост, гнев, тага или депресија. Со други зборови, Де Мело ни нуди нов светоглед што ќе ни го преобрази животот.

    Повторно откривање на животот е еднакво безвременска и сочувствена книга како и класиката Будење. Книга што ќе ве направи свесни за убавините на човечкото постоење и ќе ве научи да ги гледате насекаде околу себе.

     


  • img-book

    Зошто некои луѓе успеваат, а други не?

    Споделувајќи сознанија од своите истражувања, Анџела Дакворт објаснува зошто талентот е речиси неважен за постигнување успех. Наместо тоа, вели таа, вистинските достигнувања се определени од сосема поинакви лични особини како што е препознавањето на страста и истрајноста до остварување на целта.

    Анџела целото детство го слушала својот татко како ѝ вели: „Не, дефинитивно не си гениј“. Сепак, мошне млада ја добила стипендијата „Мекaртур“, која се нарекува „стипендија за гении“ и е симбол на официјалното признавање на исклучителноста.

    Потпирајќи се на својата лична исповед и професионално истражување, Дакворт го опишува патот на учење, дообразување и советување,  со што покажува дека она што навистина води до успех не е генијалноста, туку посебен спој на карактерот во кој се вплеткани страста и долготрајната упорност.

    Прониклива, остроумна, победнички настроена, ова е книга што го менува животот – задолжително четиво за секој што сака да успее!


  • img-book

    Смирете го немирот и ослободете се од стресот со боење.

    Оваа книга со прекрасни илустрации изобилува со суптилни цртежи и сложени шари кои ќе ве поттикнат да медитирате понесени од креативноста и со полна присутност да ги боите страниците.

    Одвојте неколку минути од денот – каде и да сте – и бојте за мир и спокоен ум.

    Ема Фарарон е француски илустратор и графички дизајнер што живее и работи во Лондон.


  • img-book

    Сè што ви се случува во животот е поради вашето незнаење. Вашиот најголем проблем е вашиот ум. Лутина, бес, страв, стрес, анксиозност, депресија, пекол. Сите овие работи се само погрешни записи во умот што вие самите несвесно сте ги ставиле и сега тие ве вртат како хрчак во круг. И вртат, и вртат. Секој ден. Од утро до мрак. И нема излез од тој затворен круг. И нема излез од тој магичен круг. Излез има, само вие не сакате да го најдете! Излез има, само вие не сакате да го видите! Книга од која ќе дознаете од каде навистина доаѓаат сите овие работи кај вас. Книга од која ќе дознаете како да ги тргнете сите овие работи од вас. Книга од која ќе дознаете како да стигнете до онаа радост од вашето детство, која никогаш не исчезнува. Книга која ќе ви ја открие најголемата вистина за животот.


  • img-book

    Ние сме патници во универзумот. Сме застанале тука накратко за да се сретнеме, да се грижиме едни за други, да љубиме, да споделуваме. Ако споделуваме со добра мисла, лесно срце и љубов, ќе создаваме изобилство и радост еден за друг. И ќе знаеме дека вредело да го изживееме овој краток момент од вечноста.

    Заснована врз природните закони што управуваат сѐ што постои, таа го разбива митот дека успехот е резултат на силна амбиција или тешка работа. Кога ќе ја разбереме својата вистинска природа и ќе научиме да живееме во хармонија со законите на природата, околу нас лесно и без никаков напор ќе се создаваат позитивна енергија, здравје, среќни врски и изобилство.

    Полна со вечни мудрости и практични чекори за едноставна примена, оваа е една од оние книги на кои постојано им се навраќаме.

    „Од сите книги на Чопра, Седумте духовни закони на успехот е мудар концепт за живот на највисоко и најкомплетно ниво. Фантастична е!“
    Тони Робинс, автор на Разбудете го џинот во себе и Неограничена моќ