9. Популарна психологија (190)
  • img-book

    Џеси Ицлер постигнал многу во животот – има приватна авиокомпанија, косопственик е на „Атланта хокс“, оженет е со најмладата милијардерка во светот, сопственичка на компанијата „Спенкс“, активен ултрамаратонец е, го има искачено најсмртоносниот врв во Америка…

    Но неговиот авантуристички дух не мирува. На најдолгиот маратон од 160 километри што ги истрчал за 24 часа, го среќава Дејвид Гогинс (СЕАЛ), поранешен припадник на Navy SEAL, кој последните 30 км ги истрчал со скршени стапала. Восхитен од овој подвиг, Ицлер го кани овој „непознат“ тркач да помине еден месец во неговиот дом, не ни сонувајќи што го очекува, но со надеж дека ќе успее да ги помести сопствените граници на издржливост. СЕАЛ има само еден услов – Ицлер беспоговорно да го слуша. Колку и да изгледа тешко, исцрпувачко или невозможно!

    Оваа екстремна авантура резултира не само со мускули и издржливост, туку и со добро пријателство и урнебесно смешна, но и длабоко инспиративна книга! Прифати го предизвикот и мотивирај се – предизвикај го умот за да видиш на што сè е подготвено твоето тело!

    „Џеси е човек кој презема ризици и секогаш пробува различни нешта за да се подобри. А освен тоа е и забавен!“

    Том Бреди


  • img-book

    Базирана на најновите достигнувања на невропсихологијата и на биологијата, како и на успешната практика, книгата објаснува зошто тие што очајно сакаат да ослабат, речиси никогаш не успеваат во тоа. Одговорот е едноставен. НАШИОТ МОЗОК ГО БЛОКИРА ГУБЕЊЕТО ТЕЖИНА. Правилната линија на исхраната е едноставен пристап, дизајниран така што да го придвижи овој процес. Авторката ќе ви покаже како да го вклучите својот мозок во режим на работа со кој ќе биде подготвен да го прифати намалувањето килограми, да ве ослободи од постојаната желба за храна и да престане да ги саботира вашите напори да ослабете. Воедно, ова е програма што ќе ви покаже дека само цврстата волја не е доволна за да успеете и ќе ви даде насоки како, сепак, да го направите тоа. Ќе научите каква улога игра вашето ниво на подложност на одредени намирници во процесот на слабеење, од каде доаѓа вашиот незаситен глад и како да се изборите со овие вродени карактеристики на мозокот. Сузан ве води низ фазите на Правилната линија на исхраната од почетното губење тежина, преку одржување на здобиената тежина, па до конечната победа, а нејзиниот динамичен план на исхраната можат да го применуваат сите, почнувајќи од веганите, па преку тие што се хранат без глутен, што држат палео или кето диета, до тие што јадат сè што ќе им се најде на рака.


  • img-book

    Кој го здипли моето сирење? е едноставна басна која ни донесува длабоки вистини за промените. Тоа е забавна и поучна приказна за четири суштества кои живеат во „Лавиринтот“ и бараат „Сирење“ од кое живеат и кое ги прави среќни.

    Две од нив се глувчиња, Душкало и Брзи. А две се „човечиња“ – суштества со големина на глушец кои со однесувањето и со ликот многу потсетуваат на луѓето. Се викаат Туцко и Муцко. „Сирењето“ е метафора за она што сакате од животот – добра работа, сериозна врска, пари, имот, здравје и душевен мир.

    А „Лавиринтот“ е место во кое го барате она што го сакате – организацијата во која работите или семејството и заедницата во која живеете.

    Кога ќе стасате до „Ракописот на ѕидот“ и сами ќе откриете како да се справите со промените, па ќе можете да уживате во поголеми успеси со помалку стрес во работата и во приватниот живот.

    Оваа приказна е напишана за сите возрасти, ќе ја прочитате за помалку од еден час, но нејзината исклучителна мудрост ќе ви трае цел живот.

    „Кој го здипли моето сирење“ е книга што ја користат мажи и жени во многу корпорации, државни институции, војската, во малите претпријатија, болниците, црквите и училиштата вклучувајќи ги и: Apple Computers, Dell Computers, Goodyear, HP, IBM, Kodak, Nestle, Pepsi, Proctor & Gamble, Shell, Time..


  • img-book

    Пред дваесет и три години д-р Спенсер Џонсон ни ја подари приказната за две необични човечиња заробени во еден лавиринт. Кој го здипли моето сирење? го освои светот со својата моќна и практична мудрост за надминување на стравот и за неопходноста од промени во животот.

    По 26 милиони продадени примероци низ целиот свет, д-р Џонсон конечно им се врати на своите омилени ликови.


    Ова восхитувачко продолжение ќе ви помогне да го пронајдете излезот од какви и да е лавиринти со кои може да се соочите во својот живот.


  • img-book

    Едноставен и моќен систем за лекување на телото умот и душата.

    За разлика од сето она што сте го прочитале досега за здравјето, оваа книга ги надминува помодарството и сите трендови и догми поврзани со исхраната, со умствената и физичката состојба на организмот. Таа е практичен и лесно применлив водич што ќе ви покаже како да ги подигнете на повисоко ниво своето здравје, расположението и животната енергија, и да постигнете долговечност. Ви ги објаснува тајните на позитивното мислење и воспоставувањето рамнотежа меѓу умот и телото. Зборува за древната исцелувачка мудрост која ќе ви се вклопи во набиениот секојдневен распоред преполн со обврски. Ви дава едноставни рецепти и ви открива што значи здрава храна, решавајќи ги забуните за делотворноста на диетите. Сакајте се себе до совршено здравје ве учи да го сакате своето тело и да ги слушате неговите пораки. Зашто здравјето започнува со нашите мисли.


  • img-book

    Која е онаа магична вештина што некои луѓе ја поседуваат поради која веднаш ви се лепат за срце? Сите сакаат да им бидат пријатели или да остварат интимна врска со нив. Во деловниот свет самоуверено јурат кон врвот на корпорациското скалило. Како им успева сè што ќе допрат да се претвори во „злато“?

    Меѓу кориците на забавната и поучна книга Како да разговарате со секого ќе ги откриете малите трикови што писателката ги издвоила како клучни за постигнување успех. Дефинитивно ќе уживате читајќи ги и вежбајќи ги овие трикови проследени со практични совети и јасни примери и анегдоти.

    Малите потези на кои ве учи, а кои без напор можете да ги направите дел од својата секојдневна рутина, ја создаваат вашата судбина. Зашто кога повторувате некое дејство, тоа ви станува навика. Навиките што ги имате го создаваат вашиот карактер. А вашиот карактер е ваша судбина.

    Успехот нека стане вашата судбина!


    Додадена
  • img-book

    Во животот го добивате она во што верувате.

    Сите ние имаме неверојатен потенцијал да бидеме, да постигнеме и да добиеме сè што ќе посакаме, замислиме или во кое вистински веруваме. Но за жал, само малкумина целосно го остваруваат, а повеќето луѓе не успеваат да ја препознаат и искористат безграничната моќ на потсвеста.

    Овие 52 неделни афирмации и многуте практични и докажани техники на Џозеф Марфи ќе ве поттикнат да го подобрите секој дел од вашиот живот. Со помош на желба, имагинација и верба, ќе успеете да создадете нова реалност. Оваа книга е ваш личен водич кон посреќен, побогат и поисполнет живот. Следејќи ги упатствата, ќе ги откриете моќта на сопствениот ум и бесконечните можности што постојат насекаде околу вас.

    Најуспешните луѓе низ историјата не се оние кои едноставно ја прифаќаат реалноста онаква каква што е, туку оние кои мечтаат за подобра реалност и кои толку длабоко веруваат во неа што можат дури и да создадат нова!


  • img-book

    Слушањето на тишината ја буди димензијата на спокојство во вас, зашто само преку тишината може да станете свесни за себеси.

    Тишината е внатрешeн мир, а за да ја пронајдеме потребно е спокојство, кое е суштинско за човечкото постоење. Колку и да ни е тешко да ја постигнеме, смиреноста е во нашата природа – таа е неопходна за среќен живот. Трансформацијата на човечката свест не е повеќе предност на неколкумина, туку потреба на секоја личност за да се пронајде, но и да се одржи себеси.

    Духовниот учител Екарт Тол ни покажува како да го отстраниме сето она што нè одвојува од вистината за тоа кои сме ние, а она што навистина сме веќе го знаеме во длабочината на своето срце. Треба само да успееме да го чуеме.

    Зборовите на оваа книга се патокази. Она на што упатуваат не се наоѓа во царството на мислењето, туку во една друга димензија која е внатре во нас. Оваа книга ќе го иницира будењето на читателите кои се подготвени да им дадат шанса на зборовите да ја исполнат својата тивка магија.


  • img-book

    Во оваа книга-водич за самопомош, што дефинира една цела генерација, авторот, кој е суперѕвезда во блогерските кругови, не нè замајува со глупости од типот дека треба постојано да се обидуваме да бидеме „позитивни“, за навистина да станеме подобри и посреќни луѓе.

    Веќе со децении ни се сервира тезата дека позитивното мислење е она клучното што води кон среќен и исполнет живот. Но, Марк Менсон вели: „Море кој ја ’врти‘ позитивноста. Да бидеме искрени – нештата се зафркнати, но немаме друг избор освен да живееме со нив онакви какви што се“. На неговиот многу популарен блог на интернет, Менсон ниту ја бојадисува стварноста во розово, ниту ја заобиколува. Тој ги изложува работите токму онакви какви што се, што е една вистинска доза необработена, свежа и искрена вистина – нешто што денес навистина ни недостига.

    Менсон ја изнесува и ја брани тезата дека луѓето, според природата на работите, се суштества со свои мани и ограничувања. „Не може секој да биде исклучителен –општеството е сочинето од победници и губитници, а нешто од сето тоа ниту е фер, ниту, пак, е по твоја вина.“ Неговиот совет до нас е да си ги препознаеме и да ги спознаеме нашите ограничувања и да ги прифатиме – и дека токму тоа, вели тој, е вистинскиот извор на моќ со кој може да се стекнеме. Откако еднаш ќе ги прифатиме нашите стравови, грешки и несигурности – откако ќе престанеме да бегаме и да ги избегнуваме болните вистини, туку ќе почнеме да се соочуваме со нив – дури тогаш можеме и да тргнеме во потрага по храброста и самоувереноста по кои трагаме толку очајно.


    Е, баш ме заболе од: 390 ден
  • img-book

    Правилото 10х е светиот грал за луѓето што сакаат да успеат. Тоа ги утврдува најсоодветните нивоа на дејствување и осигурува дека ќе продолжите да функционирате на тие нивоа во текот на целиот ваш живот и професионална кариера. Ќе ве ослободи од стравовите, ќе ви ги зголеми храброста и самодовербата, ќе ги елиминира одолжувањето и несигурноста и ќе ви даде чувство за цел – а со тоа вашиот живот, вашите соништа и вашите цели ќе доживеат преродба.

    „Грант Кардон постигнува полн погодок со Правилото 10х. Во неа ни ја открива вистинската причина зошто на луѓето одлично им оди во секое поле на животот!“ Брајан Трејси


    Правилото 10X од: 450 ден
  • img-book

    Пред 100 000 години најмалку шест човечки вида живееле на Земјата. Денес има само еден. Ние. Хомо сапиенс. Како се случило нашиот вид да преовладее во битката за доминација? Како нашите предци, собирачи и ловци, се соединиле и создале градови и кралства? Како дојдовме до тоа да веруваме во богови, нации и човекови права; да им веруваме на парите, книгите и законите; да бидеме заробеници на бирократијата, временските рокови и потрошувачката? И каков ќе биде светот во следните милениуми?

    Во „Сапиенс“ д-р Јувал Ноа Харари  ја опфаќа целата човечка историја, од првите луѓе на Земјата до радикалните – а понекогаш и катастрофалните – откритија на когнитивните, земјоделските и научните револуции. Врз основа на согледувањата од биологијата, антропологијата, палеонтологијата и економијата, тој истражува како струите на историјата ги обликуваат нашите човечки општества, животните и растенијата околу нас, па дури и нашите личности.

    „Сапиенс“ е интернационален бестселер објавен на над 30 јазици низ целиот свет. Храбра, опсежна и провокативна, оваа книга предизвикува сѐ што досега мислевме дека знаеме за тоа што значи да се биде човек: нашите мисли, дејства, моќ… и – нашата иднина.


    Сапиенс од: 500 ден
  • img-book

    Контроверзниот Џордан Белфорт ексклузивно ни го отвора својот свет и ни нуди увид во сопствениот Систем на права линија – со чија помош успеа да создаде огромно богатство за себе и за своите клиенти.

    Луѓе што никогаш не оствариле успех, одненадеж постигнуваат нешта за кои не ни сонувале дека се можни, и живеат многу поповластен живот отколку што си замислувале. А сето тоа почнува со усовршување на уметноста на убедувањето, со помош на Системот на права линија.


  • img-book

    Понесен од великаните на западната мисла, од најразлични домени на науката, од религиозните списи и најголемите книжевни дела на човештвото, а пред сè од својата долгогодишна практика, угледниот и светски познат клинички психолог Џордан Питерсон кого Њујорк тајмс го прогласи за еден од „највлијателните интелектуалци на нашето време“ ја резимира вредната етичка, психолошка и филозофска мудрост преточувајќи ја во дванаесет едноставни начела за живот вреден за живеење.

    Длабока книга што ќе ве поведе на патот кон вашето најсуштинско јас и ќе го разбуди полниот потенцијал на вашето Битие!

    Џордан Б. Питерсон (1962) е канадски клинички психолог, културен критичар и професор по психологија на Универзитетот во Торонто. Неговите главни области се патопсихологија, социјална психологија и психологија на личноста, со посебен нагласок на верските и идеолошките верувања. Во 2016 година, непосредно пред објавувањето на 12 животни правила, Питерсон објави серија видеа на својот Јутјуб-канал, критикувајќи ја политичката коректност во канадската влада, со што доби значајно медиумско внимание. Неговите предавања на Јутјуб имаат над 35 милиони прегледи.


  • img-book

    Благодарение на овој докажан водич за самопомош, што и по 70 години од своето прво издание го задржува приматот на една од најзначајните мотивациски книги на сите времиња, милиони читатели низ светот ги имаат почувствувано придобивките од безграничната моќ на верувањето. Црпејќи од личниот пат до успехот, без апстрактни теоретизирања, авторот Клод Бристол ни дава практични совети за тоа како да ги претвориме соништата во реалност. Своите директни сознанија ги преточува во ефикасни чекори за достигнување на сите краткорочни и долгорочни цели: подобра работа, зголемен приход, посреќен брак, или едноставно, душевен мир. Неговото тајно оружје се силата на позитивната мисла и безграничната моќ на потсвеста ‒ а мотивациските техники во книгата се универзални и еднакво применливи и денес.

    Сакате да станете поуспешни во работата, поисполнети во приватниот живот и повлијателни во комуникацијата со луѓето? Верувајте во оваа книга и применете ја во животот ‒ и ќе видите дека Магијата на верувањето прави чуда!


  • img-book

    Во бизнисот не е важно што правите, туку ЗОШТО го правите.

    Сајмон Синек е еден од најбараните автори и говорници на светот. Неговиот настап на видеоплатформата Тед е вториот најгледан на сите времиња, со над 36 милиони прегледи, а Почни со зошто како глобален бестселер ги освои светските топ-листи. Причината за тоа е што откритијата на Синек имаат неверојатно влијание врз успехот на која било организација.

    Тој забележа една значајна работа: многу често сме толку оптоварени со тоа што правиме и како правиме што често забораваме зошто го правиме тоа. Ако ја изгубиме од вид таа суштинска причина, ќе ја изгубиме моќта да бидеме лидери и, што е уште поважно, да ги инспирираме луѓето околу себе.

    Во оваа книга Синек со очигледни примери покажува што им е заедничко на Епл, Харли Дејвисон, Дизни, Старбакс, Мартин Лутер Кинг, Бил Гејтс, Томас Едисон, браќата Рајт – тие никогаш не го заборавиле своето зошто, со кое го инспирираат светот околу себе и стануваат примери за големи лидери.


    Почни со зошто од: 400 ден
  • img-book

    ЗА МУДРИОТ ЧОВЕК СЕКОЈ НОВ ДЕН ЗНАЧИ НОВ ЖИВОТ.

    Како да ја планираме и направиме поубава иднината, без да се оптоваруваме со непотребни грижи за неа?

    Наместо да плачеме и да се каеме за направените грешки, треба да се соочиме со проблемот кога тој ќе се појави, трезвено да размислиме и да пристапиме кон негово решавање.  Токму во тоа ќе ни помогне оваа збирка делотворни, испробани рецепти. Тие ќе нè научат на нов начин на живот – ослободен од грижите, поисполнет и посреќен. Зашто овој прирачник ќе ви ги отвори очите за ситните мудрости што обично не ги забележувате.

    Запаметете дека токму вие сте новото чудо на светот. Дека во историјата на човештвото никогаш немало личност сосем слична со вас и дека во иднина никогаш веќе нема да се роди човек каков што сте вие. Искористете ги сите способности со кои ве надарила природата. Престанете да се грижите за ситни работи и живејте го животот исполнето! Бидете среќни што сте живи и што учествувате во возбудливата авантура на постоењето!