9. Популарна психологија (158)
  • img-book

    Овој практичен и инспиративен водич нè учи како да ги прекинеме деструктивните навики и заробувачки мисли за да пронајдеме слобода и да уживаме во животот.

    Моќната прва книга на Едит Егер, „Изборот“, ја раскажува приказната за нејзиното преживување во концентрациони логори, нејзиното бегство, исцелувањето и патешествието кон слободата. Опра Винфри вели, „Засекогаш ќе бидам променета од приказната на доктор Егер“. Илјадници луѓе од целиот свет ѝ пишувале на Егер за да ѝ кажат колку нејзината книга ги трогнала и ги инспирирала да се соочат со сопственото минато со цел да се обидат да најдат лек за својата болка, истовремено молејќи ја да напише уште една книга со повеќе практични и детални совети како нејзе ѝ успеало во тоа. Па така сега, во „Подарокот“, Егер се осврнува на исцелувањето и ни дава многу корисен прирачник кој нежно нѐ охрабрува да ги промениме своите мисли и однесувањето кое нѐ прави затвореници на минатото.

    Егер објаснува дека најлошиот затвор за неа не бил затворот во кој ја сместиле нацистите, туку оној што таа самата го создала за себе – затворот на нејзиниот ум. Потоа ги опишува дванаесетте најзаробувачки проблеми со кои се соочила – како, страв, тага, лутина, тајни, стрес, вина, срам и одбегнување – и алатките кои ги открила за справување со овие универзални предизвици.

    Со многу емпатија, стручност и хумор, Подарокот ќе ви даде охрабрување и совети за да се ослободите од сопствените затвори и да уживате во животот.


  • img-book

    Без евтини фори. Без преувеличувања. Без магични стапчиња. Според Дарен Харди постои само еден, многу едноставен и функционален принцип за успех, без оглед на кое поле во животот сакате да напредувате. Ако сте сериозни дека сакате да живеете исклучителен живот, тогаш искористете ја моќта на кумулативниот ефект за да го постигнете успехот кој го посакувате.

    Оваа книга се базира на принципот дека одлуките што сите ги носиме во животот се оние кои ја обликуваат нашата „судбина“ и нашиот пат во животот. Малите секојдневни одлуки или водат до живот каков што сите посакуваме или пак до катастрофа. Дарен Харди, авторот и издавач на списанието УСПЕХ, направил збир на основните принципи кои се заслужни за најфеноменалните достигнувања во бизнисот, врските и општо во сите аспекти на животот.

    Оваа книга треба да ја прочита секој кој копнее по нешто, без разлика дали тоа се однесува на подобра кариера, поуспешни и поисполнителни љубовни врски, подобро физичко здравје и тело, раст и усовршување или кој било друг аспект… бидејќи е како оперативен систем кој ви овозможува да го умножувате вашиот успех, да го бележите напредокот и да постигнете сè што сакате во животот.


  • img-book

    Кога поради сериозна повреда останува без работа и практично живее на каучот на сестра му, познатиот професионален рагбист Луис Хаус сфаќа дека мора да направи некоја промена во животот. Почнува да контактира со луѓе на кои им се воодушевува, во потрага по ментори, а и да ги применува советите на старите тренери, пренасочувајќи ги од спортот директно во животот. И успева да изгради мултимилионски онлајн бизнис.

    Во Школа за извонредност, Хаус ги споделува најважните совети и навики на голем број извонредни луѓе, сѐ што дознал од нив за тоа како да се живее извонреден живот. Низ разговори со спортски шампиони и бизнисмени милијардери, Хаус се обидува да открие што е потребно за да бидеме извонредни во животот, успешни на секое поле, и да достигнеме величие кое не го достигнува баш секој. И сфаќа дека овие великани не се успешни затоа што им се насмеала среќата во животот или едноставно се родени исклучително талентирани, туку имаат одредени навики и алатки со кои ги надминуваат пречките во животот.

    Школа за извонредност е водич за личен развој кој ви дава алатки, знаење и ресурси за остварување на вашиот максимален потенцијал. Лекциите на Хаус докажуваат дека секој е способен за постигнување исклучителен успех и дека сите можеме да се стремиме кон извонредност во нашите секојдневни животи.


  • img-book

    Оваа книга ни ги открива тајните чекори кои стојат помеѓу посакувањето успех и достигнувањето успех. Ни открива како размислуваат милионерите и нè насочува како треба да размислуваме и дејствуваме ако сакаме богатство во животот.

    Дали некогаш сте се запрашале зошто и како некои луѓе се збогатуваат толку лесно, а други како да се осудени финансиски да се измачуваат цел живот? Дали тоа се должи на разликите во нивното образование, интелигенција, вештини, тајминг, работни навики, контакти, среќа или нивниот избор на професија? Шокантниот одговор е: ниедно од горенаведените!

    Т. Харв Екер вели: „Дајте ми 5 минути и можам да ви кажам каква ќе ви биде финансиската иднина до крајот на животот!“ Тој го прави ова со идентификување на вашиот вграден „нацрт“ за пари и успех. Сите ние имаме еден таков нацрт во нашата потсвест и токму тој го детерминира нашиот финансиски успех. Може да знаете сè за маркетинг, продажба и финансии, но ако вашиот паричен нацрт не е правилно поставен за голем успех, никогаш нема да имате многу пари – или дури и да ги заработите, ќе ги изгубите! Екер ќе ви покаже како да создадете нов нацрт со кој ќе стигнете до успех и пари. Според Екер, лесно е! Ако размислувате и се однесувате како богатите, тогаш има големи шанси и самите да се збогатите!

    button-new


  • img-book

    Метју Хаси, експерт за врски и професионален стројник, во оваа книга ви ги открива тајните на машкиот ум и неговиот револуционерен пристап за да им помогне на жените да најдат маж каков што посакуваат.

    Метју нè учи сè што сме желни да дознаеме; како да запознаеме повеќе добри мажи, како да бидеме секси и да флертуваме, но и како да бидеме жена со висока вредност, како да ги поттикнеме да ни пристапат и да се впуштиме во разговор кој за само неколку минути ќе ни открие дали сакаме да го запознаеме типот подобро и да договориме прв состанок, но и како да изградиме емоционална интимност.
    Оваа негова книга е уникатен водич за секоја жена која сака да го сфати и фати типот што отсекогаш го посакувала. (С)фати го типот ќе ви помогне да разберете како размислуваат мажите, што навистина сакаат, како тие гледаат на жените, на врските, на сексот и на обврзувањето.

    button-new


  • img-book

    Број 1 Њујорк Тајмс бестселер за сите луѓе кои сакаат драстично да ги подобрат своите животи.

    Во оваа освежувачки забавна книга за самопомош, светски познатиот тренер за личен развој и успех, Џен Синсеро, нуди 27 поглавја полни со комично инспиративни приказни, отворени совети, лесни вежби и по некоја пцовка. Ако сте подготвени да направите сериозни промени во вашите животи, Ти си ѕвер ќе ви помогне: да ги идентификувате и промените вашите убедувања и однесувања кои не ви дозволуваат да го добиете тоа што го сакате во животот, ќе ви помогне да ги искорените старите стравови за да можете да преземате големи и возбудливи ризици и ќе ви помогне конечно да почнете да заработувате пари, да му се сневиди. Исто така ќе ви помогне да научите да се сакате себеси и другите, да си поставувате големи цели и да ги остварувате – генерално, ќе ви покаже како да создадете живот кој апсолутно ќе го обожавате и тоа како да го создадете веднаш.

    Кога ќе ја прочитате Ти си ѕвер, ќе разберете зошто сте такви какви што сте, како да го сакате она што не можете да го промените, како да го промените она што не го сакате и како сериозно да станете ЅВЕР.

    button-new


    5 out of 5
    Ти си ѕвер од: 400 ден
  • img-book

    Во својата нова книга, д-р Џо Диспенца ги спојува квантната наука и древната мудрост за да ни покаже дека секој од нас може да доживее мистично искуство и да ги разбуди своите потенцијали до невидени нивоа. Врз основа на многубројни научни истражувања и сведоштва на обични луѓе што доживеале неверојатни искуства во својот живот, д-р Диспенца нѐ учи како да се споиме со фреквенцијата на единствената, универзална свест, како да ги поттикнеме и да ги урамнотежиме нашите осум енергетски центри, како да се ослободиме од минатото усогласувајќи го телото со новиот ум и како да креираме нова реалност менувајќи ја енергијата во сегашниот момент. Оваа книга е програма што ни овозможува да исчекориме од физичкиот свет и да влеземе во квантното поле на неограничени можности – во кое можеме да станеме кој било и да оствариме нешто чудесно.


  • img-book

    „Ви го пишувам сето она што и самата посакував да го знам за бременоста и за првите денови од мајчинството, но, за жал, таква книга тогаш не постоеше. Токму спротивното, книгите на кои наидував би можеле да се наречат Сè што може да тргне погрешно во бременоста. Како да немаме веќе доволно стравови, па треба да ни ги сервираат и оние што сè уште не ни паднале на памет. Другиот вид книги на кои наидував беа како медицински прирачник. Некако стерилни и далеку од вистинското искуство на мајчинството.

    Барав книга што би го опишала вистинското искуство на жената од нејзиниот внатрешен свет. Барав книга што не ги храни моите стравови, туку ги трансформира во она искуство поради кое бременоста и се нарекува блажена состојба.

    Не ја најдов. Затоа сега ја пишувам.

    Сакам оваа книга да ви служи во таа насока.“

    Нада Бучевиќ


  • img-book

    Просечниот човечки животен век е апсурдно, навредливо кус. Под претпоставка дека ќе доживеете 80 години, имате само околу 4.000 седмици.

    Никој не треба да каже дека нема доволно време. Опседнати сме со списоците на задачи што треба да ги завршиме, а кои постојано се зголемуваат, со преполните електронски сандачиња, рамнотежата работа-приватен живот и постојаната битка со дистракции; преплавени сме со совети како да станеме попродуктивни и поефикасни со разни „трикови“ со цел да ги оптимизираме нашите денови. Но, ваквите техники често само ги влошуваат работите. Чувството на анксиозност станува поинтензивно и најзначајните работи во животот изгледа дека се зад хоризонтот. И покрај тоа, ние ретко ја поврзуваме секојдневната борба со времето со крајниот проблем на управување со него: предизвикот како најдобро да ги искористиме нашите 4.000 седмици.

    Потпирајќи се на увидите и на античките и на современите филозофи, психолози и духовни учители, Оливер Буркеман ни нуди забавен, хумористичен, практичен и длабок водич за времето и управувањето со времето. Отфрлајќи ја залудната модерна фиксација „да се заврши сè“, книгата „Четири илјади седмици“ ги запознава читателите со алатки за градење на значаен живот со прифаќање на конечноста, покажувајќи колку од бескорисните начини до кои сме дошле размислувајќи за времето не се неизбежни, непроменливи вистини, туку избори што сме ги направиле како поединци и како општество – и дека можеме да ги правиме работите поинаку.


  • img-book

    Замислете си како би било, пред да го напуштите светов, само да правите сé што некој друг ви кажал. Сте работеле напорно, сте штеделе и со нетрпение сте ја очекувале финансиската слобода што доаѓа со пензионирањето.

    Единственото нешто што сте го потрошиле по пат бил..вашиот живот.

    Завршете со позитивна нула претставува една изненадувачки нова и провокативна филозофија, како и практичен водич за тоа како да го извлечете максимумот од вашите пари – и од вашиот живот. Наменета е за оние што сакаат да доживеат незаборавни искуства многу пред, едноставно, само да заработуваат и да акумулираат пари за таканаречените Златни години.

    Бил Перкинс сака да ве спаси од прекумерно штедење и од тоа само преживувањето да му го преземе местото на живеењето. Без оглед на вашата возраст, Завршете со позитивна нула ќе ви покаже, чекор по чекор, како да си го оптимизирате животот така за да уживате во она за што работите и штедите.


  • img-book

    Откривањето на тешките вистини си има своја цена, но и неспоредлива награда: слободата

     

    Мудри и забавни записи на психотерапевтката чии книги „Њујорк тајмс“ постојано ги прогласува за бестселери. Готлиб храбро ни го открива својот живот, и како психотерапевт и како пацент, следејќи ги вистините и лагите што си кажуваме себеси и на другите растргнати меѓу љубовта и омразата, вината и прошката, стравот и храброста да се впуштиме во промени.

    Иако сè поотворено разговараме на теми кои некогаш се сметаа за многу интимни, штом ќе се споменат анксиозноста и депресијата, веднаш замолчуваме. Затоа, секому му треба ваква книга  – „Можеби треба да разговараш со некого“ е толку искрена што прераснува во бунт кон стереотипите.

    Врвен психотерапевт кој им помага на луѓето да го изведат животот на прав пат, еден ден Лори Готлиб и самата запаѓа во ќор-сокак. Кога целиот нејзин свет се распаѓа, во нејзиниот живот влетува Вендел, терапевт од кого ќе побара помош. Зашто секому, па дури и на оние кои ги решаваат проблемите на другите, им е потребно место каде што ќе можат да ја покажат својата ранливост – и да поразговараат со некого.

     

    „Неодоливо патување низ човечката душа што нема да сакате никогаш да заврши.“

    Киркус ривју


  • img-book

    Размислувајте позитивно и ќе активирате позитивни сили што носат позитивни резултати.

     

     

    „Моќта на позитивното мислење“ е една од најпродаваните книги на сите времиња, глобален бестселер преведен на 42 јазика и продаден во над 20 милиони примероци. Таа им помогна на многу луѓе низ светот да живеат целосно и исполнето преку инспиративната порака на Норман Винсент Пил за неопходноста од верба и позитивен став кон животот.

    Во овој исклучителен прирачник за исполнет, здрав и вреден живот, Пил со многу практични примери ни ја приближува моќта на верувањето и нејзиното директно благотворно влијание. Неговите практични техники ќе ве поттикнат да ги остварите сите свои амбиции и надежи и да постигнете душевен мир.

    Оваа едноставна и остварлива филозофија на животот ќе ве научи:

    • Да верувате во себеси и во сè што правите
    • Да стекнете решителност
    • Да развиете моќ за постигнување на поставените цели
    • Да си го подобрите здравјето
    • Да си овозможите непрестајна циркулација на позитивна енергија
    • Да ги отфрлите непотребните грижи и да живеете опуштено
    • Да ги подобрите личните и професионалните односи
    • Да преземете контрола над околностите
    • Да бидете љубезни – и со другите и со себеси.

  • img-book

    НАШИОТ СВЕТ ГО ЧЕКА ВАШЕТО СЕКОЈДНЕВНО ХЕРОЈСТВО!

    Светски познатиот експерт во лидерство Робин Шарма над 25 години е ментор на милијардери, спортски и естрадни суперѕвезди, претприемачи, членови на кралски семејства, овозможувајќи им преку револуционерен систем да ги остварат своите најголеми амбиции.

    „Манифест на секојдневниот херој“ ќе ве инспирира да постигнете восхитувачки работи, ќе ве устреми кон вашите најголеми височини и ќе ве поттикне да дејствувате до своите крајни граници. Таа ви нуди потврдени техники со кои ќе создавате ремек-дела и непрестајна низа увиди за живот исполнет со голема убавина и духовна слобода. Притоа правејќи го овој наш свет подобар.

    Страниците на оваа чудесна книга ќе ви овозможат:

    ● внатрешен увид во тоа како најкреативните, најпродуктивните и најуспешните луѓе на светот стекнуваат врвни навики, си ги организираат деновите и ги водат своите големи животи

    ● моќна практика за поголема енергија и долговечност, за да го остварите својот неограничен гениј

    ● конкретен план за правење вистинско ремек-дело кое ќе ве води напред и ќе ги мотивира идните генерации

    ● техники засновани врз невронауката за преобразба на неуспесите во победи, стравот во поттик и повредите од минатото во секојдневно херојство. Шарма несебично ја споделува со нас мудроста што макотрпно ја стекнал во животот, за да ја зголемиме виталноста, да развиеме возвишено спокојство и духовна слобода кои создаваат убав живот.


  • img-book

    Сурово искрена формула за победување во бизнисот, спортот или која било арена во која битката е безмилосна од престижниот тренер за врвни резултати меѓу чии ученици се вбројуваат Мајкл Џордан, Коби Брајант и Двејн Вејд.

    Со „Победување“ Тим Гровер докажува зошто е еден од најбараните експерти за успешен начин на размислување што непогрешно води до победа. Врз основа на своето 30-годишно искуство, тој ги отстранува клишеата и претерано ентузијастичкото бодрење кои создаваат просечност и ве повикува решително да ја предизвикате реалноста. Која е наградата? Огромен успех.

    Ако сте навлечени на вкусот на успехот и сакате уште, тогаш сте подготвени за оваа стратегија за изведба. Ако веќе победувате и сакате да научите како да стигнете до нивото на најголемите – оваа книга ќе ви го покаже патот.

    „Тим Гровер е експерт за умствена сила. Со оваа книга-прирачник ќе откриете што сте способни да постигнете, резултати што не можете ни да ги замислите, достигнувања до највисокото ниво на успехот – дури и повисоко.“ Коби Брајант

    „Имам неверојатна верба и доверба во Тим Гровер.“

    Двејн Вејд


    Победување од: 420 ден
  • img-book

    „Мој личен развој“ е уникатно изработен психолошки прирачник од експертот за личен развој Ведрана Стојановска. Оваа книга е несекојдневен водич за среќен живот што ќе ве насочи како да ги менувате секојдневните навики, како да го цените секој момент и на тој начин да успеете да ја промените својата судбина.

    Достапен во четири различни дизајни, прирачникот е поделен на три дела, секој со различен придонес во мисијата за среќен живот. Тој нуди психолошка анализа и запознавање со сопствената потсвест, по што ве води низ дневно планирање и себеанализа кои придонесуваат за остварување на сите ваши цели.

    Предводена од своите лични искуства и своето знаење, авторката создава нешто многу поинакво, нешто што ќе му помогне на секој човек кој сака да се посвети себеси и на своите соништа.


  • img-book

    Пречувствителноста не е слабост – може да биде твојата силна страна!

     

    Имаш ненадејни промени во расположението? Непријатно ти е меѓу непознати? Кога гледаш дека некој се чувствува лошо, знаеш што треба да направиш за да му биде подобро? Не сакаш метеж, врева или насилство? Ако на сите овие прашања си одговориш потврдно, тогаш со сигурност си пречувствителна личност и тоа ти создава тешкотии во животот.

    Федерика Боско отсекогаш знаела дека е пречувствителна. Уште од мала не ги сфаќала работите како другите деца, туку сѐ доживувала на своја кожа и многу подлабоко. Овој нејзин интимен дневник е практичен прирачник за сите кои размислуваат многу и се грижат премногу, но истовремено и за оние кои сакаат да ги разберат пречувствителните луѓе. Анализирајќи ја психата со сите нијанси на човековата душа, таа им нуди стратегија на луѓето кои живеат во подвоеноста на своите комплицирани и фасцинантни личности.

    Пречувствителноста не е слабост! Таа може да биде твојата тајна моќ. Со практичните совети на Боско можеш својата пречувствителност да ја претвориш во предност, да се ослободиш од лошите луѓе и ситуации и да му се радуваш на животот.