Мистерии (87)
  • img-book

    Котон Малоун е повторно во акција!

    Котон Малоун и неговиот петнаесетгодишен син, Гери, се упатени кон Европа. Поради услуга што му ја должи на својот поранешен шеф во Министерството за правда Малоун се согласува да го придружува тинејџерот-бегалец и да го врати во Англија. Но откако е пречекан со вооружена престрелка во Лондон, во која и бегалецот и Гери исчезнуваат, Малоун сфаќа дека има нагазено на високоризична дипломатска конфронтација – меѓународен инцидент поткрепен со гео-политички превирања и со запрепастувачки тајни од династијата на Тудорите.

    – Стив Бери во новата меѓународна авантура успева на наративен и само за него својствен начин да ги замеша современите политички интриги, предавството на Тудорите и возбудувањата во еден возбудлив роман на неизвесност.


    Кралска измама од: 550 ден
  • img-book

    ОНА ШТО Е ЗАГУБЕНО ЌЕ СЕ ОТКРИЕ… Вашингтон: Симболот од Харвард Роберт Лангдон е повикан во последен миг да одржи вечерно предавање во Капитол. По неколку мигови од неговото пристигнување, во самиот центар од Ротундата, се појавува еден вознемирувачки предмет, морничаво украсен со пет симболи. Тој веднаш сфаќа дека станува збор за античка покана, којашто го повикува нејзиниот примач кон еден одамна загубен свет на скриена езотерична мудрост. Кога Лангдон открива дека неговиот почитуван ментор, Питер Соломон филантроп и истакнат масон, брутално е киднапиран, Лангдон сфаќа дека единствената надеж да го спаси животот на неговиот пријател е да ја прифати оваа мистериозна покана и да ја следи без оглед каде таа ќе го одведе. Лангдон многу брзо се наоѓа себеси затворен зад бедемите од најмоќниот град во Америка, во непознатите соби, храмови и тунели кои постојат таму. Сето она што претходно му било познато се трансформира во нејасен, прикриен свет на умешно скриено минато во кој се чини дека масонските тајни и претходно непознатите откритија го водат до невозможна и незамислива вистина. Како совршено изработена таписерија од прикриени истории, мистериозни знаци и загадочни кодови, ЗАГУБЕНИОТ СИМБОЛ претставува интелигентен, молскавичен трилер кој нуди изненадувања на секој агол. Бидејќи, како што ќе открие Роберт Лангдон, не постои ништо почудно или пошокантно од тајната којашто се крие пред очи…


  • img-book

    Сè што е потребно да се разоткрие нечиј живот е само една мала тајна…

    Марин има совршен живот. Омажена за својата љубов од факултетските денови, таа е сопственичка на синџир елитни фризерски салони, додека сопругот Дерек управува со сопствена компанија. Тие се почитувани членови во својата заедница и семејство полно со љубов. Сè додека не им се распадне светот дента кога е киднапиран нивниот син Себастијан.

    Една година подоцна, Марин е претворена во сениште. ФБИ изгубило секаква трага. Таа и нејзиниот сопруг одвај зборуваат еден со друг. Марин најмува приватен детектив да продолжи со истрагата, но, наместо да го најде Себастијан, открива дека Дерек има афера со помлада жена. Ова откритие ја враќа Марин во живот. Го изгуби својот син, но нема да дозволи да го изгуби и сопругот. Кензи е непријател со име и презиме, што значи дека ова е проблем што Марин може да го реши.


    Мали тајни од: 400 ден
  • img-book

    Пред осумнаесет години шестмесечната ќерка на Симона Портер, Хелена, е киднапирана.

    Симона и нејзиниот сопруг, Мет, едвај успеваат повторно да ги состават парчињата од својот живот, но болката од загубата на нивното дете никогаш не ги напушта. Тогаш се појавува една млада девојка по име Грејс и ѝ кажува на Симона дека има информации за нејзината исчезната ќерка.

    Но, која е Грејс? И дали Симона може да и верува? Но, кога и Грејс исчезнува, Симона се вплеткува во очајна потрага по својата ќерка и по девојката што може да има клучни информации за случајот. Таа е само на чекор од вистината, но тој чекор се наоѓа на опасна и болна територија.

    Симона ја загуби својата ќерка. Но дали ќе го загуби и животот обидувајќи се да ја најде?


  • img-book

    Лидија е мртва. Но тие сѐ уште не го знаат тоа. Со овие зборови почнува несекојдневниот роман на Селест Инг за семејството со кинеско потекло што живее во Америка во седумдесеттите години од минатиот век. Лидија е омиленото дете на Мерилин и на Џејмс Ли, кои се надеваат дека таа ќе ги исполни нивните големи очекувања и ќе го оствари сето тоа за што сонуваат, а што самите не биле во можност да го достигнат. Но кога во езерото недалеку од нивната куќа ќе биде пронајдено телото на Лидија, чувствителната рамнотежа во семејството Ли ќе биде уништена и во нивниот живот ќе завладее хаос.
    Ова е роман полн со детали и одлично прикажани емоции што ги преживуваат ликовите: долго потиснување на неостварените желби на родителите со кои ги оптоваруваат своите деца, како и напорот и борбата на членовите на семејството за меѓусебно разбирање.


  • img-book

    Од најпродаваниот автор на „Сè што никогаш не ти кажав“, возбудлив роман кој ги следи испреплетените судбини на совршеното семејството Ричардсон и загадочните мајка и ќерка, кои прават пресврт во своите животи. Во Шејкерс Хајтс, спокојно, прогресивно предградие на Кливленд, сè е планирано – од изгледот на кривулестите патишта, до боите на куќите и успешните животи на нивните жители. И никој не го отелотворува овој дух повеќе од Елена Ричардсон чиј принцип, според кој се води, е да игра според правилата. Се појавува Миа Ворен, енигматичен уметник и самохрана мајка, која ќе пристигне во овој идиличен меур со својата ќерка тинејџерка, Перл, и изнајмува куќа од Ричардсонови. Наскоро, Миа и Перл стануваат повеќе од станари: сите четири деца на Ричардсонови се привлечени од мајката и ќерката. Но, Миа со себе го носи и своето мистериозно минато и не се грижи за состојбата на статус кво што се заканува да ја шокира оваа внимателно уредена заедница. Кога старите семејни пријатели на Ричардсонови се обидуваат да посвојат бебе со кинеско-американско потекло, битката за старателството еруптира толку драматично што го поделува градот – и ги става Миа и Елена на спротивставени страни. Сомневајќи се во Миа и во нејзините мотиви, Елена решава да ги открие тајните од минатото на Миа. Но, нејзината опсесија ќе даде неочекувани и разорувачки резултати. „Мали огнови насекаде“ се занимава со тежината на тајните, природата на уметноста и на идентитетот, и со опасноста од верувањето дека ако се игра според правилата, може да се спречи катастрофа.


  • img-book

    Кампусот на едно престижно средно училиште е завеан во снег. Тројца пријатели ќе бидат поврзани со една трагична тајна. Една млада жена исчезнува во ноќта.

    Француската ривиера, зима 1992 година. Кога подготвителната школа е затворена поради снежната бура, Винка Роквел, 19-годишна, една од најсолидните ученички во нејзината генерација на програмата за пост-бакалауреат, бега со својот професор по филозофија со кого таа има тајна врска. За Винка, „Љубовта е сѐ, или ништо”. Никој нема да ја види повторно… Француската ривиера, пролет 2017. Некогаш неразделните Манон, Томас и Максим (најдобрите пријатели на Винка) немале никаков контакт меѓу себе по завршувањето на средното училиште. Тие се сретнуваат за првпат по 25 години, на собирањето по повод средношколскиот јубилеј. Кога тие беа ученици, под ужасни околности, тројцата пријатели извршија убиство и го сокрија телото во ѕидот од спортската сала во нивното училиште. Сега салата треба да биде срушена за да се направи место за новата училишна зграда. Одеднаш ништо не може да ја спречи вистината да излезе на виделина. Вознемирувачката, болна, ѓаволска вистина…