Мистерии (79)
  • img-book

    Таа секој миг може да исчезне не кажувајќи збогум.

    Рикардо е опсесивно вљубен во една необична девојка која постојано исчезнува и ненадејно се појавува. Луд по неа уште од тинејџерските години, влегува во еден маѓепсан круг од кој не сака да излезе. Како и да се појави, како жена на француски дипломат, како љубовница на мистериозен јапонски бизнисмен или како сопруга на богат Англичанец, Рикардо жедно ја прифаќа поканата на неодоливата измамничка.

    Ќе дознае ли некогаш која е таа навистина? Тешко прашање, исто како и дилемите околу идентитетот, и личниот и националниот. Сите ликови расфрлени низ светот како семиња на ветер, опседнати со своите амбиции и желби, се луѓе кои се борат за своите идеали, подготвени да го сменат својот идентитет како да облекуваат нов костум.

    Во својот обичен живот во саканиот Париз, во свет на лаги и брзи промени, Рикардо не престанува да го очекува враќањето на своето лошо девојче. Ќе паднат ли на крај маските и ќе се открие ли вистинското лице на љубовта?

    „Приказна која опфаќа децении и континенти, раскажана со таква умешност што се граничи со вешто премостување на личното и универзалното.“

    Сан Франциско кроникал


  • img-book

    #3 АРМАНД ГАМАШ

    Велигден во Три Пајнс е време на црковни служби, потрага по јајца и сеанси за воскреснување на мртвите.

    Група пријатели одат во старата куќа на Хадли, ужасот на ридот, за конечно да се ослободат од злите духови што го измачуваат селото со децении. Но, наместо да се ослободат од духот, тие создаваат нов. Еден од пријателите умира од страв. Или сепак се работи за убиство? Тогаш се појавува главниот инспектор Арманд Гамаш со својот тим од полицијата во Квебек. Додека ги разоткриваат слоевите нечистотија што ја покриле опседнатата куќа, сфаќаат дека злото не е само таму. Еден од навидум љубезните селани е воден од исто такво зло.

    Велигден во Три Пајнс е време на повторно раѓање, особено кога природата се буди. Но тогаш се буди и нешто друго, нешто неубаво. И веќе е јасно дека за да се случи повторно раѓање, прво мора да има смрт.


  • img-book

    #3 Миа Кригер и Холгер Мунк

    Зима е, 1996 година. Еден пензионер вози низ планините со својот автомобил. Одеднаш забележува нешто пред себе и нагло закочува. Фаровите фрлаат светлина врз снегот на патот каде што стои преплашено дете со помодрени усни и со еленски рогови на главата.

    Четиринаесет години подоцна, во планинското езеро недалеку оттука, пронајдена е мртва девојка. Во балетски костим, а близу до неа стои и фотоапарат на статив. За една недела ќе се случат уште две убиства. Убиецот остава насоки за полицијата што ги водат во игра во која не може да победат.


  • img-book

    Експлозивен трилер од авторката на „Човекот од креда“ за селцето Чепел Крофт кое крие тегобни тајни. Пред 500 години во него на клада биле изгорени осум протестантски маченици. Пред 30 години без трага исчезнале две тинејџерки. А пред два месеца се самоубил капеланот. Постои ли некаква поврзаност меѓу нив, и дали навистина местото е опседнато?

    Новиот капелан Џек Брукс, самохрана мајка која и самата бега од своето мрачно минато, се надева дека ќе најде мир и одново ќе го започне животот. Но кога од непознат праќач ќе добијат за добредојде стар комплет за егзорцизам, скромната куќа и немањето интернет се најмалите грижи со кои се соочуваат таа и нејзината 14-годишна ќерка.

    Колку повеќе се запознаваат со чудните жители, сомнежот и стравот им се продлабочуваат. Зашто откривањето на вистината во село во кое сите се поврзани со крвавото минато и никој не им верува на дојденците – може да биде смртоносно.

    „Хипнотизирачки и застрашувачки… Најдоброто од Тјудор што ме натера да спијам со запалена светилка.“

    Крис Витакер


  • img-book

    Можете да спасите илјадници непознати животи или еден, на човекот кој ви значи најмногу

    Клаустрофобичен трилер чиј заплет се случува во тесниот простор на еден авион. Има уште 12 часа до слетувањето, во кои можат да се случат многу нешта. Особено ако се последни…

    Мина е стујардеса која дава сè од себе да им го направи спокоен летот на патниците. Се обидува да ги заборави домашните проблеми – разнишаниот брак и петгодишната ќерка со синдром на нарушена приврзаност. Но овој пат тоа е невозможно. Зашто по полетувањето добива заканувачка порака од анонимен патник кој е решен да не слетаат во Сиднеј. Некој кој ѝ ја знае слабата точка и знае како да ја услови: „Следниве инструкции ќе го спасат животот на ќерка ти…“

    Кога неколку патници се убиени и ситуацијата излегува од контрола, Мина знае дека мора да преземе нешто. Патниците за кои е одговорна или… ќерката и сопругот кои се под закана, врзани во нивниот дом. Дилемата е морничава, исто како и расплетот. Ова е најнапнатиот лет во историјата на трилерите.

    „Роман што хипнотизира. Ќе биде хит, а веројатно и класика.“

    Ли Чајлд

    „Застрашувачки трилер.“

    Шари Лапена


    ЗАЛОЖНИЦИ од: 500 ден
  • img-book

    Професорот Роберт Ленгдон, прочуениот симболог од Харвард, е повикан од директорот на свет­ски ­познатата, швајцарска истражувачка ус­та­нова ЦЕРН за да анализира криптичен симбол втис­нат на градите на еден убиен физичар. Она што го открива е незамисливо, смртоносна одмазда против Католичката црква од страна на вековната подземна организација – Илуминатите. Во очајна трка да го спаси Ватикан, Ленгдон ги здружува силите со прекрасната и мистериозна научничка Виторија Ветра. Заедно тие тргнуваат во избезумен лов низ запечатени крипти, опасни катакомби, напуштени катедрали и во длабочините на најтаинствениот трезор на земјата… одамна заборавеното дувло на Илуминатите.


    5 out of 5
    Ангели и демони од: 600 ден
  • img-book

    По смртта на сопругот, кој умира во несреќа додедека ја градел нивната куќа од соништата, Кајла Картер е свесна дека мора да сотане силна за нивната четиригодишна ќерка. Но, кога една постара жена се доселува во соседството, животот на Кајла тргнува во друга насока. Постарата нова сосетка на Кајла, Ели Хокли и вели да не се вцелува во куќата и таа речиси и ќе се согласи со неа. Повеќе од јасно е дека оваа жена има некаква врска со минатото….и врска со самата Кајла. Ели Хокли со себе носи тајни што се протегаат наназад, дури до педесетите години на минатиот век.
    Дали Ели сака да ги исправи грешките од минатото? И дали последната куќа од улицата го има клучот за разрешавање на мистеријата?
    Раскажан во два временски периода, Последната куќа на улицата е роман на шокантни предрасуди и насилство, забранета љубов, потрага по правда и заплеткани лози на две семејства.


  • img-book

    Штотуку се качивте на летот за Њујорк.

    Во авионот освен вас има уште сто четириесет и три патници.

    Она што не го знаете е дека триесет минути пред летот, семејството на вашиот пилот беше киднапирано.

    За да живее неговото семејство, сите во овој авион мора да умрат.

    Единствениот начин на кој семејството ќе преживее е ако пилотот ги следи упатствата и го урне авионот.

    Уживајте во летот.

    „Т. Џ. Њуман го напиша совршениот трилер! Задолжително да го прочитате.” – Џилијан Флин

    „Зачудувачки и немилосрдно. Ова е филмот АЈКУЛА само на 35.000 стапки“. – Дон Винслоу

    „Романов е од најдобриот вид на трилер… Непрекината, целосно автентична неизвесност“. – Џејмс Патерсон


    Паѓање од: 490 ден
  • img-book

    Лора е скршена по ненадејната смрт на нејзиниот сопруг. Борејќи се да се справи емоционално и финансиски, Лора е благодарна кога локална заедница, „Оук лиф органикс“, ù нудат дом нејзе и на нејзината 17-годишна ќерка Тили.

    Но, додека Лора и Тили се адаптираат на животот со нивното ново „семејство“, почнуваат да се случуваат опасни работи. Кога еден од заедницата умира под сомнителни околности, Лора сака да замине, но Тили, привлечена од харизматичниот лидер, Алекс, одбива да си оди.

    Очајно барајќи начин да ја спаси својата ќерка, Лора открива застрашувачка тајна, но Алекс и неговото семејство не се единствените што кријат нешто. Како што Лора копа во нивното минато, така тие копаат во нејзиното и таа ја открива застрашувачката причина поради која ги поканиле неа и Тили и зошто никогаш нема да им дозволат да заминат…


    Додадена
    Семејство од: 450 ден
  • img-book

    Книгата го поставува прашањето: Дали е поопасен сериски убиец што убива педофили или е поопасен човек што, додека во светот се случуваат вакви нешта, ја гледа само својата удобност и останува рамнодушен? 

    Цел на серискиот убиец Мижачот се педофилите. Секогаш ги убива со ист ритуал. Ги носи силувачите на места што се поврзани со деца и покрај нив остава играчка. Покрај тоа, им ги врзува очите со кадифен превез и им пресекува дел од десното уво. Поради ова го нарекуваат Мижачот.

    Пред неколку години имало слични случаи, но убиецот не бил фатен. Сега, кога тимот на началникот Невзат доаѓа на местото на злосторството, од глетката заклучуваат дека Мижачот повторно се вратил. Жртвата е педофилот што претходно се обидел да ја заведе и ќерката на началникот, пред таа и мајка ѝ да загинат во вооружен напад. Поради сето ова случајот почнува да станува почувствителен.

    „Крикот на ластовицата“ го буди интересот на читателите со својата богата фикција и со возбудливото темпо, како и со чувствителниот приод кон општествените случувања, нудејќи многу повеќе од еден детективски роман. Дали може да се оправда едно убиство, од каква и да е причина?


  • img-book

    Уште една крими-драма што е сосем поинаква од која било книга од тој жанр.

    Дејството ги следи судбините на двајца млади Роми, кои по игра на случајноста завршуваат во судница и доживуваат пресуда што отвора низа настани што никој не би можел да ги замисли.

    Приказната за Ајша и Габриел, за Павле и Јована, е приказна за џелатите што стануваат жртви и жртвите што стануваат џелати на сопствената судбина. Тоа може да се претвори во сечија приказна, но уште веднаш се однесува на секого од нас. Токму затоа оваа книга ќе ја прочитате во еден здив, а силуетите на нејзините јунаци ќе се вкотват длабоко во вас.

    Мајиќ никогаш немал шанса да одговори на обвинувањата против него. Не го сторил тоа зашто се држел до професионалниот кодекс и не сакал да зборува за случаите на кои судел. Наместо да ги толкува површните напади, судијата одговара со нова книга, која не само што претставува книжевно дело туку е и посебен чин од кој треба да учиме како да се бориме на правилен начин.

    „Островот на пеликаните“ носи надеж дека борбата за општо добро секогаш има смисла.


  • img-book

    Ако сакаш да го задржиш тоа што е твое, мора подобро да го чуваш. Некој секогаш демне да ти го грабне она што си го добила.

    Сидни Грин е родена и порасната во Бруклин, но нејзиниот крај одеднаш брзо почнува да се менува. Речиси прекуноќ никнуваат згради со луксузни станови, насекаде има огласи за продажба на куќите, а соседите што ги познава цел живот ненадејно исчезнуваат. Раскинувана од болка поради пропаднатиот брак и загубата на мајка си, таа решава да организира туристичка обиколка на Бруклин, во чија подготовка ѝ се придружува новиот сосед, белецот Тео.

    Но нивното заедничко истражување на историјата на црните населби се претвора во виор од параноја и страв. Можеби има вистина во приказните за киднапирање и насилно одземање на домовите? Можеби нивните соседи воопшто не се преселиле во предградијата? Иако сакаат да ги отфрлат теориите на заговор, наскоро откриваат дека зад плановите за ревитализација се кријат сосема поинакви мотиви.

    Можат ли Сидни и Тео доволно да си веруваат себеси, и еден на друг, за да дознаат што се случува – пред и самите да исчезнат во морничавите планови на една корпорација гладна за профит?


  • img-book

    Четворица познати браќа и сестри организираат епска забава за да го прослават крајот на летото. Но, во период од 24 часа нивните животи ќе се сменат засекогаш.

    Малибу, август 1983 година. Тоа е денот на годишната забава на Нина Рива по повод крајот на летото. Исчекувањето е трескавично. Сите сакаат да бидат во близина на познатите Рива: Нина, талентираната сурферка и супермодел; браќата Џеј и Хад, едниот шампион во сурфање, другиот признат фотограф; и нивната обожавана помала сестра Кит. Заедно, тие се извор на фасцинација во Малибу и во светот – особено како потомци на легендарниот пејач Мик Рива.

    Единствената личност која не е баш воодушевена од забавата на годината е самата Нина, која никогаш не сакала да биде во центарот на вниманието и која кусо пред тоа е јавно отфрлена од нејзиниот сопруг – професионален тенисер. Секако, можеби и Хад – поради одложувањето на еден разговор со неговиот брат со кого се неразделни од раѓање.

    Од друга страна, Џеј ги брои минутите до забавата, бидејќи девојката на која не може да престане да мисли, му вети дека ќе биде таму.

    И Кит има неколку свои тајни – вклучително и гостинот кој го поканила без да ги консултира другите.

    До полноќ забавата ќе биде надвор од контрола. До утрото, куќата на Рива ќе исчезне во пламен. Но, пред таа прва искра во раните утрински часови, на сите страни ќе тече алкохол, ќе ечи музика и љубовта и тајните што ги обликувале генерациите од ова семејство ќе испливаат на површина.

    „Малибу во пламен“ е приказна за една незаборавна ноќ во животот на едно семејство: ноќ во која секој од нив треба да реши што ќе избере од луѓето кои ги создале… и што ќе остави зад себе.


    Малибу во пламен од: 480 ден
  • img-book

     

    Леди Ателинда Плејфорд е една од омилените авторки на книги за деца. Таа приредува забава на својот имот. Тоа не е обичен собир. Додека гостите пристигнуваат, леди Плејфорд го повикува својот адвокат за да го измени тестаментот и сето тоа да го соопшти во текот на вечерта. Одлучува да ги лиши сопствените деца од сè, а целото богатство да му го остави на некој кому му остануваат сè на сè неколку недели живот.

    Меѓу гостите се и двајца мажи што дотогаш ги нема сретнато – белгискиот детектив Херкул Поаро и Едвард Качпул, инспектор од Скотланд јард. Ниту еден од нив не знае зошто е повикан. Поаро се прашува дали леди Плејфорд очекува да се случи убиство, но не може да сфати зошто таква провокација кога се знае дека можниот убиец е меѓу присутните?

    Кога убиството навистина ќе се случи, и покрај сите обиди на Поаро да го спречи, ќе може ли славниот детектив да ја открие вистинската причина зошто леди Плејфорд ја направила драстичната промена во тестаментот? И, ќе може ли да го открие вистинскиот убиец?


  • img-book

    Еден обичен ден во домот на Дарслиеви, на Привет драјв, бр. 4, стигнува писмо за момчето во креденецот под скалите, Хари Потер. По многуте обиди на тетин Вернон да ги скрие писмата што постојано доаѓаат, една вечер на вратата се појавува Рубеус Хагрид од училиштето Хогвортс за вештерство и волшебништво, и му вели дека е волшебник. Тогаш почнуваат авантурите на Хари и неговите пријатели, но влогот е голем − целиот волшебнички свет е во опасност.

    „Хари Потер и Каменот на мудроста“ е првиот дел од серијалот за младиот волшебник Хари Потер и неговите авантури во светот на волшебниците и на магијата.


  • img-book

    Уште еден бурен летен распуст на Хари! Овој пат тој успеа да се замери со својата тетка и за малку да биде избркан од Хогвортс! За бељата да биде уште поголема, озлогласениот затвореник Сириус Блек е побегнат од волшебничкиот затвор Аскабан, а страшните дементори го чуваат Хогвортс од сите страни. На крајот, тука е и црното, огромно куче кое го следи Хари насекаде, и гримот, предзнакот на смртта, што се појавува во ливчињата чај на часовите по Претскажување. Мрачните сили никако да си заминат од Хогвортс!

    „Хари Потер и затвореникот од Аскабан“ е третиот дел од серијалот за младиот волшебник Хари Потер и неговите авантури во светот на волшебниците и на магијата.