Мистерии (109)
  • img-book

    Во нарација подеднакво маѓепсувачка и мистериозна како и сеќавањето – ја дознаваме приказната за Натаниел (14 години) и неговата постара сестра Рејчел.

    Во 1945 година, непосредно по Втората светска војна, тие остануваат во Лондон додека нивните родители се преселуваат во Сингапур, оставајќи ги на чување на мистериозната фигура по име Молецот.

    Сомневајќи се дека тој е криминалец, децата стануваат уште позагрижени кога ја запознаваат неговата ексцентрична група пријатели: мажи и жени споени од заедничката, недефинирана служба во војната. И сите тие се решени сега да ги заштитат и едуцираат (на крајно невообичаени начини) Рејчел и Натаниел.

    Но, дали се навистина оние што тврдат дека се? И што значи кога мајка им се враќа по месеци молк без таткото и без какво било објаснување?

    Десетина години подоцна Натаниел почнува да открива сè што сакал да дознае, а токму патувањето низ фактите, сеќавањата и имагинацијата е пренесено во ова ремек-дело од еден од најголемите писатели на нашето време.


    Замрачување од: 350 ден
  • img-book

    Софи Ханивел отсекогаш се прашувала дали згрешила кога го оставила Томас Гордон. Бил совршен, но на денот кога ја запросил, Софи му го скршила срцето.

    Една година подоцна, Томас повторно влегува во нејзиниот живот за да ја извести дека ја наследила куќата на неговата тетка Кони на островот Скрибли Гам. Софи се сели на островот и го запознава семејството на Кони – галерија од интересни и необични ликови. Меѓутоа, по смртта на сестра си, Роуз почнува да се прашува дали еднаш одамна таа и Кони донеле добра одлука и дали дошло времето да ја открие тајната од дамнешното минато што би можела на сите да им ги промени животите од корен.


  • img-book

    Теди Крачер ја освоил наградата Наставник на годината на престижната академија „Белмонт“, училиште за најдобрите и најталентираните.

    Тој вели дека неговата сопруга не може да биде погорда – иако никој не ја видел подолго време.

    Теди не може да се заморува со смртта на мајката на една ученичка што сè повеќе личи на убиство, ниту, пак, со еден ученик кој сè подлабоко копа во неговиот личен живот. Главен фокус му е да ги турка овие деца до нивниот максимален академски потенцијал.

    Сè што сака е неговите колеги – и бескрајно наметливите родители – да му се тргнат од патот.

    Понекогаш е лошо што извонредноста доаѓа по многу висока цена.


    За ваше добро од: 490 ден
  • img-book

    Местото што ги знае сите тајни.

    Едно совршено јулско утро, педесетгодишната Ел, среќно омажена и мајка на три деца, се буди во Хартиената палата – викендичката што ја посетуваат секое лето. Но ова утро е поинакво. Додека гледа во празните чаши од вино и го слуша ехото од смеата на пријателите, се присетува на страсната средба во мракот со стариот пријател од детството, додека нејзиниот сопруг мирно си разговара со гостите.

    Сега Ел е исправена пред судбоносна одлука – дали да го продолжи мирниот живот со својот сакан сопруг  Питер или да се одлучи за неизвесен живот за кој отсекогаш мечтаела, со љубовта од детството оневозможена од еден трагичен настан што им ја променил иднината?

    Нежен но разурнувачки, „Хартиената палата“ е извонреден роман кој брилијантно ја отсликува растргнатоста помеѓу желбата и сигурноста, и последиците од грешките што семејството ги пренесува врз судбината на идната генерација.

     

    „Исклучително надарена со неверојатна моќ за опишување, Хелер фантастично ни ги слика  природата и човечката душа.“

    Њујорк тајмс

     

    „Книга што ќе ве држи во неизвесност до самиот крај.“

    Паблишер викли


  • img-book

    Безмилосен шпион

    1942 година. Целта на Алекс Волф е Каиро. По едно макотрпно пешачење низ Сахара, тој стигнува во градот со себе носејќи примерок на Ребека од Дафне ди Морие, еден смртоносен бодеж и траги на убиени лица зад себе. Познат како Сфинга во неговите кругови, Волф е нацистички шпион со брутална желба за успех по секоја цена.

    Неуспешна воена кампања

    Британската воена кампања во северна Африка станува едвај одржлива. Под водство на Ромел, Германците сè побрзо се приближуваат, а извештаите на Алекс Волф за движењата на британските трупи и нивните стратешки планови им даваат предност. Разузнавачкиот офицер Вилијам Вандам има задача да го фати Волф пред да бидат поразени Британците.

    Смртоносна потера

    Вандам бара помош од куртизаната Елени Фонтана, која се согласува да се обиде да го фати нацистичкиот шпион во замена за подобар живот во Палестина. Дали можат да го фатат овој извонредно лукав шпион пред тој да ги открие тајните на Каиро и да пропадне воената кампања?


    Клучот за Ребека од: 450 ден
  • img-book

    Вознемирувачки и емотивен трилер што нема да ве остави мирни сè додека не откриете сè за вашите соседи.

    Една студена јануарска ноќ Шерон излегува во дворот за да го гледа помрачувањето на месечината за кое сите зборуваат. Сакајќи да ја фотографира, го насочува мобилниот кон куќата на соседите. За нив знае само дека се презиваат Флеминг благодарение на поштенското сандаче.

    Но таа ноќ забележува нешто чудно во нивната куќа – мало девојче кое мие садови поткачено на столче во кујната. Шерон знае дека соседите немаат дете на таа возраст. А дури и да имаат некое гостинче, зошто толку мало дете би миело чинии во единаесет часот навечер?

    Кога ќерка ѝ Ејми ќе ја замоли привремено да ја вдоми Никита, осумнаесетгодишна девојка без родители, Шерон ја заборава таа случка. Но наскоро и Никита почнува да забележува сомнителни работи во соседната куќа. А кога социјалните служби не сакаат да се вмешаат во случајот, тие двете ги преземаат работите во свои раце.


  • img-book

    Сѐ додека има болка, ќе има и живот.

    Во еден сомнителен мотел во Бангкок е најдено телото на норвешкиот амбасадор во Тајланд, прободено со ритуален нож. Дали бил жртва на грабеж или се работи за убиство од политички причини? Обидувајќи се да избегне скандал, Осло го праќа мамурниот инспектор Хари Хуле на специјална задача. Набргу тој талка по бангкокшките улички помеѓу опиумските дувла, храмовите, рекламите за туристи, малолетниците што се проституираат и го-го баровите.

    Сите кријат нешто и истрагата тапка во место. Кога Хари ќе дојде до една сомнителна снимка, работите уште повеќе се комплицираат. Можните сведоци ненадејно исчезнуваат и трагите не водат никаде. Но неуспехот во расветлување на убиството не е единствената казна што може да ги најде непретпазливите. Зад мрачните ѕидови на градот владее подземен свет на високи финансии, меѓународна шпионажа и педофилија.

    Има ли некој комушто Хуле може да му верува во непознатиот град?

    „Несбе цврсто управува со сложеното дејство и драмскиот развој на ликовите, но особената привлечност на овој роман е што Хари Хуле совршено се вклопува во живописната реалност на Бангкок и Тајланд, иако Несбе го префрлил во крајно ненорвешко опкружување.“

    – Индипендент


    Лебарки од: 500 ден
  • img-book

    Кога сѐ ќе изгубиш, веќе немаш од што да се плашиш.

     

    Во едно мало норвешко село автомеханичарот Рој Опгард води осаменички живот сè додека не се случи она што никој не го очекува – враќањето на неговиот помлад брат. Карл доаѓа богат, со диплома во џебот, со мистериозната сопруга Шенон и со голем план за осиромашеното родно место – бизнис што сите го прифаќаат како можност за спас. И токму кога се чини дека минатото е заборавено, почнуваат да испливуваат мрачните тајни од нивното детство. Сѐ уште не се заборавени мистериозните несреќи во кои загинуваат нивните родители и селскиот полицаец, а сега нивниот број се зголемува…

    Додека напнатоста расте и обрачот околу нив се стега, Рој се преиспитува до каде може да оди за да го заштити својот алчен брат. Дали по секоја цена да му остане верен на семејството или да им се препушти на страсните чувства кон Шенон?

    „Кралството“ е моќен роман за мрачните семејни тајни каков што може да напише само врвниот криминалистички автор на норвешката и светската литература, Ју Несбе.

     

    „Целата книжевна моќ на најпознатиот скандинавски писател на црниот роман е концентрирана во мрачната, насилна приказна за двајца браќа. Несбе со епски замав ја разурнува илузијата за едно семејство и за една мала, среќна планинска заедница.“

    Киркус ривјус


    Кралството од: 600 ден
  • img-book

    Сега и филм на „Нетфликс“ со Мили Боби Браун, Хенри Кавеил и Хелен Бонам Картер!

    Енола Холмс е во бегство! Зад петиците ù е, ни помалку ни повеќе, туку нејзиниот постар брат, Шерлок Холмс. Сепак, додека се обидува да му измолкне на легендарниот детектив – во најголемиот, најмрачниот и највалканиот град на светот – таа ги открива неочекуваните цртежи на Леди Сесили, што ù оставаат силен впечаток. Но, Леди Сесили е исчезната без трага. Храбро трагајќи по левораката дама низ темните улици на Лондон, Енола ризикува повеќе од што треба. Ги ризикува сопствениот идентитет и сопствениот живот, во случај многу покомплексен од обично исчезнување на една леворака дама.

    „Левораката дама“ е втората книга од серијалот „Мистериозните случаи на Енола Холмс“ од веќе признаената авторка Ненси Спрингер – совршена приказна за вљубениците во Шерлок Холмс, детективската фикција и мистеријата.


    Левораката дама од: 280 ден
  • img-book

    Стравот не е изговор.

    Некогаш е доволен само еден миг за да се промени целиот живот. Или да заврши. Како што се случува со 16-годишната Фин Милер, додека нејзиното семејство се бори да преживее среде снежната виулица. Книга пишувана од перспектива на тинејџерка која е на границата помеѓу двата света, беспомошно набљудувајќи го страдањето на саканите и нивната борба за живот.

    Колку мига се потребни за да се продолжи тогаш кога тоа е невозможно? Фин мора да продолжи по својот пат, но како кога нејзиното семејство е уништено? Тешко е да се биде мртов и да се гледа како светот продолжува без тебе. Уште потешко е да се биде беспомошен кога гледаш дека твоите најблиски не можат да го направат тоа.

    Болна приказна за храброста да се донесат правилните одлуки во мигот кога животот ти виси на конец.

    „Ликовите и нивното закрепнување се емотивно претставени, како и реалноста на надежниот крај. Читателите на семејни драми ќе бидат воодушевени.“ Буклист


    Во еден миг од: 500 ден
  • img-book

    На крајот, сè се сведува на (не)прифаќање на ранливоста на постоењето.

    Среде зима во туѓ град, еден млад човек почнува да ја раскажува својата приказна испреплетувајќи ја со туѓи биографии, за да не го изгуби чувството на припадност. Трагајќи по нејзината смисла, бара одговор за суштината на животот и смртта. Дали тој одговор лежи во архитектката Дорота, која со својата интелектуална енергија и егзистенцијалистичките монолози покренува уште повеќе прашања? Или пак во несреќниот Даријуш, хирург кој ја губи работата поради проблеми со алкохолот?

    Оваа книга е портрет на Градот – местото каде што се судираат индивидуалните судбини и универзалните правила, историските херои и настани и луѓето од сегашноста, кои заедно ја формираат сликата за Нештото и Ништото. Раскажувајќи општочовечки приказни, но користејќи ги сопствените искуства, Наврат создава филозофска приказна со импресивен и прецизен тон за едно недофатливо битие кое преку метафизичкото толкување ја бара смислата на постоењето.


    Тажниот гостин од: 300 ден
  • img-book

    Човечката душа е темна, непрегледна шума, а сите одлуки се носат во самотија.

    Прва средба со нескротливиот Хари Хуле, прв роман на Несбе овенчан со најпрестижните скандинавски награди за криминалистички жанр.

    За да помогне во истрагата на ѕверското убиство на една млада Норвежанка, Хари Хуле заминува службено во Сиднеј. Локалниот полициски шеф го советува да не се меша премногу, но Хари набрзо се спријателува со одговорниот детектив и со една девојка од сведоците. Со својот изострен инстинкт, тој согледува врски и траги што им се измолкнуваат на другите, а неговите сомнителни методи го претвораат во главен двигател на истрагата. Наскоро откриваат дека се работи за низа убиства на психопат што ја плете својата мрежа низ Австралија. Додека му се приближуваат, расте стравот дека никој не е безбеден, а најмалку истражителите на злосторствата.

    Проникнувајќи во локалните митови и легенди, Хари Хуле успева да наѕре кој се крие зад лилјакот, абориџинскиот симбол на смртта…

    „Чудесна средба со младиот, разговорлив Хари… Несбе е одличен автор кој со одмерено темпо го води дејството кон врвот, пред да ве струполи во сосем неочекуван расплет.“

    Скотиш експрес


    Лилјакот од: 500 ден
  • img-book

    Сега и филм на „Нетфликс“ со Мили Боби Браун, Хенри Кавеил и Хелен Бонам Картер!

    Запознајте ја Енола Холмс, тинејџерка-детектив и помлада сестра на Шерлок Холмс! Кога Енола ќе открие дека мајка ù е исчезната, таа бргу тргнува во Лондон да ја бара. Но, дали е спремна за сè што ја очекува во големиот град? Таа бргу се замешува во киднапирањето на еден млад маркиз, истовремено е во бегство од опасни криминалци и сопствените браќа – кои сакаат од неа да направат дама – а покрај тоа, се обидува да ги протолкува трагите што ќе ù го објаснат чудното исчезнување на мајка ù. Дали Енола ќе се справи со сите овие предизвици?

    „Исчезнатиот маркиз“ е првата книга од серијалот „Мистериозните случаи на Енола Холмс“ од веќе признаената авторка Ненси Спрингер – совршена приказна за вљубениците во Шерлок Холмс, детективската фикција и мистеријата


  • img-book

    Што сè би направиле за да можете да комуницирате со починатите кои многу ви недостасуваат?
    Стефан се соочува со загубата на својата сопруга на сопствен начин, така што ја игнорира. За него, таа сè уште е присутна, во секој агол, во секој спомен, нејзината арома тлее насекаде…

    Животот му се одвива во рутина, сè додека неврохирургот Филип не му предложи посебна операција со која би можел да го разбуди шестото сетило.
    Тогаш сè што му останува се зборови, нивното значење и мирисот на душите.

    „Ликовите кои се групирани околу (главниот лик) Стефан помагаат во неговото градење и трансформација, но и тие се трансформираат, мал универзум во кој овој познат свет се преклопува со еден суптилен невидлив, а присутен свет . Не би сакала да го наречам паранормален, зашто тој е многу повеќе од тоа, книжевен свет и со тоа белег на времето, белег прикажан на автентичен начин.“

    Мерсиха Исмајлоска


    Зборови од: 400 ден
  • img-book

    Монтегју Роудс Џејмс (1862 – 1936) е еден од најпознатите автори на хорор-приказни во светот и „татко“ на модерната приказна за духови на англиски јазик. Медиевист по професија и долгогодишен професор на Кембриџ, тој е најмногу запаметен по неговите приказни за духови кои се читаат до ден-денес.

    Стари цркви и палати; пронајдени стари ракописи, дневници и приказни; студените предели на Скандинавија и мирните пејзажи на Англија; духови и демони од непознато потекло и со мистериозни намери. Такви се морбидната атмосфера и тивкиот ужас што провејуваат низ овие приказни во кои вешто ни се обзнанува хоророт скриен зад обичното секојдневие.

    Оваа збирка ги содржи неговите најпознати раскази, некои од нив веќе класици на жанрот: „Бројот 13“, „Грофот Магнус“, „Опседнатата куќичка за кукли“ итн. Таа претставува основно четиво за секој вистински љубител на хоророт и на духовите, но и на мајсторски напишаната кратка проза.


  • img-book

    Таа секој миг може да исчезне не кажувајќи збогум.

    Рикардо е опсесивно вљубен во една необична девојка која постојано исчезнува и ненадејно се појавува. Луд по неа уште од тинејџерските години, влегува во еден маѓепсан круг од кој не сака да излезе. Како и да се појави, како жена на француски дипломат, како љубовница на мистериозен јапонски бизнисмен или како сопруга на богат Англичанец, Рикардо жедно ја прифаќа поканата на неодоливата измамничка.

    Ќе дознае ли некогаш која е таа навистина? Тешко прашање, исто како и дилемите околу идентитетот, и личниот и националниот. Сите ликови расфрлени низ светот како семиња на ветер, опседнати со своите амбиции и желби, се луѓе кои се борат за своите идеали, подготвени да го сменат својот идентитет како да облекуваат нов костум.

    Во својот обичен живот во саканиот Париз, во свет на лаги и брзи промени, Рикардо не престанува да го очекува враќањето на своето лошо девојче. Ќе паднат ли на крај маските и ќе се открие ли вистинското лице на љубовта?

    „Приказна која опфаќа децении и континенти, раскажана со таква умешност што се граничи со вешто премостување на личното и универзалното.“

    Сан Франциско кроникал