Купувам домашно (585)
  • img-book

    Направи список со сите работи што ги поседуваш и ги сметаш за клучни за твојот живот.

    Барањето делува чудно, дури и нападно – и за двете жени кои ќе одговорат на него, последиците ќе бидат фатални.

    Истрауматизирана од провала во нивниот дом, Ема сака ново место за живеење. Но ниту еден од становите што ги гледа не е безбеден или финансиски пристапен за неа. Сè до куќата на улица Фолгејт. Куќата е архитектурно ремек-дело: минима-листички дизајн од светол камен, затемнети стакла и страшно високи тавани. Но има правила. Мистериозниот архитект што ја дизајнирал куќата ја задржува целата контрола над неа и тој не дозволува книги дома, не дозволува украсни перници, не дозволува рамки за слики или неред или какви било приватни дрангулии. Целта на куќата е да го трансформира станарот и таа навистина го прави тоа.

    По една трагедија, на Џејн ѝ треба нов почеток. Кога ја наоѓа куќата на улица Фолгејт, местото веднаш ја привлекува, а заедно со неа и нејзиниот мистериозен архитект. Кога се вселува, Џејн брзо дознава за несреќната смрт на претходната станарка; жена што била многу слична на неа по возраст и изглед. Додека Џејн се обидува да ја одвои вистината од лагите, таа несвесно ја следи истата шема, ги прави истите избори, ги запознава истите луќе и го искусува истиот терор како девојката пред неа.

    button-new


    4.75 out of 5
    Девојката пред мене од: Џ.П Дилејни 440 ден

    Сè уште нема. Проверете повторно за некое време.

  • Попуст!
    img-book

    Мал град. Страшна суша. Неподнослив очај. Големи тајни.

    Во најлошата суша што ја видела Австралија во изминатиот век, еден фармер ја крева својата пушка на своето семејство, а потоа и на себе. Руралната заедница на Киевара секојдневно се соочува со очајни избори и одлуки. Ако еден од нив пукнал од стресот, очајот и притисокот, на останатите им останува само да Му се молат на Бога за сила и издржливост. Да се надеваат на Божја милост за дожд.

    Но кога почнуваат да отскокнуваат прашања и да се фрлаат сенки на сомнеж врз целиот опустошен град, специјалниот агент Арон Фалк е принуден да се соочи со заедницата што го отфрлила пред дваесет години. Затоа што Фалк и неговиот пријател од детството, починатиот Лук Хадлер, имале тајна – тајна што смртта на Лук се заканува да ја разоткрие.

    И кога Фалк навлегува подлабоко во приказната за убиствата, од старите рани почнуваат да се отвораат нови.

    button-new


    4.4 out of 5
    Сушата од: Џејн Харпер 420 ден329 ден

    Сè уште нема. Проверете повторно за некое време.

  • Попуст!
    img-book

    Годините поминати во неуспешни обиди да се зачне и роди дете имаат скршено многу повеќе од срцето на Енџи ДеСариа. Таа и нејзиниот сопруг веќе не можат да се борат со болката ни со заеднички сили, па по болниот развод, Енџи се преселува во родното гратче и го презема управувањето на нивниот семеен ресторан. Во Вест Енд, каде што животот надоаѓа и спласнува како и плимата во океанот, среќата на Енџи почнува драстично да се менува кога запознава една млада девојка со проблеми и се спријателува со неа.

    Енџи ја вработува Лорен Рибидо затоа што гледа нешто посебно во седумнаесетгодишното девојче. Тие брзо се поврзуваат и кога мајката на Лорен одеднаш ја напушта, Енџи му нуди кров над глава на девојчето.

    Но ништо не може да ја подготви Енџи за реперкусиите од овој акт на љубезност. Заедно, двете жени – едната што копнее за дете и другата што копнее за мајчинска љубов – животот ги тестира како никогаш претходно.

    button-new


    5 out of 5
    Кога сакаш некого од: Кристин Хана 420 ден210 ден

    Сè уште нема. Проверете повторно за некое време.

  • Попуст!
    img-book

    Договорен брак во дваесет и први век? Тоа е апсурд.

    Тоа е ставот на Дејзи Девру кога нејзиниот татко ѝ соопштува дека мора да се омажи со човекот кој тој го одредил за неа или ќе ја остави препуштена сама на себе – засекогаш. Таа, искрено, нема некој голем избор. Може да се омажи за тмурниот, здрвен Русин или да заврши во затвор поради големите долгови на својата мртва мајка кои не може самата да ги отплати.

    Александер Марков, од друга страна, му е голем должник на нејзиниот татко, па се согласува да му направи една услуга за возврат, но воопшто нема намера да глуми вљубен младоженец и да ја забавува девојката која по негово мислење не е ништо друго, освен разгалена празноглавка. Да видиме дали оваа мала богата, разгалена девојка ќе успее да се снајде и да издржи во неговиот свет повеќе од неколку дена.

    button-new


    5 out of 5
    Ти не знаеш да сакаш од: Сузан Е. Филипс 390 ден199 ден

    Договорен брак во дваесет и први век? Тоа е апсурд. Тоа е ставот на Дејзи Девру кога нејзиниот татко ѝ соопштува дека мора да се омажи со човекот кој тој го одредил за неа или ќе ја остави препуштена сама на себе – засекогаш. Таа, искрено, нема некој голем избор. Може да се омажи за тмурниот, здрвен Русин или да заврши во затвор поради големите долгови на својата мртва мајка кои не може самата да ги отплати.

    Александер Марков, од друга страна, воопшто нема намера да глуми вљубен младоженец и да ја забавува девојката која по негово мислење не е ништо друго, освен разгалена празноглавка.

    Како и да е, тој му е голем должник на нејзиниот татко, па се согласува да му направи една услуга за возврат: да се ожени со неговата ќерка, да ѝ покаже како изгледа животот на нормалните луѓе и да ѝ го дотера умот. Ох, и дефинитивно има намера да го направи тоа. Да видиме дали оваа мала богата, разгалена девојка ќе успее да се снајде и да издржи во неговиот свет повеќе од неколку дена.

    Не, тој дефинитивно не го живее животот на кој таа е научена. Каде живее, како живее и што прави? Тоа ќе дознаете самите. Низ многу смеа. Што ја прави целата приказна толку уникатна и интересна. Алекс Марков и Дејзи Девру се два различни света, црно и бело, топло и ладно, добро и лошо. Алекс е пораснат без родители, без љубов, без трошка убавина во животот и тоа е причината која го создава човекот без срце, човекот кој не знае да сака, човекот кој ќе ѝ го загорчи животот на Дејзи. Овој човек без душа кој не почувствувал љубов никогаш во животот ќе ја запознае жената која има срце доволно силно за да го преврти светот.

    Наспроти неговиот студен карактер, камена гордост и руско срце, таа ќе застане со само две оружја – своето ангелско лице и срце. Можно ли е да се скроти студеното руско срце и да се добие љубов од човек кој не знае да сака?

    „Ти не знаеш да сакаш“ е вистински десерт од смеа и солзи. Приказна која докажува дека љубовта може да ги турне на колена и оние со најцврсти срца…

  • Попуст!
    img-book

    Што ако една жена што си нема поим од спорт наследи професионален рагби тим? Чикаго дефинитивно не е подготвен за Фиби Сомервил, празноглавата секс бомба што го презема саканиот тим на градот.

    А Фиби дефинитивно не е подготвена за главниот тренер на Старс, Ден Калебов, агресивниот бивши рагбист кој има само една работа на ум – победа на секое поле. Калебов е еден од оние мажи кои најмногу ја плашат. А новата секси шефица е една од оние жени кои Ден најмногу ги презира – приглупа убавица што не разликува магаре и музика.

    Па зошто тогаш таа толку го привлекува? И зошто нејзе, светска жена, ѝ се врзува јазикот од неговиот момчешки шарм? Зошто на двајцата им се раѓа желба за карање секогаш кога се во близина?

    Ова е приказна за двајца тврдоглави луѓе кои веруваат во играње за победа до последен грам енергија.

    button-new


    5 out of 5
    Или ти, или никој од: Сузан Е. Филипс 390 ден309 ден

    Сè уште нема. Проверете повторно за некое време.

  • img-book

    ИМАШ ДОБРА ПРИЧИНА ДА СЕ ПЛАШИШ…
    Постои еден случај кој го прогонува детективот Боби Доџ до ден денес, случај кој за малку ќе го убиел, случај кој му го променил животот засекогаш. Сега, во подземна одаја на тлото на напуштена психијатриска болница во Масачусетс, полицијата открива ужасно скривалиште на шест трупови, мумифицирани, кои го оживуваат неговиот најлош кошмар: враќањето на убиецот кој Боби го смета за одамна мртов и закопан.

    НЕМА МНОГУ МЕСТА ЗА БЕГАЊЕ И КРИЕЊЕ…
    Анабел се крие и бега откако знае за себе. Нејзиното детство е измешана матна бркотница од нови градови и лажни идентитети. Но од што – или поточно од кого – бега нејзиното семејство, таа не знае и никогаш не знаела. Сега од масовната гробница се вади тело, а околу неговиот врат виси синџирче со името на Анабел и опасноста е премногу блиску за човек да може да побегне од неа. Па овој пат, таа нема намера да бега. Затоа што знае дека тој секако ќе ја најде.

    Што се случува кога веќе нема никој кому можеме да му веруваме? Што правиме кога веќе не останува место за криење?


    4.8 out of 5
    Криј се од: Лиса Гарднер 420 ден

    Имаш добра причина да се плашиш…

    Постои еден случај кој до ден денешен го прогонува детективот Боби Доџ, случај кој за малку ќе го убиел, случај кој му го променил животот засекогаш. Сега, во подземна одаја на тлото на напуштената психијатриска болница во Масачусетс, полицијата открива ужасно скривалиште на шест мумифицирани трупови кои го оживуваат неговиот најстрашен кошмар: враќањето на убиецот кој Боби го смета за одамна мртов и закопан.

    Нема многу места за бегање… Единствената трага на Боби е замотана околу вратот на една од мртвите жени.

    Анабел Гренџер се крие и бега откако помни за себе. Нејзиното детство е измешана матна бркотница од нови градови и лажни идентитети. Но од што – или поточно од кого – бега нејзиното семејство, таа не знае и никогаш не знаела. Сега од масовната гробница се вади тело, а околу неговиот врат виси синџирче со името на Анабел и опасноста е премногу блиску за човек да може да побегне од неа.

    Па овој пат, таа нема намера да бега. Затоа што и така знае дека тој секако ќе ја најде.

    Има само лимитиран број на опции: ова грозоморно дело може да е масло на некоја нова закана, имитатор на мртвиот психопат, некој кој учел од него – можеби еден вид на „наследник“ или нешто многу пострашно. Доџ знае дека единствениот начин да го најде е ако ја открие мистеријата за Анабел Гренџер, а за да го направи тоа мора да ги здружи силите со неговата поранешна девојка, партнерка и пријателка Ди Ди Ворен од полициската станица во Бостон. Но трагата води назад до една жена од минатото на Боби која би можела да биде исто толку опасна како и новиот убиец.

    Морам да признаам дека книгата ми се допадна, можеби само за нијанса помалку од Јас те сакам повеќе, иако во оваа книга освен трилер елементите има и доза на романса. Автентично и во стил на Гарднер која секогаш знае да создаде силен женски лик, ова дефинитивно е книга која нема да ве разочара. Србите не ја издаваат Гарднер, наводно затоа што имала премногу американизиран стил, но јас слободно можам дека кажам дека таа ми е една од најомилените авторки на сите времиња. Мислам дека никој друг не може да создаде толку добар женски лик и толку добар пресврт како што може таа.

    Што се случува кога повеќе нема никој кому можеме да му веруваме? Што правиме кога повеќе не останува место за криење? Ви ги препорачувам сите нејзините преведени книги од срце!

  • Попуст!
    img-book

    ДВАЈЦА ТАЈНИ АГЕНТИ…
    …ќе беа совршени партнери да не се мразеа толку многу.

    ТАА Е ЖЕЛНА ДА СЕ ДОКАЖЕ КАКО ФБИ АГЕНТ-ЖЕНА…
    ФБИ агентите Џесика Харлоу и Џон Шепард имаат минато. Бившата адвокатка и арогантниот бивши војник се имаат запознаено и замразено уште за време на обуката во ФБИ академијата пред шест години. Шест години подоцна, ниеден од нив не очекува повторно да налета на другиот, а уште помалку да ги спојат како партнери на важна тајна задача.

    ТОЈ Е АРОГАНТЕН И МИСЛИ ДЕКА Е НАЈДОБАР…
    И ова спојување со партнер што го мразат за двајцата доаѓа во најлош можен момент. Џесика е тазе разведена од холивудски режисер и едвај чека да се докаже во новиот кабинет на ФБИ во Чикаго. А Џон го дели само еден случај од неговата работа од соништата, елитниот Тим за спасување заложници на ФБИ. Но за да ја завршат оваа тајна задача, мора да најдат начин да работат како тим, задача што станува уште потешка кога ги сместуваат во романтичен хотел на плажа како дел од истрагата.

    НИВНАТА ТАЈНА ЗАДАЧА СТАНУВА КОМПЛИЦИРАНА…

    button-new


    5 out of 5
    Тајна задача: љубов од: Џули Џејмс 390 ден309 ден

    Сè уште нема. Проверете повторно за некое време.

  • Попуст!
    img-book

    Подготвени или не, тој доаѓа… Тој ја игра најстарата детска игра што постои, криенка. Само што Колекционерот на очи ја игра до смрт.

    Секојпат е исто. Колекционерот почнува со тоа што ја убива мајката, а потоа го киднапира детето и му дава на таткото четириесет и пет часа часа да го најде. Тоа е неговиот метод. Наоѓаат женско тело со пуштена стоперка во стегнатата рака на мртвата мајка. Избезумен, преплашен татко мора да го најде своето дете пред момчето да се задуши – и пред убиецот да му го извади левото око.

    Александер Зорбах, бивши полицаец, сега новинар, ги има пријавено сите три убиства на Колекционерот на очи. Но овој пат е различно. Неговиот паричник е најден до трупот и тој сега одеднаш е осомничен. Колекционерот на очи сака Зорбах да ја игра неговата игра. Зорбах има точно четириесет и пет часа и седум минути да му го спаси животот на едно мало дете. И одбројувањето е започнато…

    button-new


    4.8 out of 5
    Колекционер на очи од: Себастијан Фицек 420 ден199 ден

    Сè уште нема. Проверете повторно за некое време.

  • Попуст!
    img-book

    На последната средба на Хана Николс со Марко Д’Алесандро пред долги пет години, тој ѝ го крши срцето. Лошото момче со скриена мила страна во себе е единствениот тип што Хана некогаш го сакала – и единствениот маж со кој некогаш била. По една страсна ноќ кога тој не успева да ѝ одолее, Марко одеднаш заминува од Шкотска, оставајќи ја Хана без збор. Скршена од последиците од нивната заедничка ноќ, Хана никогаш не успева потполно да го заборави, да му прости за тоа што ѝ го направил и да продолжи понатаму со својот живот.

    Марко знае дека тоа што ја оставил Хана му била најголемата грешка во животот и со години се кае за тоа, па кога судбината конечно повторно ги спојува, одбива да се откаже од неа без борба. Решен да ја освои, се обидува да ја потсети на сите причини поради кои треба да бидат заедно. Но баш кога помислуваат дека можеби сепак можат да имаат иднина заедно, Хана открива нешто што ја ослободува тајната болка што ја крие од него – тајна што може да ги раздели пред да добијат шанса да почнат одново.

    button-new


    5 out of 5
    Улица Индија од: Саманта Јанг 390 ден309 ден

    Сè уште нема. Проверете повторно за некое време.

  • Попуст!
    img-book

    Ема Синклер е експертот за раскинувања и скршени срца на списанието Stilleto, а таа е најдобра во тоа што го работи затоа што пишува од лично искуство. Пред пет години, Ема била лудо вљубена идна невеста. Сега е ледената кралица на Менхетен. Ема го оставила Југот зад себе, но дури ни нејзините најдобри пријателки не знаат дека си го оставила и срцето таму. Сега, нејзиниот шеф во Stilleto ѝ дава задача да се соочи со сите нејзини бивши; меѓу кои и ѓаволесто секси типот што ја оставил пред олтарот.

    Алекс Кесиди упорно си ги гледа сите соништа како му се рушат пред очи. Кога конечно наоѓа нова професија што ја сака, чиста коинциденција е што одбира работа во истата област и во истиот град како неговата поранешна свршеница… така? И Алекс не може да не се прашува што ќе беше… Но за разлика од наивната девојка што ја помни тој, оваа Ема е кул, софистицирана и нездраво самоуверена – и таа не сака да има апсолутно ништо со него. Проблемот е во тоа што Алекс никогаш не ја посакувал повеќе.

    button-new


    4.67 out of 5
    Проблемот со бившите од: Лорен Лејн 390 ден309 ден

    Ема Синклер е експертот за раскинувања и скршени срца на списанието Stilleto, а таа е најдобра во тоа што го работи затоа што пишува од лично искуство. Пред пет години, Ема била лудо вљубена идна невеста. Сега е ледената кралица на Менхетен. Ема го оставила Југот зад себе, но дури ни нејзините најдобри пријателки не знаат дека си го оставила и срцето таму. Сега, нејзиниот шеф во Stilleto ѝ дава задача да се соочи со сите нејзини бивши; меѓу кои и ѓаволесто секси типот што ја оставил пред олтарот.

    Откако му пропаднале сите шанси за професионална кариера во фудбал поради лоша повреда, Алекс Кесиди упорно си ги гледа сите соништа како му се рушат пред очи. Кога конечно наоѓа нова професија што ја сака, чиста коинциденција е што одбира работа во истата област и во истиот град како неговата поранешна свршеница… така? И Алекс не може да не се прашува што ќе беше да беше… Но за разлика од наивната девојка што ја помни тој, оваа Ема е кул, софистицирана и нездраво самоуверена – и таа не сака да има апсолутно ништо со него. Проблемот е во тоа што Алекс никогаш не ја посакувал повеќе.

  • Попуст!
    img-book

    Понекогаш, оние што најмногу ги сакаме се тие што најмногу нѐ повредуваат.

    Лили Блум немала лесно детство, но тоа не ја спречило напорно да работи за да го има животот што си го замислила. Kога почнуваат да летаат искри меѓу неа и еден опасно згоден неврохирург по име Рајл Кинкејд, сè во нејзиниот живот одеднаш изгледа премногу добро.

    Рајл е амбициозен, тврдоглав, па дури и малку арогантен. Но тој е и чувствителен, генијален и Лили му е слаба точка. Да не правиме муабет како изгледа во докторска униформа. Благодарение на сè ова, Лили не може да го извади од глава. Но неговата аверзија кон врски е вознемирувачка. Дури и кога Лили станува исклучок од ова негово правило, не може да не ја копка што го направило таков. Кога дилемите за нивната врска почнуваат да ја збудалуваат, како капак на сè се појавува Атлас Кориган – нејзината прва љубов и врска со минатото што го има оставено зад себе. Нејзината сродна душа и спасител. Нејзината закана за сè што има изградено со Рајл.

    button-new


    4.73 out of 5
    Ова завршува со нас од: Колин Хувер 400 ден199 ден

    Понекогаш, оние што најмногу ги сакаме се тие што најмногу нѐ повредуваат.

    Лили Блум немала лесно детство, но тоа не ја спречило напорно да работи за да го има животот што си го замислила. По дипломирањето, се сели во Бостон и основа сопствен бизнис. Потоа, кога почнуваат да летаат искри меѓу неа и еден опасно згоден неврохирург по име Рајл Кинкејд, сè во нејзиниот живот одеднаш изгледа премногу добро за да биде реално.

    Рајл е амбициозен, тврдоглав, па можеби дури и малку арогантен. Но тој исто така е и чувствителен, генијален и Лили му е слаба точка. Да не правиме муабет како изгледа во докторска униформа. Благодарение на сè ова, Лили не може да го извади од глава. Но неговата аверзија кон врски е вознемирувачка. Дури и кога Лили станува исклучок од ова негово правило, не може да не ја копка што го направило таков.

    Кога дилемите за нивната врска почнуваат да ја збудалуваат, како капак на сè се појавува Атлас Кориган – нејзината прва љубов и врска со минатото што го има оставено зад себе. Нејзината сродна душа и спасител. Нејзината закана за сè што има изградено со Рајл.

    Незаборавна, трогателна приказна за љубов што доаѓа со своја цена.

  • Попуст!
    img-book

    Како една од главните колумнистки на Stilleto, Грејс Брајтон се има прославено предупредувајќи ги жените за расипани, неверни лажговци. Таа само никогаш не се посомневала дека и нејзиниот свршеник би можел да биде еден од нив.

    Џејк Мелоун сака да му се врати на својот стар авантуристички, спонтан живот и точно знае како да го изведе тоа. Во Oxford се отвора нова секција за патувања и Џејк – без жена, деца и подготвен да живее каде било – е совршен за работата… само што неговата репутација на плејбој не му влева многу доверба на неговиот шеф. За да ја добие работата, мора да се согласи на заедничкиот проект со Stilleto. Но по само еден состанок со неодоливата, дрска и сензационална Грејс Брајтон, Џејк почнува да ја сфаќа оваа задача многу посериозно.

    button-new


    5 out of 5
    Тој рече, таа рече од: Лорен Лејн 390 ден309 ден

    Сè уште нема. Проверете повторно за некое време.

  • Попуст!
    img-book

    Се ближи најфамозната свадба на годината… Луси Јорик е ќерка на поранешната претседателка на Америка. Мег Коранда е дете на филмски ѕвезди.
    Едната од нив треба да се омажи за господинот Неодолив – Тед Бодин – миленичето на Винет, Тексас. Другата не е среќна поради тоа и решена е да ја спаси својата пријателка од болка.

    Но иако Мег знае дека откажувањето на свадбата на нејзината најдобра пријателка е вистинскиот потег, очигледно е дека никој друг не се сложува со неа. Па таа станува најомразената жена во градот уште пред Луси да каже „да“ – а тоа патем е град каде што е заглавена со празен паричник, кола со дупнати гуми и еден многу бесен извисен младоженец.

    button-new


    4.5 out of 5
    Господин Неодолив од: Сузан Е. Филипс 390 ден309 ден

    Сè уште нема. Проверете повторно за некое време.

  • img-book

    Џули Грин обожава кратки и слатки љубовни авантури. Секси први состаноци, неодоливи први бакнежи, пеперутки во стомак. Но тренерки, пица и гледање филмови со дечко во петокот навечер? Грозно. Но кога ја добива најтешката приказна во нејзината кариера – од прва рака да открие и да напише како авантурите преоѓаат во сериозни врски – ѝ треба некој доволно храбар маж што ќе ѝ даде шанса за нешто повеќе на девојката што не сака да чуе за љубов.

    И Мичел Форбс во друг случај би бил идеалниот маж за тоа. Невозможно згодниот воркохолик кој е познат само по долгите врски би требало да биде совршениот субјект за „истражувањето“ на Џули. Но она што таа не го знае е дека Мичел сега сака само кратка и несериозна авантура за првпат во животот. Впрочем, се има обложено дека може да го изведе тоа. И долгоногата новинарка позната по тоа што секогаш бега од љубов е баш онаква девојка каква што му треба.

    button-new


    5 out of 5
    А што по бакнежот? од: Лорен Лејн 390 ден

    Сè уште нема. Проверете повторно за некое време.

  • Попуст!
    img-book

    Сите познаваат по некој пар како Џек и Грејс. Тој е згоден и богат, таа е убава, шармантна и елегантна. Можеби не сакаш да ти се допаѓаат, но ти се допаѓаат. Можеби сакаш да ги запознаеш подобро и како индивидуални личности, но тешко е затоа што Џек и Грејс никогаш не се двојат.

    Некој можеби ќе го нарече тоа вистинска љубов. Друг можеби ќе праша зошто Грејс никогаш не крева на телефон. Или зошто никогаш не може да излезе на кафе или на ручек, иако не работи. Како може да готви толку прекрасни јадења, а сепак да е толку слаба. И зошто има решетки на прозорецот во една од спалните соби?

    Понекогаш, совршениот брак е совршена лага.

    button-new


    4.87 out of 5
    Зад затворени врати од: Б.А. Парис 390 ден199 ден

    Сè уште нема. Проверете повторно за некое време.

  • Попуст!
    img-book

    Што е поважно, дали љубовта или пријателството? Дали правдата или мајчинството? И ако човек не може да заборави, може ли барем да прости?

    Лекси е сираче со мрачно минато, шетано од дом во дом, кога најпосле завршува кај својата баба во сосема нов град. И нејзе конечно ? се насмевнува мала среќичка, па успева да најде нешто што наликува на дом и семејство. Згора на тоа, брзо успева да се прилагоди и да си пронајде пријателка. Кога Лекси и Миа стануваат најдобри пријателки, а близнакот на Миа, Зак, се вљубува во Лекси, тројцата стануваат неразделни.

    Џуд живее за своите деца – близнаците Миа и Зак – и дава сe од себе да ги изведе на правилен пат и да имаат совршен живот. Но една летна вечер, нејзиниот најлош кошмар се остварува. Една одлука го менува целиот тек на нивните животи.

    button-new


    4.9 out of 5
    Збогум најмила од: Кристин Хана 420 ден210 ден

    Сè уште нема. Проверете повторно за некое време.