Купувам домашно (585)
  • img-book

    Јувал Ноа Харари, автор на светскиот феномен Сапиенс: кратка историја на човечкиот род, продолжува со истражување на проблематиката на целокупното човеково искуство со уште една неверојатно оригинална книга – Хомо деус: кратка историја на иднината.

    Со својот единствен стил што воодушеви милиони читатели низ светот, Харари укажува дека луѓето успеале да го направат она што се чини невозможно: да ги победат гладот, заразните болести и војните, да ги претворат од неразумни и неконтролирани сили на природата во предизвици кои може да се управуваат. За првпат во човековата историја денес повеќе луѓе умираат од премногу храна отколку од глад; повеќе луѓе умираат поради старост, а не од заразни болести; повеќе луѓе се самоубиваат отколку што гинат од воени акции, тероризам или криминал заедно.

    Кои ќе бидат идните проблеми на човештвото? Каква судбина им е наменета на луѓето, како самопрогласени богови на планетата Земја, кои чекори ќе ги преземеме за да ја оствариме? Хомо деус ги истражува проектите, соништата и кошмарите кои ќе го обликуваат дваесет и првиот век – од заобиколување на смртта до создавање вештачки живот. Пред нас се основните прашања на кои мораме да дадеме одговори: во кој правец ќе се движиме понатаму? И како ќе го заштитиме овој кревок свет од сопствената деструктивна моќ? Пред нас е следната фаза во еволуцијата: хомо деус!


    ХОМО ДЕУС од: 500 ден
  • img-book

    На страниците на оваа извонредна книга ќе откриете практични, а сепак моќни методи за пресоздавање на вашиот живот и одново поврзување со своето најдобро јас. Напишана како интересна и искрена приказна, СВЕТЕЦОТ, СУРФЕРОТ И ДИРЕКТОРОТ ви дава моќен спој на длабока мудрост и практични животни лекции што ќе ви помогнат да ја откриете својата судбина, да ја живеете највисоката вистина како човечко суштество, и да ја најдете постојаната среќа што ја барате.

    Во овој револуционерен водич за живеење на својот живот на најавтентично ниво, ќе научите:
    – како да ги разбудите вистинските дарби и силно да заблескате во светот
    – како да ги претворите стравовите во слобода и раните во мудрост
    – лекции што ќе ви помогнат да го усовршите умот, да го отворите срцето, и да го негувате духот
    – едноставни методи за прекрасни врски исполнети со вистинска љубов
    – начини за повторно воведување на авантурата, мистеријата и забавата во животот
    – техники како да станете ѕвезда во кариерата и да привлечете богатство


  • img-book

    Едноставниот, инспиративен и докажано ефикасен систем на прочуениот гуру открива како да му помогнете на своето дете да го оствари својот целосен потенцијал, а притоа да постигнете и сопствен внатрешен мир.

    Џулијан Ментл, поранешен адвокат кој навреме ја осознал вистинската смисла на животот, е подготвен за нови предизвици. На патот кон исполнето, урамнотежено и среќно постоење нема поважен фактор од семејството. Затоа Џулијан во оваа книга изложува низа проникливи сознанија и практични совети со кои ќе му овозможите на своето дете да ги препознае и да ги реализира своите дарби. Исто така, ќе ви покаже како со членовите на семејството да остварувате однос исполнет со доверба, кој ќе се претвори во цврста и нераскинлива врска.

    Споделете ја радоста на живеењето со своите најблиски и научете како подобро да се разбирате. Насочете ги своите деца по патот на големите соништа и покажете им дека ништо не е недостижно. Свртете се кон тоа што ви е најважно и секој ден уживајте во даровите што ви ги дава животот.


  • img-book

    Во Кој ќе плаче кога ќе те нема, Робин Шарма нуди 101 едноставно решение за најкомплексните животни проблеми, почнувајќи од малку познатиот метод за борба против стресот и грижите, па до моќта што потекнува од вас кога создавате нешта кои, многу години откако ќе ве нема, ќе претставуваат ваша оставина за најблиските и за човештвото. Насловите на некои од темите се: Почитувајте го своето минато, Откријте го својот позив, Почнете го денот убаво, На проблемите гледајте како на благослови…

    Ако сте подготвени да го замените чувството на празнотија во себе со длабоки чувства на задоволство, мир и страст, и сакате да водите живот полн со смисла и цел – ова е идеална книга за вас.

    Со своите книги, Робин Шарма веќе го промени животот на милиони луѓе низ светот. Оваа книга е уште една ризница на мудрости, релевантна за овие наши турбулентни времиња.


  • img-book

    Што да правиш кога имаш чувство дека е невозможно да ги исполниш сите очекувања што другите ги имаат за тебе? Што да правиш кога ќе ја изгубиш единствената личност која те разбира? Кога се наоѓаш во некоја гранична земја меѓу детството и светот на возрасните и во себе посакуваш нешто што одвај себеси можеш да си го објасниш со зборови?
    Во почетокот на 20 век, во гратчето Хамердал во Лемтланд, родено е девојче кое го добива името Берта. Девојчето најмногу од сè сака да црта и да слика и тајно сонува да биде уметница. Но, во тоа време можностите некој да се образова и професионално да се занимава со сликарство биле далеку од нешто што се подразбира, особено кога станувало збор за девојче што потекнува од семејство на земјоделци. Берта знае дека е потребна на фармата, но ситуацијата станува многу тешка откако ќе се влоши болеста на белите дробови на нејзината мајка. Што ќе прави Берта со сиот очај и желбата да отпатува оттаму? Како воопшто ќе успее да си ги исполни своите сништа?
    „Птицата во мене лета каде што ќе посака“ на Сара Лундберг е приказна инспирирана од делата на сликарката Берта Хансон, од нејзините писма и записите во нејзиниот дневник. Книгата е наградена со најпрестижното шведско книжевно признание, наградата „Аугуст“ за книжевност за млади.


  • img-book

    Ако одлучивте да ја прочитате оваа книга мислејќи дека од неа ќе дознаете нешто повеќе за производството на хемиски моливи, за хемиското чистење облека или за видовите детергенти за дезинфекција на површината во кујните и во бањите, за средствата чија употреба им е строго забранета на спортистите, за препаратите за уништување комарци и други инсекти, за хемиските производи за нега на украсните или индустриските растенија…

    хммм… ГРЕШИТЕ, но –

    ОДЛИЧНО!

    ИСКУСТВАТА НА ХЕМИЧАРИТЕ И НА ДРУГИТЕ НАУЧНИЦИ
    ПОКАЖУВААТ ДЕКА ЖИВОТОТ ИМ Е МНОГУ ПОИНТЕРЕСЕН
    НА ОНИЕ ШТО ЧИТААТ И МИСЛАТ ОТКОЛКУ НА ОНИЕ
    ШТО НЕ ЧИТААТ И НЕ МИСЛАТ!


  • img-book

    Ако сте од оние што по грешка ја отвориле оваа книга (ја добивте на подарок; ви било здодевно; немате ниту една друга книга; мислевте дека во неа станува збор за љубовниот живот на германските жаби; ја грабнавте трчајќи  во тоалетот),сериозно придржувајте се кон ова предупредување:

    БЕГАЈТЕ!!!

    УРНЕБЕСНАТА ФИЗИКА МОЖЕ ДА ВИ ГО ПОМАТИ УМОТ И ДА ВЕ НАТЕРА СОСЕМА ДА СЕ ВЉУБИТЕ ВО НЕА!   ЗА СИТЕ ОНИЕ ШТО СЕ ЛУДИ ПО ФИЗИКАТА! И ЗА ОНИЕ ШТО ПОПРВО БИ ГО ВЛЕЧЕЛЕ КРОКОДИЛОТ  ЗА ОПАШ ОТКОЛКУ ДА УЧАТ ФИЗИКА!


  • img-book

    Ако вашето дете учи букви, ова е книга за него.

    Ако вашето дете сака да црта, ова е книга за него.

    Ако вашето дете сака приказни, ова е книга за него.

    Ако ве интересира која буква од кој цртеж настанала, ако сакате да дознаете приказна за постанокот на секоја буква, ова е книга за вас и за вашето дете.

    Помогнете му да ја прочита, изгледа и ислуша!

    Заедно со Стела и Сани, цртаме по еден цртеж и раскажуваме по една приказна за секоја буква!


    Азбука од: 300 ден
  • img-book

    Дали често налетувате на луѓе што секогаш имаат комплимент во ракавот и прават да се чувствувате добро? Шармантни, харизматични и манипулатори – психопатите се токму такви, и тоа е тоа што ги прави опасни…

    ***

    Користејќи го истиот систем на класификација на однесувањето во четири бои, употребен и во меѓународниот бестселер Опкружени со идиоти, Томас Ериксон ги прикажува најчестите форми на контрола што ги користат психопатите за да влијаат на луѓето околу себе. Бидејќи со манипулација се среќаваме и кај личности што немаат психопатски карактеристики, авторот вклучува и практични техники што ќе ви помогнат да ги препознаете и да ги пресретнете скриените намери на таквите манипулатори.
    ***

    Оваа книга ќе ви помогне да го разберете сопственото однесување и своите слабости, како и да проникнете во туѓите намери и стратегии. Ќе дознаете на кој начин можете да се спротивставите на влијанијата на манипулаторите, како на работното место, така и во социјалниот живот и во семејството.
    Надмудрете ги психопатите и заштитете се себеси!