Купувам домашно (584)
  • img-book

    Пред дваесет и три години д-р Спенсер Џонсон ни ја подари приказната за две необични човечиња заробени во еден лавиринт. Кој го здипли моето сирење? го освои светот со својата моќна и практична мудрост за надминување на стравот и за неопходноста од промени во животот.

    По 26 милиони продадени примероци низ целиот свет, д-р Џонсон конечно им се врати на своите омилени ликови.


    Ова восхитувачко продолжение ќе ви помогне да го пронајдете излезот од какви и да е лавиринти со кои може да се соочите во својот живот.


  • img-book

    Која е онаа магична вештина што некои луѓе ја поседуваат поради која веднаш ви се лепат за срце? Сите сакаат да им бидат пријатели или да остварат интимна врска со нив. Во деловниот свет самоуверено јурат кон врвот на корпорациското скалило. Како им успева сè што ќе допрат да се претвори во „злато“?

    Меѓу кориците на забавната и поучна книга Како да разговарате со секого ќе ги откриете малите трикови што писателката ги издвоила како клучни за постигнување успех. Дефинитивно ќе уживате читајќи ги и вежбајќи ги овие трикови проследени со практични совети и јасни примери и анегдоти.

    Малите потези на кои ве учи, а кои без напор можете да ги направите дел од својата секојдневна рутина, ја создаваат вашата судбина. Зашто кога повторувате некое дејство, тоа ви станува навика. Навиките што ги имате го создаваат вашиот карактер. А вашиот карактер е ваша судбина.

    Успехот нека стане вашата судбина!


  • img-book

    Во оваа книга-водич за самопомош, што дефинира една цела генерација, авторот, кој е суперѕвезда во блогерските кругови, не нè замајува со глупости од типот дека треба постојано да се обидуваме да бидеме „позитивни“, за навистина да станеме подобри и посреќни луѓе.

    Веќе со децении ни се сервира тезата дека позитивното мислење е она клучното што води кон среќен и исполнет живот. Но, Марк Менсон вели: „Море кој ја ’врти‘ позитивноста. Да бидеме искрени – нештата се зафркнати, но немаме друг избор освен да живееме со нив онакви какви што се“. На неговиот многу популарен блог на интернет, Менсон ниту ја бојадисува стварноста во розово, ниту ја заобиколува. Тој ги изложува работите токму онакви какви што се, што е една вистинска доза необработена, свежа и искрена вистина – нешто што денес навистина ни недостига.

    Менсон ја изнесува и ја брани тезата дека луѓето, според природата на работите, се суштества со свои мани и ограничувања. „Не може секој да биде исклучителен –општеството е сочинето од победници и губитници, а нешто од сето тоа ниту е фер, ниту, пак, е по твоја вина.“ Неговиот совет до нас е да си ги препознаеме и да ги спознаеме нашите ограничувања и да ги прифатиме – и дека токму тоа, вели тој, е вистинскиот извор на моќ со кој може да се стекнеме. Откако еднаш ќе ги прифатиме нашите стравови, грешки и несигурности – откако ќе престанеме да бегаме и да ги избегнуваме болните вистини, туку ќе почнеме да се соочуваме со нив – дури тогаш можеме и да тргнеме во потрага по храброста и самоувереноста по кои трагаме толку очајно.


    Е, баш ме заболе од: 390 ден
  • img-book

    Правилото 10х е светиот грал за луѓето што сакаат да успеат. Тоа ги утврдува најсоодветните нивоа на дејствување и осигурува дека ќе продолжите да функционирате на тие нивоа во текот на целиот ваш живот и професионална кариера. Ќе ве ослободи од стравовите, ќе ви ги зголеми храброста и самодовербата, ќе ги елиминира одолжувањето и несигурноста и ќе ви даде чувство за цел – а со тоа вашиот живот, вашите соништа и вашите цели ќе доживеат преродба.

    „Грант Кардон постигнува полн погодок со Правилото 10х. Во неа ни ја открива вистинската причина зошто на луѓето одлично им оди во секое поле на животот!“ Брајан Трејси


    Правилото 10X од: 450 ден
  • img-book

    Пред 100 000 години најмалку шест човечки вида живееле на Земјата. Денес има само еден. Ние. Хомо сапиенс. Како се случило нашиот вид да преовладее во битката за доминација? Како нашите предци, собирачи и ловци, се соединиле и создале градови и кралства? Како дојдовме до тоа да веруваме во богови, нации и човекови права; да им веруваме на парите, книгите и законите; да бидеме заробеници на бирократијата, временските рокови и потрошувачката? И каков ќе биде светот во следните милениуми?

    Во „Сапиенс“ д-р Јувал Ноа Харари  ја опфаќа целата човечка историја, од првите луѓе на Земјата до радикалните – а понекогаш и катастрофалните – откритија на когнитивните, земјоделските и научните револуции. Врз основа на согледувањата од биологијата, антропологијата, палеонтологијата и економијата, тој истражува како струите на историјата ги обликуваат нашите човечки општества, животните и растенијата околу нас, па дури и нашите личности.

    „Сапиенс“ е интернационален бестселер објавен на над 30 јазици низ целиот свет. Храбра, опсежна и провокативна, оваа книга предизвикува сѐ што досега мислевме дека знаеме за тоа што значи да се биде човек: нашите мисли, дејства, моќ… и – нашата иднина.


    Сапиенс од: 500 ден
  • img-book

    Контроверзниот Џордан Белфорт ексклузивно ни го отвора својот свет и ни нуди увид во сопствениот Систем на права линија – со чија помош успеа да создаде огромно богатство за себе и за своите клиенти.

    Луѓе што никогаш не оствариле успех, одненадеж постигнуваат нешта за кои не ни сонувале дека се можни, и живеат многу поповластен живот отколку што си замислувале. А сето тоа почнува со усовршување на уметноста на убедувањето, со помош на Системот на права линија.


  • img-book

    Понесен од великаните на западната мисла, од најразлични домени на науката, од религиозните списи и најголемите книжевни дела на човештвото, а пред сè од својата долгогодишна практика, угледниот и светски познат клинички психолог Џордан Питерсон кого Њујорк тајмс го прогласи за еден од „највлијателните интелектуалци на нашето време“ ја резимира вредната етичка, психолошка и филозофска мудрост преточувајќи ја во дванаесет едноставни начела за живот вреден за живеење.

    Длабока книга што ќе ве поведе на патот кон вашето најсуштинско јас и ќе го разбуди полниот потенцијал на вашето Битие!

    Џордан Б. Питерсон (1962) е канадски клинички психолог, културен критичар и професор по психологија на Универзитетот во Торонто. Неговите главни области се патопсихологија, социјална психологија и психологија на личноста, со посебен нагласок на верските и идеолошките верувања. Во 2016 година, непосредно пред објавувањето на 12 животни правила, Питерсон објави серија видеа на својот Јутјуб-канал, критикувајќи ја политичката коректност во канадската влада, со што доби значајно медиумско внимание. Неговите предавања на Јутјуб имаат над 35 милиони прегледи.


  • img-book

    Благодарение на овој докажан водич за самопомош, што и по 70 години од своето прво издание го задржува приматот на една од најзначајните мотивациски книги на сите времиња, милиони читатели низ светот ги имаат почувствувано придобивките од безграничната моќ на верувањето. Црпејќи од личниот пат до успехот, без апстрактни теоретизирања, авторот Клод Бристол ни дава практични совети за тоа како да ги претвориме соништата во реалност. Своите директни сознанија ги преточува во ефикасни чекори за достигнување на сите краткорочни и долгорочни цели: подобра работа, зголемен приход, посреќен брак, или едноставно, душевен мир. Неговото тајно оружје се силата на позитивната мисла и безграничната моќ на потсвеста ‒ а мотивациските техники во книгата се универзални и еднакво применливи и денес.

    Сакате да станете поуспешни во работата, поисполнети во приватниот живот и повлијателни во комуникацијата со луѓето? Верувајте во оваа книга и применете ја во животот ‒ и ќе видите дека Магијата на верувањето прави чуда!


  • img-book

    Во бизнисот не е важно што правите, туку ЗОШТО го правите.

    Сајмон Синек е еден од најбараните автори и говорници на светот. Неговиот настап на видеоплатформата Тед е вториот најгледан на сите времиња, со над 36 милиони прегледи, а Почни со зошто како глобален бестселер ги освои светските топ-листи. Причината за тоа е што откритијата на Синек имаат неверојатно влијание врз успехот на која било организација.

    Тој забележа една значајна работа: многу често сме толку оптоварени со тоа што правиме и како правиме што често забораваме зошто го правиме тоа. Ако ја изгубиме од вид таа суштинска причина, ќе ја изгубиме моќта да бидеме лидери и, што е уште поважно, да ги инспирираме луѓето околу себе.

    Во оваа книга Синек со очигледни примери покажува што им е заедничко на Епл, Харли Дејвисон, Дизни, Старбакс, Мартин Лутер Кинг, Бил Гејтс, Томас Едисон, браќата Рајт – тие никогаш не го заборавиле своето зошто, со кое го инспирираат светот околу себе и стануваат примери за големи лидери.


    Почни со зошто од: 400 ден
  • img-book

    ЗА МУДРИОТ ЧОВЕК СЕКОЈ НОВ ДЕН ЗНАЧИ НОВ ЖИВОТ.

    Како да ја планираме и направиме поубава иднината, без да се оптоваруваме со непотребни грижи за неа?

    Наместо да плачеме и да се каеме за направените грешки, треба да се соочиме со проблемот кога тој ќе се појави, трезвено да размислиме и да пристапиме кон негово решавање.  Токму во тоа ќе ни помогне оваа збирка делотворни, испробани рецепти. Тие ќе нè научат на нов начин на живот – ослободен од грижите, поисполнет и посреќен. Зашто овој прирачник ќе ви ги отвори очите за ситните мудрости што обично не ги забележувате.

    Запаметете дека токму вие сте новото чудо на светот. Дека во историјата на човештвото никогаш немало личност сосем слична со вас и дека во иднина никогаш веќе нема да се роди човек каков што сте вие. Искористете ги сите способности со кои ве надарила природата. Престанете да се грижите за ситни работи и живејте го животот исполнето! Бидете среќни што сте живи и што учествувате во возбудливата авантура на постоењето!


  • img-book

    Со својот водач за просветлување Моќта на сегашниот миг, Екарт Тол инспирирал милиони читатели да тргнат по патот на откривањето на слободата и уживањето во животот во сегашниот миг.
    Во Нова земја Тол ги шири тие моќни идеи за да покаже дека надминувањето на нашата состојба на свеста заснована врз егото не само што е суштински важно за личната среќа туку е и клучно за окончувањето на судирите и страдањата на целото човештво. Тол објаснува како нашата врзаност за егото создава дисфункционалност која води во бес, завист и несреќа, и им покажува на читателите како да пробудат нова состојба на свеста и така да тргнат по патот што води кон вистински исполнет живот.

    Просветлувачка и охрабрувачка, книгата Нова земја е вистински манифест на поквалитетниот начин на живеење и на создавањето на подобар свет.

    Екарт Тол е наш современик, духовен учител кој често патува пренесувајќи ја својата порака во сите краишта на светот. Нова земја е последната книга која Опра ја препорача во својот клуб на читатели (Oprah Book Club), нашироко прифатена од милиони читатели ширум светот.


    Нова земја од: 400 ден
  • img-book

    Претворајќи го апстрактното во конкретно, Тол ни нуди една поинаква филозофија на животот, која преку длабоката преобразба и внатрешното себе-преиспитување, ќе доведе до целосна промена на начинот на кој размислуваме.
    Овој своевиден духовен учител, со своите зборови нè подучува како да ги наслушнеме гласовите на своето емоционално битие, како да дојдеме до спознание за тоа кои навистина сме и како да достигнеме ослободување на сопствениот ум. Неговата техника на самопомагање на крајот резултира со чувство на мир, и што е најважно, задоволство со себе, со сопствениот живот, без страв од иднината, без копнеж по минатото, живеејќи го докрај, сегашниот миг.

    „Една од најмоќните книги што биле напишани со години наназад. Секоја реченица одекнува со вистина и сила.“ Дипак Чопра.


  • img-book

    Моќта на потсвеста, една од најомилените и најпродаваните инспиративни водичи на сите времиња, ви покажува како менувањето на вашиот начин на размислување може да доведе до драстично подобрување на вашиот живот. Со помош на практични, разбирливи техники и конкретни примери, д-р Џозеф Марфи ви го открива огромното влијание на потсвеста врз сите животни сфери: парите, односите, работата, среќата – и како да ја примените и да ја насочите нејзината моќ за да ги остварите своите цели и соништа.

    Оваа неверојатна книга веќе им помогна на читателите ширум светот да го постигнат навидум невозможното со самото учење како да ја контролираат неверојатната моќ на потсвеста. Сега и вие можете да ги научите овие моќни техники за да го смените својот живот, така што најнапред ќе ги смените своите верувања.


  • img-book

    Вистинскиот извор на страдањето во светот се стравот, болката и незнаењето. Ова се случува кога не сме во допир со универзумот, кога не сме во хармонија и баланс. Сè додека ја проектираме моќта надвор од себе и не сме во можност да ја препознаеме внатрешната моќ која вистински нè исцелува, тогаш и го поддржуваме сето страдање кое му се случува на светот.

    Потребно е да ја поттикнеме личната и духовна преобразба, да се ослободиме од товарот што го носиме во себе, да станеме свесни за своите програми и да работиме на нивно освестување, да се ослободиме од нив и да отвориме простор во срцето за љубов која целосно ќе нè исцели. Тоа нема секогаш да биде пријатно и лесно, но колку повеќе се исцелуваме толку и креативниот канал ќе ни биде почист и посјаен и ќе уживаме во неограниченото изобилие на универзумот. А како што ние ќе се исцелуваме, ќе се исцелува и целото човештво.

    Ве повикуваме заедно да ја разработиме оваа идеја на Будење на свеста. Посакуваме секој да погледне во себе, да го пронајде својот копнеж, свесно да косоздава реалност каква што посакува и да биде љубов. Нашата желба за вас е со радост да ја прегрнете новата промена која е веќе присутна насекаде околу нас и да завладеат хармонија и љубов на нашата планета.


    5 out of 5
    Будење на свеста од: 400 ден
  • img-book

    Никогаш не е доцна да се смениме кон подобро. Тоа можеме да го постигнеме со менување на лошите и со зацврстување на корисните навики. Добитникот на Пулицерова награда, новинарот на Њујорк тајмс Чарлс Дјухиг нè води по тој пат на трансформација нудејќи ни едно ново поимање на човековата природа и нејзиниот потенцијал за развој.

    Авторот ни ги открива начинот на кој функционираат навиките и механизмите со кои можеме да ги промениме. Низ конкретни примери од животот на олимпиецот Мајкл Фелпс, директорот на Старбакс Хаурд Шулц, борецот за човекови права Мартин Лутер Кинг Помладиот и десетина други познати и помалку познати личности, Дјухиг објаснува како со примена на новите научни сознанија за навиките можеме да предизвикаме позитивни промени не само во нашите животи, туку и во нашата работна средина и во целото општество.

    Моќта на навиките изобилува со објаснувања на многу важни прашања:
    – што претставуваат навиките и како работи мозокот
    – какви навики имаат успешните луѓе и компании
    – кое е Златното правило за промена на навиките…

    Ако верувате дека можете да се промените – тогаш промената станува реална. Во тоа лежи моќта на навиките: во сфаќањето дека нашите навики се она што ние ќе избереме да ни биде навика. А кога таа еднаш ќе се автоматизира, неумоливо нè носи кон успех.


  • img-book

    Наполеон Хил, легендарниот автор на класичниот бестселер Мисли и збогати се, во оваа своја книга им се навраќа на докажаните принципи за стекнување поголемо богатство, здравје и среќа. Ни нуди збир од начела и верувања кои обезбедуваат основа за успех што го менува животот. Во ова никогаш порано објавено дело, таткото на мотивациската литература Хил продолжува да ја споделува својата мудрост што ги смени животите на милиони читатели. Објаснувајќи ги основните правила за совладување на неповолните околности и за одбегнување на линијата на помал отпор, ни нуди нов пат за еден исполнет и среќен живот.


    Навики за успех од: 400 ден