Купувам домашно (577)
  • img-book

    Благодарение на овој докажан водич за самопомош, што и по 70 години од своето прво издание го задржува приматот на една од најзначајните мотивациски книги на сите времиња, милиони читатели низ светот ги имаат почувствувано придобивките од безграничната моќ на верувањето. Црпејќи од личниот пат до успехот, без апстрактни теоретизирања, авторот Клод Бристол ни дава практични совети за тоа како да ги претвориме соништата во реалност. Своите директни сознанија ги преточува во ефикасни чекори за достигнување на сите краткорочни и долгорочни цели: подобра работа, зголемен приход, посреќен брак, или едноставно, душевен мир. Неговото тајно оружје се силата на позитивната мисла и безграничната моќ на потсвеста ‒ а мотивациските техники во книгата се универзални и еднакво применливи и денес.

    Сакате да станете поуспешни во работата, поисполнети во приватниот живот и повлијателни во комуникацијата со луѓето? Верувајте во оваа книга и применете ја во животот ‒ и ќе видите дека Магијата на верувањето прави чуда!


  • img-book

    Во бизнисот не е важно што правите, туку ЗОШТО го правите.

    Сајмон Синек е еден од најбараните автори и говорници на светот. Неговиот настап на видеоплатформата Тед е вториот најгледан на сите времиња, со над 36 милиони прегледи, а Почни со зошто како глобален бестселер ги освои светските топ-листи. Причината за тоа е што откритијата на Синек имаат неверојатно влијание врз успехот на која било организација.

    Тој забележа една значајна работа: многу често сме толку оптоварени со тоа што правиме и како правиме што често забораваме зошто го правиме тоа. Ако ја изгубиме од вид таа суштинска причина, ќе ја изгубиме моќта да бидеме лидери и, што е уште поважно, да ги инспирираме луѓето околу себе.

    Во оваа книга Синек со очигледни примери покажува што им е заедничко на Епл, Харли Дејвисон, Дизни, Старбакс, Мартин Лутер Кинг, Бил Гејтс, Томас Едисон, браќата Рајт – тие никогаш не го заборавиле своето зошто, со кое го инспирираат светот околу себе и стануваат примери за големи лидери.


    Почни со зошто од: 400 ден
  • img-book

    ЗА МУДРИОТ ЧОВЕК СЕКОЈ НОВ ДЕН ЗНАЧИ НОВ ЖИВОТ.

    Како да ја планираме и направиме поубава иднината, без да се оптоваруваме со непотребни грижи за неа?

    Наместо да плачеме и да се каеме за направените грешки, треба да се соочиме со проблемот кога тој ќе се појави, трезвено да размислиме и да пристапиме кон негово решавање.  Токму во тоа ќе ни помогне оваа збирка делотворни, испробани рецепти. Тие ќе нè научат на нов начин на живот – ослободен од грижите, поисполнет и посреќен. Зашто овој прирачник ќе ви ги отвори очите за ситните мудрости што обично не ги забележувате.

    Запаметете дека токму вие сте новото чудо на светот. Дека во историјата на човештвото никогаш немало личност сосем слична со вас и дека во иднина никогаш веќе нема да се роди човек каков што сте вие. Искористете ги сите способности со кои ве надарила природата. Престанете да се грижите за ситни работи и живејте го животот исполнето! Бидете среќни што сте живи и што учествувате во возбудливата авантура на постоењето!


  • img-book

    Со својот водач за просветлување Моќта на сегашниот миг, Екарт Тол инспирирал милиони читатели да тргнат по патот на откривањето на слободата и уживањето во животот во сегашниот миг.
    Во Нова земја Тол ги шири тие моќни идеи за да покаже дека надминувањето на нашата состојба на свеста заснована врз егото не само што е суштински важно за личната среќа туку е и клучно за окончувањето на судирите и страдањата на целото човештво. Тол објаснува како нашата врзаност за егото создава дисфункционалност која води во бес, завист и несреќа, и им покажува на читателите како да пробудат нова состојба на свеста и така да тргнат по патот што води кон вистински исполнет живот.

    Просветлувачка и охрабрувачка, книгата Нова земја е вистински манифест на поквалитетниот начин на живеење и на создавањето на подобар свет.

    Екарт Тол е наш современик, духовен учител кој често патува пренесувајќи ја својата порака во сите краишта на светот. Нова земја е последната книга која Опра ја препорача во својот клуб на читатели (Oprah Book Club), нашироко прифатена од милиони читатели ширум светот.


    Нова земја од: 400 ден
  • img-book

    Претворајќи го апстрактното во конкретно, Тол ни нуди една поинаква филозофија на животот, која преку длабоката преобразба и внатрешното себе-преиспитување, ќе доведе до целосна промена на начинот на кој размислуваме.
    Овој своевиден духовен учител, со своите зборови нè подучува како да ги наслушнеме гласовите на своето емоционално битие, како да дојдеме до спознание за тоа кои навистина сме и како да достигнеме ослободување на сопствениот ум. Неговата техника на самопомагање на крајот резултира со чувство на мир, и што е најважно, задоволство со себе, со сопствениот живот, без страв од иднината, без копнеж по минатото, живеејќи го докрај, сегашниот миг.

    „Една од најмоќните книги што биле напишани со години наназад. Секоја реченица одекнува со вистина и сила.“ Дипак Чопра.


  • img-book

    Моќта на потсвеста, една од најомилените и најпродаваните инспиративни водичи на сите времиња, ви покажува како менувањето на вашиот начин на размислување може да доведе до драстично подобрување на вашиот живот. Со помош на практични, разбирливи техники и конкретни примери, д-р Џозеф Марфи ви го открива огромното влијание на потсвеста врз сите животни сфери: парите, односите, работата, среќата – и како да ја примените и да ја насочите нејзината моќ за да ги остварите своите цели и соништа.

    Оваа неверојатна книга веќе им помогна на читателите ширум светот да го постигнат навидум невозможното со самото учење како да ја контролираат неверојатната моќ на потсвеста. Сега и вие можете да ги научите овие моќни техники за да го смените својот живот, така што најнапред ќе ги смените своите верувања.


  • img-book

    Вистинскиот извор на страдањето во светот се стравот, болката и незнаењето. Ова се случува кога не сме во допир со универзумот, кога не сме во хармонија и баланс. Сè додека ја проектираме моќта надвор од себе и не сме во можност да ја препознаеме внатрешната моќ која вистински нè исцелува, тогаш и го поддржуваме сето страдање кое му се случува на светот.

    Потребно е да ја поттикнеме личната и духовна преобразба, да се ослободиме од товарот што го носиме во себе, да станеме свесни за своите програми и да работиме на нивно освестување, да се ослободиме од нив и да отвориме простор во срцето за љубов која целосно ќе нè исцели. Тоа нема секогаш да биде пријатно и лесно, но колку повеќе се исцелуваме толку и креативниот канал ќе ни биде почист и посјаен и ќе уживаме во неограниченото изобилие на универзумот. А како што ние ќе се исцелуваме, ќе се исцелува и целото човештво.

    Ве повикуваме заедно да ја разработиме оваа идеја на Будење на свеста. Посакуваме секој да погледне во себе, да го пронајде својот копнеж, свесно да косоздава реалност каква што посакува и да биде љубов. Нашата желба за вас е со радост да ја прегрнете новата промена која е веќе присутна насекаде околу нас и да завладеат хармонија и љубов на нашата планета.


    5 out of 5
    Будење на свеста од: 400 ден
  • img-book

    Никогаш не е доцна да се смениме кон подобро. Тоа можеме да го постигнеме со менување на лошите и со зацврстување на корисните навики. Добитникот на Пулицерова награда, новинарот на Њујорк тајмс Чарлс Дјухиг нè води по тој пат на трансформација нудејќи ни едно ново поимање на човековата природа и нејзиниот потенцијал за развој.

    Авторот ни ги открива начинот на кој функционираат навиките и механизмите со кои можеме да ги промениме. Низ конкретни примери од животот на олимпиецот Мајкл Фелпс, директорот на Старбакс Хаурд Шулц, борецот за човекови права Мартин Лутер Кинг Помладиот и десетина други познати и помалку познати личности, Дјухиг објаснува како со примена на новите научни сознанија за навиките можеме да предизвикаме позитивни промени не само во нашите животи, туку и во нашата работна средина и во целото општество.

    Моќта на навиките изобилува со објаснувања на многу важни прашања:
    – што претставуваат навиките и како работи мозокот
    – какви навики имаат успешните луѓе и компании
    – кое е Златното правило за промена на навиките…

    Ако верувате дека можете да се промените – тогаш промената станува реална. Во тоа лежи моќта на навиките: во сфаќањето дека нашите навики се она што ние ќе избереме да ни биде навика. А кога таа еднаш ќе се автоматизира, неумоливо нè носи кон успех.


  • img-book

    Наполеон Хил, легендарниот автор на класичниот бестселер Мисли и збогати се, во оваа своја книга им се навраќа на докажаните принципи за стекнување поголемо богатство, здравје и среќа. Ни нуди збир од начела и верувања кои обезбедуваат основа за успех што го менува животот. Во ова никогаш порано објавено дело, таткото на мотивациската литература Хил продолжува да ја споделува својата мудрост што ги смени животите на милиони читатели. Објаснувајќи ги основните правила за совладување на неповолните околности и за одбегнување на линијата на помал отпор, ни нуди нов пат за еден исполнет и среќен живот.


    Навики за успех од: 400 ден
  • img-book

    КНИГА ЗА СИТЕ ОНИЕ ШТО СОНУВААТ ГОЛЕМИ СОНИШТА

    Се гледаме на врвот е една од најинспиративните приказни за успехот напишани на македонски јазик. Кратко по своето објавување во 2013 година, книгата прерасна во апсолутен хит на книжевната сцена, а четири години подоцна го бележи своето единаесетто издание! Успешно поминувајќи го тестот на времето, Се гледаме на врвот продолжува да влијае на нови генерации читатели кои во неа наоѓаат инспирација за личен развој и деловен успех.

    Во Се гледаме на врвот, Коста Петров, основач на компанијата Пи Ворлд Македонија, ве води на патување низ својата животна приказна полна со неверојатни моменти, со подеми и со падови, пријатни и непријатни искуства кои се неодминлив дел од „патот по кој поретко се оди“. А за оној што ќе го избере тој пат и што ќе истрае на него, на крајот го чека заслужената награда. На своето возбудливо патување, Коста Петров се соочува со големите можности на Америка, со горчливите сценарија на Прага, со луксузниот бизнис-центар Дубаи, но и со реалноста на креирање на глобален бренд од Македонија. Се гледаме на врвот е книга за сите оние што веруваат дека во животот сите се создадени за големи нешта. Влезете во светот каде што сè е можно.

    „Книгава ќе има многу читатели. Зошто? Затоа што споделува скапо платени животни лекции со јасна цел: животот да биде подобар со нас. Апликативна духовност достапна секому!“


  • img-book

    Продолжение на најпопуларната книга на Џозеф Марфи Моќта на потсвеста.

    В раце држите уште еден подарок од д-р Џозеф Марфи за вас, за подобар и посреќен живот, за напредок во секој поглед. Во секое од тринаесетте поглавја големиот американски духовник се осврнува на некој од општочовечките проблеми.

    Го објаснува и дава корисни упатства како да го решите вашиот проблем.

    ЉУБОВТА Е СЛОБОДА – само кога искрено сакате, имате вистинско чувство на слобода.
    МЕНТАЛНИ ОТРОВИ И ПРОТИВОТРОВИ – менталните отрови се негативните мисли што дејствуваат во вашата потсвест.
    СМЕНЕТЕ ГО ЧУВСТВОТО ЗА СВОЕТО „ЈАС“ – сфатете дека вашето „ЈАС“ е божествено, засакајте го и ќе ви следуваат сите можни добра.
    ОСТАНЕТЕ ЗАСЕКОГАШ МЛАДИ – пред сè, важно е духот да ви биде млад.
    КАКО ДА ГИ ПРИВЛЕЧЕТЕ ПАРИТЕ – ваше право е да бидете богати.
    ИСЦЕЛУВАЧКАТА МОЌ НА ЉУБОВТА – од човекот што љуби бегаат болестите и несреќите.

    Зошто ми се случува тоа? – сигурно сте се прашувале – еве ви го одговорот!


  • img-book

    За да го создадеме чудото што толку многу го посакуваш, ќе мора да тргнеме кон едно место. Едно тајно место. Место каде што има доволно чуда за сите нас.

    Во тоа место живеат сите твои соништа. Тоа место ќе ти ја даде можноста за првпат во твојот живот навистина да ја почувствуваш среќата.

    Ќе дојдеш ли со мене? Следи ме.


  • img-book

    Ова е книга за сите борци. Книга за луѓето кои не се откажуваат. Книга за луѓето кои ја гледаат светлината и во најтемните моменти на животот.

    Од авторот на Се гледаме на врвот и Стравот, ни доаѓа уште една книга која ќе нè соочи со себе, со сопствените стравови, изговори, самонаметнати граници и откажувања, но и ќе ни покаже како да ги ослободиме своите потенцијали и да го достигнеме личниот максимум.

    Затекнат од загубата на многу блиска личност и соочен

    со кршливоста на животот, Петров решава да напише книга-обраќање, како потсетување дека животот се живее, а не се случува. Оваа книга е силно освестување за да се разбудиме и да не го земаме животот здраво за готово, туку од него да направиме искуство вредно за живеење, приказна вредна за споделување, живот по наша мера. Споделувајќи ги своите животни искуства, иницијациски предизвици, мисли и размисли, авторот ни раскажува како да се соочиме со парализирачкиот страв и со предизвиците што ни ги сервира животот, како да се справиме со луѓето кои нè повредуваат… Како да не се откажуваме од своите соништа, да го најдеме мирот и да направиме подобра верзија од себе.

    Правилото е едноставно. Ништо во нашите животи нема да се промени ако не се промениме себеси.


  • img-book

    Преку 10.000 луѓе во изминатите три години ги посетија елитните настани на компанијата Пи Ворлд. Како глобален лидер во својата област, компанијата секојдневно соработува со најголемите светски брендови и ја менува бизнис- реалноста во над 50 земји ширум светот. А сето тоа го прави токму оттука, од Македонија.

    Во „Се гледаме на врвот“, Коста Петров, дваесет и деветгодишниот основач на компанијата, ве води на патување низ својата животна приказна полна со неверојатни моменти, со подеми и со падови, пријатни и непријатни искуства кои се неодминлив дел од „патот по кој поретко се оди“. А за оној што ќе го избере тој пат и што ќе истрае на него, на крајот го чека заслужената награда. На своето возбудливо патување, Коста Петров се соочува со големи- те можности на Америка, со горчливите сценарија на Прага, со луксузниот бизнис-центар Дубаи, но и со реалноста на креирање на глобален бренд од Македонија. Се гледаме на врвот е книга за сите оние што верува- ат дека во животот сите се создадени за големи нешта. Влезете во светот каде што сè е можно.

    „Книгава ќе има многу читатели. Зошто? Затоа што споделува скапо платени животни лекции со јасна цел: животот да биде подобар со нас. Апликативна духовност достапна секому!“


  • img-book

    Во својата прва книга, „Се гледаме на врвот“Коста Петров ги открива своите тајни на успехот, каде стравот како тема е само начнат како една од препреките на тој пат. Затоа беше сосема природно оваа чудовиштна и неоснована емоција, што претставува пречка во секојдневното себереализирање, да добие свое четиво. „Стравот“ е повеќе од книга,тоа е повик за будење и повик на битка со нашиот најголем непријател, нашето его и неговата најмоќна алатка – Стравот.

    Низ несебичното споделување на личните искуства, мисли и чувства, Коста Петров храбро нè води низ нашата психолошка битка, битката која секој од нас треба да ја добие за да може да го живее сето она што Универзумот го подготвил за него. Со својот јасен, сликовит и енергичен јазик, поткрепен со активизам, тој  го поттикнува читателот на решителност и на храбро делување.


    Стравот од: 299 ден
  • img-book

    „Говорот на телото“ од меѓународно признатите стручњаци за меѓучовечките односи Алан и Барбара Пиз открива дека она што луѓето го зборуваат често се разликува од она што го мислат или чувствуваат.

    Од оваа стручна и забавна книга можете да ги дознаете тајните на говорот на телото и да ги читате мислите на другите преку нивните гестови. Да дознаете како да бидете пријатни, како да стекнете повеќе самодоверба и како да ја контролирате секоја ситуација. Да ги откриете техниките кои ќе ви покажат како да ги толкувате гестовите и како да ги читате неизговорените мисли и емоции – и да извлечете правилни заклучоци.

    – Како да им оставите позитивен впечаток на другите?
    – Како успешно да преговарате?
    – Како да знаете дали некој е достапен?
    – Како да увидите дека некој лаже?
    – Како да читате меѓу редови?
    – Како да го користите говорот на телото за да го постигнете она што го сакате?