Меди, облечена во бело, стои на влезот од црквата. Пред олтарот се наоѓа Роб – човекот со кој ќе се мажи. До Роб стои Бен – кум и најдобар пријател на невестата и младоженецот. И тоа е проблемот.
Затоа што ако пред олтарот не ја чекаше Роб, постои голема веројатност тоа да беше Бен. Лојалниот и чувствителен Бен кој отсекогаш си ги чувал чувствата за себе, но кога би се свртел сега да ? каже на Меди дека прави голема грешка, дали таа би слушала? И дали тој би бил во право?
Тие се најдобри пријатели од детството; Меди, Бен и Роб – неразделни. Но љубовта менува сe. Меди мора да донесе одлука, но дали ќе ја донесе правилната? Нејзиното срце, а дефинитивно и срцата на двајцата најдобри момци што ги познава, зависат од тоа…
Кога имав петнаесет години, еден куршум ми го смени животот. Ја поминав следната декада обидувајќи се да побегнам од ужасот од моето минато, градејќи империја за да се заштитам од сè што би можел да ми приреди животот.
Но немаше пари што можеа да ми помогнат кога најдов расплакано новороденче оставено на мојот праг.
Никогаш не сакав да бидам татко. Не сакав никому, а најмалку на невино дете, да му ја пренесам гнасотијата што течеше низ моите вени – тоа ми личеше на трагедија. Но ете, таа сега беше таму, на мојот праг – со розови обравчиња, црвена коса и дефинитивно моја.
Некако, тоа мало девојченце стана најдоброто нешто што некогаш ми се случило. Беше невозможно да останам изгубен во минатото кога јас бев единствениот на светот кој можеше да ѝ донесе безбедност и заштита во иднината. И затоа, кога мајка ѝ конечно реши да се врати по неа четири години подоцна, јас бев подготвен за борба.
Само камо среќа да можев да не се заљубам во неа за време на војната…
Нема производи |