2. Трилери и мистерии (287)
  • img-book

    Во нарација подеднакво маѓепсувачка и мистериозна како и сеќавањето – ја дознаваме приказната за Натаниел (14 години) и неговата постара сестра Рејчел.

    Во 1945 година, непосредно по Втората светска војна, тие остануваат во Лондон додека нивните родители се преселуваат во Сингапур, оставајќи ги на чување на мистериозната фигура по име Молецот.

    Сомневајќи се дека тој е криминалец, децата стануваат уште позагрижени кога ја запознаваат неговата ексцентрична група пријатели: мажи и жени споени од заедничката, недефинирана служба во војната. И сите тие се решени сега да ги заштитат и едуцираат (на крајно невообичаени начини) Рејчел и Натаниел.

    Но, дали се навистина оние што тврдат дека се? И што значи кога мајка им се враќа по месеци молк без таткото и без какво било објаснување?

    Десетина години подоцна Натаниел почнува да открива сè што сакал да дознае, а токму патувањето низ фактите, сеќавањата и имагинацијата е пренесено во ова ремек-дело од еден од најголемите писатели на нашето време.


    Замрачување од: 350 ден
  • img-book

    Неуспешна мисија

    Две недели пред Денот Д, движењето на Отпорот во Франција се обидува да уништи една телефонска централа од витално значење за комуникација на нацистите. Со големи последици, оваа мисија катастрофално пропаѓа.

    Храбар план

    Додека се наѕира инвазијата, Флик Клере, британска тајна агентка, предлага смел, но мошне опасен нов план. Таа, заедно со целосно женскиот тим наречен Страчки, сака да се инфилтрира и да ја неутрализира телефонската централа пред да стигнат сојузничките сили во Франција.

    Трка со времето

    Сепак, без да знае Флик, Ромел има назначено брилијантен ловец на шпиони, Дитер Франк, со задача да го разбие движењето на Отпорот, кој истовремено опасно ù се приближува на извонредно вештата Клере…


    Страчки од: 490 ден
  • img-book

    Безмилосен шпион

    1942 година. Целта на Алекс Волф е Каиро. По едно макотрпно пешачење низ Сахара, тој стигнува во градот со себе носејќи примерок на Ребека од Дафне ди Морие, еден смртоносен бодеж и траги на убиени лица зад себе. Познат како Сфинга во неговите кругови, Волф е нацистички шпион со брутална желба за успех по секоја цена.

    Неуспешна воена кампања

    Британската воена кампања во северна Африка станува едвај одржлива. Под водство на Ромел, Германците сè побрзо се приближуваат, а извештаите на Алекс Волф за движењата на британските трупи и нивните стратешки планови им даваат предност. Разузнавачкиот офицер Вилијам Вандам има задача да го фати Волф пред да бидат поразени Британците.

    Смртоносна потера

    Вандам бара помош од куртизаната Елени Фонтана, која се согласува да се обиде да го фати нацистичкиот шпион во замена за подобар живот во Палестина. Дали можат да го фатат овој извонредно лукав шпион пред тој да ги открие тајните на Каиро и да пропадне воената кампања?


    Клучот за Ребека од: 450 ден
  • img-book

    Вознемирувачки и емотивен трилер што нема да ве остави мирни сè додека не откриете сè за вашите соседи.

    Една студена јануарска ноќ Шерон излегува во дворот за да го гледа помрачувањето на месечината за кое сите зборуваат. Сакајќи да ја фотографира, го насочува мобилниот кон куќата на соседите. За нив знае само дека се презиваат Флеминг благодарение на поштенското сандаче.

    Но таа ноќ забележува нешто чудно во нивната куќа – мало девојче кое мие садови поткачено на столче во кујната. Шерон знае дека соседите немаат дете на таа возраст. А дури и да имаат некое гостинче, зошто толку мало дете би миело чинии во единаесет часот навечер?

    Кога ќерка ѝ Ејми ќе ја замоли привремено да ја вдоми Никита, осумнаесетгодишна девојка без родители, Шерон ја заборава таа случка. Но наскоро и Никита почнува да забележува сомнителни работи во соседната куќа. А кога социјалните служби не сакаат да се вмешаат во случајот, тие двете ги преземаат работите во свои раце.


  • img-book

    Кога сѐ ќе изгубиш, веќе немаш од што да се плашиш.

     

    Во едно мало норвешко село автомеханичарот Рој Опгард води осаменички живот сè додека не се случи она што никој не го очекува – враќањето на неговиот помлад брат. Карл доаѓа богат, со диплома во џебот, со мистериозната сопруга Шенон и со голем план за осиромашеното родно место – бизнис што сите го прифаќаат како можност за спас. И токму кога се чини дека минатото е заборавено, почнуваат да испливуваат мрачните тајни од нивното детство. Сѐ уште не се заборавени мистериозните несреќи во кои загинуваат нивните родители и селскиот полицаец, а сега нивниот број се зголемува…

    Додека напнатоста расте и обрачот околу нив се стега, Рој се преиспитува до каде може да оди за да го заштити својот алчен брат. Дали по секоја цена да му остане верен на семејството или да им се препушти на страсните чувства кон Шенон?

    „Кралството“ е моќен роман за мрачните семејни тајни каков што може да напише само врвниот криминалистички автор на норвешката и светската литература, Ју Несбе.

     

    „Целата книжевна моќ на најпознатиот скандинавски писател на црниот роман е концентрирана во мрачната, насилна приказна за двајца браќа. Несбе со епски замав ја разурнува илузијата за едно семејство и за една мала, среќна планинска заедница.“

    Киркус ривјус


    Кралството од: 600 ден
  • img-book

    Човечката душа е темна, непрегледна шума, а сите одлуки се носат во самотија.

    Прва средба со нескротливиот Хари Хуле, прв роман на Несбе овенчан со најпрестижните скандинавски награди за криминалистички жанр.

    За да помогне во истрагата на ѕверското убиство на една млада Норвежанка, Хари Хуле заминува службено во Сиднеј. Локалниот полициски шеф го советува да не се меша премногу, но Хари набрзо се спријателува со одговорниот детектив и со една девојка од сведоците. Со својот изострен инстинкт, тој согледува врски и траги што им се измолкнуваат на другите, а неговите сомнителни методи го претвораат во главен двигател на истрагата. Наскоро откриваат дека се работи за низа убиства на психопат што ја плете својата мрежа низ Австралија. Додека му се приближуваат, расте стравот дека никој не е безбеден, а најмалку истражителите на злосторствата.

    Проникнувајќи во локалните митови и легенди, Хари Хуле успева да наѕре кој се крие зад лилјакот, абориџинскиот симбол на смртта…

    „Чудесна средба со младиот, разговорлив Хари… Несбе е одличен автор кој со одмерено темпо го води дејството кон врвот, пред да ве струполи во сосем неочекуван расплет.“

    Скотиш експрес


    Лилјакот од: 500 ден
  • img-book

    Монтегју Роудс Џејмс (1862 – 1936) е еден од најпознатите автори на хорор-приказни во светот и „татко“ на модерната приказна за духови на англиски јазик. Медиевист по професија и долгогодишен професор на Кембриџ, тој е најмногу запаметен по неговите приказни за духови кои се читаат до ден-денес.

    Стари цркви и палати; пронајдени стари ракописи, дневници и приказни; студените предели на Скандинавија и мирните пејзажи на Англија; духови и демони од непознато потекло и со мистериозни намери. Такви се морбидната атмосфера и тивкиот ужас што провејуваат низ овие приказни во кои вешто ни се обзнанува хоророт скриен зад обичното секојдневие.

    Оваа збирка ги содржи неговите најпознати раскази, некои од нив веќе класици на жанрот: „Бројот 13“, „Грофот Магнус“, „Опседнатата куќичка за кукли“ итн. Таа претставува основно четиво за секој вистински љубител на хоророт и на духовите, но и на мајсторски напишаната кратка проза.


  • img-book

    „Дебитант“ е совршен, смртоносен отров, кој не остава траги.

    Неговиот создател, хемичарот Калитин, работел во тајната советска лабораторија, но по распаѓањето на Советскиот Сојуз избегал на запад. Потполковниот Шершнев добива наредба да го отруе предавникот со истиот отров што тој го создал…

    Трилерот „Дебитант“ е книжевна студија за отровите како алатка на советските и руските разузнавачки служби, а истовремено брилијантна проза за современиот Фауст, кој му ја продал душата на ѓаволот, како и за вечните теми: суштината на доброто и злото, врската меѓу творецот и неговата творба, науката и моралот.


    Дебитант од: 350 ден
  • img-book

    Прогласена „најдобра книга“ за млади за 2016 година од ТЕЛЕГРАФ.

    Не се сеќавам како завршив во студената вода, но ова со сигурност го знам: тоа не беше несреќен случај. Велат, чувајте ги пријателите блиску до Вас, а непријателите уште поблиску, но понекогаш е тешко да препознаете непријател меѓу пријателите. Моите пријатели ме сакаат. Сигурна сум дека е така. Но тоа не значи дека не се обидоа да ме убијат…

    “13 минути” е роман за една возбудлива мистерија околу еден обид за убиство, за недовербата меѓу луѓето, за стравот, за манипулацијата и за моќта на вистината. Содржина која едноставно Ве тера да ги преиспитате сите Ваши врски – и дали навистина ги познавате луѓето што Ве опкружуваат…


    13 минути од: 490 ден
  • img-book

    #3 АРМАНД ГАМАШ

    Велигден во Три Пајнс е време на црковни служби, потрага по јајца и сеанси за воскреснување на мртвите.

    Група пријатели одат во старата куќа на Хадли, ужасот на ридот, за конечно да се ослободат од злите духови што го измачуваат селото со децении. Но, наместо да се ослободат од духот, тие создаваат нов. Еден од пријателите умира од страв. Или сепак се работи за убиство? Тогаш се појавува главниот инспектор Арманд Гамаш со својот тим од полицијата во Квебек. Додека ги разоткриваат слоевите нечистотија што ја покриле опседнатата куќа, сфаќаат дека злото не е само таму. Еден од навидум љубезните селани е воден од исто такво зло.

    Велигден во Три Пајнс е време на повторно раѓање, особено кога природата се буди. Но тогаш се буди и нешто друго, нешто неубаво. И веќе е јасно дека за да се случи повторно раѓање, прво мора да има смрт.


  • img-book

    Хари Потер е исфрлен од Хогвортс! Бранејќи го својот братучед Дадли од дементорите, тој е принуден да употреби магија за време на летниот распуст, постапка што доведува до негово сослушување од министерот за магија лично. Во меѓувреме, лордот Волдеморт е сè помоќен, а голем дел од волшебничкиот свет – вклучувајќи го и Министерството за магија – е во одрекување: се води подмолна хајка против сведоштвата на Хари и Дамблдор. Но, за среќа, постојат луѓе кои ќе му се спротивстават на Мрачниот господар. Познатиот Ред на фениксот, основан од Дамблдор како противтежа на страшните смртојади, дејствува и се бори зад кулисите. На повидок е нова волшебничка војна и секој мора да ја одбере страната на која ќе се бори.

    „Хари Потер и Редот на фениксот“ е петтиот дел од серијалот за младиот волшебник Хари Потер и неговите авантури во светот на волшебниците и магијата.


  • img-book

    #5 СЕКТОРОТ Q

     

    Функционер на висока позиција во финансиски нестабилна банка врши проневера со средства наменети за развој на африкански села. Во меѓувреме, петнаесетгодишниот Марко сака да стане дански државјанин и оди на училиште како секој обичен тинејџер. Но неговото минато не е како на секој обичен тинејџер. Тој целото свое детство го минал во ромска банда со која автократски владее неговиот вујко Зола и во која сите деца се принудени да питаат и да крадат.

    Кога Марко ќе дознае дека вујко му планира да го осакати за му носи поголем приход, конечно се обидува да побегне. Но тогаш открива закопано тело што го води до фрапантни тајни за кланот. Плашејќи се дека ова откритие може да стигне до полицијата, Зола и неговите луѓе почнуваат да го бркаат Марко.

    Неговите патишта сега се вкрстуваат со оние на детективот Карл Морк. Кога Карл ќе сфати што сè знае Марко, ќе одлучи да ја реши мистеријата и да го спаси момчето. Мистеријата се протега од Данска до Африка и води до високата политика и бизнис, каде што не постојат правила на игра, а човечкиот живот се множи со нула.


    Ефектот на Марко од: 550 ден
  • img-book

    #6 СЕКТОРОТ Q

     

    Телефонот го буди Карл Морк од утринската дремка во подрумот од полицискиот штаб. Повикот е од колега од Борнхолм, најисточниот дански остров. „На прва топка“ Карл го одбива случајот што му е понуден, но неколку часа подоцна слуша фрапантни вести и чувствува дека нема друг избор освен да го предводи одделението за нерешени случаи на островот и да ја открие вистината за смртта на преубавата средношколка Алберта. Таа пред седумнаесет години исчезнала од училиштето, а потоа била пронајдена како виси на дрво крај патот. Истрагата ќе ги донесе до чуден култ и до неговиот харизматичен водач, човек што е необично привлечен за жените. Во лавиринтот од мистерии и лажни траги, Карл – со своето топло срце, неодоливиот хумор, лудото возење и со детективската интуиција – заедно со своите помошници Асад, Роуз и нововработениот Гордон, тргнува во потрага по убиецот, вешт манипулатор што одбива кој било и што било да му застанат на патот…

    Бестселер-авторот, чии книги се продадени во милионски тиражи низ светот, добитник на многубројни престижни награди, Јуси Адлер-Олсен, е клучната фигура на скандинавскиот трилер.


    Манипулант од: 550 ден
  • img-book

    #3 Миа Кригер и Холгер Мунк

    Зима е, 1996 година. Еден пензионер вози низ планините со својот автомобил. Одеднаш забележува нешто пред себе и нагло закочува. Фаровите фрлаат светлина врз снегот на патот каде што стои преплашено дете со помодрени усни и со еленски рогови на главата.

    Четиринаесет години подоцна, во планинското езеро недалеку оттука, пронајдена е мртва девојка. Во балетски костим, а близу до неа стои и фотоапарат на статив. За една недела ќе се случат уште две убиства. Убиецот остава насоки за полицијата што ги водат во игра во која не може да победат.


  • img-book

    Експлозивен трилер од авторката на „Човекот од креда“ за селцето Чепел Крофт кое крие тегобни тајни. Пред 500 години во него на клада биле изгорени осум протестантски маченици. Пред 30 години без трага исчезнале две тинејџерки. А пред два месеца се самоубил капеланот. Постои ли некаква поврзаност меѓу нив, и дали навистина местото е опседнато?

    Новиот капелан Џек Брукс, самохрана мајка која и самата бега од своето мрачно минато, се надева дека ќе најде мир и одново ќе го започне животот. Но кога од непознат праќач ќе добијат за добредојде стар комплет за егзорцизам, скромната куќа и немањето интернет се најмалите грижи со кои се соочуваат таа и нејзината 14-годишна ќерка.

    Колку повеќе се запознаваат со чудните жители, сомнежот и стравот им се продлабочуваат. Зашто откривањето на вистината во село во кое сите се поврзани со крвавото минато и никој не им верува на дојденците – може да биде смртоносно.

    „Хипнотизирачки и застрашувачки… Најдоброто од Тјудор што ме натера да спијам со запалена светилка.“

    Крис Витакер


  • img-book

    Можете да спасите илјадници непознати животи или еден, на човекот кој ви значи најмногу

    Клаустрофобичен трилер чиј заплет се случува во тесниот простор на еден авион. Има уште 12 часа до слетувањето, во кои можат да се случат многу нешта. Особено ако се последни…

    Мина е стујардеса која дава сè од себе да им го направи спокоен летот на патниците. Се обидува да ги заборави домашните проблеми – разнишаниот брак и петгодишната ќерка со синдром на нарушена приврзаност. Но овој пат тоа е невозможно. Зашто по полетувањето добива заканувачка порака од анонимен патник кој е решен да не слетаат во Сиднеј. Некој кој ѝ ја знае слабата точка и знае како да ја услови: „Следниве инструкции ќе го спасат животот на ќерка ти…“

    Кога неколку патници се убиени и ситуацијата излегува од контрола, Мина знае дека мора да преземе нешто. Патниците за кои е одговорна или… ќерката и сопругот кои се под закана, врзани во нивниот дом. Дилемата е морничава, исто како и расплетот. Ова е најнапнатиот лет во историјата на трилерите.

    „Роман што хипнотизира. Ќе биде хит, а веројатно и класика.“

    Ли Чајлд

    „Застрашувачки трилер.“

    Шари Лапена


    ЗАЛОЖНИЦИ од: 500 ден