2. Трилери и мистерии (323)
  • img-book

    Фантастичен сплет од мистерии, дисфункционални семејни односи, морбидност и неизвесност – совршениот рецепт што ќе ве натера да го прочитате романов во еден здив!

    Херкул Поаро патува со луксузен пајтон до елитниот имот Кингфишер хил. Тој и неговиот верен придружник, инспектор Кечпул, се најмени од Ричард Девонпорт да го истражат убиството на неговиот брат Френк и да докажат дека неговата свршеница Хелен е неправедно осудена за убиството. Но има еден чуден услов: Поаро не смее да ја открива вистинската причина зошто е таму пред другите членови на семејството Девонпорт.

    При патувањето, пајтонот наеднаш застанува зашто една вознемирена жена бара да се симне и инсистира дека, ако остане на своето место, ќе биде убиена. Иако за време на патувањето никој не е повреден, Поаро насетува дека тука се крие уште една мистерија. Неговите стравови набргу се остваруваат: пронајдено е тело на кое е оставена злокобна порака поврзана со седиштето на госпоѓата.

    Дали Поаро ќе успее да ја одгатне поврзаноста на случаите? И, ако Хелен е навистина невина, ќе успее ли да го открие вистинскиот убиец на Френк Девонпорт?


  • img-book

    „Снежно слепило“ ја раскажува приказната за младиот полицаец Ари Тор, кој уште пред да ја заврши академијата добива работно место во Силгуфјордур – мало рибарско гратче на крајниот север на Исланд. Ари Тор ќе ги напушти студиите, својата девојка и животот во Рејкјавик и ќе замине на север, очекувајќи дека ќе живее во место каде никогаш ништо не се случува. Зимските бури ќе го парализираат Силгуфјордур и ќе го отсечат од остатокот од земјата, а потоа во местото ќе почнат да се случуваат убиства. Ари Тор сфаќа дека мора да се соочи со нешто за што воопшто не е подготвен – сложените полициски случаи и застрашувачките поларни бури.
    Напишан во манирот на класичен детективски роман, „Снежно слепило“ е уникатен во доловувањето на ледената атмосфера и сликањето на животот во мало провинциско место, каде приказните на цела низа ликови одеднаш се преплетуваат и се поврзуваат.


    Снежно слепило од: 330 ден
  • img-book

    Сместен во врнежлив индустриски град од 70-тите години, Макбет ја следи приказната за борбата на полицијата против трговијата со дрога, но и против корупцијата во сопствените редови. По смртта на поткупениот шеф на полицијата се раѓа нова надеж кај граѓаните, но се разгорува и нова борба за превласт, во која нема место за чесните луѓе кои се борат за доброто на градот. Пазарот со дрога го контролираат двајца наркобосови  – водачот на моторџиската банда Свено, и непредвидливиот Хеката, кој сака да го искористи младиот Макбет за да оствари монопол. Но Лејди, сопственичка на казино и љубовница на Макбет, кове амбициозни и смртоносни планови…

    Макбет е приказна за љубовта и каењето, политичката амбиција и алчноста, за најмрачните агли на човековата природа. Роман што се чита во еден здив, можеби најдобриот што излегол од перото на Несбе!

    Несбe ги проткајува митските елементи на трагедијата со острите нишки на ужасот и реалноста. Неговиот Макбет на неверојатно оригинален начин ни ја пренесува безвременоста на Шекспировото дело и мракот на криминалистичкиот жанр.


    Макбет од: 600 ден