2. Трилери и мистерии (332)
View Cart “Исчезната без трага” has been added to your cart.
  • img-book

    „Се викам Симон. Имам десет години. Јас сум сериски убиец.“

    Роберт Штерн, успешен адвокат, не е ни свесен што го чека кога прифаќа да се сретне со нов клиент во предградието на Берлин. Затоа се шокира кога сфаќа дека личноста којашто треба да ја брани е десетгодишно момче – Симон – кревко дете со хронична болест, кое тврди дека бил убиец во претходниот живот. Изненаденоста на Штерн брзо се претвора во хорор кога го пребарува подрумот каде што го испраќа Симон и наоѓа остатоци од човечки скелет, череп расечен со секира – баш како што Симон му кажува дека ќе најде.

    Но ова е само почетокот, бидејќи Симон му кажува на Штерн каде сѐ ќе најде други жртви чии тела стоеле скриени и неоткриени со години. Одеднаш и сегашноста делува убиствено опасна…

    „Детето“ е изопачен брз трилер кој ќе ви го забрза срцебиењето од адреналин.


  • img-book
    Ако секоја приказна има две страни, значи едниот секогаш лаже.
    Џек: Има неколку збора кои можат да ја опишат мојата сопруга. Прекрасна. Амбициозна. Неспособна да прости.
    Ана: Мене ми е доволен само еден збор за да го опишам мојот сопруг. Лажливец.
    Ана конечно го има она што долго го посакува. Со многу напорна работа за да стане главната водителка на вести во BBC, со многу направени жртви во поглед на пријателите, семејството, па дури и сопругот – кој сега веќе ѝ е бивши сопруг. Па кога некој станува закана за работата од нејзините соништа, таа е подготвена речиси на сѐ за да не ја изгуби. Кога ја испраќаат да оди да известува за убиство во Блекдаун – малото мирно гратче каде што пораснала – таа не сака. Но се покажува дека жртвата е нејзина пријателка од детството па нема избор. Наскоро таа не е само новинар кој известува за приказната, туку е во сржта на истата.
    Детективот Џек Харпер е сомничав за инволвираноста на Ана во случајот. Но и тој крие нешто и не кажува дека ја познавал жртвата, сѐ додека не почне да сфаќа дека и самиот станува осомничен во сопствената истрага. Еден од нив двајцата знае повеќе отколку што признава. Некој не ја кажува вистината… Тој и таа е брз, комплексен и мрачен трилер кој ќе ве тера да погодувате кој е виновникот до самиот крај.

    4.5 out of 5
    Тој и таа од: Алиса Фини 550 ден
  • img-book

    Тој е осуден убиец во затвор… но таа не се плаши од него.

    Новинарката Софи Алтон го истражува исчезнувањето на млада мајка, Меган, која неодамна е пуштена на условно и сега бега од властите со нејзината ќеркичка. Потрагата ја води Софи до братот на Меган, Марк, осуден убиец – и воедно човекот со кого таа има поминато една незаборавна ноќ пред дванесет години.

    Осуден на живот во затвор, Марк ја користи Софи да побегне за да може да ја најде сестра си и да ја заштити од монструмот кој ја гони. Софи знае дека треба да се плаши од Марк. Но сѐ уште премногу добро се сеќава на жестината и страста во неговите допири, дури и по толку време.
    Заедно следат опасна трага додека многу луѓе од двете страни на законот прават сѐ што е во нивна моќ да ги спречат Софи и Марк во пронаоѓањето на Меган… и откривањето на вистината за минатото.

  • img-book

    АКО ТОЈ МИСЛИ НА ВАС… МРТВИ СТЕ.

    Една чудна несреќа во рурален Вајоминг води до апсење на човек за потенцијално двојно убиство, но понатамошната истрага упатува на многу пострашно откритие – сериски убиец кој киднапирал, измачувал и масакрирал жртви низ цела Америка најмалку дваесет и пет години. Осомничениот тврди дека тој е само пион во огромен лавиринт од лаги и измами – но дали може да му се верува?

    Случајот веднаш го предаваат на ФБИ, но овој пат тие се принудени да побараат надворешна помош. Го бараат Роберт Хантер, кој е поранешен психолог за криминално однесување и главен детектив во одделот за Ултра насилни злосторства, да направи низа интервјуа со уапсениот човек. Овие интервјуа почнуваат да откриваат ужасни тајни кои никој не би можел да ги предвиди или очекува, вклучувајќи го и вистинскиот идентитет на убиецот, кој е толку внимателен што никој, па дури ни ФБИ, немал поим дека постои… сѐ досега.

     


    5 out of 5
    Злотвор #6 од: Крис Картер 490 ден
  • img-book

    Марта е девојка каква што најчесто постои само во книгите и на филмовите. Девојка која им помага со тешките кеси на бремени жени. Девојка која им помага на стари бабички да преминат улица. Девојка која е секогаш ведра, љубезна и насмеана, прекрасно воспитана и културна со сите. Девојка која ја знаат сите во градот и за која сите имаат само убав збор, никогаш лоша мисла ниту поглед попреку. Но набрзо по нејзината матура, се случува нешто ужасно. Марта е убиена. Градот е во шок. Никој не може да поверува. Но како е можно? Кој би можел да го стори тоа? Та нели сите ја сакаат Марта. Зошто тогаш некој би ја убил девојката ангел?
    Млад детектив од главниот град е испратен на југот на земјата да се обиде да го реши со години старото убиство и конечно да им даде малку мир на родителите на Марта, нејзините брат и сестра, но и сите жители на малиот град кои со цело срце ја сакале младата мила девојка. Но кога тој попатно почнува да развива симпатии кон сестрата на починатата девојка, работите дополнително се комплицираат…


  • img-book

    Запознајте го Роберт Хантер, најмладиот детектив за убиства кој некогаш работел во полицијата во Лос Анџелес – и тоа уште на неговиот прв ден на работното место. Како на неискусен почетник, му даваат едноставен случај со самоубиство. Но кога тој пристига на местото, веднаш почнува да се сомнева дека нешто не е како што треба.

    И покрај фактот дека влезната врата е заклучена и затворена однатре со резе, а не постои апсолутно никаков друг излез од станот, Хантер има претчувство дека жртвата не извршила самоубиство. Со оглед на тоа дека сите докази се против него, неговиот нов шеф не сака да чуе за експерименти, па Хантер има тешка задача за докажување ако сака да го реши случајот и да го задржи своето место во тимот.


  • img-book

    Клејтон е почитуван семеен човек; татко, сопруг, професор, тренер и училишен советник, кој пред повеќе од две декади го признал бруталното убиство на ученичка, тинејџерката Лена Раи. Но зошто ја убил? Причината отсекогаш била мистерија.

    Во низа ексклузивни интервјуа од затвор, Клејтон ја споделува вистината за она што се случило таа ноќ под Ѓаволовиот мост. Но вистината е далеку од она што го очекуваат сите во Твин Фолс. Клејтон сега вели дека тој не е убиецот. Дали лажел тогаш, кога го признал убиството? Или лаже сега?

    Но во приказната недостасува еден клучен играч? Рејчел Волзак, пензионираната детективка која ги разоткрила изопачените нагони на Клејтон и го сместила зад решетки. Таа не е заинтересирана да ја игра играта на Клејтон, но случајот се здобива со толку голема популарност што почнуваат да се откриваат нови детали и во Рејчел се будат сомнежи за сѐ што мисли дека знаела во минатото. И со секое ново интригантно откритие на Клејтон, сѐ повеќе станува јасно дека тој не е единствениот во градот со тајна.


  • img-book

    Сериски убиец ги пали своите жртви на познатите праисториски камени кругови во Лејк Дистрикт. Тој не остава никакви траги и полицајците се беспомошни.

    Кога на јагленосаните остатоци од третата жртва го наоѓаат врежано неговото име, му ја прекинуваат суспензијата на посрамотениот детектив Вашингтон По и го вклучуваат во истрагата од која тој дефинитивно не сака да биде дел.

    Како партнерка ја добива генијалната, но социјално неприлагодена аналитичарка Тили Бредшо и заедно пронаоѓаат трага која е оставена за да ја види само тој. Мистериозниот убиец има план и од некоја причина По е дел од него.

    Како што се појавуваат сѐ повеќе нови тела, така По открива дека е многу поинволвиран во случајот отколку што можел да замисли. Со шокантниот крај кој ќе сруши сѐ што некогаш мислел дека знае за себе, По ќе дознае дека постојат и многу полоши работи од тоа некој да те запали жив…


  • img-book

    И најмалото отстапување во звукот и фреквенцијата на гласот е доволно за познатиот форензички фонетичар и вистинска легенда во редовите на полицијата, Матијас Хегел, да ја разликува вистината од лагата. Со негова помош веќе се осудени бројни криминалци.

    Дали тој сега се лаже себеси? Неговото признание дека брутално убил бездомничка во жестока расправија изгледа премногу искрено.

    Амбициозната поткастерка која обработува вистински злосторства, Јула Анзорге, е своевиден експерт за рехабилитација на невини осуденици и очајно сака да ја открие вистината. Но кога ќе почне да се задлабочува во случајот на Хегел, таа свесно се става во голема опасност…

    Почеток на нов крими-трилер серијал на Винсент Клиш и Себастијан Фицек – на фасцинантната тема за форензичка фонетика.


  • img-book

    „Ми треба Вашата помош, детективе. Оган или вода?“

    Детективот Роберт Хантер добива анонимен повик и чудно барање: да посети конкретна веб адреса – еден вид приватно емитување на содржина. Хантер ја отвора адресата и веднаш почнува шоу осмислено специјално за негови очи. Но јавувачот не сака детективот Хантер само да гледа, тој сака и да учествува, а одбивањето едноставно не е опција.

    Принуден да направи одвратен избор меѓу две подеднакво грозоморни опции, Хантер мора да седи и да го гледа измачувањето и убиството на неидентификувана жртва во живо на интернет. Полицијата на Л.А и ФБИ ги користат сите свои ресурси за електронски да го лоцираат преносот, но овој убиец не е аматер и беспрекорно си ги има покриено трагите од А до Ш. Уште пред Хантер и Гарсија да успеат официјално да започнат со истрагата, Хантер добива нов повик. Нова веб адреса. Нова жртва. Но овој пат убиецот ја крева играта на следното ниво: реално шоу со убиство во живо, каде секој може да гласа за начинот на убивање.


    5 out of 5
    Еден по еден #5 од: Крис Картер 490 ден
  • img-book

    Во тмурна колиба без прозорци некаде во шумата, животот на Лена и на нејзините две деца следи строго дефинирани правила, кои ги поставува човекот којшто ги држи заробени – таткото: кога се јаде, кога се оди во тоалет, кога се учи… и сето тоа под неговото будно око. Тој го штити своето семејство од опасностите кои демнат во надворешниот свет и води сметка неговите деца секогаш да имаат мајка која ќе се грижи за нив.

    Еден ден, Лена успева да побегне – но кошмарот продолжува. Се чини дека тиранинот сака да си го врати она што смета дека му припаѓа… Плус, под знак прашалник е дали таа навистина е жената по име „Лена“, мајка на двете деца, која исчезнала без трага пред 14 години. Полицијата и семејството на Лена очајно се обидуваат да ја состават сложувалката, чии делчиња од некоја причина не можат да се спојат во една целина.

    Морничав и адреналински трилер во стилот на „Соба“ и „Ејми ја нема“ – од една од најпопуларните германски авторки.


    4 out of 5
    Мило мое дете од: Роми Хаусман 490 ден
  • img-book

    „Ми треба Вашата помош, детективе. Оган или вода?“

    Детективот Роберт Хантер добива анонимен повик и чудно барање: да посети конкретна веб адреса – еден вид приватно емитување на содржина. Хантер ја отвора адресата и веднаш почнува шоу осмислено специјално за негови очи. Но јавувачот не сака детективот Хантер само да гледа, тој сака и да учествува, а одбивањето едноставно не е опција.

    Принуден да направи одвратен избор меѓу две подеднакво грозоморни опции, Хантер мора да седи и да го гледа измачувањето и убиството на неидентификувана жртва во живо на интернет. Полицијата на Л.А и ФБИ ги користат сите свои ресурси за електронски да го лоцираат преносот, но овој убиец не е аматер и беспрекорно си ги има покриено трагите од А до Ш. Уште пред Хантер и Гарсија да успеат официјално да започнат со истрагата, Хантер добива нов повик. Нова веб адреса. Нова жртва. Но овој пат убиецот ја крева играта на следното ниво: реално шоу со убиство во живо, каде секој може да гласа за начинот на убивање.


  • img-book

    Пронаоѓањето на телото на млада жена во една пуста колиба среде шума во Лос Анџелес го враќа детективот Роберт Хантер во еден страшен стар кошмар. Жртвата е пронајдена гола, закачена за две паралелни дрвени штици и очигледно е дека била садистички мачена пред исклучително болната смрт.

    Некој ѝ ја одрал целата кожа од лицето – и тоа додека сѐ уште била жива. На задниот дел од нејзиниот врат е врежан чуден двоен крст: заштитен знак на психопат познат како Убиецот со распетието. Но тоа е невозможно. Затоа што Убиецот со распетието бил фатен и осуден на смртна казна пред две години. Дали е можно да се работи за некој кој се обидува да го копира? Или пак е можно незамисливото да е вистина?

    Дали вистинскиот убиец сѐ уште е на слобода, подготвен за нова грозоморна низа убиства, бирајќи ги жртвите без никаков логичен ред и шаблон за да му се потсмева на Роберт Хантер што никако не може да го фати? Хантер и неговиот партнер новајлија не се ни свесни во каков кошмар влегуваат…


  • img-book

    „Имаш среќа што не го запали светлото…“

    Една млада негувателка е доживотно трауматизирана кога го наоѓа својот пациент, јавниот обвинител Николсон, брутално убиен во неговиот кревет. Самиот чин делува апсурдно – Николсон имал рак во терминална фаза и му останувале само уште неколку недели живот. Но она што најмногу го шокира детективот Роберт Хантер е „уметничкото дело“ што убиецот го има оставено зад себе на местото на злосторството.

    Хантер не се сомнева дека убиецот се обидува да комуницира со полицијата, но методот што го има одбрано е крајно необичен – нешто што Хантер го нема сретнато никогаш во својата кариера. И никако не може да разбере која би можела да биде скриената порака.

    Токму кога Хантер и неговиот партнер Гарсија сметаат дека пронаоѓаат добра трага, се појавува и ново тело – и ново „уметничко дело“. Но не можат да пронајдат поврзаност помеѓу првата и втората жртва, па упорно тапкаат во место.

    Хантер е во трка со времето и со Скулпторот на смртта, кој пак се подготвува за последните финеси на своето ремек дело.


  • img-book

    Неидентификувано женско тело пристигнува во мртовечницата во Лос Анџелес. Причината за смртта сѐ уште е нејасна. Таа нема видливи повреди и рани; освен тоа што најинтимните делови од нејзиното тело се зашиени со дебел црн конец. Но она што најмногу го шокира обдуцентот е фактот дека убиецот оставил нешто внатре во неа. Нешто толку монструозно, што детективот Роберт Хантер го тргаат од друг тековен случај за да ја преземе оваа истрага.

    За неколку дена се појавува второ тело. Исто како и првата жртва, и оваа е зашиена и има оставено нешто внатре во неа. Нешто подеднакво генијално колку што е гротескно. И убиецот не е готов, далеку од тоа.

    Кога случајно налетува на привлечната и страшно способна приватна детективка Витни Маерс, Хантер почнува да се сомнева дека убиецот истовремено држи по неколку жени во заложништво, бидејќи жената по која трага Маерс е пријавена како исчезнато лице, но сѐ уште не е една од жртвите. Роберт наскоро дознава дека гони вистински монструм; монструм чие минато крие уште помонструозна тајна.


  • img-book

    Замислете го вашиот најголем страв… а сега замислете како го доживувате истото, како да се будите директно во вашиот најстрашен кошмар.

    Во црква во Лос Анџелес, на скалилата пред олтарот, наоѓаат тело на обезглавен свештеник. Трупот е внимателно позициониран во локва крв, со испружени нозе и рацете прекрстени на градите, а најстрашниот дел од целата глетка е тоа што главата на свештеникот е заменета со кучешка глава. Подоцна, форензичкиот тим открива дека на градите на жртвата со крв е начкрабан бројот „3“.

    Детективот Роберт Хантер на почетокот смета дека се работи за ритуално убивање. Но кога почнуваат да се појавуваат нови тела, принуден е одново да размисли за таа теорија. Сите жртви умреле од она од кое најмногу се плашеле. Нивните најлоши кошмари буквално се претвориле во реалност. Но како можел убиецот да знае? И што е тоа што ги поврзува овие жртви?

    Хантер тргнува во потрага по вештиот и садистички убиец, некој кој очигледно има моќ да ги чита мислите на жртвите. Некој кој претчувствува што најмногу ги плаши жртвите. Некој кој нема да дозволи ништо да го запре во реализирање на својата изопачена мисија.