2. Трилери и мистерии (332)
  • img-book

    Твојата ќерка е исчезната.

    Зависничка е од дрога и од момче кое ја малтретира. И ти ставила јасно до знаење дека не сака да биде најдена.

    Потоа, сосем случајно, ја гледаш како настапува како уличен изведувач во њујоршкиот Централ парк.

    Но, таа не е девојката која ја паметиш ти. Оваа жена е изгубена, исплашена и очигледно во неволја.

    Не размислуваш ни за момент. Ù приоѓаш, ја молиш да се врати дома.

    Таа бега.

    И ти ја следиш во мрачниот и опасен свет кој никогаш не си знаел дека постои. Во кој владеат криминалните банди, каде што дрогата е главна валута, а убиствата нешто вообичаено.

    Сега твојот живот е во опасност. И никаде и никој не е безбеден.


    Бегај од: 450 ден
  • img-book

    ЗА ДВЕТЕ НАЈГОЛЕМИ ЧОВЕКОВИ СОПАТНИЦИ ВО ЖИВОТОТ: ЉУБОВТА И БОЛКАТА.
    За колкумина од оние што ги познавате можете да сте сигурни дека љубовта или болката не го бојадисале нивниот живот, во бои зависно од чувствата што ги одбележале? Ако се замислиме, ќе сфатиме дека всушност на секој возрасен човек љубовта и болката се навистина најчестите сопатници во животот.


  • img-book

    Продолжение на безвременскиот бестселер „Сјаење“

    Хотелот „Видиковец“ беше местото каде што неговата момчешка дарба за „сјаење“ ја отвори вратата кон пеколот. Ден Торенс денес е возрасен човек, но духовите од „Видиковец“ – и алкохолизмот и насилството наследени од татко му – го влечеа со години. Сега, помогнат од заедницата на Анонимните алкохоличари во Њу Хемпшир, Ден им го ублажува умирањето на лицата во еден дом за стари и изнемоштени лица, каде што го нарекуваат „Доктор Сон“.

    Снажен пејзаж на страв – Њујорк тајмс

    Застрашувачки – Кливленд плејн дилер

    Исцрпно страшно – Њујорк дејли њуз

    Ненадминлива имагинација – Опсервер


    Доктор Сон од: 500 ден
  • img-book

    Требаше да биде совршено повторно обединување: шест пријатели од средно заедно по дваесет години. Домаќинката Али има живот каков што посакувала отсекогаш, кариера со која може да се гордее и прекрасно семејство со нејзиното момче од средно, сега сопруг. Но, таа вечер нејзината најдобра пријателка искажува шокантно обвинение по кое ништо нема да биде исто.

    Кога Карен влегува од градината, крвава и повредена, тврди дека била нападната од сопругот на Али, Мајк. Али мора да одлучи веднаш: кому да му верува? На нејзиниот преплашен сопруг или на најдобрата пријателка? Мајк раскажува сосем поинаква верзија на настаните, Али знае дека еден од нив лаже – но кој? И зошто?

    Хаосот што го зафаќа нејзиниот живот ја принудува да ги преиспита златните години што групата ги поминала заедно. Али сфаќа дека има и помрачни сеќавања. Сеќавања што лежат закопани со децении. Сеќавања за кои некој би убил за да ги заштити.


    Што направи?! од: 390 ден
  • img-book

    На Том Бојд, познат писател му недостига инспирација, а тогаш во неговиот живот ненајдено се појавува хероината на неговите романи. Таа е убава, таа е очајна, таа ќе умре ако тој престане да пишува. Невозможно? А, има и уште… Заедно, Том и Били ќе доживеат неверојатна авантура во која реалноста и фикцијата се мешаат во една заводлива и смртоносна игра…


    5 out of 5
    Девојката од хартија од: 240 ден
  • img-book

    Во 1986 г., во своето задремано англиско селце, Еди и неговите другари го минуваат безгрижно летниот распуст пекајќи по некаква авантура. Таа доаѓа во ликот на новиот наставник – висок и необично бел човек когошто го нарекуваат Човекот од креда. Од него ги добиваат првите креди во боја и идејата да си оставаат нацртани пораки разбирливи само за нив. Сè додека еден ден мистериозно појавеното човече од креда не ги одведе кон едно распарчено човечко тело запретано под лисјата во шумата…

    Во 2016 г. Еди е веќе возрасен човек и наставник во своето некогашно училиште. Монотоното секојдневје му го нарушува неочекуваното пристигнување на едно писмо – човече нацртано со креда. Излегува дека истото писмо го добиле и неговите другари од детството. Кога еден од нив ќе биде најден мртов во реката, ќе сфатат дека не се работи само за лоша шега. За да се спаси од кошмарот, Еди мора да сфати што точно се случило пред 30 години…

    „Имав заборавено што значи непроспиена ноќ затоа што не можеш да се разделиш од некоја книга. Благодарение на Човекот од креда, повторно се потсетив на тоа чувство.“ Фиона Бартон, Њујорк тајмс

    „Сакате да прочитате нешто добро?… Ако ги сакате моите дела, ова сигурно ќе ви се допадне.“ Стивен Кинг


    ЧОВЕКОТ ОД КРЕДА од: 420 ден
  • img-book

    Таа е неговото минато. Тој е нејзината иднина.

    Ема живее во Њујорк. Со триесет и две години, се уште е во потрага по вистинскиот.
    Метју живее во Бостон. Тој ја загуби својата сопруга во страшна несреќа, и сам се грижи за четиригодишната ќерка.
    Судбоносна средба во виртуелниот свет ќе ги доведе до фактот да поверуваат дека дека конечно ја пронашле среќата. Нестрпливи да се запознат, ќе се договорат да вечераат во еден мал италијански ресторан во Менхетен.
    На истиот ден во исто време, ги отвораат вратите на овој ресторан и се упатуваат на истата маса. Сепак, нивните патишта никогаш нема да се вкрстат.
    Дали е тоа  игра на лаги? Производ на имагинацијата? Манипулација? Фатени во форма на реалност што не може да се сфати, Метју и Ема брзо  сфаќаат дека ова не е само една пропуштена можност …

  • img-book

    Стаклените деца е првиот роман за деца на Кристина Улсон, една од најистакнатите авторки на криминалистички романи во Шведска, која својата вештина за создавање на мистерии и трилер-атмосфера успешно ја адаптира и за помладата публика.

    Возбудливата и интригантна приказна се одвива околу низа мистични работи што се случуваат во новиот дом на Били и нејзината мајка. Се чини како куќата да не сака тие да живеат таму. Заедно со своите пријатели Симона и Аладин, Били почнува да ја истражува темната историја на куќата. Сè додека една ноќ не ја разбуди тропање на нејзиниот прозорец…
    Колку повеќе истражува, толку станува посигурна дека мора да ја напуштат куќата, и тоа колку што е можно побрзо, пред да се случи нешто страшно. Пред да биде предоцна…

    „Стаклените деца“ е добитник на шведската Награда за роман за деца во 2013 година, како и на наградата на Шведското радио за најдобра книга за читатели од 9 до 12-годишна возраст.


    СТАКЛЕНИТЕ ДЕЦА од: 350 ден
  • img-book

    Малиот Ник Овенс одеднаш ќе остане сам на светот по бруталното убиство на неговите родители. Напуштен од сите, ќе најде засолниште и љубов на најневообичаеното место – едни стари градски гробишта, каде што ќе го одгледаат духовите на луѓето кои се закопани тука. Стоејќи на границата меѓу животот и смртта, Ник ќе порасне во необичен младич кој конечно ќе ја открие вистината за себе дури откако ќе научи дека само љубовта ги надминува границите на смртта.

    Нил Гејман е супер ѕвезда во светот на книжевноста токму поради храброста да допре необични теми, да си игра со жанровите и сето тоа да го пренесе до читателот на едноставен  и разбирлив начин. Во „Книга за гробиштата“ Гејман прави необичен спој од хорор, трилер и семејна приказна за растењето и созревањето на еден млад човек, раскажана со многу топлина, љубов и хуманост.

    „’Книга за гробиштата‘ е книга во која се собрани сите елементи во кои Гејман е најдобар: силна приказна, незаборавни ликови, мистерија, хорор, митови и само мала, но неизбежна, алузија на супер херои и вампири.“ Њујорк тајмс


  • img-book

    Тој е непоправлив прељубник. Таа живее во заблуда. Тој води двоен живот. Таа сака да ги израмнува сметките. Тој решава да расчисти еднаш засекогаш. Таа веќе нема што да изгуби…Бракот на Џоди и Тод се соочува со криза. Многу нешта се ставени на коцка, вклучувајќи ги пријатниот живот што го водат и луксузниот дом во Чикаго со поглед кон океанот. Таа – убиецот, и тој – жртвата, неминовно се движат кон судбоносниот чин. Раскажан низ две психолошки перспективи, Тивката жена е приказна за една љубов во виорот на распаѓањето, за една двојка влетана кон пропаст, за жена што е подготвена на сè за да го задржи она што ѝ припаѓа; приказна за тајните што демнат закопани во несвесното и што можат да имаат кобни последици врз сегашноста.Мајсторски напишан од перото на А. С. А. Харисон, романот Тивката жена го намамува читателот од првата страница и не го пушта сè до последната.

    „Изненадувањата се нижат на секоја страница… Иако Харисон пишува со вешта и лесна рака, нејзината проза е потресна.“ Гардијан

    „Oстар и брз, како касапски нож.“ Њуздеј


    ТИВКАТА ЖЕНА од: 450 ден
  • img-book

    Од својата баба, Алекс Крос ја слуша приказната за дедо му и за неговата борба за преживување во времето на Кју-клукс-кланот. Сега тој им ја пренесува семејната приказна на своите деца ‒ со романот што го пишува.

    Како адвокат во Вашингтон на почетокот на XX век, Бен Корбет ги застапува најтешките случаи во борбата против расизмот. Претседателот Рузвелт го замолува да се врати во родниот град за да го истражи реформирањето на Кју-клукс-кланот, па тој не може да го одбие. Кога пристигнува во Еудора, Мисисипи, го наоѓа мудриот Абрахам Крос и неговата прекрасна внука Муди, кои го запознаваат со скриената страна на идиличниот јужњачки град. Линчувањата се вообичаени, а жителите во црниот кварт на градот живеат во постојан страв. Бен има за цел да го прекине владеењето на ужасот ‒ но вистината што се крие зад сето тоа би можела скапо да го чини.

    Раскажана со бестрашниот глас на детективот Алекс Крос, Судење е трогателна приказна за човечкото зло, за љубовта и, пред сè, за храброста. „Потресна приказна за едно мрачно време во американската историја.“ BookReporter.com


    СУДЕЊЕ од: 450 ден
  • img-book

    Дента кога дознава дека нејзиниот маж, славниот уметник Хју Вокер забременил друга жена, Нора се заколнува: Има да се вратам во живот, колку време и да ми треба!…

    Потребни ѝ се три години. Со помош на најверната пријателка бега од Њујорк во тивкиот Пикод, каде што ја води колумната Совети за преживување во локалниот весник и внимателно му ја подотвора вратата на нов маж во својот живот. Но кога Хју со своето совршено семејство се доселува во истиот град, цврстината ѝ се поткопува. Повторно љубомора, понижување, гнев… а потоа шокот дека брачната двојка е убиена во својот дом. Нора не може да даде цврсто алиби за ноќта на убиствата. Сеќавањата ѝ се мрачни колку и фантазиите за одмазда. Додека обрачот околу неа се стега, таа мора да се соочи со една своја темна страна и да докаже дека не е единствената со мотив за убиство…

    Во своето книжевно деби Рене Шафрански ни нуди возбудлив психолошки трилер проткаен со хумор. Роман за личната потрага по вистината која понекогаш на сите ни се лизга низ прсти, но и за потрагата по втора шанса во животот.

    „Мајсторски напишана крими-мистерија со остроумна и храбра хероиња која заслужува серијал.“ Буклист


  • img-book

    Романот Небесни тела е мистериозен трилер напишан во викторијански стил, со фасцинантна криминална приказна во кој се оживува светот од средината на деветнаесеттиот век.

    Во 1866 година младиот Англичанец Волтер Муди заминува за Нов Зеланд во потрага по богатство. Првата ноќ по пристигнувањето влегува во друштво на дванаесет странци кои тајно се собрани за да разговараат за серија необјаснети настани: исчезнувањето на најбогатиот човек во градот, проститутката која се обидела да си го одземе животот, и пронаоѓањето на огромно богатство во куќата на еден несреќен пијаница. Муди е брзо вовлечен во мрежата на судбината која е сложена и извонредно раскошна, како и ноќното небо. И ништо не е како што се чини, сè е завиткано во светата тајна.

    Со ова тензично и возбудливо книжевно достигнување, Елeнор Катон уште еднаш потврди дека е една од најсјајните ѕвезди на светското книжевно небо, за што и ја доби наградата Букер во 2013 година.


    НЕБЕСНИ ТЕЛА од: 790 ден
  • img-book

    Лизбет Саландер и Микаел Блумквист се враќаат во петтото продолжение на серијалот Милениум на Стиг Ларсон! Осудена на двомесечна затворска казна поради самоволно постапување при спасувањето на животот на едно дете, Лизбет Саландер одбива да каже што и да е во своја одбрана. Таа се интересира за многу поважни нешта. Микаел Блумквист секоја недела поминува долг пат за да ја посети – но и за да добие некоја нова трага за своето истражување, кое би било значајна приказна за списанието Милениум. А неа, пак, тоа би можело да ја одведе до вистината за нејзиното детство. Иако е попречена од корумпираниот затворски систем кој во голема мера го раководат озлогласени затворенички, Лизбет по секоја цена ќе се бори за своите убедувања. Ќе ја бара вистината поврзана со сопственото сеќавање од детството – сеќавањето на жената со белег на вратот што потсетува на змеј што блуе оган…

    Тензијата и моќта на исклучителните херои од трилогијата Милениум на Стиг Ларсон, земаат нов замав. Лизбет Саландер и Микаел Блумквист ја продолжуваат својата борба за вистината и правдата што возбудува милиони читатели низ целиот свет…


  • img-book

    ЛИЗБЕТ САЛАНДЕР И МИКАЕЛ БЛУМКВИСТ СЕ ВРАЌААТ ВО ДОЛГООЧЕКУВАНОТО ПРОДОЛЖЕНИЕ НА СЕРИЈАЛОТ МИЛЕНИУМ

    Франс Балдер, ексцентричен гениј и еден од водечките информатички експерти, ненадејно се враќа во Шведска од Силиконската Долина, каде што работел во една од најмоќните светски компании. Од поранешната сопруга го зема аутистичниот осумгодишен син, се затвора во својата добро обезбедена куќа и сосем се осамува.

    Микаел Блумквист е во длабока професионална криза – подолго време нема напишано текст што ќе ги потресе столбовите на општеството и ќе го врати списанието Милениум на старите патеки на славата. Една вечер му се јавува Балдер, па иако е сомничав кон информатичарот, оди кај него на разговор.

    Во исто време, непознат хакер провалува во серверите на Националната безбедносна агенција (НСА). Во „Хакерската република“ слават, затоа што само една личност на светот можела да го стори тоа – неповторливата Лизбет Саландер. Но таа не прави ништо доколку за тоа нема длабоки причини, кои секогаш се поврзани со нејзината желба да ја задоволи правдата.

    Девојката во пајакова мрежа е трилер кој обожавателите на делата на Ларсон долго го очекуваа, роман кој, како и претходните, навлегува во актуелни и болни општествени теми.


  • img-book

    По морничавиот трилер Мочуриште, вториот роман на исландската писателска ѕвезда Арналдур Индридасон е уште едно врвно и мајсторски изведено дело во криминалистичкиот жанр.

    Истрагата на исландската полиција започнува кога на дамнешните ненаселени ридови на периферијата на Рејкјавик е пронајден човечки скелет, стар неколку децении. Разгледувајќи го овој одамна застарен случај, детективот Ерлендур и неговиот тим откриваат дека ридовите околу главниот град кријат неколку трагични приказни кои се случиле во дамнешното минато: за насилство, изгубена љубов и чест, криминал… На овој начин, во романот се мешаат неколку жанрови, кои само дополнително ја зголемуваат тензијата среде мрачната атмосфера на исландското осамено секојдневје.

    Втор во серијалот романи посветени на исландскиот детектив Ерлендур, Гробна тишина е еден од најсовршено структурираните трилери во кој се преплетуваат повеќе возбудливи приказни што се поврзуваат во целина на последните неколку страници од книгата.

    „Индридасон е еден од најдобрите писатели на трилери на денешнината.“  Сиднеј тајмс


    ГРОБНА ТИШИНА од: 380 ден