2. Трилери и мистерии (335)
  • img-book

    Ако го најдеш, готово е.
    Тој веќе доаѓа по тебе.
    Сè започна едно утро кога полицијата пронајде тело на убиена жена во мирното предградие на Копенхаген. Од тој момент, граѓаните живеат во страв од немилосрдниот убиец чиј потпис е „човек од костени“ – кукла направена од кибритчиња и два костени, што ги остава на секое место на злосторството. Додека ги проучуваат трагите, форензичарите ќе дојдат до шокантно откритие: отпечатокот од прстот е од девојчето што исчезна пред една година и го сметаа за мртво.
    Може ли убиецот да биде клуч за решавање на старото злосторство? И дали сè е само случајност или можеби нешто многу позаплеткано? Времето истекува, а убиецот го продолжува крвавиот пир. За да ги спасат невините животи, детективите мораат да преминат преку меѓусебните расправии и да откријат кој се крие зад овие свирепи убиства. Едно е сигурно, неговата мисија не е завршена. И никој не е безбеден.

    КНИГА ШТО ДОЖИВЕА НЕВЕРОЈАТЕН СВЕТСКИ УСПЕХ
    НАСКОРО КАКО ТВ СЕРИЈА НА „НЕТФЛИКС“

    „Еден од најдобрите и најстрашните трилери оваа година… ќе ве хипнотизира вештината на новиот мајстор во жанрот.“
    ‒ Киркус Ривјус

    „Неверојатна приказна и крај што ве остава без здив.“
    ‒ Њујорк Тајмс


    Човек од костени од: 500 ден
  • img-book

    После разводот, младата и привлечна мајка Со­­ња, се обидува да го добие и да го задржи старателството над нејзиниот син. Во исклучително тешка животна ситуација, таа се впушта во шверц на кокаин за Исланд и одеднаш е заглавена во канџите на безмилосниот криминален свет. Додека очајно го бара излезот од неволјите, уценета и крваво претепана, таа е принудена да применува нови и смели тактики, но не успева да го надму­дри Браги – цариникот со долгогодишно искуство. Најинтересно е кој стои на врвот на меѓународниот нарко октопод! Работите стануваат уште поком­пликувани затоа што Соња е во врска со жена. И тоа со Агла, некогашната висока менаџерка на банка, која ја гонат заради последиците од финансискиот колапс на Исланд.
    Дејствието на романот се одвива во Рејкјавик, кој сѐ уште е покриен од прашината на вулканската ерупција на Ејафјадлајекидл. Со темен, динамичен и студен заплет и интригантни ликови Ста­пица е исклучително оригинален и харизматичен скан­динавски кри­ми-трилер, од една од највозбудливите кри­­ми авторки – Лилја Сигурдардотир.


    5 out of 5
    Стапица од: 299 ден
  • img-book

    НАЈПОЗНАТИОТ ДЕТЕКТИВ НА СИТЕ ВРЕМИЊА

    Еден и единствен, Шерлок Холмс сензационално се враќа од мртвите и повторно го посветува животот на испитување на криминалните сплетки во главниот град. Со повторно насобран ентузијазам, тој се нафрла на случаите што опфаќаат мистериозни шифрирани кодови, милионери што се прогонувани, демначи, киднапирања и средба со „најлошиот човек во Лондон“. Но старите „пријатели“ на Холмс внимателно го следат секој негов чекор. Го набљудуваат, чекаат, заговараат…

    Меѓу тринаесетте брилијантни приказни што вклучуваат мистерија, детекција и дедукција, Шерлок Холмс го истражува проблемот со „Градежникот од Норвуд“, ја дешифрира пораката на „Разиграните фигури“ и го решава случајот со „Шесте Наполеони“.


  • img-book

    Твојата ќерка е исчезната.

    Зависничка е од дрога и од момче кое ја малтретира. И ти ставила јасно до знаење дека не сака да биде најдена.

    Потоа, сосем случајно, ја гледаш како настапува како уличен изведувач во њујоршкиот Централ парк.

    Но, таа не е девојката која ја паметиш ти. Оваа жена е изгубена, исплашена и очигледно во неволја.

    Не размислуваш ни за момент. Ù приоѓаш, ја молиш да се врати дома.

    Таа бега.

    И ти ја следиш во мрачниот и опасен свет кој никогаш не си знаел дека постои. Во кој владеат криминалните банди, каде што дрогата е главна валута, а убиствата нешто вообичаено.

    Сега твојот живот е во опасност. И никаде и никој не е безбеден.


    Бегај од: 450 ден
  • img-book

    ЗА ДВЕТЕ НАЈГОЛЕМИ ЧОВЕКОВИ СОПАТНИЦИ ВО ЖИВОТОТ: ЉУБОВТА И БОЛКАТА.
    За колкумина од оние што ги познавате можете да сте сигурни дека љубовта или болката не го бојадисале нивниот живот, во бои зависно од чувствата што ги одбележале? Ако се замислиме, ќе сфатиме дека всушност на секој возрасен човек љубовта и болката се навистина најчестите сопатници во животот.


  • img-book

    Продолжение на безвременскиот бестселер „Сјаење“

    Хотелот „Видиковец“ беше местото каде што неговата момчешка дарба за „сјаење“ ја отвори вратата кон пеколот. Ден Торенс денес е возрасен човек, но духовите од „Видиковец“ – и алкохолизмот и насилството наследени од татко му – го влечеа со години. Сега, помогнат од заедницата на Анонимните алкохоличари во Њу Хемпшир, Ден им го ублажува умирањето на лицата во еден дом за стари и изнемоштени лица, каде што го нарекуваат „Доктор Сон“.

    Снажен пејзаж на страв – Њујорк тајмс

    Застрашувачки – Кливленд плејн дилер

    Исцрпно страшно – Њујорк дејли њуз

    Ненадминлива имагинација – Опсервер


    Доктор Сон од: 500 ден
  • img-book

    Требаше да биде совршено повторно обединување: шест пријатели од средно заедно по дваесет години. Домаќинката Али има живот каков што посакувала отсекогаш, кариера со која може да се гордее и прекрасно семејство со нејзиното момче од средно, сега сопруг. Но, таа вечер нејзината најдобра пријателка искажува шокантно обвинение по кое ништо нема да биде исто.

    Кога Карен влегува од градината, крвава и повредена, тврди дека била нападната од сопругот на Али, Мајк. Али мора да одлучи веднаш: кому да му верува? На нејзиниот преплашен сопруг или на најдобрата пријателка? Мајк раскажува сосем поинаква верзија на настаните, Али знае дека еден од нив лаже – но кој? И зошто?

    Хаосот што го зафаќа нејзиниот живот ја принудува да ги преиспита златните години што групата ги поминала заедно. Али сфаќа дека има и помрачни сеќавања. Сеќавања што лежат закопани со децении. Сеќавања за кои некој би убил за да ги заштити.


    Што направи?! од: 390 ден
  • img-book

    На Том Бојд, познат писател му недостига инспирација, а тогаш во неговиот живот ненајдено се појавува хероината на неговите романи. Таа е убава, таа е очајна, таа ќе умре ако тој престане да пишува. Невозможно? А, има и уште… Заедно, Том и Били ќе доживеат неверојатна авантура во која реалноста и фикцијата се мешаат во една заводлива и смртоносна игра…


    5 out of 5
    Девојката од хартија од: 240 ден
  • img-book

    Во 1986 г., во своето задремано англиско селце, Еди и неговите другари го минуваат безгрижно летниот распуст пекајќи по некаква авантура. Таа доаѓа во ликот на новиот наставник – висок и необично бел човек когошто го нарекуваат Човекот од креда. Од него ги добиваат првите креди во боја и идејата да си оставаат нацртани пораки разбирливи само за нив. Сè додека еден ден мистериозно појавеното човече од креда не ги одведе кон едно распарчено човечко тело запретано под лисјата во шумата…

    Во 2016 г. Еди е веќе возрасен човек и наставник во своето некогашно училиште. Монотоното секојдневје му го нарушува неочекуваното пристигнување на едно писмо – човече нацртано со креда. Излегува дека истото писмо го добиле и неговите другари од детството. Кога еден од нив ќе биде најден мртов во реката, ќе сфатат дека не се работи само за лоша шега. За да се спаси од кошмарот, Еди мора да сфати што точно се случило пред 30 години…

    „Имав заборавено што значи непроспиена ноќ затоа што не можеш да се разделиш од некоја книга. Благодарение на Човекот од креда, повторно се потсетив на тоа чувство.“ Фиона Бартон, Њујорк тајмс

    „Сакате да прочитате нешто добро?… Ако ги сакате моите дела, ова сигурно ќе ви се допадне.“ Стивен Кинг


    ЧОВЕКОТ ОД КРЕДА од: 420 ден
  • img-book

    Таа е неговото минато. Тој е нејзината иднина.

    Ема живее во Њујорк. Со триесет и две години, се уште е во потрага по вистинскиот.
    Метју живее во Бостон. Тој ја загуби својата сопруга во страшна несреќа, и сам се грижи за четиригодишната ќерка.
    Судбоносна средба во виртуелниот свет ќе ги доведе до фактот да поверуваат дека дека конечно ја пронашле среќата. Нестрпливи да се запознат, ќе се договорат да вечераат во еден мал италијански ресторан во Менхетен.
    На истиот ден во исто време, ги отвораат вратите на овој ресторан и се упатуваат на истата маса. Сепак, нивните патишта никогаш нема да се вкрстат.
    Дали е тоа  игра на лаги? Производ на имагинацијата? Манипулација? Фатени во форма на реалност што не може да се сфати, Метју и Ема брзо  сфаќаат дека ова не е само една пропуштена можност …

  • img-book

    Стаклените деца е првиот роман за деца на Кристина Улсон, една од најистакнатите авторки на криминалистички романи во Шведска, која својата вештина за создавање на мистерии и трилер-атмосфера успешно ја адаптира и за помладата публика.

    Возбудливата и интригантна приказна се одвива околу низа мистични работи што се случуваат во новиот дом на Били и нејзината мајка. Се чини како куќата да не сака тие да живеат таму. Заедно со своите пријатели Симона и Аладин, Били почнува да ја истражува темната историја на куќата. Сè додека една ноќ не ја разбуди тропање на нејзиниот прозорец…
    Колку повеќе истражува, толку станува посигурна дека мора да ја напуштат куќата, и тоа колку што е можно побрзо, пред да се случи нешто страшно. Пред да биде предоцна…

    „Стаклените деца“ е добитник на шведската Награда за роман за деца во 2013 година, како и на наградата на Шведското радио за најдобра книга за читатели од 9 до 12-годишна возраст.


    СТАКЛЕНИТЕ ДЕЦА од: 350 ден
  • img-book

    Малиот Ник Овенс одеднаш ќе остане сам на светот по бруталното убиство на неговите родители. Напуштен од сите, ќе најде засолниште и љубов на најневообичаеното место – едни стари градски гробишта, каде што ќе го одгледаат духовите на луѓето кои се закопани тука. Стоејќи на границата меѓу животот и смртта, Ник ќе порасне во необичен младич кој конечно ќе ја открие вистината за себе дури откако ќе научи дека само љубовта ги надминува границите на смртта.

    Нил Гејман е супер ѕвезда во светот на книжевноста токму поради храброста да допре необични теми, да си игра со жанровите и сето тоа да го пренесе до читателот на едноставен  и разбирлив начин. Во „Книга за гробиштата“ Гејман прави необичен спој од хорор, трилер и семејна приказна за растењето и созревањето на еден млад човек, раскажана со многу топлина, љубов и хуманост.

    „’Книга за гробиштата‘ е книга во која се собрани сите елементи во кои Гејман е најдобар: силна приказна, незаборавни ликови, мистерија, хорор, митови и само мала, но неизбежна, алузија на супер херои и вампири.“ Њујорк тајмс


  • img-book

    Тој е непоправлив прељубник. Таа живее во заблуда. Тој води двоен живот. Таа сака да ги израмнува сметките. Тој решава да расчисти еднаш засекогаш. Таа веќе нема што да изгуби…Бракот на Џоди и Тод се соочува со криза. Многу нешта се ставени на коцка, вклучувајќи ги пријатниот живот што го водат и луксузниот дом во Чикаго со поглед кон океанот. Таа – убиецот, и тој – жртвата, неминовно се движат кон судбоносниот чин. Раскажан низ две психолошки перспективи, Тивката жена е приказна за една љубов во виорот на распаѓањето, за една двојка влетана кон пропаст, за жена што е подготвена на сè за да го задржи она што ѝ припаѓа; приказна за тајните што демнат закопани во несвесното и што можат да имаат кобни последици врз сегашноста.Мајсторски напишан од перото на А. С. А. Харисон, романот Тивката жена го намамува читателот од првата страница и не го пушта сè до последната.

    „Изненадувањата се нижат на секоја страница… Иако Харисон пишува со вешта и лесна рака, нејзината проза е потресна.“ Гардијан

    „Oстар и брз, како касапски нож.“ Њуздеј


    ТИВКАТА ЖЕНА од: 450 ден
  • img-book

    Од својата баба, Алекс Крос ја слуша приказната за дедо му и за неговата борба за преживување во времето на Кју-клукс-кланот. Сега тој им ја пренесува семејната приказна на своите деца ‒ со романот што го пишува.

    Како адвокат во Вашингтон на почетокот на XX век, Бен Корбет ги застапува најтешките случаи во борбата против расизмот. Претседателот Рузвелт го замолува да се врати во родниот град за да го истражи реформирањето на Кју-клукс-кланот, па тој не може да го одбие. Кога пристигнува во Еудора, Мисисипи, го наоѓа мудриот Абрахам Крос и неговата прекрасна внука Муди, кои го запознаваат со скриената страна на идиличниот јужњачки град. Линчувањата се вообичаени, а жителите во црниот кварт на градот живеат во постојан страв. Бен има за цел да го прекине владеењето на ужасот ‒ но вистината што се крие зад сето тоа би можела скапо да го чини.

    Раскажана со бестрашниот глас на детективот Алекс Крос, Судење е трогателна приказна за човечкото зло, за љубовта и, пред сè, за храброста. „Потресна приказна за едно мрачно време во американската историја.“ BookReporter.com


    СУДЕЊЕ од: 450 ден
  • img-book

    Дента кога дознава дека нејзиниот маж, славниот уметник Хју Вокер забременил друга жена, Нора се заколнува: Има да се вратам во живот, колку време и да ми треба!…

    Потребни ѝ се три години. Со помош на најверната пријателка бега од Њујорк во тивкиот Пикод, каде што ја води колумната Совети за преживување во локалниот весник и внимателно му ја подотвора вратата на нов маж во својот живот. Но кога Хју со своето совршено семејство се доселува во истиот град, цврстината ѝ се поткопува. Повторно љубомора, понижување, гнев… а потоа шокот дека брачната двојка е убиена во својот дом. Нора не може да даде цврсто алиби за ноќта на убиствата. Сеќавањата ѝ се мрачни колку и фантазиите за одмазда. Додека обрачот околу неа се стега, таа мора да се соочи со една своја темна страна и да докаже дека не е единствената со мотив за убиство…

    Во своето книжевно деби Рене Шафрански ни нуди возбудлив психолошки трилер проткаен со хумор. Роман за личната потрага по вистината која понекогаш на сите ни се лизга низ прсти, но и за потрагата по втора шанса во животот.

    „Мајсторски напишана крими-мистерија со остроумна и храбра хероиња која заслужува серијал.“ Буклист


  • img-book

    Романот Небесни тела е мистериозен трилер напишан во викторијански стил, со фасцинантна криминална приказна во кој се оживува светот од средината на деветнаесеттиот век.

    Во 1866 година младиот Англичанец Волтер Муди заминува за Нов Зеланд во потрага по богатство. Првата ноќ по пристигнувањето влегува во друштво на дванаесет странци кои тајно се собрани за да разговараат за серија необјаснети настани: исчезнувањето на најбогатиот човек во градот, проститутката која се обидела да си го одземе животот, и пронаоѓањето на огромно богатство во куќата на еден несреќен пијаница. Муди е брзо вовлечен во мрежата на судбината која е сложена и извонредно раскошна, како и ноќното небо. И ништо не е како што се чини, сè е завиткано во светата тајна.

    Со ова тензично и возбудливо книжевно достигнување, Елeнор Катон уште еднаш потврди дека е една од најсјајните ѕвезди на светското книжевно небо, за што и ја доби наградата Букер во 2013 година.


    НЕБЕСНИ ТЕЛА од: 790 ден