2. Трилери и мистерии (285)
  • img-book

    Во едно тивко предградие во северниот дел на Њујорк, еден тинејџер се прикрадува во куќите – и во компјутерите на сопствениците – учејќи ги нивните тајни, а можеби и споделувајќи некои од нив. Кој е тој, и што можеби открил? И кога ќе биде најдена една жена убиена на улицата, напнатоста се зголемува. Кој ја убил? И на што сѐ се подготвени овие луѓе за да ги заштитат сопствените тајни? Во ова соседство не играат игри само сопружниците. Во ова соседство, секој во семејството има своја тајна…


  • img-book

    Бен Ричардс нема работа и нема среќа. Неговата осумнаесетмесечна ќерка е болна и ниту Бен ниту неговата сопруга не можат да си дозволат лекар. За човек од сиромашната страна на градот без пари и надеж, постои само едно нешто што може да го направи: да стане натпреварувач во една од Игрите на Мрежата, шоуа во кои можеш да заработиш повеќе пари отколку што некогаш си сонувал – или да умреш. Бен станува дел од најгледаното шоу и е на пат да стане плен на масите…


    Тркачот од: 390 ден
  • img-book

    Во метежот на најголемиот њурошки аеродром двајца деловни луѓе, буквално, ќе налетаат еден на друг. Мадлин и Жонатан брзо ќе ги соберат растурените работи и ќе продолжат секој на своја страна. Тие никогаш претходно се немаат сретнато, а и веруваат дека таа средба веќе нема да се повтори. Сепак, брзајќи да ги соберат своите работи, случајно ќе си ги заменат мобилните телефони. Кога ќе ја согледаат грешката, веќе ќе ги делат повеќе од десет илјади километри – тој е сопственик на ресторан во Сан Франциско, а таа работи во една париска цвеќарница. Иако се свесни дека чепкаат во туѓата приватност, нема да можат да одолеат и ќе ја прегледаат содржината на телефонот што е случајно кај нив…


    5 out of 5
    Ангелски повик од: 199 ден
  • img-book

    Пет црвени свеќички на тортата. Исчекување. Како можеше Зана да знае дека овој ден ќе им го промени животот на толку многу луѓе? А сè што сакаше беше да си ја испее „Среќен роденден“.

    Кога Еверт Гренс ќе влезе во станот во Стокхолм, останува зашеметен од смрдеата на расипана храна, но и на нешто многу пострашно. Тоа што ќе го види ќе му остане длабоко врежано во сеќавањето.

    По речиси две децении, Еверт Гренс повторно ќе се најде во истиот стан. Некој се вратил да ја бара Зана. Гренс знае дека не смее да ја загуби трката со времето и мора да ја најде пред таа да биде убиена.

    Приказна за предавството и одмаздата, а светот трепери за време на трите дена исполнети со шокантни настани.


    Чук, чук од: 500 ден
  • img-book

    По многу години минати надвор од Елисондо, инспекторката Амаја Саласар се враќа во родниот град за да го најде убиецот што ги избира своите жртви меѓу младите девојки. Тој ги задушува и ги остава голи во шумата следејќи некој вид мрачен ритуал. Додека се обидува да го изгради профилот на убиецот и да ги реши убиствата, Амаја мора да се соочи со сеништата од сопственото минато. Тоа се мрачни епизоди за кои никогаш не зборувала и што ја принудиле да замине без желба да се врати, но измешани и со старите народни верувања од областа Навара. Фасцинантна приказна во која тајните и легендите се испреплетуваат со ужасни злосторства. Што кријат бастанските шуми?

    „Невидливиот чувар“ е првата книга од „Бастанската трилогија“, преведена на повеќе од 20 јазици. Филмската верзија е изработена од страна на продуцентите на трилогијата „Милениум“ на Стиг Ларсон.


  • img-book

    НЕКОИ МОМИНСКИ ЗАБАВИ СЕ ЛОШИ, НО ОВАА Е УБИСТВЕНА! Леонора, некому позната како Ли, на другите како Нора, е изолиран писател на крими романи кој одбива да го напушти своето „гнездо“, освен ако не е апсолутно неопходно. Кога пријателката со која не зборувала, ниту ја видела со години ќе ја покани Нора (Ли) на викенд во морничава, стаклена куќа, скриена длабоко во темната шума, таа неволно се согласува да замине. Четириесет и осум часа подоцна се буди во болнички кревет, повредена, но жива, со сознанието дека некој е мртов.Наместо мислата „Што се случило?“ ѝ се јавува мислата „Што направив?“ Затоа Нора мора да се сети на настаните од изминатиот викенд. Шокантни тајни, неочекувани мотиви и многу прашања, чии одговори се кријат во минатото што Нора со задоволство би го оставила закопано.


  • img-book

    Луис е самохрана мајка, секретарка, заглавена во секојдневјето. На едно од нејзините ретки излегувања, во еден бар се среќава со еден човек и помеѓу нив се раѓаат искри. Иако тој заминува откако ќе се бакнат, таа е воодушевена што конечно пронашла некого.
    Кога Луис пристигнува на работа во понеделник, таа го запознава новиот шеф Дејвид. Човекот од барот. Кој е оженет… и кој ѝ вели дека бакнежот бил ужасна грешка, но сепак, не може да ги одвои очите од Луис.
    И, тогаш Луис се запознава со Адел, која е нова во градот и има потреба од пријател, но која е омажена за Дејвид. Дејвид и Адел изгледаат совршено како сопружници, но зошто Дејвид сака толку да контролира, а зошто Адел толку се плаши од него?
    Луис полека се вовлекува во животот на Дејвид и Адел. Таа открива многу збунувачки прашања што немаат одговор. Единствено што е кристално јасно е дека нешто во овој брак е многу, многу погрешно, но Луис не може да претпостави колку погрешно – и колку далеку може да оди еден човек за да ги заштити тајните на бракот.


  • img-book

    Ана, нејзиниот брат и други деца шетаат низ Сицилија, јадат слатки и конзервирана храна, борејќи се да преживеат. Храната и водата стануваат луксуз. Пожари беснеат низ целата земја. Дистопија. Пред четири години опасен вирус од Брисел ја зарази целата планета и го уби целото возрасно население! Останаа само деца.

    Организирани како детски орди, изгубените и оставени мали жители изгледаат како да ја започнуваат цивилизацијата од нула.

    Поминувајќи низ низа авантури и опасности, спознавајќи ги љубовта и пријателството, Ана расте и созрева. Пред да умре мајка им, ги предупредува дека, кога ќе достигнат одредена зрелост, вирусот ќе ги убие и нив. Но им кажува и дека некој, некаде, ќе има лек!

    Во овој извонреден дистописки роман, Аманити фрла остра критика на корпоративниот глобализам што владее со светот и го потсетува човештвото дека наскоро ќе исчезне ако се остави на ова и не се спротивстави.


    АНА од: 350 ден
  • img-book

    Хју Легат, британски дипломат во подем на служба во улицата „Даунинг“ бр. 10, е личен секретар на претседателот на владата Невил Чембрлен. Паул фон Хартман работи во Министерството за надворешни работи на Германија – а тајно е припадник на антихитлеровското движење на отпорот. Тие двајца биле пријатели на Оксфорд во дваесеттите години, но оттогаш немаат никаков контакт. Сега, затоа што Хју стигнува со авион како придружба на Чембрлен, а Хартман патува во Хитлеровиот воз од Берлин, нивните животи повторно ќе се вкрстат во Минхен, со навидум катастрофални последици. Роберт Херис прикажува настани со голема историска важност. На сцена ги извадил Хитлер, Чембрлен, Мусолини и Даладје и ги поставил во срцето на напнат, динамичен шпионски трилер за предавството и совеста, лојалноста и измамата, што се случува во периодот на судбоносната минхенска конференција во септември 1938 година.


    Минхен од: 390 ден
  • img-book

    Лиза и Артур можат да се видат само еднаш годишно. Тој целиот живот го поминува барајќи ја… А таа својот чекајќи го… Лиза сонува за тоа да стане актерка. За да ги плати студиите, работи како келнерка во еден бар на Менхетн. Една вечер таму го запознава младиот доктор, Артур Костело и нејзиниот живот се менува од корен. Артур ќе направи се за да ја освои Лиза. Во градот полн со неочекувани пречки, на сите начини ќе се обиде да дојде до неа. Но, Артур не е обичен маж – тој на Лиза и ја открива вистината што го спречува да создава иднина со неа : неверојатна, a пореална и од самиот живот. Во Њујорк каков што се уште не сте го запознале, Артур и Лиза ќе мораат да ги обединат своите сили за да побегнат од стапицата пострашна и од најлошиот непријател: времето.


    5 out of 5
    Во еден момент од: 199 ден
  • img-book

    Итен повик за помош го носи Херкул Поаро во Франција. Но тој стигнува предоцна за да го спаси клиентот, чие брутално избодено тело сега лежи со лицето надолу во плиток гроб на теренот за голф. Но зошто мртовецот носи мантил што е преголем за него? И за кого било наменето страсното љубовно писмо што се наоѓа во неговиот џеб? Пред Поаро да може да одговори на овие прашања, случајот се превртува наопаку поради откривањето на второ тело убиено на идентичен начин.


  • img-book

    Додека брза да се врати дома на празниците, Дарби Торн поради снежната бура е принудена да скршне од патот и да запре на едно одморалиште среде планините во Колорадо. Додека ја поминува ноќта со четворица сосема непознати луѓе, сосема случајно здогледува едно девојче заклучено во еден од паркираните автомобили.
    Одеднаш свесна дека се наоѓа во голема опасност, Дарби се прашува:
    Кое е тоа девојче?
    Зошто е киднапирано?
    Како да му помогне на беспомошното девојче кога нема сигнал на мобилниот телефон и кога не може да го продолжи патот поради снегот?
    Кој од преостанатите патници го киднапирал ова дете?
    И, што е најважно, кому, воопшто, може да му верува?
    Напнатоста расте со секоја нова страница во највозбудливиот трилер што ќе го прочитате оваа година.


    Без излез од: 270 ден
  • img-book

    Веројатно познаваш некој како Шеј Милер.

    Таа сака да најде љубов, но не успева во тоа.

    Таа сака да се чувствува исполнето, но нејзината работа е во  ќорсокак.

    Таа сака да припаѓа, но нејзниот живот е толку могу изолиран.

    Веројатно не познаваш никого како сестрите Мур.

    Тие имаат нераскинлив круг од пријатели.

    Тие го живеат најгламурозниот живот.

    Тие секогаш го  добиваат она што ќе го посакаат.

     

    Шеј мисли дека го сака нивниот живот.

    Но она што тие навистина го сакаат е нејзиниот.


    Не си сама од: 420 ден
  • img-book

    Кога Џесика Фарис ќе се пријави да учествува во психолошка студија спроведена од мистериозната д-р Шилдс, мисли дека сè што треба да направи е да одговори на неколку прашања, да ги земе парите и да си оди. Но, како што прашањата стануваат сè поинтензивни и поинвазивни, а сесиите со сè повеќе барања, од типот што да облече и како да се однесува, Џес почнува да чувствува како д-р Шилдс да знае што мисли… и што крие.

    Како што расте паранојата на Џес, станува јасно дека веќе не може да разликува што е реално во нејзиниот живот, а што е дел од манипулативните експерименти на д-р Шилдс. Заробена во мрежата на измама и љубомора, Џес мошне брзо сфаќа дека некои опсесии можат да бидат смртоносни.


  • img-book

    Нов роман за Херкул Поаро – ново таинствено убиство што може да го реши само брилијантниот белгиски детектив.

    „Јас сум мртва жена, или ќе бидам наскоро…“

    Мирната вечера на Херкул Поаро во едно лондонско кафуле ја прекинува непозната жена што му се доверува дека наскоро ќе биде убиена. Иако видно уплашена, таа го моли Поаро да не го бара нејзиниот убиец бидејќи со нејзината смрт правдата ќе биде задоволена.

    Истата вечер во еден отмен лондонски хотел се убиени тројца гости, а на секого од нив во уста му е оставено по едно копче. Дали овие убиства се поврзани со преплашената жена? И, додека Поаро се труди да го расветли случајот, на повидок е четврто убиство.

    Во стилот на брилијантната Агата Кристи, Софи Хана нè води низ една ѓаволски замрсена загатка, која не може да ја разреши никој освен ненадминатиот Херкул Поаро.


  • img-book

    Доволен е само еден збор за да воскреснат духовите од минатото!

    Бастанската трилогија продолжува со уште една маестрално раскажана приказна во чие средиште е непоколебливата инспекторка Амаја Саласар.

    Една година по апсењето на Јасон Медина поради силување и убиство на паштерката, инспекторката од Регионалната полиција Амаја Саласар има уште една обврска пред да отиде на породилно отсуство – да присуствува на судењето на Медина. Ненадејно судијата објавува дека судењето се прекинува. Тоа предизвикува општа вознемиреност кај присутните, но судијата нема избор. Обвинетиот се самоубил во тоалетот и оставил мистериозна порака за Амаја, писмо со само еден збор: „Тарттало“.

    Што крие мистериозната порака што упатува на мрачно суштество од баскиската митологија? За да ја открие вистината, Амаја повторно ќе мора да се соочи со своите стравови од минатото и да се врати во родниот крај, во кој истрагата ќе добие застрашувачки заплет.