2. Трилери и мистерии (276)
  • img-book

    Лиза и Артур можат да се видат само еднаш годишно. Тој целиот живот го поминува барајќи ја… А таа својот чекајќи го… Лиза сонува за тоа да стане актерка. За да ги плати студиите, работи како келнерка во еден бар на Менхетн. Една вечер таму го запознава младиот доктор, Артур Костело и нејзиниот живот се менува од корен. Артур ќе направи се за да ја освои Лиза. Во градот полн со неочекувани пречки, на сите начини ќе се обиде да дојде до неа. Но, Артур не е обичен маж – тој на Лиза и ја открива вистината што го спречува да создава иднина со неа : неверојатна, a пореална и од самиот живот. Во Њујорк каков што се уште не сте го запознале, Артур и Лиза ќе мораат да ги обединат своите сили за да побегнат од стапицата пострашна и од најлошиот непријател: времето.


    5 out of 5
    Во еден момент од: 199 ден
  • img-book

    Итен повик за помош го носи Херкул Поаро во Франција. Но тој стигнува предоцна за да го спаси клиентот, чие брутално избодено тело сега лежи со лицето надолу во плиток гроб на теренот за голф. Но зошто мртовецот носи мантил што е преголем за него? И за кого било наменето страсното љубовно писмо што се наоѓа во неговиот џеб? Пред Поаро да може да одговори на овие прашања, случајот се превртува наопаку поради откривањето на второ тело убиено на идентичен начин.


  • img-book

    Додека брза да се врати дома на празниците, Дарби Торн поради снежната бура е принудена да скршне од патот и да запре на едно одморалиште среде планините во Колорадо. Додека ја поминува ноќта со четворица сосема непознати луѓе, сосема случајно здогледува едно девојче заклучено во еден од паркираните автомобили.
    Одеднаш свесна дека се наоѓа во голема опасност, Дарби се прашува:
    Кое е тоа девојче?
    Зошто е киднапирано?
    Како да му помогне на беспомошното девојче кога нема сигнал на мобилниот телефон и кога не може да го продолжи патот поради снегот?
    Кој од преостанатите патници го киднапирал ова дете?
    И, што е најважно, кому, воопшто, може да му верува?
    Напнатоста расте со секоја нова страница во највозбудливиот трилер што ќе го прочитате оваа година.


    Без излез од: 270 ден
  • img-book

    Веројатно познаваш некој како Шеј Милер.

    Таа сака да најде љубов, но не успева во тоа.

    Таа сака да се чувствува исполнето, но нејзината работа е во  ќорсокак.

    Таа сака да припаѓа, но нејзниот живот е толку могу изолиран.

    Веројатно не познаваш никого како сестрите Мур.

    Тие имаат нераскинлив круг од пријатели.

    Тие го живеат најгламурозниот живот.

    Тие секогаш го  добиваат она што ќе го посакаат.

     

    Шеј мисли дека го сака нивниот живот.

    Но она што тие навистина го сакаат е нејзиниот.


    Не си сама од: 420 ден
  • img-book

    Кога Џесика Фарис ќе се пријави да учествува во психолошка студија спроведена од мистериозната д-р Шилдс, мисли дека сè што треба да направи е да одговори на неколку прашања, да ги земе парите и да си оди. Но, како што прашањата стануваат сè поинтензивни и поинвазивни, а сесиите со сè повеќе барања, од типот што да облече и како да се однесува, Џес почнува да чувствува како д-р Шилдс да знае што мисли… и што крие.

    Како што расте паранојата на Џес, станува јасно дека веќе не може да разликува што е реално во нејзиниот живот, а што е дел од манипулативните експерименти на д-р Шилдс. Заробена во мрежата на измама и љубомора, Џес мошне брзо сфаќа дека некои опсесии можат да бидат смртоносни.


  • img-book

    Нов роман за Херкул Поаро – ново таинствено убиство што може да го реши само брилијантниот белгиски детектив.

    „Јас сум мртва жена, или ќе бидам наскоро…“

    Мирната вечера на Херкул Поаро во едно лондонско кафуле ја прекинува непозната жена што му се доверува дека наскоро ќе биде убиена. Иако видно уплашена, таа го моли Поаро да не го бара нејзиниот убиец бидејќи со нејзината смрт правдата ќе биде задоволена.

    Истата вечер во еден отмен лондонски хотел се убиени тројца гости, а на секого од нив во уста му е оставено по едно копче. Дали овие убиства се поврзани со преплашената жена? И, додека Поаро се труди да го расветли случајот, на повидок е четврто убиство.

    Во стилот на брилијантната Агата Кристи, Софи Хана нè води низ една ѓаволски замрсена загатка, која не може да ја разреши никој освен ненадминатиот Херкул Поаро.


  • img-book

    Доволен е само еден збор за да воскреснат духовите од минатото!

    Бастанската трилогија продолжува со уште една маестрално раскажана приказна во чие средиште е непоколебливата инспекторка Амаја Саласар.

    Една година по апсењето на Јасон Медина поради силување и убиство на паштерката, инспекторката од Регионалната полиција Амаја Саласар има уште една обврска пред да отиде на породилно отсуство – да присуствува на судењето на Медина. Ненадејно судијата објавува дека судењето се прекинува. Тоа предизвикува општа вознемиреност кај присутните, но судијата нема избор. Обвинетиот се самоубил во тоалетот и оставил мистериозна порака за Амаја, писмо со само еден збор: „Тарттало“.

    Што крие мистериозната порака што упатува на мрачно суштество од баскиската митологија? За да ја открие вистината, Амаја повторно ќе мора да се соочи со своите стравови од минатото и да се врати во родниот крај, во кој истрагата ќе добие застрашувачки заплет.


  • img-book

    Како и секоја година, и овој први ноември на поранешниот индустриски магнат Хенрик Вангер за роденден му пристигна необичен подарок – уште еден потсетник на таинствената случка од минатото, што претставува неподносливо време за старецот. Затоа сака да се обиде уште еднаш, пред смртта, да ја разреши мистеријата што го измачува со децении…Микаел Блумквист е еден од водечките шведски економски новинари и косопственик на магазинот Милениум. Познат е како бескомпромисен борец за расветлување на економските малверзации, со беспрекорна кариера и извонредна репутација. Кога ќе го осудат за клевета на еден бизнисмен, ќе се најде на животна и деловна пресвртница. Токму тогаш ја добива неочекуваната понуда од Хенрик Вангер… Бледа и со анорексичен изглед, истетовирана, со речиси избричена глава, со пирс на носот и на веѓата – Лизбет Саландер е најдобриот истражувач во една престижна стокхолмска фирма за обезбедување. Патиштата на познатиот новинар и на оваа мистериозна девојка се вкрстуваат, и не само што ќе се соочат со мистеријата од минатото туку и со аномалиите на современиот општествен поредок, што доведува до изразување на најлошите човечки особини.

    Најголемиот шведски феномен од времето на групата АББА. Пипл

    Замислете си ги филмовите на Ингмар Бергман вкрстени со романот Кога јагнињата ќе стивнат на Томас Херис. Ју-ес-еј тудеј


  • img-book

    Култната ,,кралица на кирми-приказните”, П.Д. Џејмс, е вистинска господарка на својот занает, преплетувајќи мотиви од златната доба на крими-расказите со сериозни психолошки анализи и притоа создавајќи возбудливи и тензични приказни.

    Не е секогаш толку важно кој е убиецот. Понекогаш, мистеријата е во прашаето зошто или како е направено убиството. А, што се случува со оние што минуваат незабележано, оние што успеале да го испланираат и да го изведат совршеното убиство?

    Оние што откриваат, но молќат за тоа, оние што препознаваат, но не соопштуваат? Во шесте раскази преставени во оваа книга ќе пронајдете токму вакви мотиви. Тоа се раскази во кои низ спомени, низ мисли и низ соништа, се доближуваме до мотивите, причините и последиците на убиствата.

    П.Д. Џејмс мајсторски ја создава оваа кратка наративна форма, со внимателно осмислени приказни, трпеливо изведени мотиви, убедливи сценарија и прецизни дејства со пресврт што навистина ќе ве остави без сон.


  • img-book

    На 7 март 1932 година во познатото шведско семејство Фон Сидов се одвивала крвава драма, која не престанала да го интригира вниманието на јавноста сè до денес. Толкав шок и интерес од пошироката јавност предизвикале само уште убиствата на шведскиот премиер Улоф Палме и на министерката за надворешни работи Ана Линд.

    Во Стокхолм студентот по право Фредрик фон Сидов со железна прачка ги убил својот татко Јалмар, окружен судија и претседател на шведското Здружение на работодавците, и нивните две слугинки. Заедно со својата сопруга Софи избегал во хотел во Упсала, каде што, откако ги пронашла полицијата, со пиштол ја застрелал сопругата, а потоа и себеси.

    Зошто го направил тоа? Убиствата со години биле главна тема во цела Скандинавија. Срамот на семејството бил голем, тие биле „фини“ и за такви работи не се зборувало јавно. Општествен скандал било најлошото што можело да се случи на некое шведско семејство од повисоката класа.

    Убиецот бил вујко на авторката Хелена Хеншен, која имала 15 години кога се случиле бруталните и никогаш докрај разјаснети убиства. Обидувајќи се да го сфати она што мајка ѝ никогаш не можела да ѝ го раскаже, Хеншен со ова дело го прекинала молкот, а како резултат на тоа пред читателите е еден силен и импресивен роман.

    „Во сенката на злосторот“ е награден со наградата на читателите на списанието „Ви“ и со Наградата за литература на Европската Унија во 2009 година.

     


  • img-book

    Последниот дел од серијалот Милениум нè води на едно неочекувано патување кое најпосле ќе ја одгатне судбината на бунтовната Лизбет Саландер. Девојката со тетоважа на змеј ненадејно го продала станот во Стокхолм и не одговара на електронската пошта. Никој не знае каде е, никој не претпоставува дека кочнечно одлучила да стане ловец, а не плен. Каква е нејзината поврзаност со непознатиот бездомник кој е пронајден мртов откако на јавно место закачил памфлет
    против шведскиот министер за одбрана? И зошто во неговиот џеб е пронајдено ливче со телефонскиот број на Микаел Блумквист?
    Девојката што требаше да умре открива политички скандали на највисоко ниво и меѓународни игри на моќ, со говор на омраза, лажни вести и една стара експедиција на Монт Еверест. Трагајќи по одговорите, во момент на необјасниво саможртвување, Блумквист ќе ѝ овозможи на Лизбет да се соочи со најважната битка во нејзиниот живот и конечно да расчисти со минатото.

    „Неверојатен трилер со многу акција во кој се испреплетуваат заговор, шпионажа и мистерија со кои се обвиени неколкуте убиства – неверојатен спој што ќе ги збудали обожавателите на Саландер.“
    Вол стрит џурнал


  • img-book

    Бескрупулозен обвинител
    Брилијантен бранител
    Обвинет што крие тајна
    Сериски убиец кој седи во поротата…

    Ариела и Боби Соломон се најпознатиот и најмоќен холивудски пар. Би можеле да го имаат светот на дланка, но една ноќ таа е најдена мртва заедно со телохранителот, а обвинет за бруталното убиство е нејзиниот сопруг. Меѓутоа, она што на прв поглед изгледа како злосторство од страст, може да е едно од низата убиства на најинтелигентниот сериски убиец што некогаш чекорел по планетата.

    Тој убива поради недостижниот американски сон. Поради задоволството да гледа дека за убиството ќе биде осуден невин човек. И овој пат убиецот не е на обвинителната клупа. Тој е во поротата.

    Но некој успева да го разоткрие. Некогашниот измамник кој станал адвокат, Еди Флин, не верува дека неговиот клиент убил двајца луѓе и се сомнева дека вистинскиот убиец е поблиску отколку што мислат сите – но кој би можел да помисли дека е толку блиску?


    13 од: 450 ден
  • img-book

    Една средба станува соучесник на играта на судбината…

    Животот е чудесен лавиринт, составен од серија на случајности. Еден малку зрно песок во вртлогот на секојдневниот живот е во можност да си поигра со нашите животи. Можеби, сепак, ништо не се случува случајно …
    Њујорк. Двајца непознати луѓе се будат на клупа во Централ Парк. Алис, припадничка на Париската полиција и Габриел, американски џез пијанист, не се сеќаваат што се случи претходната ноќ. Последното нешто на што се сеќава Алис е прославата со нејзините пријателки во еден ноќен клуб на Шанзелизе, додека Габриеловата меморија завршува со концертот во Даблин. Кога ќе тргнат во потрага по вистината, она што ќе го откријат ќе го претвори нивниот светот наопаку. Тоа утро ќе го паметат цел живот …

    Мајсторски дизајниран психолошки трилер украсен со најдобрите емоции, ќе ги оживее вашите сетила!


    Централ Парк од: 199 ден
  • img-book

    Кога лекувањето на познатиот актер Ралф Мајер ќе тргне во погрешна насока и тој умира, доктор Марк Схлосер мора да дојде до некои одговори. Иако лично не е премногу засегнат од смртта на актерот, угледот е сè во неговата професија. Марк знае дека не може вечно да се крие од вистината.
    Сè почнува минатото лето. Докторот, неговата сопруга и нивните две убави ќерки тинејџерки поминуваат една недела на Медитеранот, во викендичката на семејството Мајер. Покрај домаќините тука се уште и филмскиот режисер Стенли Форбс и неговата млада девојка. Друштвото ужива во сончевите денови, доброто вино и излетите на плажа, но, кога еден насилен настан ќе ја наруши идилата, се откриваат мрачните пориви и одеднаш никому не може да му се верува. Прекрасното летување се претвора во кошмар, а на површина испливува и поврзаноста меѓу подоцнежната смрт на Ралф и вознемирувачката реалност скриена зад летната трагедија.


  • img-book

    Во Париз се наоѓа едно ателје, скриено во дното на улицата обрасната со зеленило, премногу совршено за помеѓу своите ѕидови да не крие некоја тајна.

    Мадлин го изнајмува за да ужива во самотијата и да пронајде малку мир после љубовната криза и серијата нерешени случаи.
    После едно недоразбирање, на оваа млада лондонска полицајка ѝ се придружува Гаспар, писател и мизантроп, што допатувал во Париз за да пишува во тишина. Така сега овие две осамени и немирни души принудени се неколку дена да живеат под ист покрив.

    Ателјето му припаѓало на славниот сликар Шон Лоренц и сѐ уште зрачи со неговата страст кон боите и игрите со светлината. Скршен поради губитокот на својот син, Лоренц умрел оставајќи зад себе три слики, што се водат како исчезнати. Фасцинирани од неговата генијалност и заинтригирани од неговата тажна судбина, Мадлин и Гаспар одлучуваат да ги здружат силите за да ги пронајдат изгубените слики и да проникнат во тајните на Лоренц. Сепак, ќе мораат да се соочат со сопствените демони, во возбудливата истрага, што засекогаш ќе ги промени.


    5 out of 5
    Апартман во Париз од: 199 ден
  • img-book

    Аби Абернати е добра и пристојна девојка. Запишувајќи се на факултет во друг град, заедно со својата најдобра другарка, верува дека сеништата од мрачното минато ги оставила зад себе. Но набрзо сфаќа дека новиот почеток не е толку едноставен колку што очекувала.

    Згодниот Тревис Медокс е токму од оној тип на момци што таа сака по секоја цена да ги одбегне. Зашто премногу ја потсетува на татко ѝ и на мрачното и опасно минато. Тој ноќе заработува борејќи се, а прекуден заведува девојки. Заскокоткан од нејзиното одбивање, Тревис ја наговара да се обложат ‒ доколку тој изгуби, ќе мора да се откаже еден месец од заведувањето, а доколку таа изгуби, ќе мора да живее исто толку време во неговиот стан. Меѓутоа Тревис не е ни свесен дека ја нашол сродната душа.

    Прекрасна катастрофа е книга која маѓепсува со жесток сексапил и зашеметувачка страст. Љубовна приказна која ги истражува и најмрачните аспекти во љубовта на младите, нивните односи со пријателите и семејствата.

    „…Мојата нова омилена љубовна приказна со мазохистички шмек.“ Најтли ридинг ривју