2. Трилери и мистерии (332)
  • img-book

    Во летувалиштето на Војската на спасот силувана е една четиринаесетгодишничка. По дванаесет години, на предбожикниот концерт на оваа организација, некој од толпата убива еден од нејзините војници. Фоторепортерите го сликаат можниот убиец, но стручњакот за препознавање лица Беата Лен ја збунува тоа што ликот му е различен на секоја слика… Инспекторот Хуле тргнува во лов на човекот без лице што го води во поранешна Југославија, и назад во подземјето на норвешката престолнина, во еден свет што бара вечно – или барем мигновено – спасение. А платеникот сè уште не ја завршил својата задача…

    Спасителот е мајсторски испреплетена мистерија што ќе ви ги надмине очекувањата. Покрај ексцентричниот детектив Хари Хуле, тука е и таинствениот убиец израснат од пеколот на војната. Овој беспрекорно уверлив трилер ни покажува дека жедта за одмазда може да ја замрачи дури и најсветлата душа.

    „Несбе постепено изби на врвот на скандинавскиот криминалистички роман, и тоа во мошне сериозна конкуренција. Во Спасителот тој се надмина себеси, а неговиот јунак, детективот Хуле, стана омилениот лик од овие простори… Неверојатни пресврти и напната атмосфера.“ Тајмс


    Спасителот од: 500 ден
  • img-book

    944: Во рововите кај Ленинград загинува норвешкиот доброволец Даниел Гудесон. Во една виенска болница еден ранет војник се претставува како Даниел. Тој се вљубува во убавата болничарка Хелена.

    1999: Поради неусогласеност на службените информации, Хари Хуле ќе застрела еден припадник на американската тајна служба при посетата на американскиот претседател на Норвешка. За да се забошоти инцидентот, Хуле е префрлен во Полициската служба за безбедност, каде што самоиницијативно се зафаќа со проверка на информации за шверцување на оружје, поврзани со неонацистите. И така, клопчето почнува да се одмотува…

    2000: додека снегот почнува да се топи по улиците на Осло, на сцената стапува еден необичен убиец со уште понеобична намера…

    Живописните сцени на Несбе ви се одвиваат пред очите како на филмско платно. Дејството е динамично, заплетот е доследен и сложен, а ликовите ќе ве воодушеват. Романот ги обединува во себе двата најдобри филмски жанра – воената сага и трилерот. УСА тудеј


    Црвеношијка од: 500 ден
  • img-book

    Виктор Николов е 33-годишен инспектор на Одделението за крвни деликти од Скопје. За време на својот летен одмор, заминува за Виена во посета кај својот помлад брат Даниел, пропаднат писател што одвај преживува работејќи како бармен во еден елитен ноќен клуб.

    Додека ја истражува неодоливата Виена, Виктор ја запознава Карен Фишер, Австријката со која истата вечер завршува во кревет.

    Но прекрасната ноќ се претвора во кошмарно утро. Девојката на Даниел е пронајдена мртва, а тој нема алиби. На површина излегуваат неодамнешните расправии меѓу нив и ситуацијата се заплеткува во неочекуван правец.

    Може ли да му се верува на сопствениот брат, кој тврди дека е невин? И како да се повлече граница помеѓу кога главниот истражител што го гони твојот брат е жената со која си спиел пред неколку вечери?

    Интригантен, тензичен и непредвидлив роман, кој ве држи во недоумица до последната страница.


    Виенски гамбит од: 400 ден
  • img-book

    Роџер Браун е пронаоѓач на стручни кадри и е најдобар во својата професија. Но, ваквата кариера не е доволна за да го финансира неговиот луксузен начин на живот и новата галерија на неговата сопруга. Една вечер, на отвoрање на изложба, тој се запознава со Клас Греве, кој не само што е совршен кандидат за позицијата извршен директор на една компанија, туку е и решение за сите негови финансиски грижи: Греве, навидум случајно, спомнува дека е сопственик на слика од Питер Пол Рубенс од непроценлива вредност, која се води како исчезната уште од времето на Втората светска војна – а Роџер Браун е вплеткан во кражби на уметнички дела. Но, откако ќе провали во станот на Греве, покрај сликата открива и многу други работи. А, Клас Греве станува најужасното искуство во животот на Роџер Браун.

    „Превртлив трилер со хичковска приказна… Несбе приредува еден шок по друг, а кулминира со невиден и неочекуван сплет на настаните. Возбудлива приказна која нема да ви дозволи да ја пуштите од раце“. Буклист„Доколку не го познавате Ју Несбе, крајно време е да го запознаете“. – УСА тудеј


    ЛОВЦИ НА ГЛАВИ од: 400 ден
  • img-book

    Дочекот на Нова година за полицајците во Истанбул секогаш претставуваше ноќен кошмар. Грабежи, пијанства и тепачки, што често завршуваа со нечија смрт, станаа дел од нивната секојдневна рутина. Ова особено важеше за главниот јунак, прекалениот инспектор Невзат. Кога слушнаа дека се случило убиство во квартот Пера, историско јадро на градот што во меѓувреме се претвори во легло на наркоманија, проституција и илегално коцкање, тој не се изненади многу. Доаѓајќи на местото на злосторството, тој сфати дека овој пат станува збор за нешто многу посериозно. Необичниот начин на кој беше извршено убиството, како и идентитетот на жртвата ја навестуваат катастрофата која што за само три дена како последица ќе има смрт на уште девет лица.

    Квартот во кој во педесеттите години на минатиот век се одигра прогонот на нивните жители од други нации и вери, повторно го зеде својот крвав данок. Соочен со вистински злосторници, како и со сеништата од сопственото и колективното сеќавање, како и со злокобните претскажувања, тој едвај ги разликуваше сонот и јавето.

    Изгледаше дека инспекторот кој зад себе немаше ниеден нерешен случај, освен оној најтрагичниот кога му страдаа жената и ќерката ќе ја затвори фасциклата и ќе подлегне на животната стихија.

    Помирен со поразот, отиде на вечера по повод свршувачката на најблиските соработници Али и Зејнеп. Не насетуваше дека токму на семејната трпеза најпосле ќе се разјасни мистеријата на убиството во квартот Пера…


  • img-book

    Приказната во „Пукнатина“ започнува со пронаоѓањето на стари аудиозаписи на плочи во една стара душевна болница. Загадочната исповед на лунатикот Валтер Фишер го води нараторот во потрага по вистината во една од најголемите словачки мистерии – онаа за исчезнувањето на луѓе на планината Трибеч. Низ романот се провлекува симболиката на „пукнатината“ помеѓу два света, помеѓу рационалното и ирационалното, видливото и невидливото, она што може да се докаже, но и она што може само да се насетува со „шестото сетило“.

    Легенда, намерна мистификација или застрашувачка реалност? Ова прашање си го поставува и самиот автор, наведувајќи го читателот да го пронајде вистинскиот одговор.

    Извонредна трилер-мистерија што го остава читателот без здив до последната страница.


    Пукнатина од: 350 ден
  • img-book

    #2 Дора Гудмундсдотир

    Зимата 1945 година. Четиригодишно девојче е затворено во чуден отвор во дворот на својата куќа. Како овој настан, шеесетина години подоцна, во 2006 година, е поврзан со две свирепи убиства – игли во стапалата на телата,  детски плач што се слуша во маглата, коски во скриениот бункер за јаглен?

    Клиентот на адвокатката Дора Гудмунсдотир сака да ги тужи претходните сопственици на земјиштето на кое се наоѓа неговиот хотел, за кое тврди дека е опседнато од духови. Не верувајќи во натприродни сили, Дора оди во посета на неговиот „њу ејџ“ хотел на полуостровот Снајфелснес. Таму, таа и нејзиниот љубовник Матијас стануваат сведоци на една мистерија.  Архитектката што работела за сопственикот на хотелот е брутално силувана и убиена. Тој е обвинет. Два дена подоцна, убиен е уште еден човек. Во обид да го расветли случајот, Дора влегува во заплетканата историја на семејството на двајцата браќа што живееле на имотот. Растргната помеѓу нивната и сопствената семејна приказна, во која таа е самохрана мајка на четиригодишна ќерка и на шеснаесетгодишен син што наскоро треба да стане татко, Дора не се откажува од расветлувањето на случајот. Возбудлив трилер сместен во карпестите исландски пејзажи.


    Украдени души од: 400 ден
  • img-book

    ЕРЕБ е игра. Таа те набљудува, разговара со тебе,
    те наградува, те проверува, ти се заканува…

    Ник е опседнат со Ереб, компјутерската игра што во неговото училиште се пренесува од рака на рака. Правилата се многу строги: секој има само една можност да одигра. Притоа мора да биде сам и за Ереб не смее да зборува со никој. Кој ќе ги прекрши овие правила или нема да ги исполни задачите, отпаѓа од игра и повеќе не може да почне пак. Најнеобичниот дел е што задачите на Ереб, мора да се исполнат не во виртуелниот, туку во вистинскиот свет.
    Кој е всушност Ереб и што бара од играчот? Може ли Erebos, Богот на подземјето да убива? Дали мртвиот автор преку играта што ја измислил имал намера да убие за одмазда?

    ЦЕЛТА НА ЕРЕБ Е ДА УБИВА!

    „Трилер на годината“ ‒ Die Zeit

    „Волшебен роман за млади за опасностите што ги крие виртуелниот свет“ ‒ Brigitte Magazine

    „Исто како што играта ги опседнала главните ликови на овој роман, така и нас оваа книга нѐ маѓепса и не ја испуштавме од рака додека загатката не беше разрешена“


    Ереб од: 450 ден
  • img-book

    Еден млад писател дознава за трагичната смрт на грчката шампионка во пинг-понг и решава да истражи нешто повеќе за нејзиниот живот. Набргу, на Фејсбук тој добива барање за пријателство од мртвата девојка и, заедно со својот пријател, се обидува да сфати дали се работи за шега или за нешто многу понеобично. Новелата „Барање за пријателство“ (2015) претставува интригантен обид на Химонас да изгради жанровски хибрид преку кратка и динамична приказна која го задржува вниманието на читателот од првата до последната страница. Користејќи елементи на трилер и фантастика, „Барање за пријателство“ се потпира врз тензијата како главна движечка сила на краткото и мистериозно дејство раскажано само преку три лика. Инспириран од надреализмот, научната фантастика и класичниот детективски роман, Химонас прави интересен книжевен експеримент и на читателот му нуди вистинско уживање при решавањето на загатките во оваа мала мистерија.


  • img-book

     

    „Деца на злото“ е прв роман на човекот чии јавно искажани ставови секогаш создаваат лавина реакции во соседна Србија. А сега донесува вистински потрес и во светот на литературата!

    Во средиштето на романот се наоѓа едно драматично убиство, а потрагата по сторителот ќе доведе до низа други настани, кои ќе откријат дека станува збор за злосторство од страст, одмазда, опомена и симболика.

    Како да се пронајде виновникот во свет во кој вистината е изобличена, а минатото на јунаците е вткаено во нивната сегашност со нераскинлива поврзаност со злото?

    Никола Бобиќ, белградски адвокат, ќе се обиде да пронајде одговор на тоа прашање, не насетувајќи дека одговорот засекогаш ќе го промени.

    Оваа приказна се однесува на сите нас бидејќи во неа ќе пронајдеме рефлексија и на нашата општествена стварност. Но, што е уште поважно, ќе го пронајдеме изгубеното зрно надеж.

    Дури и во систем длабоко изгребан од корупцијата има место за херои.


    Деца на злото од: 450 ден
  • img-book

    Уште една крими-драма што е сосем поинаква од која било книга од тој жанр.

    Дејството ги следи судбините на двајца млади Роми, кои по игра на случајноста завршуваат во судница и доживуваат пресуда што отвора низа настани што никој не би можел да ги замисли.

    Приказната за Ајша и Габриел, за Павле и Јована, е приказна за џелатите што стануваат жртви и жртвите што стануваат џелати на сопствената судбина. Тоа може да се претвори во сечија приказна, но уште веднаш се однесува на секого од нас. Токму затоа оваа книга ќе ја прочитате во еден здив, а силуетите на нејзините јунаци ќе се вкотват длабоко во вас.

    Мајиќ никогаш немал шанса да одговори на обвинувањата против него. Не го сторил тоа зашто се држел до професионалниот кодекс и не сакал да зборува за случаите на кои судел. Наместо да ги толкува површните напади, судијата одговара со нова книга, која не само што претставува книжевно дело туку е и посебен чин од кој треба да учиме како да се бориме на правилен начин.

    „Островот на пеликаните“ носи надеж дека борбата за општо добро секогаш има смисла.


  • img-book

    Напишан во напнат стил од кој се заледува крвта, полн ненадејни пресврти, во кој се напишани и Сопругата меѓу нас и Има нешто во водата, ова е трилер кој веднаш привлекува со приказната за идентични близначки, алчност, тајни и за смртоносни лаги.
    Ајрис и Самер, сестрите близначки, изгледаат вџасувачки исто: но, под она што се гледа лежи една темнина која сосем ги разликува. Цинична и несигурна, Ајрис одамна ѝ завидува на Самер за нејзината навидум вечно среќна судбина.
    Кога Самер ја повикува Ајрис на Тајланд за да ѝ помогне да ја однесат семејната јахта по морски пат до Сејшелите, Ајрис почнува скришно да се надева дека на тоа патување ќе се случат некои работи. Но, еден вознемирувачки инцидент среде Индискиот Океан менува сè.
    Ајрис сега добива можност да зачекори во оној златен живот за кој секогаш ѝ завидувала на сестра си, и да се доближи уште малку до наследството вредно сто милиони долари што им го оставил нејзиниот татко манипулатор. Ајрис само треба да се погрижи токму таа од сите седум негови деца да биде првата што ќе ги исполни чудните услови наведени во тестаментот.
    Но, Ајрис набргу открива дека нејзината сестра близначка чувала повеќе од една тајна, и сега животот ѝ се тетерави меѓу гламурозен сон и параноичен кошмар. Во семејство во кое победникот собира буквално сè, кому да верува? И, колку далеку ќе оди за да го дограби животот за кој отсекогаш сонувала?


  • img-book

    Трогателна човечка приказна во која се обединети трите најважни елементи во животот на секој човек: Љубовта на родителите кон децата, што би направиле за некого што го сакаме и неизбежното прашањето за смртта? Волшебна љубовна приказна која ве вовлекува во мистеријата и ве држи во неизвесност се до самиот крај, кој нема така лесно да го заборавите.


  • img-book

    Волшебна приказна исполнета со магија, неизвесност и љубов Жилиет и Сем не требаше да се сретнат. А не, пак, да се вљубат еден во друг… Една зимска вечер во срцето на Бродвеј, убавата Французинката Жилиет го запознава Сем, млад педијатар од Њујорк. Плашејќи се да не го разочара, таа му преќутува дека се занимава а, Сем кажува дека е женет иако неговата жена од неодамна е почината. И покрај меѓусебните лаги, тие ќе се заљубат и ќе поминат страствен, незаборавен викенд. Сепак, Жилиет мора да се врати во Париз, а Сем ја испраќа на аеродромот со цел да ја спречи да замине. Во тој пресуден момент, кога судбината може да се менува тој не умее да ги најде вистинските зборови да ја задржи покрај себе. Штом авионот полета, експлозија одекна на небото. Сем е очаен затоа што уште еднаш ја губи саканата жена. Но, тој не знае дека нивната приказна не е завршена …


    Спаси ме од: 240 ден
  • img-book

    Габриел во животот има двајца мажИ – првата љубов и таткото. Едниот од нив е угледен полицаец, а вториот е познат крадец. Со игра на судбината, и двајцата исчезнуваат од животот на Габриел. Еден ден, и тоа во исто време, тие ненадејно се враќаат во нејзиниот живот, но, за жал, тие толку се мразат што се подготвени на борба до смрт. Габриел одбива да бира меѓу човекот кого го љуби и таткото, меѓутоа во некои судири смртта е неизбежна, ОСВЕН АКО …


  • img-book

    Како осумгодишно момче, Нејтан, кој во еден момент е мртов, помина низ светлинскиот туннел. Скокнувајќи во езерото за да спаси едно девојченце, тој се удави. Престанок на работата на срцето, клиничка смрт.. А ПОТОА, ПОВТОРНО ЖИВОТ! Незаборавна приказна за љубовта.. Напнато патување во непознатите сфери што се очекува со кнедла во грлото.


    A потоа од: 240 ден