Фантазија (25)
  • img-book

    Разоткривајќи се во заднината на распаднатата Галактичка Империја, приказната за Хари Селдон продолжува во вториот дел на Фондација, најдобрата епопеја во научната фантастика на сите времиња. Предводена од основачот, психоисторичарот Хари Селдон и уживајќи во придобивките од напредната наука и технологија, Фондација успева да ги преживее алчноста и нападите на соседните воинствени планети. Меѓутоа сега мора да се соочи со Империјата, која сè уште е најмоќната сила во Галаксијата, и покрај тоа што се наоѓа пред пропаст. Кога еден амбициозен генерал одлучен да ја врати славата на Империјата ќе ја насочи огромната Империска флота кон Фондација, единствената надеж на малата планета населена со научници се наоѓа во пророштвата на Хари Селдон. Но дури ни славниот психоисторичар не можел да го предвиди раѓањето на неверојатното суштество од мутирана интелигенција со моќ поголема од десетина борбени флоти… моќ што може да го претвори дури и човекот со најсилна волја во послушен роб. Возбудлива приказна за вечната борба за моќ, среде хаосот на ѕвездите во кој човекот стои на прагот на еден нов, просветлен живот.


  • img-book

    АВАНТУРАТА ПРОДОЛЖУВА! Кога Биг Бен, во Лондон, одеднаш престана да чука, Вилијам знаеше дека се подготвува нешто големо. И навистина! Се појавува мистериозниот агент на орбулаторот, со што започнува нова урнебесна авантура за Вилијам и за неговата најдобра другар­ка Ишја. Што сака агентот орбулатор од Вилијам? И што е всушност ‒ орбулатор? Страниците на Агентот на орбулаторот, третата книга од светски прославениот серијал за Вилијам Вентон се исполнети со длабоки и мрачни тајни и насекаде има нере­шливи шифри. Боби Пирс се враќа во светот на Вентон и ни носи низа интересни пресврти, хумористички роботи и јунаци од разни возрасти и видови.

    „Во својот серијал на авантуристички романи за деца Боби Пирс создаде интересен свет што се движи со брзина на светлината… Со години не сум прочитал толку забавен микс на роботска комедија, научна фантастика, авантуристички роман.“ – Верденс Ганг

    „Боби Пирс толку динамично и визуелно ни го долову­ва дејствието што пред очите ви пролетува како филм. Ви­лијам Вентон без сомнение е најдобриот норвешки пандан на Хари Потер.“ – Бок 365с


  • img-book

    Се гледа крајот.

    ЗЛОПАК му одзеде на Томас сè: животот, сеќавањата, како и единствените пријатели што ги има – Лединарите. Останува уште еден последен тест. Да се открие лек што ќе го спаси светот.

    Дали некој ќе преживее?

    Она што ЗЛОПАК не го знае е дека Томас памети повеќе одошто тие мислат. А тоа е доволно за да не им верува на ниту еден збор.

    Вистината ќе биде ужасувачка.

    Томас го победи Лавиринтот. Побегна од Пустошот. Сè стави на коцка за да ги спаси своите пријатели. Но само вистината може да стави крај на сето тоа.

    Времето на лагите е завршено.


  • img-book

    Ова е свет поделен според бојата на крвта – на оние со црвена и на оние со сребрена крв.

    Црвените едвај сврзуваат крај со крај, додека со светот владеат Сребрените, воини со натчовечки моќи, способности да управуваат со огнот
и со водата, да владеат со природата, да предвидуваат, да исцелуваат…

    Мер Бероу е Црвена девојка која на почетокот верува дека тоа е еден свет кој не може никогаш да се промени. Кога неочекувано завршува како слугинка во палатата на Сребрените, се наоѓа точно во средиштето на сето она што го мрази од дното на душата. Но, Мер набрзо потоа открива дека, и покрај црвената крв што ù тече низ вените, и таа поседува неверојатна моќ. Моќ што би можела од темел да го растресе кралството на Сребрените! Моќ што би можела да предизвика револуција!

    Но, ова е свет на лаги и измами, на предавства, каде што Мер е принудена да заигра опасен танц – Црвени против Сребрени, принц против принц
и самата таа против сопственото срце…

    Кој ќе биде победник во светот на крвните поделби? Ќе завладее ли Црвената кралица со Сребрениот свет?


    Црвена кралица од: 480 ден
  • img-book

    Приказна за спомените, за менливоста на животот и за разделбите. Љубовно писмо и бавно збогување на еден човек со неговиот внук, на еден татко со неговиот син.

    Дедото и Ноа седат на клупа до која цветаат зумбули. И покрај големата разлика во возраста, тие можат да разговараат буквално за сè. За животот, за математиката, за училиштето, за мечките, за најважните и најневажните работи на светот. Дедото се обидува да се сети како се вљубил во бабата на Ноа и како ја изгубил. Сè уште ја памети, но што ќе се случи кога веќе нема да се сеќава ниту на нејзиниот лик?

    Како што само тој умее, Бакман ни дава трогателен приказ на борбата на дедото да ги сочува своите најдраги спомени среде океанот на универзумот. Оваа книга е искрено толкување на стравот и љубовта, но и потсетник дека најголемото богатство се секојдневните мали ситни радости. И оние со кои ги споделуваме.


  • img-book

    Напишан во 1958 година, „Едем“ ја отвора зрелата епоха во творештвото на Лем од жанрот на научната фантастика.

    Експедиција од Земјата поради погрешни пресметки доживува судир со атмосферата и принудно слетува на планетата Едем, при што ракетата се разбива, а екипажот преживува. Што ли ќе затечат земјаните тука?

    Жителите создале цивилизација базирана врз биоинженеринг. Генетската контрола сепак се покажала недоволно прецизна. Земјаните се појавуваат во момент кога на планетата се одвива акција на екстерминација. Анонимната влада на Едем се обидува да го сотре поколението на мутанти што содржат дефект. Владетелите имаат власт и врз јазикот, па без исклучок ги тргаат и од него сите формулации што би можеле да ја именуваат фактичката состојба, а на нивно место се појавуваат термини што ја заведуваат стварноста.

    Овие политички услови можат да ги потсетат читателите на еден вид орвеловска визија, но далеку повеќе има алузии со доживувањата на Робинзон Крусо и со настаните во „Таинствениот остров“ од Жил Верн. Самиот Лем не сакал да дава изјави за „Едем“, ниту во јавноста ниту во преписките. Постои хипотеза дека премногу се открил себеси во неа и дека главната фабула ја претставуваат своевидни сеќавања за настаните во гетото во Лавов.


    Едем од: 350 ден
  • img-book

    Кога би можеле да се вратите во времето, кого би сакале да сретнете?

    Во мала, споредна уличка во Токио, има едно кафуле кое повеќе од сто години служи внимателно избрано кафе. Но според локалната легенда, ова кафуле нуди и нешто друго освен вкусно кафе — можност за патување во времето.

    Во текот на едно лето, четворица муштерии го посетуваат кафулето со надеж дека ќе тргнат на такво патување. Но патувањето низ времето не е толку едноставно, постојат правила што мора да се почитуваат. Најважното е дека тoa патување може да трае само толку колку што му е потребно на кафето да се излади.

    Срдечен, носталгичен, мистериозен и чудесно оригинален, меѓународниот бестселер на Тошиказу Кавагучи го истражува вечното прашање: што би промениле да имате можност да се вратите во времето?


  • img-book

    Виктор е млад и перспективен маж, образуван на престижниот универзитет МИТ во САД, вљубеник во планините и алпинизмот. Има намера да го освои Монт Еверест, но пред неговата желба се испречува еден чуден проблем. Силни главоболки и вртоглавици од необјаснива природа. Лекарските наоди исклучуваат какво било присуство на болест, а сепак Виктор е спречен да функционира нормално. По многубројни прегледи, лекарите откриваат чудно тело во најнедостапниот дел во неговата глава. Туѓо тело од неуништлив материјал. И во тој момент нештата се комплицираат.

    Најновото прозно остварување на писателот Владимир Плавевски, краткиот научно-фантастичен роман „Туѓо тело“, ги растегнува границите на егзактното, пропуштајќи ја мистеријата да ја преземе целосната контрола во нарацијата, овозможувајќи им на читателите комплетно читателско уживање во еден здив.


    Туѓо тело од: 180 ден
  • img-book

    По завршувањето на најразорната војна во историјата, Третата светска војна, човековата цивилизација одлучува да го реорганизира светот, со помош на напреднатата технологија. Најголемото достигнување на здружениот труд е тест-населбата Архангел 2009, сместена на Антарктикот, најнегостопримливото место на Земјата. На Архангел се вселуваат врвните умови од сите области: психолози, инженери, биолози, економисти, лекари, физичари, филозофи, па дури и уметници. За многу брзо време проблеми како глобално затоплување, загадување, глад, недостаток на вода за пиење, недостаток на живеалишта и слично, драстично се намалуваат или целосно стануваат минато. И додека се чини дека планетата доживува преродба од секаков аспект, човековите слабости, како што се алчноста и потребата за надмоќ, сè уште демнат зад аголот како најголема опасност.


    Додадена