Еротски (41)
  • img-book

    Љубовта е секогаш повеќе од доволна

    Фокс Тортон, ловецот на кралски ракови, живее во согласност со репутацијата што го следи од основно училиште – забава без обврски. Духовит, привлечен и навидум несериозен, женскиот заводник ги поминува викендите во блискиот град. Но кога во неговиот живот ќе се појави Хана Белинџер, принуден е да ги преиспита своите принципи.

    Хана доаѓа на неколку дена во рибарското гратче со филмската екипа и се сместува во слободната спална соба на Фокс. Таа е имуна на неговиот шарм и се чини дека повеќе ужива во неговата личност. Бидејќи премногу му се допаѓа за да ризикува целосно да ја изгуби, тој го прифаќа понуденото пријателство. Но поминувајќи ги деновите со неодоливиот казанова од Вестпорт, Хана сфаќа дека се замаглува границата меѓу нивното другарство и флертот.

    Дали ќе продолжат да се преправаат дека се само другари или ќе се осмелат да си ја признаат љубовта? Ќе успее ли Фокс да ги победи своите внатрешни демони и да ги оправда надежите на Хана? И двајцата треба да си одговорат многу прашања додека сè повеќе се заплеткуваат во љубовната мрежа.

    „Теса те разоружува со смеа, искриво ја запалува атмосферата, а потоа ти влегува право во срцето. Нежност, ранливост и вжештени ситуации – ете зошто Теса Бејли ми е една од омилените автори на сите времиња.“

    Сали Торн


  • img-book

    Му должиш на детето во тебе да се бориш за неговите соништа, му вети, се сеќаваш?

    Понекогаш посакувам да се вратам во минато­то, но не за да ги променам работите, туку да ги почув­ству­вам по втор пат. Верзијата од него што таа ја креираше во неј­зи­ни­от ум, не е негова одговорност.

    Тејлор ја уништи бајката во која Еден живееше со години. Егоистичен, брутален, но никогаш доволно ис­крен за постапките кои мораше да ги направи шест го­дини претходно. Сè уште ја посакува, а таа е крајно недостижна. Не­говиот ноќен живот и забавите не се некое ветување за созреана личност. Кој ќе биде „тригерот“ да го на­те­ра да застане на сопствени нозе?

    И тогаш сонот се заплеткува со реалноста. Се­ко­ја вечер продолжува каде што застанал. Дали ја имаме таа моќ да управуваме со него или тој е дел од мислите што го окупираат нашето секојдневjе? Што кога и двајцата се присутни во истиот сон и свесно одговорни за секоја постапка која ја преземаат?


  • img-book

    Офелија Бишоп е вљубена тинејџерка. Таа и младиот Кајл Кимптон заминуваат во Холивуд, заедно да ги остварат нивните соништа. Кога ќе сфати дека на Кајл кариерата му е поважна од нивната врска, Офелија се откажува од својата амбиција и се враќа дома да го води фамилијарниот пансион.

    Кајл се враќа во родниот град со цел на мир, надвор од напнатиот живот во Холивуд, да го напише неговото најдобро филмско сценарио, таму каде што ја сретна неговата најголема инспирација – својата прва љубов. Меѓутоа, срцето на Офелија е еднаш веќе скршено и таа е свесна дека тој секој миг може да се врати во Холивуд. Дали Кајл ќе се осмели да ја смени својата љубовна приказна и да направи крај за паметење?

    “Ако сакате секси книга, исполнета со забава, што ќе ви го стопли срцето, нема да згрешите со Џенифер Пробст.” – Џил Шелвис

    “Љубовна приказна што ќе ја засакате. Од срце ја препорачувам.” – Ема Чејс


    Крај за паметење од: 430 ден
  • img-book

    На сите им е познато дека браќата Бајрон се „луди, лоши и опасни“. Сега и нивната сестра, леди Малори Бајрон, ќе стане предмет на озборувања во високите кругови. Соочена со трагичната загуба, утеха пронаоѓа во семејниот пријател, грофот Грешам, кој што е познат и многу омилен кај лондонските дами. Утехата набрзо ќе се претвори во страст, скандал и на крајот во венчавка. Во брачниот кревет Малори ќе пронајде уживање за какво што не сонувала ни во најлудите соништа. Но, можат ли ноќите преполни со пријателство, страст и секс да се претворат во вистинска љубов?

    Шармантниот заводник Адам, веќе со години тајно ја сака Малори. Еднаш веќе ја загуби поради друг маж, ама сега добива втора шанса да ја добие нејзината љубов – и планира тоа да го постигне по секоја цена. Дали срцето на Малори ќе му го подари она што толку го посакува?

    Современата авторка на историски љубовни романи, бестселери, Трејси Ен Ворен, на нашите читатели им е добро позната по популарните историските љубовни романси – „Сè поради еден бакнеж“, „Сè поради еден допир“ и „Сè поради еден војвода“.

    „Исклучителната нарација на Трејси Ен Ворен и забавниот пресврт во животот на еден член на фамилијата Бајронови ќе обезбеди оваа единствена и освежувачка сторија да стане хит меѓу љубителите на историски романси.“ – Bookbinge blog

    „Страсна романса за чиј што среќен завршеток ќе навивате со целото срце.“ – Goodreads

    „Вештината на авторката да создаде многу секси, трогателни романси ќе ги привлече читателите – и ќе им обезбеди уживање да читаат цела ноќ.“ – Romantic Times BOOK


  • img-book

    Жешка летна романса што ќе ви ги разбранува сите сетила

    Пајпер Белинџер е позната како кралица на забавите во Лос Анџелес чија единствена грижа е добро да изгледа и секојдневно да си го збогатува инстаграм-профилот со провокативни фотографии. Но кога една нејзина дива забава ќе излезе од контрола и таа ќе заврши зад решетки, нејзиниот очув донесува одлука – ја праќа во родното место на нејзините родители. Рибарското гратче Веспорт е нов свет за разгалената Пајпер, која се заинатува да докаже дека не е само празноглава убавица. Заедно со сестра ѝ почнуваат да го реновираат стариот бар оставен во наследство од татко им, откриваат нови работи за него, ја запознаваат баба си, се спријателуваат со мештаните, а особено со еден од нив – капетанот Брендан. Грижлив, искрен, посветен, вљубен – Пајпер никогаш не запознала таков маж. И никогаш со никого не доживела таква емотивна бура. Тие двајцата се како плус и минус, а тоа уште повеќе ја вжештува атмосферата. И кога по една расправија со него ќе реши да му се врати на гламурозниот живот, Брендан и градот полн со спомени веќе ѝ се прираснати за срце…

    „Со оваа извонредна приказна Теса Бејли го освојува врвот на романсите.“ „Буклист“


  • img-book

    Во Лондон сите знаат дека Бајронови е „лудо, лошо и опасно да ги познавате“. Но, сега и за најстариот син дојде времето за брак…

    Едвард Бајрон, војводата од Клајбурн, има сè што на еден припадник од високите кругови му треба: титула, богатство, углед… Сѐ освен невеста. Должноста бара да се ожени во бракот што многу одамна го договори неговиот татко.

    Леди Клер Марсден мечтае за Едвард уште од своето детство. Но, откако го слушна рамнодушниот предлог на Едвард за нивниот договорен брак, Клер не е сигурна дека треба да се венча со војводата по кој лудуваат сите благороднички во Лондон и пошироко. Токму поради тоа започнува сопствена битка и дава неверојатен отпор учејќи го Едвард една важна лекција: за да добие невеста, прво ќе мора да ѝ го подари срцето. Едвард, постојано ја заведува со своите подароци, допири и љубовни предигри, ама не претпоставува уште што сѐ ќе треба да стори и жртвува за да го освои и нејзиното срце…

    И во ова свое дело, авторката Трејси Ен Ворен (Tracy Anne Warren), не се воздржува работите во љубовта и сексот да ги опише со нивното вистинско име, како што тоа беше во веќе објавените хитови – историските љубовни романи „Сѐ поради еден бакнеж“ и „Сѐ поради еден допир“.

    „Дарбата на Трејси Ен Ворен за создавање на многу секси, трогателни љубовни стории ќе ги воодушеви читателите.“ – Romantic Times Book Reviews

    „Ги надминува повеќето класични и современи романси што сум ги прочитала. Заразна. Книгава не ја испуштив од рака.“ − Џеклин Ц., Eclectic Book


  • img-book

    Една случка го урива светот на 19-годишната Ејвори Морганстен и таа бега од фамилијата, од нејзиното минато и најпосле од себеси. Таа се надева дека работите ќе останат такви какви што се, но судбината – и неверојатно згодниот синоок Камерон – не мислат така.

    Наеднаш, Камерон е насекаде околу неа. Ејвори е претпазлива, но на упорниот и шармантен Камерон не му треба многу за да ѝ влезе под кожа.

    Сексуалната привлечност помеѓу Ејвори и Камерон е темпирана бомба полна со страсти. Но, заканувачките пораки и телефонските повици повторно ја соочуваат со минатото што таа толку сака да го заборави. Кога застрашувачката вистина ќе го покаже своето грдо лице дали Камерон ќе биде таму за неа или, пак, и тој ќе биде повлечен надолу?

    За некои работи вреди да се бориш…


    Те чекам од: 450 ден
  • img-book

    По третпат Неџма ја зафаќа табу-темата во арапскиот свет: сексот. По Бадем, романот што ќе остане запаметен во историјата на литературата како прв еротски роман напишан од една Арапка, и Патеките на сетилата, кој го следи еротскиот пат на една млада муслиманка, овде ги откриваме авантурите на еден марокански студент.

    Карим пораснал во Мароко не знаејќи ништо за љубовта. Како студент, а потоа и новинар во Париз, се нурнува во вител на еротски авантури, постепено откривајќи дека не успева вистински да љуби. Додека неговата култура не учи како да се љуби жена, уште помалку Европејка, имигрантот Карим одненадеж паѓа во сексуалниот вител карактеристичен за западното општество. Судбината на тој пат ќе му ја прати Бадра, хероињата на Бадем, која ќе го земе во свои раце. Арапинот Карим ќе ѝ го раскаже својот љубовен и сексуален живот и притоа ќе ги сфати своите неуспеси. За возврат, Бадра, со берберска крв во себе, не ќе се премислува да му каже сè отворено за Арапите.

    „Овој решителен и храбар роман се вклопува во традицијата на приказните од Илјада и една ноќ, но во спротивна насока: овде маж раскажува на жена“. Sunday Times


    Додадена
    КИЛИБАР И СВИЛА од: 320 ден
  • img-book

    Романтичен и незауздан. Ова е роман што ќе ве опседнува, поседува и засекогаш ќе се врзе за вас. Откако стидентката по литература Анастасија Стил направи интервју со Кристијан Греј-сивоокиот, преубав,моќен деловен маж-се чуствува исклучително вознемирено. Убедена е дека нивниот состанок поминал лошо, се обидува да не мисли повеќе на тој настан – сè додека Греј не се појави во продавницата во која работи и не ја повика да излезат. Неискусната и наивна Ана е шокирана од фактот дека го посакува. Кога тој ја предупредува дека за неа е подобро меѓу нив да нема ништо, Ана го посакува уште повеќе. Ана не знае дека Греј го мачат мрачни желби и дека има опсесевна потреба за контрола. Кога се впуштаат во страсна љубовна врска, Ана ќе открие кои се нејзините вистински желби, но и тајните кој Греј ги крие од другите.