Ќе ја прифати ли неговата понуда пред часовникот да отчука полноќ?
Софи Бекет е незаконска ќерка на грофот Пенвуд и негова штитеничка. Но животот ѝ станува неподнослив кога татко ѝ ќе се ожени, а по неговата смрт новата господарка ќе ја претвори во своја слугинка. Деновите на девојката се исполнети со мачна работа, но една неверојатна ноќ засекогаш ќе ѝ ја смени судбината.
Софи никогаш не си замислувала дека ќе успее да се прикраде на прочуениот бал под маски – ниту дека таму ќе го сретне својот „принц“! Но додека танцува во цврстата прегратка на шармантниот Бенедикт Бриџертон, се чувствува како принцеза. За жал, знае дека штом часовникот ќе отчука полноќ, магијата ќе заврши.
Која беше таинствената жена?
И по две години од таа волшебна ноќ, Бенедикт не може да ја заборави прекрасната дама која му ги затвори очите за сите други девојки – освен можеби за заводливата убавица облечена како слугинка која од некаде му е зачудувачки позната. Иако се заколна дека ќе ја пронајде таинствената жена од балот и ќе се ожени со неа, со секој изминат ден прекрасната слугинка завладува со неговото срце. Но ако ѝ го подари своето, дали ќе ја жртвува единствената шанса да доживее љубов како од бајките?
Натали Беноа е новинарка во истражувачкиот тим (И-ТИМ) на еден престижен дневен весник. Таа е личност која, за девојка на нејзини години, има поминато навистина многу во животот. Нејзината судбина е толку мрачна и тажна што изгледа дури и неверојатно. И како да е малку сето она што го има преживеано, нејзиното службено патување на кое оди со група новинари се претвора во пекол во моментот кога мексикански картел ги убива речиси сите нејзини колеги во автобусот и ја зема неа како заложник. Една клаустрофобична девојка пикната во багажник како животно, а потоа затворена во напуштена куќа среде пустина во туѓа земја. Киднаперите, подивени членови на картел за дрога и оружје, се познати по силување и убивање на млади жени чии тела потоа ги фрлаат во пустината.
Пеколот на командирот Зак Мек Брајд почнува многу порано од оној на Натали односно во моментот кога неговата тајна мисија тргнува во погрешен правец и една жена го предава во рацете на крволочните убијци. Во истото дувло среде пустината, истите луѓе со денови го измачуваат Мек Брајд.
Но потребно е многу повеќе од електрични шокови, неколку скорпии и тарантули за да се скрши човекот кој има преживеано вистински пекол. Тој е маршал, тој е бивши војник, синоним за храброст, добитник на орден за воени заслуги. За Натали – тој е само глас кој ќе прозбори од мракот од ќелијата до неа… и нејзина последна надеж за да остане жива.
Една жена со силна волја за живот. Еден маж одлучен да ја врати дома жива макар и по цена на сопствениот живот. Едно бегство низ морничавата пустина. Една љубов која почнува да гори таму каде што има останато само пепел… Памела Клер меѓу своите фанови е позната по тоа што има способност навистина да ги оживее ликовите, таа знае со зборови да ве натера да ги почувствувате нивните болки, нивните стравови, нивната страст. Токму тоа го прави и во оваа книга.
Неизвесен трилер, жестока акција, бурна авантура, напната романса и уникатна смисла за хумор сплетена во најсериозните моменти – доколку го сакате сето тоа во едно, тогаш обидете се со оваа книга! И за крај – само уште мојот омилен цитат од книгата:
„Ако ти умреш, ангелу – тоа значи дека јас сум веќе мртов…“
Сè уште нема. Проверете повторно за некое време.
Нема производи |