Духовна литература (18)

Showing 17–18 of 18 results

Подреди:
  • img-book

    Протоереј Александар Торик

    Една од првите книги кои што е издадена од Брегалничка Епархија е ,,Црковен живот за почетници” од Александар Торик.

    Тоа е книга не само за почетници, туку и воопшто за многу Христијани кои веќе живеат црковен живот. Бидејќи, за жал, сите сме денеска духовни младенци во верата.

    Значи, после периодот на безбожнисштво, комунизмот, безмалку, одново ги учиме основните поими во верата, така да, таа книга е за секој на почетокот да му ги објасни основните поими и за верата и за храмот и за Причеста и за исповедтта, за духовниот отец и во однос на однесувањето во храмот и во многу други работи.


    Додадена
  • img-book

    Архимандрит Јован Крестјанкин

    Во народот се вели:

    „Ако гром не удри, човек нема да се прекрсти“.

    Така е и со тебе. Ти во своите писма зборот „Бог“ го пишуваш со мала буква, а во своето срце и во својот живот Му оставаш сосема малку место. Да, денес парите свршуваат многу работи, но нема сила која е посилна од Божјата сила. Зарем не можеш да се покаеш за твојот минат непромислен живот, зарем не можеш да ја измолиш Божјата милост за себе и за своите деца? Дали тоа бил од Бога благословен брак?

    Моли се, научи да се молиш. Јас не можам тоа да го направам за тебе. Бог ги слуша само оние кои Му се обраќаат со сето срце, а токму тоа и тебе ти го посакувам.

    Извадок од новата книга „Писма за духовно раководење на современиот човек“