4. Драми (180)
  • img-book

    Уште од најрано детство длабоко во себе верував дека во мојот свет постои нешто повеќе од она што го гледав: дека некаде на улиците во Истанбул, во куќа слична на нашата, живее некој друг Орхан, толку сличен на мене што би можел да ми биде близнак, па дури и двојник. Не можам да се сетам кога и од каде првпат ми се појави таа помисла. Веројатно настанала како плод на долгогодишна мрежа од шпекулации, недоразбирања, илузии и стравови. Но, во едно од моите најрани сеќавања станува малку појасно како се роди приказната за другиот јас.
    Кога имав пет години, кусо време живеев во друга куќа. По една од нивните жестоки расправии, моите родители заминаа за Париз и решија јас и брат ми да останеме во Истанбул, но нè сместија во различни куќи. Брат ми остана во срцевината на семејството со нашата баба во апартманите „Памук“ во Нишанташи, додека мене ме пратија да живеам со тетка ми во Џихангир. На едниот ѕид во таа куќа, каде што секогаш ме дочекуваа со многу љубов, висеше слика од детенце, и одвреме-навреме тетка ми и тетин ми ќе покажеа кон неа и низ насмевка ќе речеа: „Погледни! Тоа си ти!“


    Истанбул од: 450 ден
  • img-book

    Приказна за историска вистина, за изгубените животи на ќерките на царот Николаj и Александра.

    17 јули 1918 година. Четирите девојки се симнале по дваесет и трите скалила во подрумот на една куќа во Екатеринбург. Најстарата имала дваесет и две години, најмладата седумнаесет. Заедно со родителите и со тринаесетгодишниот брат, сите четири се бездушно убиени. Виновни се за тоа што биле ќерки на последниот цар и царица на сите Руси.
    Во книгата „Сестрите Романови“ познатата авторка на биографии, Хелен Рапапорт, им нуди на читателите досега најавтентична приказна за големите кнегињи Олга, Татјана,
    Марија и Анастасија. Црпејќи материјал од нивните необјавени писма, дневници, документи од приватни архиви, насликала впечатлив портрет на нивниот живот во последните денови од династијата Романови. За првпат нивните животи се прикажани од детството, па сè до младешките вљубувања, прикажани се нивните сништа, надежи и напорниот
    соживот со нивната болна мајка и братот хемофиличар, потоа и траумите што им ги носи Револуцијата.

    „Хелен Рапапорт насликала привлечен портрет на проколнатите големи кнегињи.“ – Пипл магазин
    „Едноставно неверојатно… Вака треба да се пишуваат историските книги.“ – Алисон Вир


  • img-book

    Една ноќ, во една пуста улица во Париз, додека Лора се обидува да ја отклучи влезната врата на зградата во која живее, некој ја напаѓа и ѝ ја краде чантата. Утредента ја наоѓа Лоран, оставена врз една канта за ѓубре близу неговата книжарница.

    Во чантата нема никакви лични документи, само вообичаени женски дреболии, но и неколку предмети кои откриваат многу за карактерот на својата сопственичка: позлатена запалка, црно пенкало „монблан“, клучеви на плочка со изгравирани хиероглифи, стара шнола за коса со платнен цвет, два зара, четири стари фотографии… и еден црвен бележник испишан со нејзиниот елегантен ракопис. Читајќи ги тајните мисли, стравови и желби на непознатата жена, Лоран почнува да се вљубува во неа. И додека таа лежи во болница со повреда на главата и изгубено памтење, тој се претвора во вистински детектив за да ја открие мистериозната сопственичка на чантата со слезова боја..


  • img-book

    Во Франција, во 18 век, под тезгата на еден смрдлив пазар, светлината на денот ја здогледува едно необично дете, Жан-Батист Гренуиј. Роден без никаков телесен мирис, но надарен со прекумерно истанчен нос, Гренуиј се издига од калта на Париз до најсовршените сфери на духот, до царството на опојот. Опседнат со идејата да создаде совршен парфем од нејпрефинетите девојчински мириси, што ќе го направи целосно човечен, Гренуиј се претвора во ладнокрвен убиец…

    Во историјата на создавањето на еден парфем Зискинд вложува многу подлабока смисла. Стремежот кон апсолутното, причините и последиците на творечката генијалност… Тешко може да се одолее на оваа ужасна и истовремено прекрасна приказна за еден монструм кој го има најпрефинетиот нос на светот.

    Парфем е есенција на вистинската литература. Напишан во блескав класичен манир, ритмичен, живописен, ироничен, поинаков од масовната литературна продукција, овој литературен трилер со години е на самиот врв на европската интелектуална проза.


    ПАРФЕМ од: 350 ден
  • img-book

    Алхемичарот е повест за едно долго и макотрпно трагање по сопствената среќа. Младиот андалудиски овчар Санитијаго тргнува во потрага по закопаното благо во египетските пирамиди. Воден од еден алхемичар низ пустината, тој ќе научи да го слуша своето срце, да ги чита знаците на судбината и, што е најважно, да го следи до крај својот сон.

    Посветена на детето што секој човек го носи во себе, Алхемичарот е чудесна филозофска приказна што не учи дека животот е една голема книга во која секој би можел да ги дешифрира знаците, доколку го „чита“ своето срце.

    “Алхемичарот е своевидна филозофска сказна што критичарите ја споредуваат со Малиот принц на Сент Егзипери, затоа што преголемиот животен оптимизам и сонот авторот во ова дело ги толкува не како бегство, туку како начин за осознавање на реалноста. Американското друштво на книжарите во 1994 година го прогласи Алхемичарот за најдобра книга за млади. Алхемичарот претставува и тема на мјузиклот изведен во 1997 година во Јапонија, што како инспирација го користи композиторот Валтер Талеб за истоимената симфонија, пуштена во продажба во 1998 година, а филмската компанија Вернерс Брадрс ги има откупено правата за снимање филм.”


    АЛХЕМИЧАРОТ од: 250 ден
  • img-book

    На писателот по електронска пошта му се јавуваат неговите ликови од претходните романи, пред сè од Вештица, и го известуваат дека незадоволни од судбините кои им ги определил таму, почнале да пишуваат роман за можностите да се избегне судбината. Почнуваат да му праќаат текстови кои тој треба „стилски да ги потсуреди“ и од нив, често неповрзани, да направи целина! Така, ликовите раководат со писателот, а не тој со нив. Притоа, тој како обичен „уредник“ под притисок на своите ликови, се соочува со фактот дека тие пишуваат не еден, туку два романа: „голема“ и „мала“ книга. И имаат за цел да покажат дека две сосема различни приказни можат да имаат ист, заеднички крај.

    Големата книга говори за речиси детективската потрага по еден мистериозен човек кој ја персонифицира смртта, а малата за можноста една славна рок-ѕвезда да ја избегне судбината и на денот на својата несреќна погибија во сообраќајна несреќа да задоцни на местото на својата смрт, поради тоа што ќе се напие кафе со својата детска, прва љубов…

    Андоновски продолжува, во нему својствен, мајсторски стил да ги испитува крајните можности на романот како жанр во постојано преиспитување…


  • img-book

    Зошто остануваш во зандана
    кога вратата е ширум отворена?
    Руми

    Како се случува оние што се љубеле верно како дрвото и сенката, како дрвото и огнот, да станат туѓинци во иста постела и дневна соба?
    Жесток роман за повикот на слободата и стравот од неа, и за доброволното ропство во „сигурните“ брачни води. Видан – Огнена – Тони: семеен триаголник на двајца отуѓени сопружници и нивниот син. Потресна приказна за тоа како најблиските што се сакале влегуваат во магичниот круг на повредување на другиот. Книга полна источни мудрости и мистична филозофија. Роман богат со психолошки и до нијанса извајани машки и женски ликови, со што се потврдува мајсторството на авторот покажано и во претходните романи. Префинета симболика на детали, прекогниции, соништа, сеизмографски треперења на душата. И роман терапија: ведриот женски лик на Вили од идиличното Вилино, спротивставено на градот како дувло на страстите.
    Венко Андоновски

    Вилино е лек.
    Митрополит Методиј Златанов


    Вилино од: 300 ден
  • img-book

    Гламурозно, но и предаторски, Борџија ја обележуваат ренесансна Италија.
    Расцепкана на многу кралства, војводства и град-држави, папата Александар VI користејќи ја својата вонбрачна ќерка, Лукреција, како инструмент на владеење, успева во своите политички интриги.
    Животот на Лукреција Борџија е сечиj само не и нејзин. Искористена за целите на својот татко и браќата, таа преживува како физички така и душевен пекол.
    Желбата за искрена љубов, безгрижен живот и соништа на една млада девојка, се заменети со бескрупулозни игри и инцестни односи.
    Дали историјата била неправедна кон ликот на Лукреција?
    Желбата за преживување и одмазда, можеби, е посилна и од највозвишената љубов.


  • img-book

    МОЌНА ИСТОРИСКА САГА ЗА ПРЕДИЗВИЦИТЕ НА ЖИВОТОТ ВО ПРОГОНСТВО И ЗА ТЕШКИТЕ ИЗБОРИ НА ОНИЕ ШТО СЕ ПРИНУДЕНИ ДА ЈА ПРИФАТАТ НЕИЗВЕСНАТА ИДНИНА, СО КУФЕРИ ПОЛНИ НАДЕЖ.

    Откако Хитлер доаѓа на власт, професорот Герхард Шлиман, неговата сопруга Елза и нивните две деца, Сузи и Петер, ја напуштаат Германија за да побегнат од прогонот на нацистите.
    Прво заминуваат во Цирих, а потоа во Турција, кога Герхард добива понуда од Универзитетот во Истанбул. И додека Сузи и Герхард се обземени од турската култура и се обидуваат да се вклопат, Елза и Петер и понатаму цврсто се држат до своето германско потекло.
    Во муслиманскиот град, новите обичаи имаат силно влијание на нивните животи – дотаму што го менуваат нивниот поим за татковина и припадност.

    Од Втората светска војна до времето на друштвените мрежи, генерации од едно семејство ќе го бараат својот пат низ љубов и неволји, жртва и спасување, победа и пораз: со тешко стекнато знаење и страст во секое отчукување на срцето.


    Без своја земја од: 199 ден
  • img-book

    Колона е недипломиран педестгодишен преведувач од германски и повремен писател од сенка кој добива примамлива понуда од главниот уредник на еден весник во подготовка да напише фактивни мемоари за неговиот настанок. Идејата зад таблоидот, остроумно насловен „Утре“, е да биде необјавен ретроактивен запис на идни настани – погодна тактика за условување на низа личности на високи позиции кои не би можеле да ја знаат точната дата на која се пишувани вестите.

    Наскоро Колона се запознава со редакцискиот тим на „Утре“. Меѓу неколкуте живописни ликови се издвојува параноикот Брагадочо, кој е убеден дека Мусолини бил жив дваесетина години по неговата наводна смрт и дека целата историја на Италија е еден голем заговор за затскривање на овој податок. Еден трагичен настан ќе го натера Колона да открие дека приказните на Брагадочо би можеле да бидат исто толку вистинити колку и оние на официјалните историографи.


    Нултиот број од: 360 ден
  • img-book

    Вистинската лекција по историја има една порака: не постои апсолутна вистина. Па така, Умберто Еко во романот „Баудолино“ нарацијата му ја предава на еден италијански селанец, кој со својот талент за јазици и вештина за лажење успева да стане посвоен син на императорот Фридрих Барбароса. Повикувајќи се на човековата потреба од приказни – митови, бајки, истории, хроники, семејни традиции, религии, науки – „Баудолино“ ги допира речиси сите средновековни теми: крстоносните војни, трубадурите, легендата за Светиот Грал, улогата и влијанието на Евреите во овој период и вечната борба за моќ помеѓу папата и императорот, истовремено понудувајќи една посмодерна рефлексија на таканаречената сегашност. Возбудлив и игрив, „Баудолино“ заведува со својот свет на лавиринти, дигресии, прекажаности, полувистини, фантазии и фантастики, тајни истории и детективски драми, еден свет во кој веќе не се знае што е историја, а што мит…


    Баудолино од: 500 ден
  • img-book

    Низ малото гратче Макондо минува вистински виор од луѓе, складишта и најразлични локали за лесна и брза забава, при што жителите на гратчето се наоѓаат затекнати среде вистински хаос од ѓубре и смрдеа, што го прави местото каде што живеат непрепознатливо. Кога компанијата за банани го напушта градот исто толку брзо како што и доаѓа, на оние што остануваат не им останува ништо освен празнина и распаѓање.

    Во оваа уништена и бездушна пустелија останат е уште еден, последен, честит човек. Тоа е Полковникот, кој е цврсто решен да исполни едно одамна дадено ветување, без оглед колку и да е тоа неприфатливо од заедницата. Кога презрениот Доктор умира, тој е оној кој на себе ги зема товарот и одговорноста за оргнизирање на неговиот скромен, но достоинствен погреб, што ги споделува со својата ќерка и со својот внук, неговата единствена придружба на закопот, додека преостанатите жители на Макондо со задоволство би го оставиле Докторот да изгние онаму каде што починал, незгрижен и заборавен.


    Виор од лисје од: 350 ден
  • img-book

    Погледнат низ детските очи, светот е енигма, често драматична. Затоа Малиот принц не престанува да поставува прашања за смислата на животот. Одговорите што ги добива од возрасните се бизарни со својот груб рационализам и ја покажуваат во вистинска светлина извештаченоста на светот на возрасните, па затоа авторот, усогласувајќи го својот светоглед со штедрата фантазија на детето, ја наоѓа волшебната формула за излез од агонијата на еден свет лишен од вистинските вредности. Патешествијата на Малиот принц од планета на планета, од откритие до откритие, се во значајна мера и едукативни, а оваа лирска сказна, овоплотена со сликовит и езотеричен јазик, во целост е поврзана и со традицијата на филозофската апологија, и токму тоа е она што ја означува необичноста на Малиот принц за кој, без сомневање, се можни безброј интерпретации.

    Сказната „Малиот принц“, што е раскажана во прво лице и е проследена со навидум наивни цртежи и акварели од авторот и со едноставноста на раскажувачкиот тон, со ненаметливите реплики и со фантастичниот аспект на опишаните доживелици претставува неповторливо четиво, пред сè за децата, но и за читателите од сите возрасти.


    МАЛИОТ ПРИНЦ од: 150 ден
  • img-book

    Што ако по смртта човековиот ум продолжува да работи уште неколку скапоцени минути? Или, поточно, десет минути и триесет и осум секунди…За Леила секоја минута по нејзината смрт ѝ навраќа спомени: семејната тајна за нејзиното раѓање; детството во мирното турско гратче; вкусот на манџата направена од месото на козата што татко ѝ ја жртвува за да го прослави раѓањето на долгоочекуваниот син; бегството во Истанбул за да го избегне несаканиот брак; вкусот на чоколадните бонбони што ги јаде со згодниот студент во борделот во кој работи… Секој спомен ја потсетува и на пријателите што ги запознала во клучните мигови од својот живот ‒ пријатели кои сега очајно се обидуваат да ја најдат…„Очекувајте енергични, сликовити описи што ќе ви ги отворат очите за животот на Средниот Исток проткаени низ трогателната приказна раскажана во препознатливиот, прекрасен стил на Шафак.“Венити фер„Шафак е страстно посветена на уривање на бариерите, без разлика дали станува збор за пол, раса, националност, култура или оние помистичните.“Сандеј тајмс

     


  • img-book

    Кога драмскиот текст ,, Каспар” на австрискиот драматург Петер Хандке се појавува во јавноста во 1967 година, пречекан е како ,,драма на деценијата“, а во поглед на важноста и на манирот, споредуван е со Бекетовиот „Чекајќи го Годо“.

    Пред нас се појавува сцена со главниот и единствен лик на неа, Каспар, со маска на лицето и со едвај нешто што личи на логична зборовна низа на усните.

    Каспар, со текот на времето минато на сцената, преку логични и нелогични зборовни секвенции и физички дејства и содејства, научува да зборува „нормално“ и станува „креативен“, поради што, на крајот, е и уништен.

    „Каспар“ е дело чијашто централна тема е јазикот и неговата способност да измачува, преку што општеството, со своите обиди на поединецот да му ги наметне својот јазик и своите рационални вредности, успева да го натера на имитација и на негирање на себеси, на својата индивидуалност и посебност и, со тоа на неговото поништување како свесен поединец.


    Каспар од: 199 ден
  • img-book

    Книга за која постојано се зборува …
    Ева Бенедикт е последна од филмските диви, симпатичен секс-симбол со освоени два Оскара, четири поранешни сопрузи и легија љубовници.
    Нема тајна, ниту скандал што таа не го знае. Сега Ева одлучи да ги напише своите мемоари – без цензура и каква било забрана. Цел Холивуд ја моли да не го стори тоа. Но, Ева има свои причини…
    Посинокот на Ева, Пол Винтроп, кој патем е вистинска секс-бомба, ќе ја разниша решителноста на Ева да ја раскаже својата приказна. И додека Џулија дознава колку непријателите на Ева спречуваат книгата да биде објавена, таа, исто така, открива дека Ева има една последна, темна тајна за споделување.


    Генијални лаги од: 440 ден