4. Драми (339)
  • img-book

    Можеше да има неколку победници и многу губитници. А сепак продолжувавме да играме затоа што имавме надеж дека ние би можеле да бидеме среќниците.

    Ремек-дело за припадноста, интегритетот, лојалноста и амбицијата. „Пачинко“ е роман за дискриминацијата и за егзилот, за надежта да се преживее и да се напредува пред рамнодушната историја.

    Приказната почнува во времето на окупацијата на Кореја од Јапонија, во сиромашното семејство на еден рибар. Неговата ќерка, тинејџерката Сунча, се вљубува во еден богат странец на брегот, близу нејзиниот дом. Тој ѝ го ветува светот, но кога таа открива дека е бремена и дека нејзиниот љубен е женет, одбива да биде откупена. Наместо тоа, ја прифаќа брачната понуда од еден љубезен човек кој патува кон Јапонија. Нејзината одлука го означува почетокот на една драматична сага за луѓе кои не можат да се вратат во родниот крај во кој беснее војна, кои се принудени да живеат во место каде што не се прифатени.

    Оваа повеќеслојна и трагична приказна нè носи од напуштените улици до ходниците на најпознатите универзитети во Јапонија. Таа е доказ дека една семејна приказна може да ја раскаже историјата на цел народ. „Живописна и извонредна, книгата Пачинко е богатo признание за луѓето чија историја се чини дека се брише.“  Гардијан

    „Проблемите со кои се соочуваат имигрантите вознемируваат, но приказната е онаа која плени.“ Пипл

    „Моќна приказна за издржливоста и сочувството.“ Барак Обама


    Пачинко од: 600 ден
  • img-book

    Несудениот свештеник Феликс Ардевол ги користи своите врски во Ватикан за да стигне до вреден нацистички плен, виолината Сториони од 1764 година. Многу години подоцна неговиот син Адрија се сеќава на темниот стан преполн со антиквитети во кој како дете, со фигуричките на шерифот Карсон и индијанскиот поглавица Црн Орел, се криеше зад фотелјата обидувајќи се да ги сфати тајните на таткото. И по педесет години, го мачи вина затоа што ја знаеше комбинацијата за отворање на сефот и виолината му ја позајми на својот пријател Бернат и така предизвика фатална забуна. Меѓутоа скапоцениот инструмент не беше несреќа само за таткото и синот Ардевол – овој инструмент имаше многу возбудлива историја, а луѓето на кои им минал низ рацете, од барокниот композитор Жан Мари Леклер до виолинистката, Еврејката, Берта, на различни начини станале заложници на судбината на виолината.
    Романот Исповед е фасцинантно дело на славниот современ каталонски писател Жауме Кабре. Преведено е на повеќе од 20 јазици и има добиено повеќе каталонски и меѓународни награди. Испреплетувајќи разновидни интригантни стории во роман што посакувате да го прочитате во еден здив, Кабре се докажал како брилијантен раскажувач и го зацврсти своето место во врвот на современата европска книжевност.
    „Роман над романите“
    Мартин Шулц
    „Кабре извонредно прикажува различни епохи и ликови, мајсторски преминувајќи од една во друга, дури и среде реченицата.“
    Гардијан
    „Исповед е раскошен, величествен, амбициозен, залудувачки, брилијантен предизвик во кој мора да бидете стрпливи. Сфаќам дека критичарите не смеат да покажуваат премногу восхит, ама оваа книга е блиску до совршенството“.”
    www.texasbooklover.com


    Исповед од: 600 ден
  • img-book

    Госпоѓа Павица е приморка во златни години и секогаш кога некој ќе ја нарече жена во златни години, ù се превртува желудникот. Живее во мало место, пее во мал хор и е омажена за поморец со кого цел живот е во брак. Ги има ќерката Ана, внукот Тони и болките во колената. Децата за неа се безусловна љубов и доживотна робија и кога повторно би се родила, никогаш не би  родила. Првпат е среќна во седумдесеттата година бидејќи го наоѓа мажот пред кој не мора да клечи. И не размислува за смртта.

    Ана е образована и самостојна жена во педесеттите која добро заработува, има мигрена и проблем со желудникот. Поради помлад маж, остава прекрасен сопруг и дете и никогаш не се грижи што мисли светот за неа. Нејзе ù се воодушевува дури и младата љубовница на нејзиниот втор сопруг. Додека чека третман со акупунктура во ординација, убедена е дека мајка ù полудела и размислува за незадоволниот татко, поранешниот и сегашниот сопруг, неговата љубовница… и стравот од смртта.

    Во полифоничниот роман „Костурите на округот Медисон“Ведрана Рудан бескомпромисно и духовито, а над сè уметнички успешно, зборува за родителите, децата, љубовта и сексот. Таа ги разбива стереотипите за пожртвуваните мајки, послушните ќерки, посветените сопрузи и злобните љубовници. Стереотипите поради кои сите тие стануваат жртви.

    Како завршува мојата љубовна приказна? Дали на крајот ќе се венчаат или можеби ќе ги обноват заветите? Или се разделуваат на обострано задоволство за да тргнат во нови љубовни маки опседнати со сексот или од стравот од секс? Нема да ви кажам. Што мислам, дали книгата е добра? Одлична е. Земете ја в раце. Откако ќе ја прочитате, можеби нема да скокнете на ФБ, туку на некој што го сакате. Или ви се чини дека го сакате.