4. Драми (339)
  • img-book

    Книгата „Млеко и мед” од авторката и илустраторка Рупи Каур е најпродаваната колекција на поезија и проза според Њујорк Тајмс.  Продадена е во повеќе од еден милион копии низ светот и преведена е на повеќе од 30 јазици.

    „Млеко и мед”  е збирка поезија за љубовта, загубата, траумата, малтретирањето, зацелувањето и женственоста. Поделена на четири поглавја и секое поглавје има друга цел, се справува со различен тип болка, лекува друг тип болка во срцето .„Млеко и мед” ги води читателите на патување низ најгорчливите моменти во животот и наоѓа слатки нешта во нив – затоа што слатки нешта има насекаде, само ако сте желни да ги побарате.


    Млеко и мед од: 300 ден
  • img-book

    Младата и убава Русинка, Наталија, го напушта својот роден Санкт-Петербург и заминува на студии по француска литература во Париз.

    Воспитана во патријархален и конзервативен дух, Наталија тешко се соочува со францускиот либерализам, кој иако неодоливо примамлив, може да биде тежок и опасен за оној, кој не е навикнат на него. Духот на француската слобода ќе ја вплетка убавата Наталија во деликатни односи со средовечниот Пјер.

    Барајќи излез од својата душевна агонија, таа се вљубува во талентираниот сликар Андре, кој ќе ѝ ја покаже величественоста на вистинската љубов и ќе и ги отвори грандиозните порти на француската уметност.

    Нивниот живот, воден од филозофијата на Сартр и хранет од љубовта и уметноста, ќе ја доведе Наталија до присилно раскинување на сите врски со нејзиното семејство. Таа ќе мора да избере меѓу искрената љубов и животот во богатство.

    Дали богатството може да ја замени љубовта?

    Дали убавината на една жена има своја цена?


  • img-book

    Ангел Тотевски, меѓу своите маалци и пошироко попознат како Шуре Катиљ, е прочуен тепач од Ново маало. Прекарот го добива во кланицата каде што работи, оти најбрзо од сите шури јагниња, ама и затоа што е катиљ по душа. Поради проблемите што си ги навлекува со својот терсене карактер, еднаш завршува претепан од милицијата и прибран во затвор. Единствено решение да го скроти својот темперамент е да почне да тренира бокс. Тренирајќи напорно и посветено, Шуре прераснува во боксерска икона на боксерскиот клуб „Вардар“ и гордост на новомаалци.

    „Боксерот“ е уште едно емотивно четиво на Владимир Плавевски, во кое преку приказната за маалскиот кабадаија Шуре, ги преживуваме сите премрежиња низ кои поминале луѓето во кобните 1962 и 1963 година во Скопје.


  • img-book

    Френсис Глисон и Брајан Стенхоуп, двајца полицајци-почетници во њујоршката полиција, живеат еден до друг во соседство надвор од градот. Она што се случува во двете куќи зад затворени врати – осаменоста на сопругата на Френсис, Лена, и нестабилноста на сопругата на Брајан, Ен – поставува сцена за експлозивни настани што следуваат.

    Прашај ме повторно, ќе ти речам „Да“ е приказна за долгогодишното пријателство и љубовта помеѓу ќерката на Френсис и Лена, Кејт, и синот на Брајан и Ен, Питер, што никого нема да остави рамнодушен. Брилијантно, емотивно и искупувачки, оваа книга открива како спомените од детството се менуваат од дистанца на зрелоста – негативците не се веќе закана, а невините и не се баш наивни. Љубовната приказна на Кејт и Питер, тестирана од ехото од минатото, е обележана со нежност, дарежливост и милост.


  • img-book

    Обична сабота. Педесет и кусур годишниот Пол станува од спиење и во кујната гледа непознат човек, кој всушност е ангел испратен да го спроведе до Рајот. Сфаќа дека е мртов и има неколку часа да реши дали ќе оди или ќе остане. Времето го користи за посета на блиските луѓе, меѓу кои и неговата најголема љубов Мери. Чувството е поразително – неговиот живот е комплетно промашување. Дали да се врати да ги поправи работите или да замине засекогаш?

    Со дебитантскиот роман „Денот кога не се разбудив“ Моџо Килингтон ги предизвикува читателите да се преиспитаат себеси и својот живот, да размислат за вистински важните работи, пред да биде предоцна. „До кај и да бев, доста ми е од седење покрај себе. Ја сфаќате поентата, сега откако умрев, сфатив дека цел живот сум го промашил, ќе се вратам за околу половина час од мртвите, како што е договорот, и ќе го сменам животот. А вие сменете го додека не стигнете до овде, да ви каже нешто дедо.“


  • img-book

    Напишан од провокативната француска писателка и режисерка Виржини Депант, „Вернон Субутекс 1“ е маестрален портрет на современото француско општество. Вернон Субутекс, диџеј и продавач на грамoфонски плочи, добро познат во Париз, соочен со брзите промени кои се одвиваат во светот и со својата неиницијативност и мрзеливост, губи сè што има и од некогашна легенда, станува бездомник. Тоа само ја зацврстува неговата желба за живеење „од ден за ден“, со сите непредвидливости што тоа ги носи. Во обид да најде место за преноќевање, Вернон ги посетува своите некогашни пријатели, откривајќи за нив многу повеќе отколку што сака да дознае.

    „Вернон Субутекс“ е камелеонски роман-колаж во кој приказната тече низ гласот на цела галерија чудесни ликови. Со овој роман, Депант го достигнува своето заслужено место во самиот врв на француската книжевност.


  • img-book

    Сула и Нел се неразделни другарки, а нивното пријателство, сепак, постојано е искушувано од трагедии и предавства кои не може да се простат. Така, и двете се соочуваат со прашањето дали најдобрите пријатели, всушност, стануваат најдобри непријатели.

    Сула е брилијантно напишан роман што само преку неколку епизоди од животот на главните ликови успева да изгради трогателен портрет на една заедница и на длабоките превирања во душите на двете млади жени.

    Сула е роман за љубовта, пријателството, неверството, за тајните што не смеат да се споделат дури ни со најблиските. Прекрасно дело на Тони Морисон, добитничка на Нобеловата награда за литература.


    Сула од: 350 ден
  • img-book

    Во еден неименуван град крај морето, власта воведува вонредна состојба. И така, хаосот се вселува во секојдневниот живот на луѓето: многумина остануваат бездомници, некои се апсени, некои се принудени на присилна работа, сите се исплашени и осамени…

    „Кревка рамнотежа“ раскажува за четворица ликови кои кога се заедно не можат да ја поднесат блискоста, но кога се далеку едни од други не можат да преживеат.

    Среде политичките превирања во Индија, реалноста станува толку неверојатна, што дури и она што е измислено изгледа вистинито. Така, овој чудесен роман час може се чита како магичен реализам, час како историски портрет на распадот на една земја.


  • img-book

    Петгодишниот Давид одеднаш останува сосем сам во туѓа земја, меѓу непознати луѓе чиј јазик не го разбира, среде мистериозен град кој можеби се наоѓа, а можеби и не се наоѓа на овој свет. Единствениот кој решава да му помогне на детето е еден непознат човек по име Симон, чијашто добрина и човечност на секој чекор му се враќаат со грубост и понижување.
    „Детството на Исус“ е филозофска алегорија и вешто изведен книжевен трик на нобеловецот Џ. М. Куци. Инспириран од филозофските дијалози, еден прастар, редок, речиси заборавен жанр, Куци гради сложен текст преполн со симболи, алузии, навестувања и интелектуални игри. Детството на Исус е роман-загатка, кој претставува предизвик за читателот затоа што речиси на секоја страница се трансформира, варирајќи од интелектуален трилер, преку авантуристички роман и естетска расправа, до библиски инспирирана парабола и трогателна семејна сага.


  • img-book

    Приказната во „Подземната железница“ почнува на плантажите за памук во Џорџија, од каде младите робови Кора и Цезар решаваат да побегнат, ризикувајќи си ги животите поради сонот да живеат слободно. Соочени со стравот, гладот, ловците на робови и безмилосниот свет на белците, единствената надеж за нив е митската Подземната железница – неверојатна конструкција која, всушност, е отелотворение на соништата за слобода.
    Напишан во манирот на големите авантуристички романи од XVII век, „Подземната железница“ е блескаво дело во кое историографските факти се преплетуваат со чудесните авантури на главниот лик, допирајќи до рабовите на фантастичното. Играјќи со структурата и тенката граница меѓу фактите и фикцијата, Колсон Вајтхед внимателно и вешто го гради ова искрено, длабоко и брутално ремек-дело на современата американска литература.


  • img-book

    Една чешка сексуална работничка решава со читателот на овој роман да ги сподели своите размислувања за професијата што ја работи, за стареењето, за влијанието на новите технологии врз сексот и за суштината на материјализмот. Својот светоглед го пренесува преку скици за сценарио за документарна телевизиска серија, за која искрено и наивно сонува дека еден ден ќе биде снимена.

    Исполнувајќи го површното секојдневие на својата протагонистка со фетишизам, насилство, хумор и чуден, ама неочекувано успешен, спој од вулгарен и поетски јазик, Петра Хулова на само стотина страници успева да создаде свет во мало преку текот на свеста на својот лик. „Пластично трособје“ е една од најнаградуваните современи чешки книги: последно во низата признанија е наградата на Англискиот ПЕН центар за најдобар превод во 2017 година.


  • img-book

    Приказната во „Министерство за врвна среќа“ полека и мајсторски се ткае низ сиромашните квартови на Делхи и низ рајските пејзажи на Кашмир. Рој раскажува за ликови кои на прв поглед се чинат маргинални и кои во други приказни веројатно би останале заборавени, но овде полека се претвораат во јунаци. Раскажувајќи за немирот и болката, за среќата и надежта, Рој гради епски портрет на современа Индија, но и грандиозна слика на нашето денешно општество.
    Варирајќи од љубовна приказна до историски роман, од семејна сага до политичка сатира, „Министерство за врвна среќа“ е дело какво што се среќава сосем ретко, роман во својот чист и моќен облик.


  • img-book

    На малиот остров Барој, зафрлен меѓу норвешките фјордови во близина на Поларниот Круг, живее само едно петчлено семејство. За тригодишната Ингрид островот е рајска градина, огромна и зачудувачка како универзум. За нејзиниот татко, Ханс, островот е место каде што целокупното постоење на човекот се сведува на борба против студот и гладот – борба што секогаш одново сите ја губиме.
    „Невидливите“ е многуслоен, моќно напишан роман што личи на бура: преку едноставно и ненаметливо раскажување, полека ја собира својата сила, за потоа да ја излее во една точка и да го преврти светот и на ликовите и на читателот. Ова веројатно е најдоброто дело на Рој Јакобсен и секако, еден од најмаркантните современи норвешки романи.


    Невидливите од: 370 ден
  • img-book

    Андреас Егер речиси целиот свој живот го поминува во едно мало село на Алпите. Само еднаш ќе го напушти својот дом – и тоа за да заврши како воен заробеник во Русија. Убеден дека неговиот живот е сосем обичен, Егер тивко гледа како светот што го познава полека исчезнува околу него. Ќе му биде потребен цел живот за да ја открие вистинската длабочина и убавина на своето постоење.
    „Цел живот“ е замислен како роман кој треба да го растресе мисловниот свет на читателот. Раскажувајќи спокојно, едноставно и без патетика, Зеталер вешто, само со неколку слики, прикажува како се менува цел еден свет во мало. Истовремено мрачен и ведар, овој наградуван краток роман совршено ја покажува моќта на книжевноста да ги долови најсуптилните фрагменти од човечкиот живот и од нив да создаде убавина од која застанува здивот.


    Цел живот од: 260 ден
  • img-book

    По дванаесет години брак, врската на Ванда и Алдо се распаѓа поради неверство. Сепак, зад нивната разделба се кријат многу повеќе мрачни тајни отколку што се чини на прв поглед. Соочувањето со сиот притаен гнев, со насобраните разочарувања и со желбата за независност и слобода целосно ги пресвртува животите на Ванда, Алдо и нивните две деца.
    Приказната е мајсторски изградена и преку фрагменти ја раскажува долгата историја на распадот и повторното обединување на едно семејство. Доменико Старноне во „Врвки“ ни подарува моќен приказ на бегството од себеси и на малите одлуки кои целосно и неповратно ни ги менуваат животите.


    Врвки од: 250 ден
  • img-book

    За писмата на Кафка често се вели дека може да се читаат како љубовен епистоларен роман во кој главниот лик е Милена Јесенска. Преку љубовната врска со Милена се прават бројни обиди да се протолкува делото на Кафка, особено темата на прељубата во романот „Замок“, како и дополнително да се осветли биографијата на славниот писател. Меѓутоа, писмата на Кафка укажуваат и на Милена Јесенска како личност –исклучителен интелектуалец и мошне успешна преведувачка заслужна, меѓу другото, за популаризирањето на неговото дело. Писмата ни откриваат прекрасен портрет на една исклучителна, самостојна и либерална жена, каков што ретко може да се сретне и во уметничката и во документарната литература од почетокот на XX век. Во таа смисла, „Писмата до Милена“ се неизбежен дел од опусот на Кафка, еднакво значаен како неговата проза и неговите дневници.


    Писма до Милена од: 525 ден